Планински врв во Кина беше преименуван според филмот Аватар

100125_avatarПланинскиот врв во Кина за кој се вели дека бил инспирација за лебдечките планини на планетата Пандора во филмскиот хит Аватар беше преименуван и отсега ќе го носи името Аватар Алелуја.

Планинскиот врв во Кина за кој се вели дека бил инспирација за лебдечките планини на планетата Пандора во филмскиот хит Аватар беше преименуван и отсега ќе го носи името Аватар Алелуја.

planini_avatar

Јужниот небесен врв во Жангџијаџие во јужната провинција Хунан официјално беше преименуван во Аватар Алелуја, со цел да се потикне туризмот во оваа област. Надлежните во провинцијата се надеваат дека после успехот на филмот ќе успеат да привлечат свеж капитал и во својата област.

Деновиве беше одржана официјална церемонија за преименување на местото каде еден холивудски фотограф помина четири дена фотографирајќи ја локацијата во 2008. Владата на провинцијата Ханан објави дека токму таа серија фотографии биле инспирација за Алелуја планините да се појават во филмот. „Многу фотографии кои тој ги направил таму станаа прототип за различни елементи во „Аватар“, вклучително и Алелуја Планините“, беше објавено на владината веб страница.

Прочитајте и:  Кина лансираше нов сателит за одредување на салинитетот на океаните

Аватар досега има заработено 1,84 милијарди долари ширум светот, само во Кина филмот заработи 80 милиони долари и стана најпопуларен филм на сите времиња. Градот Жангџијаџие се надева дека овој успех ќе успее и сам да го уновчи.

Пандора е далеку, но Жангџијаџие е блиску, се вели на владиниот оглас кој ги повикува сите да ја посетат планината Аватар Алелуја и да го откријат „вистинскиот свет на Пандора“. Кинеските туристички агенции веќе почнаа официјално да нудат „Магични тури до Аватар-Пандора’ и „Чудесна тура до лебдечката планина од Аватар“.

- Реклама -