Францускиот производител објави дека за време на овогодинешното издание на фестивалот на брзината во Гудвуд (11-14 јули), ќе има меѓународната премиера на суперспортското купе RCZ R, кое ќе стане најмоќниот сериски модел на Peugeot во целата историја на марката.
Peugeot RCZ R како концепт беше претставена на меѓународниот салон во Женева во март, а сериската изведба донесува неколку измени. Моделот ќе биде опремен со 1.6 литарски THP турбоагрегат кој ќе генерира максимална моќност од 260 коњски сили. Спортскиот модел ќе биде опремен со оптимизирана суспензија, специјални венчиња, дополнителни аеродинамички елементи и друго.
Peugeot RCZ R ќе биде лансиран на пазарите низ Европа пред крајот на оваа година.
Текстот е објавен во соработка со АвтоПлус