Како што велат нутриционистите, еден портокал (околу 130 грама) ќе ве снабди со речиси 100% од препорачаната дневна доза на C витамин, а исто така ќе ве наполни и со витаминот А, витаминот B, аминокиселини, бета-каротен, пектин, фолна киселина, калиум, калциум, јод, фосфор, цинк, манган и железо.

Се разбира, сите веќе знаат дека портокалот е здрав и вкусен. Но дали сте знаеле дека треба да ги јадете и оние бели делови кои се развлекуваат од внатрешната страна на кората и самиот плод, а која повеќето од нас ја лупи?
Имено, овој дел од портокалот е особено корисен, бидејќи содржи големи количини анти-канцерогени супстанци и антиоксиданси. Всушност, најмногу биофлавоноиди (антиоксиданси) и витамин C се наоѓаат токму тука. Следниот пат, значи, не лупете ја лушпата повеќе одошто е потребно!