Прескокни до содржината
Реклама

ЈАКИ СМЕ НА УСТА

Илустрација
AI-илустрација

Поплавите повторно му се закануваат на Балканот. Србија веќе ја носат повторно водите а нашите ТВ екипи се нацртани таму. Многу не боли за браќата Срби. Таму ако заврне, ние овде дигаме насипи, НАТО бомбардираше кај нив, ние во скривници се пикнавме. Тоа е таа папочна врвца која никад нема да ја скинеме. Кога во Арачиново се водеа битки за Македонија, на само 10 км од местото, Македонците пиеа кафиња у Центар со цвикери за сонце и чачкалица у уста. Стомакот полн, егото полно да плафон а како дела за заслуга, една огромна нула. Повеќе ги слушнавме бомбите на Сурдулица и Сурчин отколку детонациите у Арачиново. Законот за амнестија, тогаш ги спаси и дезертерите. Заедно со барабите од ОНА. Денес тие и понатаму продаваат памет, кој е патриот а кој е предавник. Нека го пушат!

Општина Ново Село во Штип, пушти јавен разглас во кој се бараат волонтери за полнење вреќи и за праење насипи покрај речните корита, како превенција од поплавите кои ни демнат. Се пријавија дури четворица.Ги нема оние  кои на некои таканречени спонтани собири, излагаат ко утки по наредба на една СМС порака. Сега кога свлечиштата ни демнат над куќите дремеме на интернет. Таму Зајо и Гујо се главни фаци иако Глигорче на Метео најавува потоп. Ако ни работат малку троа црпките, главна фаца би требало да биде он.

Името не го даваме, но гзот и душата одамна ни се на реверс кај лукавиот. Господ нема да ни ги чуе молитвите затоа што и тој дигна раце од нас. Не верувам дека би изреагирале и водата и поплавите во соба да ни влезат. Одамна не реагираме на дразби. Се палиме само ко мајмуни кога нашите партиски шутови прават ново продолжение од политичкиот циркуз серијал.
Јавно ги замолувам оние стотици наши херои, кои лани се сликаа како полнат вреќи во Србија, да тркнат и до штипско Ново Село. Ене го каде е. За злобните усти да не јадат лајна, ја веќе наполнив неколку вреќи. Нема да извадам фотки од настанот пошто мотивот ми е друг. Ако се разбираме.

И како наш судбински жиг, во еден ист ден Балканот одбележа смрт на три битни фацки од соседството. Во ист ден но различни години, светот го напуштија Слободан Милошевиќ, Зоран Џинџиќ и Драган Николиќ. Овој третиов кај нас познат како партизанот Прле. Николиќ е повеќе Прле овде кај нас отколку во неговата родна земја, Е затоа сме тука. И понатаму ќе се палиме на дегенерици ко Шешељ кои палат знамиња и на статии за синојте на Аркан како си играат мајтап со ороспијата која сака да биде балканска Клеопатра. Едино ми е криво за Зоран Џинџиќ. Човекот и после 13 години од неговата смрт, нема свој споменик во Белград. Јеби га. Таму сеуште коњите ги јаваат сенките на Слобо и Војо. За ликови ко Џинџиќ, овде на клетиот Балкан, има место само у црна штампа. Затоа се и они таму кај што сме и ние. Тоа е таа балканска рута каде главни фраери се палачите на знамиња. Косово, Македонија, Србија и Босна. Другите возат по друга рута. Ние ќе се палиме на Русите и на приказните дека Европа, конечно ќе се распадне. По стоти пат. Ќе си пукам у колено.

И конечно за крај во ова мое блиц, саботно обраќање. Конечно и Хорхе реши да проговори. И не искара се целиот свет. Мал бенефит за државата, голем за неговата партија. Онака предизборно. На дугме….

Излезете од филмот на режисерите кои се везден се надеваат дека со исти филмови ќе продадат ист број на карти како и на почетокот. Тоа пали у оние емисии на ПИНК и во Гранд. Таму истите фаци и истите фризури продаваат карти како и првиот пат. Шеширот на Харис Џиновиќ и натами у ин. Што да кажам понатаму? Земете си чадор, надвор устура…

НАПИША: БУЛЕВАРК0

ПРОПАСТ ГЕНЕРАЦИЈА

titovi-pioniri-620x330

Промашени случаи! Зачнати некаде кога Тито падна у кома и почна да се најавува онаа Братство-единствена заебанција која заврши со 300 000 мртви, геноцид у Сребреница, гранатирање на Дубровник, Мостар, Вуковар и еден куп убави села и градови во убавата ни и ПЛАВА ЈУГОСЛАВИЈА. Срањето заврши со победа на Тото Котуњо кој ни најави влез во некоја си убава и шарена обединета Европа. Хитови од ЕКВ, нова плоча од Азра и Леб и Сол. Денес фановите на овие бендови, дремат на некој шанк, локаат евтин алкохол и го пцујат одвратниот капитализам. Денес ја гледаме таа Европа како скапува однатре. Нешто е труло во државата Данска и земјите исламски стигнаа и до Копенхаген!

Потомците на Пролетерите, озрачени од Чернобилскиот ветар за прв пат у живот окусија Кока-Кола, облекоа Адидас и Најк и скопчаа дека Јупито е тешко срање а патиките Симод тежок фалц изваден од рафотивте на комуњарските синдикати. Многу амбициозно зачекоривме во таа нова и ветувачка творба. Исто ко што и амбициозно го попушивме некаде во втората декада на 21 век, копчајќи дека ние ко генерација секогаш ќе бидеме избеглици и ќе ја бараме својата почва на која треба да ги пуштиме своите ‘ркулци. Сѐ живо пропадна, сѐ живо се распадна за малкуте години поминати од нашиот живот. Ние сме рози и кактуси посадени во пустина и савана. Ние сме нешто потажно од дркотина заробена у куртон… Јеби га…

И додека заебаните Хрвати и Словенци со брз чекор зачекорија кон ветувачката Европа, со сите оние научни и медицински центри кои ги наследија од нашата заедничка татковина, Македончето си наследи храмови на црната металургија и фабрики со големина на касарни каде низ црните оџаци излегуваше и дел од душата на илјадници Македонци. Што е појужно тоа е потажно. Ви текнува на рефренот? И пак ние, а не Словенците и Хрватите плачеме по тоа хибридно чудовиште кое не издресира да бидеме Титови пионери за денес да из’ртиме у демек европски деца. Ние сме таа генерација која го изеде курот за сите останати генерации. Судбина!

Во онаа трагична и комична Југославија, нашите врсници бегаа од виорите на војната и ги оставаа своите градови и села без живо пилe. Денес бегаме од ова парче, современа европска држава и во џадето го бараме егзистенцијалниот спас. Имаме ли бре ние свое небо и имаме ли некој темел, нешто да им предадеме на наредните генерации? На нашите деца и внуци? Имаме амбииција!!! Имаме кондиција ама немаме ориентација. Лебдиме на тлото од земјата и само поради гравитацијата не сме одлетани во свемирот.

Ние сме тие кои треба да бидат патриоти и предавници. Ние сме таа генерација која сега остава долгови на наредните генерации. Ние сме таа пропаст генерација која нема тронка љубов кон својата земја. Нашите претци, со крстот на челото, го јадеа патосот и ја целиваа земјата натопена од сопствената крв но дигнале тупаница и рекле НЕ! Што направивме ние?
Имаме ли ние некоја лоза или сме обично дрво кое е посадено на неприродна почва?

Да да…Ние сме таа генерација која го живее новиот светски прелом. Не тешат дека Европа ќе се распадне а не ни кажуваат како ние ќе опстоиме. Фатија џаде сите по белиот свет и со другарите се допишуваме по скајп и вибер како да сме зафатени од виор на војна или на некоја чума. Да да…не е така се разбира, но последиците по нас се тотално исти. Некаде кон 90-тите години имавме групи кои го будеа националното чуство и оптимизмот во нас како новосоздадена држава. Меморија и ОГАНОТ ПОД ЅВЕЗДИТЕ… Да да…се сеќавам кога овие амбициозни дечки со сјај во очите ни го честитаа осамостојувањето и најавија вистинска македонска пролет. Што остана од тоа? Денес дечките мијат чаши по некои прекуокеански држави, работат по бродови или рибаат клозети во онаа Европа која ни ја преставија како наш излез. И пак таму е поарно. Пак бегаме кон клозетите и валканите шанкови преполни со белосветски шљам, наместо тука….Наместо дома….Да да дечки….Ние сме таа пропаст генерација…Поздрав

НАПИША: БУЛЕВАРКО

УМЕТНОСТ И КОМАР

rwQbAlCmgBZpjt3F1GN0JQ-wideСедеше во празниот ходник од болницата за лечење зависности. Во раката имаше некој картон и чекаше да му акнат печат и да стане фацата на нервната установа. Рацете му се тресеа, устата му пелтечеше а џигерот му беше стопен од стотиците литри жесток алкохол. Алатот одамна му беше претворен во ѕвонец, налик на погинат липицанер кој ги прескокнал своите долини и брда. Му служеше за мочање, многу ретко му се дигаше. Курварот чии заби попаднаа од лижење цицки и од обоени алкохоли сега беше дел од царството лудаци.

Беше талентиран сликар. Потоа почна да ја презира уметноста поради неправдите која ги носи таа. Создавај и твори за неписмен свет. Делата ги красат ѕидовите, но не и на луѓето животите. И тури кур на четката. Набрзо почнаа рацете да му се тресат од коктелите на алкохол и антидепресиви. Рацете му беа добри само за фрлање зарови. И тој порок беше негов. Кога не другаруваше со заровите киснеше над рулетот. Светот му стана Црвено-Црн, пар-непар, горе -доле. Тоа му беа и главните жаргони во животот. Кај курвите преспиваше кога ќе го сјебеа сите малери и кога ќе здрвеше шекераста ракија. Со тапани во главата, болки во јетрата и мачнина во психата се домакнуваше до вратите на хуманите дрољи. Ќе му го испушеа од време на време затоа што за секс беше премногу спор, уморен и пијан.

Се шлаеше по скопските улици и секој ќош го демнеше и го повикуваше назат во јатото. Како збудалена животиња го имаше вперено погледот во асфалтот плашејќи се да погледне лево десно. Пороците беа на секој ќош, а тој беше предодреден за нив.
Влезе во една биртија! Една ракија..ко ни една….две како една, значи пак како ни една…секоја наредна…КО ДА Е ПОСЛЕДНА……Удри на жестоко пиење и за кратко време се врати на ниво. Алкохолот му беше редовна закуска, пред јадење, главно јадење и вечера. Храната за него беше штетна. Од алкохол немаше повратено со години, а често тоа го правеше од вода или храна. Извади од џебот 50 евра кои му беа поклон дадени за лекарства од една неталентирана ебачица која очајно се надеваше дека порочниов ќе ја венча. Такви се тие пички. Цел живот ќе ги дупиш и телесно и ментално и на крај пак ќе те вадат од лајната.
Но безнадежниот случај никогаш не сака да биде спасен од безнадежен случај. Ебаљката на господин Порок имаше 41 кило, сплескан газ, изгорена коса со лоша нијанса на фарба и многу смрдлив здив.

Влезе во казиното и ги стави сите 50 евра на црно. Ебаната среќа или несреќа го посака. Лапна 100 евра во џебот и веднаш на асталот си нарача шише Џони. Му даде пак на црно и си здроби уште 75 евра во џебот. Наредните 5 раце беа на црно а нашиот коцкар имаше инкасирано 1040 евра. Играше хазардерски. Целиот влог го ставаше во игра. Тоа за него беше живот, а не парата која можеби ке ја добие или изгуби. За него изгубената пара беше само прекин на една убава игра. Кој ги ебе парите….ги фрлаше како тоалет хартија на шарената маса.
За кратко време до него се доџапаа и ороспиите и дилерите на дроги. Едно шмугле му даде од под ракавот четврт грамче бел кристал. Го фукоса со светлосна брзина и почна да го пржи мозокот на соларна температура. Сите светла од казиното како да беа вперени во него. Човекот кој пред некое време гинеше во болницата за рехабилитација сега ги имаше раширено орелските крила и се праеше лом на столот од рулетот.

Алкохол, коцка, дрога и две курви лево и десно од него.Беше како никогаш жив. Дури и патлакот му стана. Замина во купатилото да опне уште една доза од кристалот a во едно и да се помоча. Како да си ја помоча ебаната среќа.
Се врати на столот а таму веќе беа малерозните фаци… Во 4 раце ги загуби сите пари, одејќи упорно на црно…Остави еден златен прстен од бившата жена, кожната јакна, и по тенка блуза излезе надвор од казиното скитајќи како лингур.
И се јави на својата грда пријателка и несудена љубов. Таа повторно го прибра. Без ниту еден збор на презир и критика. Таа му беше доживотно верна и ужасно грда несреќа. Кокаинот полека му изветреа. Падна во депресија и таа вечер се дотепа со алкохол……заспа на музиката на Рамштајн….
Малата несреќа од жена цела ноќ беше будна и бдееше над промашениот случај…

НАПИША: БУЛЕВАРКО

СРЕЌЕН 8 МАРТ ,,ФРАЕРИ”, A И ВАМ УБАВИ ДАМИ

Илустрација
AI-илустрација

Новите модни трендови го убиваат машкиот пол у поим. Ко ќе влезеш да бараш фармерка или пантолона, ќе се деси да прашаш- A каде е машката гардероба?

„Ова е машката гардероба“ – ќе те пресече услужливата  и симпатична девојка и у самиот момент ти станува јасно зашто е она сама, како и многу жени наоколу….

Се повеќе мушки со црвени јакничиња и црвени патичиња парадираат по градов.Хеланки носат одамна. Верувам дека и ова набрзо ќе прејде у ,,мода”…Уште менструација им фали за сликата да се комплетира. Мене ми се повраќа од новиот стајлинг на ,,фраериве” а на дадичка уште повеќе. Не го чекај мала својот принц на бел коњ. Заглавен е у некој салон за убавина, си купува козметика, хеланки,креми за раце,пудра за лице,танга гаќи, праи нокти и чупа веѓа. Феминизираните фраери се постокмени и средени и од самите жени. По жени се и од жените. Е они треба да им пријдат на преставничкиве на понежниот пол и да ги освојат нивните симпатии. А извинете, кој беше понежен пол? Забраив…

Жените се у очај, а секси шопојте трљаат руки. И самите трговци знаат а и дадичките исто така, дека продажбата на дилда и слични сексуални играчки, у последниве години доживува бум. Колку повеќе мажите трошат пари на козметики и салони за убавина, толку повеќе дадичките заглавуваат со овие играчки. Секоја забава е сведена на поларизирани журки каде мажите и жените се гледаат наопаку. Локалите низ градов најчесто се преполни и клаусторфобични. Но колку во тие ноќни шеми се дешава прав машки улет кон убава жена? Многу ретко, очајно слабо. Најчесто се завршува на некој сељачки муабет, кој почнува со пијачка и завршува со клуч од празен стан и понуда за керебечење. Ужасно лош начин на убивање на женската лика. Евтино клише. И дадичка а и бато треба да знаат дека испиената заедничка пијачка у град, само по себе не носи соблакање гаќи и кинење прслуци. Сељаците кои не го научиле ова до својата 25-30 година у животот, нема да го научат никад. Оние кои се облакаат као Бетмен и Робин исто така.

Жената си пати за оној момент на одвојување од ужасниот просек, каде фали храброст да и плеснеш у фаца колку е она, ужасно добра! Не е битно дали ќе ти се испонаша или не. Такви се затоа шо слабо се третирани као жени,а многу почесто као евтини дрољи. И жената си бара минимум внимание и по некој убав збор во денот…Јеби га…Кому ова не му изгледа мушки нека иде на пилатес или нека мери муда на огледало у теретана. Вечерта секако ќе му се пофали на другарчето за обемот на мускулот..

А се работи за обичен мушки респект. Има и фини женски кои ги заслужуваат нашите фини манири. Денот на жената некои жени ќе го дочекаат у прегратка на својот директор и спонзор а некои во прегратката на својот бајат супруг. Која што ја исполнува… Некои се предодредени на овој празник да прднат од скуп кавијар ,а некои од боранија и зелка. Но цветот у раката на убава жена е нешто како дијамантот во царската круна. Еден цвет, убава вечера и лабав муабет. 8 ми март повеќе треба да е ден за фраерите и ,,фраерчињата”. Оние првите, кои секако ќе им го разубават празникот на жените, а и оние вторине, кои исто така се надеваат на подарок. Особено ако се пасивни у некои полиња…Жената се сака секој ден. Фраерот е фраер, по цела година, нормално…

НАПИША: БУЛЕВАРКО

НИЕ, НАРОДОТ

fileНовиот серијал на хипноза е повторно на сцена. Секогаш кога иде период за устоличување на гзот на политичка фунцкија, НАРОДОТ е главна улога во нивните филмови. Обично сме у аут, али си иаме ние свои 5 минути коа не тинтраат по главчињата и ни прават разно разни трикчиња, мислиш златни рипки се сториле тоа политичарите. Тоа е како коа идеш у банка да вадиш кредит. Прво те седнуваат на столче карши нив, на еднаква висина со нивната официјална фацка, потпишуваш 300 формулари кои не може да ги размотри цела адвокатска комора на Македонија, влагаш у нивна папка и ти велат: ПОВЕЛЕТЕ СЕГА НА ШАЛТЕРОТ. E тогаш сфаќаш дека си у колоната за чекање ред. Таму остануваш се додека не им го вратиш и последниот грош, со камата!!!

Исто е и со политичарите. Дупката која и по цела година стои ископана на твојата улица и ти ги ебава аморитизерите и јабучиците, ќе биде пополнета пред да почнат нивните карвани. Кога веќе ќе треба да мењаш нови делови на колата. Кога нивната дупка за која тие не даваат пари, ќе кошта тродупло. Ние народот сме им во устата, како три оброка на ден, сосе сите десерти, грицки, пијачки, аперативи и цигари. Ние народот сме она што треба да го начукаат во нивните конзерви и да не развозаваат како стадо, за 155 пати да ги слушнеме истите говори. Штом дојдат избори во Македонија, започнува општата преселба на народите. Ја заклучуваш куќата и дома се враќаш за 2 месеци. Живееш у автобус а јадеш на митинзи. Од време на време климаш со глаата за да ги убедиш оние кои водат списоци за редовност, дека си у нивна фрекфенција. Најтешко им е на оние кои идат само ради потпис а им се повраќа што се таму. Тоа е она раскинување со самиот себе. Да се биде човек или доброволен имбецил? Сонував еден сон дека луѓето кои ги ставаат на списоци ги фаќаат батките шо запишуваат и водат евиденција, ги кршат од маање и тоа списоците им ги бутаат у гс. После ова, кафезите од плоштадите се отвараат и народот слободен си иде дома. Можно ли е ова? Зошто да не. Еден катинар е во прашање.

И секогаш кога нема доволно леб да се нарани сиротињата од народ, има доволно железа, бронза, топол национализам сервиран у порцелански сад, со украсна фолија. Навидум тоа ни изгледа као најбољи специјалитет. Но штом го голтнеме во себе, има бљуткав вкус, ни се заматува умот и почнуваме да мразиме се што е околу нас. Срцето ни станува стегнато како во чвор, стомакот ни се превртува дека некој се везден не подјебава . Мрачните сили ги бараме и под креветите… Тогаш небитните фаци у нашите животи за миг пак стануваат битни. Ни ги продаваат оние приказни кои никад не смееме да ги заборавиме. Оние приказни без кои ќе ги научиме што мустри се. Тие немаат достоинство затоа и не се срамат да го газат достоинството на народот. Правите окупатори, многу тешко ќе ги препознаеме. Вешти се и лукави….

Ние народот, колку и да сме материјално сиромашни, не смееме да бидеме сиромашни и бедни во душите. Ние народот мораме на оние ,,елити”, кои ги водат нашите животи од понеделник до петок, а богами и за саботи, недели и празници, у форма на партиски собири и ,,спонтани” собири, да им кажеме да одјебат од нашите животи. Барем оној кој ја разбрал поентата на слободата. Слободата не е да бидеш роб на мобилниот телефон и излишно да ги извршуваш наредбите преку смс пораки на партискиот лик. Слобода не е на тој лик да му служиш 24/7. Па кои пари и да се на светот во прашање. Кој бенефит и да е. Само тогаш, ние страдните луѓе ќе можеме да се наречеме народ, а не обично гласачко стампеди, нумер и статистика у нивните тефтери. А колку сме блиску или далеку од народ, да ги уклучиме сијаличките во нашите глави и самите да си процениме. Народ е она што нив ќе ги стави во ред а не обратно…

НАПИША: БУЛЕВАРКО

ПИЈАНА НОЌ ВО КРЕВЕТОТ НА ГРДАТА ДЕБАРМААЛКА

12804415_10208939138378631_695048123_nЈа дигнав глаата од асталот и забележав дека конобарот веќе го собира окршот и празните флаши од шанкот. Дебелата шо го џогираше подот ми се насмевна пробувајќи го мојот пијан вкус. Не сум до толку среќо…Станав и како лингур се избацив по дебармаалските уличиња. Околу мене чопор џукели се давеа за некоја кучка а мачките се пареа под контејнерите, и со нивното вриштење го будеа цел комшилук. Една скапаница болна од несоница, фрли со две скапани јабуки накај мачките. Им го прекина божествениот ритуал. Го земав јаболкото у му го вратив право у спалната соба. ДА МИ ГО ПУШИШ СТАРЧУГОООО, се развикав и пробав да повратам до најблискиот контејнер.

После целодневно и целоноќно пиење, зјапање у жени и збирање материјал за дркање, некаде околу 2 часот по полноќ, останав сам на една клупа. Заедно со мачките и џукелите. Го извадив мобилниот телефон и почнав да го скролам листингот со жени. Куратата среќа сака во тие моменти сите до една да ти продаваат морал, да изиграваат светици, иако добро знаеш какви курви се во прашање. Знаат и они, но сега нема да го пропуштат моментот да те одјебат и да го одглумат квалитетно својот лажен трофеј. Дебелата со џогерот излезе на улицата и го чекаше своето такси. Ау да го ебам…Полетав во вселената ме голтна ноќта црна.

Сабајлето со тапа болка се разбудив во еден расклатен кревет. До мене како заклана лежеше грдо зомби налика на женка. Широките битпазарски гаќи цели и беа напикани во гзот дебел а цицката и висеше од креветот и го допираше паркетот. Другата цицка беше на мојата перница и како да сакаше да ми прозбори. Веднаш до цицката, еден пепелник со 35 пикавци на кои се впил евтиниот нејзин кармин од 45 денари…Не можев да станам од креветот а не сакав ниту миг понатаму да лежам во креветот до дивата вепарица. Некако се одлепив од креветот, се облеков набрзина и со трчање се залетав по скалите. Некаде на приземјето се струполив на бетонот и заспав.

Околу пладне ме разбуди звукот на автомобилите и мирисот на ауспуците. Покрај мене имаше фрлено ситни пари од пролазниците кои си помислиле дека сум просјак. Станав и со камен фрлив накај спалната на дебелата. Ова да го направев јас со некоја згодна тинејџерка и сексуално да го злоупотребев нејзиното пијано главче, веќе ќе бев притворен. Во овие случаи,кога грдите жени, сексуално тормозат пијани мажи, судските инстанци не се заинтересирани. А и како ондак би ебеле нешто ? Ќе се понадеваат на нашата пијана глава и полунабрекнат патлак и ќе не спакуваат у кревет као јагне за Велигден. Ја опцув ругобата која немаше муда да ја начури фацата на прозор. Многу е грда. Ќе ја чека ноќта за да се појави надвор желката. Некаде околу фајрон. Кога полумртовците решаваат да си тргнат дома…

НАПИША:БУЛЕВАРКО

КАРИЕРА, СО КОНДОМ

original-zena_0Во секоја институција селекцијата на женски работен кадар е излезена од вкусот на главниот мултимедијален кадровик, кој у глобала ги управува сите животи на планетава. Господинот кур запослува, тој одлучува која кокона ќе лапа прекувремени саати, која ќе иде на службено патување, која ќе добие унапредување или ќе добие слободен ден. Уствари, нив секој ден им е слободен. Други единки ќе го тргаат и нивниот самар у комбинатот, затоа што нивната цицка му кажува добро утро и му се кези на шефот. А убавата цицка и разголената путка, златни порти отвараат! Цело општество се фрли на курварлук. Некои на поскап, некои на поевтин!

Инспирацијата излезена од мудата е причина да се започнат светски војни, да се започне нуклеарна програма, да се фрли добра гардероба на себе, да се потроши добра сума на кеш, затоа што најбитно од се, е како ќе му заврши или започне денот на елоквентниот господин у гаќите. Оние дадички покрај МТВ кои си ја плакнат својата мачка у матните води на Вардар, и го продаваат своето тело за обичен ситнеж, се првиот синоним за курва и проститутка у државава. Оние кои се ебаваат по државните институции и со голтање сперма градат кариера, се поштовани дами у високите кругови. Нив ги персираат а не сакаат да им кажат ниту ДОБАР ДЕН на обичните смртници. На оние на кои денот им кошта ебани 300 денари. Овие кокони мирисаат на скуп парфем а смрдат на лажни високи манири. Поголеми курви се и од оние вардаркине, иако јадат у скупи ресторани со златни прибори!

Третиот тип на курави се оние кои се сожалуваат самите себе. Живеат у сожалување дека животот им е сјебан и дека покрај себе живеат со тип кој доволно не ги исполнува. А жената се исполнува на два начина. Духовно и телесно. На еден ден пред својата свадба го викаат својот ебач на проштална и патететична средба. Го вадат од ташничката црниот куртон кој треба да му даде една тажна димензија на последниот предбрачен швалерај.
Технички преглед пред регистрација. Тоа е она коа колата ја дигаш на дигалка и одздола и се гледаат триста кварој. Ко ќе ја симнеш на земја, изгледа ок. Малку пролупана е али ок е. Со малку шминкерај и мали технички потфати, ќе биде топ. Дадичка ќе отиде на прва брачна вожња као ауто пред ремонт.Моторот ќе и зариба, таму некаде после 3-4 месеци возење. Или ќе се крие као мечки у пештера. Као и увек….Крив ќе и биде последниот шофер.

НАПИША: БУЛЕВАРКО

ПОРАНО НЕ БЕВМЕ ONLINE, НО БЕВМЕ ВКЛУЧЕНИ

internet_addiction_statistics-300x219Забораивме да разговараме ко луѓе. Дигитализацијата не пикна у малите монитори, и станавме робови на дигитализирани чувства, на разговор со слики и на кикотења на нереални работи. Одиме по улици као роботи, зркнати у тоа мобилните, ни семафори, ни пешачки, ништо не забележуеме. Не пиеме алкохол сите по сабајле, но сите сме данбетер попијани од нашите акаунти, од нашето линк-поврзување со остатокот на светот. У автобус сите зјапаат у екраните на мобилните. По улица исто. На утакмици исто. Додека се пие кафе у град или додека децата си играат во игротека. Го пропуштаме животот околу нас, веќе не сме ни живи, туку битија со природни органи а дигитализиран мозок. На улица не мора да си кажеме здраво, пошто пак ќе се најдеме на ФБ и ќе си опињаме лајкови под некои наши изразени ставови, кои никако да ги изразиме у животов.

Моќните елити не шибаат у мозок, а виртуелниот интернет простор е убаво место да се изнајадеме вафли и да се декомпресираме од бесот. Некогаш излагавме од дома и на елитите им тропавме на врата. Така изразувавме револт. Сега станавме воајери на сопствените животи кои воопшто не ги ни живееме. Дали убава риба е во прашање, или интелегентен човек, нема да се осмелиме да ги запреме на улица да проговориме со нив, а онака виртуелно, ќе им зјапаме у животите, и по слики и чекирања и по листи на пријатели. Грозно. Дајте одма телефонски број ко ќе ве застанат на улица. Пошто у етер имате оставено ама баш се. Уште бројот на гаќи остана мистерија. Бар кажете си здраво на улица бе пичка му мајчина.

Децава пред маалата наши, заборавија што е играње серва, што е играње фудбал каде куповите облека се редеа да бидат стативи. Не знаат што се кожички за раце и џамлии, не знаат што е тегнење Долга магарица и чатали ко патали. Не знаат што е бзззт и маање заушки од позади глаа. Не знаат што е ферка, каде се јадеше ќотекот и после се пружаше раката, и се продолжуваше со другарството. Децава пред нашите маала имаат се помалку примери, како да израснат во људини а се повеќе имаат шанси да пораснат у човечиња и безгласни букви.

И додека денес, 90 насто од луѓево се уклучени, фактички исклучени сме од се. Нема народ по улиците, нема публика по утакмиците. Имаме повеќе ФБ групи отколку водачи на навивачките трибини. Имаме страници со над 100 000 подржувачи а на улиците не можеме да се собереме ни стотина. Е толку стана ценет нашиот збор, со дадената ,,слобода” да јадеме гомна по нетов. Меланхолични битија на кои единствена цел ни е да се навреди оној што не размислува како нас, наместо да поставиме темели на здрава комуникација. Да се сретнеме надвор и да разговараме со саати. Да пробаме да си го поедноставиме животот, затоа што моќниве елити не згазија. Ни го оставија само тој простор на социјалните мрежи, да дробиме и да не тураат у некои папки. Многу подобра опција е да се исклучиме за конечно да се уклучиме у животот. Да ни го чујат гласот. Да не чујат како пцуеме или како здраво кажуваме. Да не видат како боксираме или како се ракуваме, се едно….

НАПИША: БУЛЕВАРКО

НИ ГО ДАДОА СТАПОТ ВО РАЦЕ, ЕДНО СТАРЧЕ ЗАГИНА

erekcija-640x330Често пати, на дело сме го покажале нашиот зародиш како цивилизиција, таму некаде од под темелите на Плаошник, од камењата на Климентовата школа, во подножјето на тврдините од Самоил. Александрови потомци се кажуваме. Со целиот свет се испокаравме за да ја докажеме нашата големина. А реалноста ни е жалосна, накај трагична. Траги комична и саркастична. Ние сме производ од микс на најлошите људски особини, напикани у еден казан. Рецепта за торта од која секој би се исповратил и би прашал: Што кур е ова што го голтнав???

И селанецот од Маково што го уби 80 годишниот старец во политичка расправија, ко што видов, живее у руинирана куќа. Гзот му клечел у полско ВЦ в двор, а дома веројатно спиел на патос. Дивјак и оболен лик од политика, го претепа старчето до смрт. Бакалот од карши чул тепање, но не презел ништо. Си ја свртел глаата на страна и си наслушувал сеир. Синот на старецот исто така начул, но се исплашил и побегнал. Се гледате ли бре што скапаници од луѓе сте? Човек ви загина пред очите а не куче, јунаци!!!Со ваква неписмена и долна раја, нашиве елити има да не разшибаваат уште долго. Долго време тука ќе врват нивните приказни и ќе ги фрлаат луѓето у очај, очите да си ги вадат меѓу себе. Како гладот да им е грутка злато што треба да ја делат, па и за него војни да дигаат.

И онаа клапа на сведоци и сеирџии, кои не мрднаа со курот, за да го спасат старчето од смрт, треба да завршат заедно у ќелија со убиецот. И тие и тоа како, носат вина за неговата смрт. Нешто од немање доволно мозок у црпките, нешто од немање муда помеѓу нозете. Бабушот и главниот фраер од пред селската продавница, со стапот во раце го пикна цело Маково во подрум.Таков народ сме ние. Патриоти на дело! Старецот претепан до смрт, селаниве се караат за партии.

Ова е вашата армија патриоти, господа од политичкиот кампус! Со ваков шљам од луѓе, ги делиме одлуките за нашите животи. И ваквиот шљам од луѓе на избори има право на глас. Тој глас вреди подеднакво како и гласот на некој универзитетски професор, на пример. Ако мене некој ме праша, пред гласање, покрај лична карта, секој треба да приложи и лекарско уверение. И секој што отвара кавги и тепачки за политика, да добие печат у книшка и упут за у посебна установа. Да им ги извадат за секогаш СИТЕЛ и КАНАЛ 5 од црпките.Нека ржат меѓу 4 ѕида за нивните Груевци и Заевци. Нормалните бараат тишина и деполитизирање на етерот. Мозоците ни ги исправте, дај одјебете за секогаш со тие ваши пресови и обраќања!!!

Како начув, изборите ќе ги поместеле. И за тоа ме заболе кур и навечер еве не спијам. Вашите избори ги множам со нула. Од вашата зла крв што ја пренесовте на луѓето, ние одамна немаме никакви избори! Вашите стампеда и вашите лакрдии, донесоа ненадоместлива штета по овој народ. Веќе не сме ни народ. Туку ркулци од нешто што можело да биде народ. Народот стана раја, поворката, стампедо, а лагата, глас кој излегува од супер моќниот звучник. Паметните веќе фатија џаде од овде, будалите се уште се мислат. Оние без мозок,нема ни да забележат што се случува. Нив им е најлесно. КАКО ЈЕ ЛЕПО БИТИ ГЛУП, кажа еднаш Бора Чорба…Ужасно бил во право…

НАПИША:БУЛЕВАРКО

ИНА МНОГУ ТИЊА И ВРАТАРИТЕ

bodyguard011И се започна со фрапираноста на една тетка, која наводно била запрепастена од наводниот расизам, национализам, на послугата од мексичкиот ресторан Амигос. Колку да ја просветлам дотичната, кога фрла со отров и злоба по етеров и ги пали народните маси да се фрлат на омраза и бој, мексичкиот, кога иде као придавка, се пишува со мала буква, сестроооо.

Често пати ми се дешавало и ја да пољубам врата по разни локали низ градов. Вратарите, келнерите, фино лепо да ми објаснат дека местата се резервирани и тоа да не ме фрли у очај, да почнам да мрчам по нетов, а уште помалку кога у таа приказна била затечена некоја фамилија, која по случајност молим те, била албанска. Аха, тука лежи зајакот. Ова ја пали рајава наша задоена на национализам и омраза. Добра приказна у оваа наша вукојебина, да се распламти муабет, омраза и конфликт на етничка база. Добар моменат Ината да лови пажња со клише и злонамерни инсинуации. Сè е зафатено срцка, само ти не си. Сега контам и зашто.

Порано у нашево мило Скопје имаше правила, каде моеш да влезеш, каде не моеш. Белата чарапа и дигнатата фармерка до глужд не можеа секаде. Оние кои коњите ги врзуваа за бандери, исто така. Оваа фела добро го знаеше тоа и од тоа не дигаше бунтови. Секој тогаш си го знаеше своето место, а денес богами никој. Ина и другар и Бетмен џабе го газат бетонов на Скопје. Џабе им е достапен светов на еден клик у етеров да си ја просветлат визијата и да видат дека приказните секогаш имаат повеќе аспекти на разматрање.

Да сте уклучени само у етерот на еден ебан куртонски канал и да сте заглвавени у калта, у некој Свирипичински вилает, да ве разберам. Абе фаци од градов се кажуете бе ало. А таква фаца не се станува со кезење на културни настани покрај некои фаци од културната фела. Тогаш сте обичен инвентар, за да си ја потхраните стерилноста. Ја да сум газда на некој ресторан, у иднина нема да и дозволам на госпожава да припари нос до врата. Не затоа што е албанка или каурка. Едноставно не сакам таква лоша енергија у мој домен. По кој основ ќе бидам тогаш јас обвинет, хмммм???

Дали Ина многу тиња, знае дека нејзиното просеруење дека некое си албанско семејство е вратено од некој си ресторан, носи многу поголема штета по односите на луѓето, отколку тоа и навистина да се случило? Како ти тетке ќе го докажеш мотивот на батките што им ја покажале вратата? Никако! Но јас твојот мотив го прочитав одма. Сите сме ние говна шовинситички само ти не си. Хехех, толку смешен обид да се испадне добронамерен и реален. Со евтино клише и  толку злокобен наратив. Од твојава измислена приказна, малкумина ќе израдуваш. Повеќе луѓе ќе унесреќиш и ќе ги фрлиш у клинч да се мразат и пцујат по нетов. Од мене имаш орден за распламтување мржња, седи кец мила, иди на фризер, или купи свилена марама. Промени се. Е тогаш нека цркнат комшиите 😉

НАПИША: БУЛЕВАРКО