Пентагон: Русија стана послаба како резултат на војната со Украина

Со војната во Украина ослабнати се како вооружените сили на Русија, така и руската држава – изјави за CNN портпаролот на Пентагон – Џон Кирби, во пресрет на денешната средба на сојузниците и партнерите во НАТО во Германија.

„Армијата (на Русија) стана послаба. Државата исто така стана послаба и сега уште повеќе се изолира“, рече Кирби, додавајќи дека САД сакаат Русија во иднина да не може да биде закана за своите соседи.

„Руската економија е во тешка ситуација. Незините вооружени сили се истоштени во многу погледи, не целосно, но несомнено (Русија) изгуби многу свои војници и претрпи загуби во оваа инвазија на Украина“, констатираше Кирби, несакајќи да даде подетални информации за состојбата на руските вооружени сили.

Прочитајте и:  „Билд“: Германија на Украина ќе и испорача 4.000 дронови контролирани од вештачка интелигенција

Претходно и американскиот секретар за одбрана, Лојд Остин, истакна дека „САД сакаат да ја видат Русија ослабена“ до степен да не може да ја повтори инвазијата на Украина и во други земји.

- Реклама -