Полнете го својот iPad додека се релаксирате со iRock

Подготвени сте за релаксација? Micasa Lab го создаде iRock столот за нишање кој има вграден генератор, звучници и док за iPad или iPhone.

iRock столот е производ кој ја истражува интеракцијата помеѓу мебелот и технологијата и притоа создава енергија за истата технологија. Движењето е енергија и еден од предизвиците во иднината е да се искористи таа енергија. Законите на физиката налагаат како движењето и триењето постојано создаваат енергија која едноставно се губи.

iRock е обид за собирање на дел од таа енергија и нејзино искористување. Со 60 минутно релаксирање на iRock ќе го наполните вашиот iPad 3 до 35 проценти.

- Реклама -