Piamo e дизајниран од страна на Германците Кристоф и Хендрик Мејел, основачите на Gemodo кафе и се состои од шолја, со комора за вода, филтер дел и филтер капаче.
Со овој кафемат добивате еспресо во микробранова за 30 секунди.
По полнењето на комората со вода се додава мелено кафе или еспресо во внатрешноста на филтерот се поврзуваат двете компоненти.
Комората со вода и филтерот се превртуваат и се затвораат со шолјата пред да биде ставена во микробранова на 30 секунди.
Притисокот од пареата создадена во микробрановата потоа ја потиснува водата преку филтерот и се создава еспресо.
Овој концепт во моментов собира финасиски средства за да може да се почне со негова продукција.