Picasa 3.5 ги организира вашите фотографии според лице и местоположба

софтверБесплатниот уредувач на фотографии од Google во својата најнова верзија додаде препознавање на лица, опција која веќе ја имаше на Picasa Web Albums, како и гео-тагирање.


andrej-.pngБесплатниот уредувач на фотографии од Google во својата најнова верзија додаде препознавање на лица, опција која веќе ја имаше на Picasa Web Albums, како и гео-тагирање.

Опцијата за препознавање на лица е одлична доколку имате голема колекција фотки на хард дискот. Picasa креира нов сајдбар “People” и ќе ве праша да ги именувате луѓето кои ќе ги најде при скенирањето. Ако сте логирани со Google сметка преполна со контакти, тоа ќе биде лесно: започнете да го пишувате името, а потоа одберете од контактите што ќе се појават.

Најверојатно ќе треба да ја оставите Picasa да работи подолго време за да заврши со скенирањето на сите фотографии – по 20 минути, со 10GB фотографии ние сме на 10%. Како што претпоставувате, препознавањето на лицата на вашите пријатели не е секогаш точно, но затоа вие сте тука да го одобрите изборот. Доколку не сакате да тагирате некого тогаш може да го пратите во купот “Ignored People”, каде може да го именувате подоцна.

Прочитајте и:  За да ја сруши доминацијата на iPad, Google ги спојува ChromeOS и Android

Ова е одлична функција затоа што сега многу полесно ќе најдете фотографии од вас, од вашата девојка, комбинација на луѓе и други параметри за пребарување.

Како што е спомнато во видеото, новата верзија вклучува и интегриран Google Maps избор за да ги гео-тагирате вашите фотографии, како и опција да ги импортирате фотките од мемориска картичка директно на Picasa Web Albums. [Picasa]

{youtube}gYO2uhrIZJ4{/youtube}
- Реклама -