Легендарниот спортски модел Porsche 911 наполни 50 години. За златниот јубилеј компанијата подготви специјална модификација на каросеријата, која ќе биде произведена во 1963 примероци.
Моделот 911 Carrera S 50 Years Edition се подготвува за деби за време на автомобилскиот салон во Франкфурт во септември, на истото место каде што првиот 911 се појави на виделина пред половина век. Моделот ќе биде достапен во две бои на каросеријата – Graphite Grey и Geyser Grey, двете металик. Впечаток на изгледот прават главно 20-инчните алуминиумски фелни Fusch и надворешноста- SportDesign. Во внатрешноста има стилски акценти, кои потсетуваат на оригиналот од 1963 – зелено осветлување на инструменталната табла и ретро текстилни преслеки за седишта.
Од Porsche ги потенцираат дополнителниот модифициран издувен систем, составите Porsche Active Suspension Management (PASM) и Porsche Torque Vectoring (PTV), 4,6-инчен екран на инфо системот, автоматски клима уред и би-ксенон фарови.
Текстот е објавен во соработка со АвтоПлус