Home УмниБус Здравје Прашања и одговори за сексот после породувањето

Прашања и одговори за сексот после породувањето

0

Сексот после бременоста е многу чувствителна тема, а лекарите воглавно препорачуваат да се почека барем шест недели.За тоа време телото заздравуа, раната мора да зарасне, а мембраната на грлото на матката повторно да изгради одбрана од инфекции.

Колку трае заздравувањето по породувањето?

Со оглед на тоа дека самото породување е посебно комплициран дел од животот, кој во многу аспекти го менува женското тело, сексот во постпородилниот период добива поинакво значење. Голем број новопечени мајки, неколку недели по породувањето можеби не чувствуваат сексуална желба и го избегнуваат водењето љубов. На телото му треба одмор и време за да влезе во рамнотежа по толку големи промени и напори при бременоста и породувањето. Добро е да се почека првиот гинеколошки преглед по породувањето и доколку сe е во ред и немате болки, можете да се препуштите на сексуалното уживање. Меѓутоа, лекарите воглавно препорачуваат да се почека барем шест недели.

Кога е жената подготвена за секс?

Постпородилната состојба е мошне чувствителна кај младата мајка и обично се менува. Може да се појави нервоза или анксиозност поврзана со повторен почеток на вашиот сексуален живот. Поради физичките и психичките промени се случува сексот на скалата за приоритети да опадне, а општиот замор дополнително ве одвраќа од половиот однос. За некои млади мајки, сексот по породувањето може да биде голем чекор, особено за тие што се соочени со обилен вагинален исцедок, замор, шевови на пределот на перинеумот (мускулен дел меѓу вагината и анусот), дури и постпородилна депресија. Одговорот на ова прашање е индивидуален, но секако зависи и од резултатите од првиот гинеколошки преглед.

Ќе имам ли проблеми за време на првиот секс по породувањето?

Прилично е веројатно дека при првиот секс по породувањето ќе се појави воспаление, кое е потполно нормална појава. Најдобро решение во вакви ситуации е употребата на лубриканти на база на вода, кои ќе ја навлажнат вагината и перинеумот. Употребата на лубриканти на база на масло треба да се избегнува, бидејќи нивниот хемиски состав дејствува толку агресивно на кондомот, така што предизвикува негово распаѓање, а неговите остатоци остануваат во вагината. Исто така, треба да бидете внимателни доколку чувствувате болки, непријатност при влегувањето на пенисот во вагината и при неговата положба во близината на грлото на матката. Во тој случај, посоветувајте се со вашиот гинеколог, бидејќи таа појава бара лекарски надзор. Но, доколку и покрај лубрикантот чувствувате болка при сексуалниот однос, тоа значи дека раната на перинеумот се уште не е потполно зарасната. Резот што го прави лекарот за време на породувањето, меѓу анусот и вагината, служи за тоа кожата да не пукне нерамномерно или премногу. Тоа за жената секако е мошне болно и разбирливо е дека не помислува на секс додека раната не заздрави.

Треба ли да се користи кондом?

Лекарите велат дека жените по шест недели по породувањето можат неспречено да уживаат во сексот, но многу млади мајки на кои им е направен рез на перинеумот, се двоумат и се плашат од сексот. Затоа партнерот не треба да ја принудува партнерката нa секс, туку треба да има разбирање и трпение. Меѓу другото, по породувањето никако не смеете да заборавите на контрацепцијата, бидејќи веќе по првиот сексуален однос без заштита можете повторно да забремените.

Дали истото важи и за царски рез?

Доколку жената се породила со царски рез, мисионерската положба отпаѓа, бидејќи болката во стомакот е присутна уште некое време. Најдобри сексуални положби по породувањето се тие каде што жената може да ја контролира длабочината и темпото на пенетрација и при кои партнеровото тело не го притиска стомакот. Можете да ја практикувате позата во која жената е горе или странично, при што партнерот треба да биде исклучително нежен.

Кога можам да очекувам продолжување на циклусот?

Кај жените што не дојат, менструалниот циклус се воспоставува шест до осум седмици по породувањето,  што е просечно време за жените на кои што репродуктивните функции им се враќаат во нормала. Кај жените кои што дојат, менструалниот циклус се воспоставува после неколку месеци.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here