Постигнат договор: Полн мандат за Заев, укинување на техничка влада, премиер од ДУИ во последните 100 дена

Постигнат е договор за коалиција меѓу СДСМ и ДУИ во идната влада, соопштија на заедничка прес-конференција лидерите на партиите Зоран Заев и Али Ахмети.

Договорено е влада со полн мандат, предводена од Заев, но исто така една од договорените точки е и укинување на Пржинската влада, а наместо тоа ДУИ да постави премиер во последните 100 дена од мандатот на оваа влада.

Договореното, како што најави Заев, ќе биде презентирано и доставено на разгледување пред највисоките органи на СДСМ и ДУИ, односно Централниот одбор на СДСМ и Централниот совет на ДУИ.

Заев го пофали лидерот на ДУИ дека покажал разумност и одговорност и му се заблагодари на „отстапката“, а Ахмети, коментирајќи го предизборното барање за премиер Албанец со полн мандат, односно неговата нереализација, истакна дека најважна била идејата и зближувањето на двете етнички заедници, наместо нивно разделување.

Прочитајте и:  СДСМ: Наместо да и честитаат на Шекеринска, Сиљановска и ВМРО-ДПМНЕ избраа да бидат „мали“ во момент кога Македонија е голема

Кадровските решенија ќе бидат презентирани во следните денови, но истите ќе работат посветено за граѓаните и европеизација на државата, истакна Заев.

 

- Реклама -