Песков: Прославата на Денот на победата ќе се одржи како и досега

„Прославата на Денот на победата на 9 мај ќе биде организирана како и досега, имајќи предвид дека тоа е свет празник за нашата земја, а составот на учесниците на парадата на Црвениот плоштад ќе го одреди руското Министерство за одбрана3, изјави денеска портпаролот на Кремљ – Дмитриј Песков.

„Празнувањето ќе го организираме како и досега. Тоа е најсветиот празник во нашата земја, тој беше и ќе биде свет празник за сите“, истакна Песков, одговарајќи на прашања на новинарите на брифингот.

На прашањето дали војниците од самопрогласените „Народна република Доњецк“ и „Народна република Луганск“ и „новата руска армија од фронтот“ ќе учествуваат на парадата, тој одговори дека Кремљ не го знае составот на парадата на Црвениот плоштад, а списокот ќе го утврди Министерството за одбрана, кое навремено ќе обезбеди информација.

Прочитајте и:  Џентилони: Г7 ќе има рамковен договор за заем од 50 милијарди долари за Украина до октомври

Мало потсетување како тоа изгледаше минатата година:

- Реклама -