Песков: Враќањето на Крим во Украина не доаѓа предвид

Изјавата на украинскиот претседател Володимир Зеленски дека Киев „ќе ги разгледа опциите“ за враќање на Крим „со невоени средства“, официјална Москва ја сфаќа како дискусија за отуѓување на руските територии, што е целосно неприфатливо, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

„За нас ова не е ништо повеќе од дискусија за отуѓување на руска територија и тоа поинаку не може да се разбере. Тоа не доаѓа предвид“, одговори Песков на барање на новинарите да ја коментира изјавата на Зеленски, пренесе Тасс.

Украинскиот претседател, иако изрази подготвеност на Киев да ги разгледа опциите за невоено враќање на Крим, сепак повика „да не се губи време“ на опции што не предвидуваат, како што наведе, „деокупација на полуостровот”.

Прочитајте и:  Бајден одобри противпешадиски мини за Украина со цел да се запре рускиот пробив

Во интервју за Фајненшл тајмс, Зеленски изјави дека доколку решението не предвидува деокупација и според тоа решение Крим е дел од Русија, никој не треба да губи време на такво решение, пишува „Украинска Правда“.

„Ваквите изјави уште еднаш укажуваат на неподготвеноста и неспособноста на украинската страна, што не покажува волја проблемот да се реши со невоени методи“, рече Песков.

Извор: МИА

- Реклама -