Германската компанија Porsche ја претстави комплетната палета од 10 модификации на втората генерација Panamera, чиј старт на продажбата започнува следниот месец.
Основната верзија е со 3.6-литарски V6 мотор со 310 КЅ, 7-брзински менувач со двојна спојка (PDK) и забрзување од 0 до 100 km/h e за 6,3 секунди. Porsche Panamera Diesel доаѓа со 3.0-литарски дизел агрегат со 250 КЅ и 8-степен Tiptronic S, а стотка се постигнува за само 6,8 секунди. Новата генерација Panamera S потпира на 3.0-литарски битурбо мотор со 420 КЅ, а топ модел во понудата е верзијата Porsche Panamera Turbo, која може да се нарача и во продолжена верзија – Executive.
Моторот е 4.8-литарски V8 мотор со 520 КЅ, а времето за забрзување од 0 до 100 km/h e за само 4,2 секунди, а максимална брзина е 305 km/h. Во палетата се издвојува и Porsche Panamera S E-Hybrid, паралелен хибрид со plug-in технологија која комбинира 3.6-литарски V6 мотор со синхронизиран електромотор со вкупна моќност од 416 КЅ. Автомобилот забрзува до стотка за 5,5 секунди, располага со максимална брзина 270 km/h и просечна потрошувачка само 3,1 l/100 km.
Новата генерација има освежен надворешен дизајн, нови LED предни светла, поголеми отвори за воздух и заостренa силуета во задниот дел. Оптимизирани се системите за безбедност и погодност како контрола на крстарење, а новина е технологија за препознавање на сообраќајните знаци од радарската камерата.
Текстот е објавен во соработка со АвтоПлус