Памела Андерсон се појави во црно издание на модните награди CFDA во Њујорк

Памела Андерсон се појави на доделувањето на модните награди CFDA за 2026 година во Њујорк во елегантно црно издание што потсетуваше на гламурот на стариот Холивуд. За оваа прилика, таа се одлучи за софистициран фустан, дискретна шминка и детали што ја заокружија целата комбинација.

22
Памела Андерсон се појави во црно издание на модните награди CFDA во Њујорк (Опсервер)
Фото: Опсервер

Церемонијата се одржа во Американскиот музеј за природна историја, а Андерсон носеше црн фустан што ја следи линијата на телото и има висока јака, со раскошни пердуви околу деколтето. Изданието беше дополнето со чевли украсени со пердуви и бела сатенска чантичка со црни точки.

Актерката, која во последните години често се појавува без шминка, овојпат избра поинаков пристап. Лицето го истакна со розов кармин и маскара, а русата коса ја обликуваше во раскошни бранови, зачешлани наназад.