Памук за слабеење – кој пробал знае!

Повеќе...

Од библиски диети и џвакање до бесвест, па се до екстремни начини на исхрана, историјата на слабеењето понекогаш знае да биде неверојатна. Иако за губење на килограмите е потребно намалување на бројот на калории и редовно вежбање повеќето менталитети сакаат да веруваат дека постои чудотворно слабеење за кое не мора сами да се потрудат туку некој или нешто друго ќе го направи тоа наместо нив.

Од библиски диети и џвакање до бесвест, па се до екстремни начини на исхрана, историјата на слабеењето понекогаш знае да биде неверојатна. Иако за губење на килограмите е потребно намалување на бројот на калории и редовно вежбање повеќето менталитети сакаат да веруваат дека постои чудотворно слабеење за кое не мора сами да се потрудат туку некој или нешто друго ќе го направи тоа наместо нив.
Нутриционистот од 19 век Хорацио Флечер го популаризирал методот на правилно џвакање кој во 20 век имал и свои следбеници. Секој залак требало да се џвака најмалку 32 пати што во просек одзема 30 секунди. При секое голтање главата мора да се зафрли наназад така што храната лесно би се лизнала. Ако пак во устата се најдел залак преголем сам да се спушти тој требало да се исплука. После извесно време на ваква диета лицето губи волја за таквата напорна конзумација заради што и се сметала диетата за делотворна.

fat-elvis.jpg

Своевремено, и диетата со спиење била доста популарна. Наводно Елвис Присли во последните години од својот живот бил нејзин конзумент, кога веќе не можел да влезе во своите добро познати пулејкасти панталони. Диетата се состоела од таблети за спиење, а верувањето било дека додека се спие не се јаде па се губат килограми. Но, ваквата диета има една мана, а тоа е ако се претера со таблетите човек може и да умре – слаб!
glasses.jpg
Поаѓајќи од логиката дека не го јадеме она што ни изгледа гадно, односно од добро познатото дека човек јаде со очи а не со уста, Јапонците изработиле “плави наочари” за слабеење. Бидејќи плавата боја ретко се јавува во природата и повеќе дава значење на нешто што е труло и расипано, барем кога е во прашање она што го ставаме во чинијата, па би требало да делува на психата и да ја одбива храната.

soap.jpg

Уште едно чудо е сапунот богат со морски алги кој наводно продира преку кожата и го топи салото. Дури како бонус и ја затегнува кожата, го поттикнува метаболизмот и го намалува целулитот.
cotton.jpg
Голтањето вата е исто така на листата на бизарни диети. Меѓутоа не е сосема јасно на кој принцип би требало да дејствува полна чинија со памук за ручек и колкава е опасноста од давење.
За една диета тврдат дека е одобрена лично од Семоќниот бидејќи е опишана и во Библијата. Основата е воглавно сирова исхрана. Уште постара е диетата која ја практикувале луѓето пред 10 000 години. Всушност тие и немале некој избор па го јаделе она што ќе го најдат, корења, суви плодови, риби… Оваа диета ги исклучува житариците, млечните прозиводи, сол, шеќер…
Денес постојат секакви диети, од оние прилагодливи на крвната група, месечева диета, до диета базирана на двочасовно смеење дневно. Но, најпопуларни се покажуваат оние кои дозволуваат да се јаде се, а да не се работи ништо. Па се слабее така што се носат специјални папучи, разни ракавици, се лепат фластери…
Во ова време на интернет бројот и видовите на диети достапни на секого се практично неограничени. Стручњаците сепак предупредуваат дека не треба да и’ се верува на ниедна од нив која ветува брзи резултати без нималку труд.

- Реклама -