Се подсмеваат на шарената револуција. Луѓе со шарена идеологија, кои во својот живот сменија триста ставови, табори и идеологии. Бивши комунистички бригадири кои водилките на Маркс и Енгелс ги заменија со цитати на Тодор Александров, Ванчо Михајлов. Му се дичат на Андон Ќосето и на неговата револуционерна кама. Револуционер со муда, денес го воспеваат сенките на минатото кои некогаш заспиваа со сликата на Тито под перница. Нивната класна раководителка ги стави у нејзиниот тефтер, сите оние кои не сакаат да ја сварат нејзината хроника за откривање на теории на заговор. Те ванземљани биле, те странци биле, те земјата била рамна. Ништо чудно за некое време да ни продаат и приказна дека вагиналната линија не е вертикална ами хоризонтална.
Класната ќе шара причи а куририте ќе климаат со главата и ќе ракоплескаат.Оние најгрлатите од Австралија, Америка и Канада ќе побараат протерување на предавниците. Домашните домобрани ќе побараат да се забранат политичките партии и организации кои си фураат нормален живот и не прифаќаат да бидат пикани у автобус, тегнети за уши и турани у списоци. Еве, сеа влеговме у списокот на баба Мирка. На сите до еден ни ја најде дијагнозата. Грлатата бранителка на Бранко и ударна перјаница на СКМ ПДП во деведесетите, ќе ни продава лекции за тоа што било ВМРО. Шареното лудило кај нив започна многу одамна. Си го ишараа мозокот со секакви идеологии и тие во главно гравитираат кон центарот на моќ и власта. Учителке. Дај смени ја тоа брљата и остај ги децата на раат. Познат рефрен у песната Proper education-Hey! Teacher! Leave them kids alone!
А мојот нормален мозок кој знае да скопча колку се 2+2 се иритира на вакви агресивни дразби. Македонија не е ниту Украина ниту Сирија за да ни ја продаваат таа хорор приказна. Не бе батиња. Со тие куршуми не. Младината на Македонија не е пешадија на ИСИС која го руши Асад и онаа багра која му стегна стап у гс на Гадафи. Младината на Македонија нема да посегне да се испентари по крововите на Скопје и со снајпери да ги лупа своите ривали. Младината на Македонија ве опали вас сеачите на магла по сред нос со својата интелегенција, бунт и авангарда. Тука е проблемот пријателчиња. Оваа клапа на народ не можете да ја преваспитате. За вас е најдобра опција да не чуете или да почекате едно 20 тина години да се иселиме или да затупиме од вашите ноти. Преферирам да го направам она првото, ако нешто не се смени у догледно време.
Колку и да не труќаат со бомбастични најави и теории на заговор, ние остануваме цврсто на земја. Мрачните сили и странскиот окупатор беа синоним за едно друго време. Се посравте со Сталина-изреплицира Пиги у мојот омилен култен филм Среќна нова 1949. Наместо странските и мрачните сили да ги оставиме у минатото и во нашите траги-комични филмови, шаката шарени луѓе со шарени идеологии во минатото, ни ги сервираат секојдневно како реалност. Не бе пријателчиња. Ние ја сакаме Македонија! Таа е наша земја и немаме причина да ја уништиме затоа што тука создадовме семејства. Тука ни се школуваат децата. И кај нас дома се вее македонското знаме, и нас ни се дразни кожата на нашата химна. Гревот и предавството времето ќе ви го препише вам. Кога овој хорор ќе заврши и кога политичката борба повторно ќе се смета само како таква. Не на борба за живот и смрт. Така е тоа во нормалните земји каде што не владеат болните суети. Корумпиран политичар замунува во минатото и сите си ја фураат приказната натаму. Баба Мирка и нејзините ученичиња нека не бојат колку сакаат. Љубовта кон земјата ним нема да им ја докажеме. Ја докажуваме секојдневно. Се побучно и помасовно. Ја дигаме Македонија. Ја будиме од клиничка смрт.Ги кршиме нивните ноти и нивната песна. Доста беше! Пропагандата ќе ја испратиме таму каде што припаѓа. Во црната историја и во времето на каменоломите…
“До душа, имаше и поинтересни сељанчици кои изгледаа далеку по-порно од Зои, но околу нив имаше цели генгбенг групи од начукани реднеци и сигурно ќе завршев заврзан за куката од некој пик-ап само ако помислев да им се убацам во букакето, не па да се обидам да освајам соло како Роко Зифреди.“
Мангум.
Вукојебина во југо-западот на Оклахома.
“Кај Кур?“ во бесконечната прерија на “Немам Појма!“.
Безначајна тачка некаде далеку од здравиот разум на секој што дошол да си ја бара среќата на територијата на историските каубојци и индијанци.
Земјата на заборавот која дури и сезонските торнада ја заобиколуваат кога ќе распалат токму низ тој предел… некаде на граница со Тексас.
Мало гратче, помало и од Пехчево со помалку од 3000 жители, но со 2 центри за рехабилитација од метамфетамин и од алкохол!
Ете, тоа е Мангум во кој дојававме со Треј во неговиот црвен Мустанг кабриолет.
Веднаш го стишивме радиото на кое рокаше I’m Deranged на Давид Боуви за тазе објавениот саундтрак на ремек делото “Lost Highway“ на Дејвид Линч. На влез во гратчето застанавме на еден празен и запуштен паркинг за да го кренеме покривот на Мустангот и така да не ги предизвикуваме духовите во градот на духови.
Претпазливо се вративме во колата и полека продолживме да се тркаламе низ празните улички додека баравме телефон да се јавиме на сестра му на Мајк за да ни каже каде да одиме. Бевме препаднати и крајно изненадени од местото кое влеваше страв и трепет во коските, Треј и Пит во Земјата на Чудата како што кисело се пошегува Треј откако неколку километри претходно си кажа дека се чувствувал како Алиса во роман на Стивен Кинг.
Додека возевме десет на саат, се расправавме кој ќе излезе од колата за да се јави кога ќе го најдеме ебаниот јавен телефон кој никаде не можевме да го видиме. После неколку претпазливи вртења на неколку сабласни ќошиња без сообраќај, ја здогледавме зградата на поштата која изгледаше како сет за Ноќ на Вешетерките 11-ти дел.
„There is the post office” полувозбудено и крајно збунето ми кажа Треј како да сме дошле на Скијатос зошто беше комплетно еуфоричен и изреметен од спидот.
„There must be a payphone in there. For sure Pit!” продолжи низ цвокотање на забите.
Се паркиравме и за прв пат видовме човек кој излезе од поштата.
„Погледни Треј, тука живеат луѓе“ со укочена вилица му вратив на будалиов кој веднаш почна испаничено да си ја вади готик шминката. Мислам дека истиот момент како што го виде човечето кое зачудено нè одмина со вртење глава а-ла девојчето во “Егзорцист“, Треј се покаја зошто не ги земал пик-ап-от и каубојскиот шеишир на вујко му наместо Мустангот и тотално промашениот Мерилин Менсон имиџ.
Се разбира дека јас бев тој што ќе мора да излезе од колата за да се јави.
Како што влегов во зградата која делуваше преголема за едно мало место како Мангум, се осетив како да сум во искривоколчена верзија на филм на браќата Коен. За среќа, јавните телефони беа веднаш на влезот во поштата така што не морав да се ставам во ситуација одблиску да разменам поглед со двете округли постари жени позади шалтерите на другиот крај од просторијата.
Почнав да буричкам низ џебовите во потрага по ситниш за да се јавам кога двете тетки кои изгледаа како да се пораснатите и сега веќе дебелки близначки од The Shining, со ситни наочари и со големи фенирани фризури, љубопитно почнаа да се интересираат за моето присуство.
Периферно и од крајот на погледот приметив дека си дофрлаат по некој збор додека ме гледаа како да гледаат документарец на Дејвид Атенбуроу за некоjа егзотична птица на Discovery Chanel. Инстантно почна да ме оросува блага параноја, не само заради целиот амбиент и заради циглата грас сокриена во резервната гума во колата надвор, туку и заради неколкуте црти кренк што сé уште ми ги гореа синусите. Паранојата ме опна уште повеќе кога сфатив дека немам ситно за да се јавам на сестра му на Мајк.
Како помочан излетав од поштата на ужасот и дојдов до колата. Треј веќе си ја беше извадил шминката до пола и изгледаше како ретардиран кловн кој покиснал на пороен летен дожд.„How do I look? Did you get the directions?” ме праша додека го подшмркнуваше остатокот од последната црта која ја зацепавме само 30 миљи претходно.
„Give me a quarter! I need a goddamn quarter right now!!!” нафурано му свикав додека се цедев од пот. Треј се извади од памет и неартикулирано почна да копа по џебовите. Избезумено ми даде неколку парички и толку се пресече што делуваше како да ќе го мавне срце.
Се вратив кон поштата и како што почнав да се качувам по скалите пред влезот, двете теткички веќе излегуваа надвор поведени од љубопитноста за невообичаениот странец кој им го пореметил секојдневието.
Се заебаа пошто ладно ги одминав и одма влегов внатре. Само ќе беше чудно веднаш да тргнеа назад по мене, и во моментот играв баш на таа карта.
Знаев дека ќе треба да бидам многу брз.
Со прецизност како на Меџик Џонсон го фрлив четврт доларот во слотот на телефонот за да се јавам. Не заѕвоне ни два пати кога дигна женски глас, сестра му на Мајк – Мими. Зборев како што се чувствував, брзо и конфузно. Не можеше да ме разбере, но дефинитивно знаеше дека на другата страна е странецот кој живее кај брат ӣ и кој ӣ носи кило сканк. Ми објасни да одам право од поштата, па лево па десно па пак десно, па право до крајот на улицата.
Спуштив баш кога двете теткици се вратија назад во зградата.
Затишје Пред Бура
Набрзина влегов назад во колата и за помалку од 3 минути бевме пред куќата на сестра му на Мајк која нé чекаше во двор без трева или какво било растение, но со гордо развиорено американско знаме кое како да ќе се искинеше на силниот ветер. Во воздухот можеше да се почувствува специфичниот мирис на озон, а само што започнуваше сезона на торнада.
„Ќе врне“ ӣ кажав без прво да спомнам дека и мувите касаат.
„Yeah, there is a storm coming, that’s for sure.” ми врати Мими како што рибар од Трпејца знае дека ќе врне на сончев ден. Да не беше буцана, да немаше четириесет и кусур и да не й го видoв лицето на позадина од развиорена американштина, ќе речев дека е сестра й на Покахонтас. Само фалеше косата да й беше врзана во две плетенки со закачен пердув од сокол и едно типи наместо трошна куќичка во дворот за да ја сликам за Пулицер.
Се претставивме со Треј и влеговме внатре.
„Beer or bourbon?“ крајно гостопримливо нѐ праша Мими која делуваше како и самата да е скркана на спид.
„Две пива за мене.“ ӣ нарачав во стилот на Буковски.
„How ‘bout your friend here?“, ме праша за Треј кого кренкот го беше збудалил до степен на апсолитен Зен Будизам. Беше укочен како да ќарил хипотермија и само капакот на едното око му мрдаше во ритамот на лошата кантри тралалајка која завиваше во позадина на ретро радиото.
„Знаеш што, донеси ни ти флаша бурбон ако не е проблем.“ й одговорив, и Мими се окези со празна насмевка без заби, но веднаш се покри преку устата кога й текна дека заборавила да си ја стави вештачката вилица.
Да, си помислив, оваа жена е наркоман.
Куќичката беше празна и трагична. Ѕидовите беа голи и валкани, намештајот стар и тажен и наоколу ни случајно не можеше да се чуе детско кикотење иако имаше прљави и искршени играчки насекаде. Како што разбравме скоро веднаш, Мими беше разведена со двете мали деца кај бившиот, работеше како медицинска сестра во старечки дом во соседното гратче, и многу бргу се испостави дека е тежок зависник од метамфетамин како и што помислив.
Се опуштивме на каучот и мислам дека испив пола гајба пиво во рекордно кратко време…
Саат време подоцна дојде Мет, помалиот брат на Мајк и Мими заедно со девојка му Патриша. Влегоа внатре како Бони и Клајд, сомнително и наострено.
Мет и Патриша беа пар од соништата на Патриша. Мет беше млад дечко во своите доцни дваесети, со убав и здрав израз на лицето, изделкан како индијански тотем, со остри црти и со најубавите најцрни очи што некогаш ги имав видено. За разлика од Мајк и Мими, Мет само продаваше дрога и не помислуваше ниту да ја дегустира а камо ли па нешто повеќе. Патриша пак беше најмалку дваесетина години постара од него, но толку долго беше тежок зависник од кристал мет што иако имаше околу пеесетина и кусур, изгужваното лице од брчки наредено со рани од чешање од дрогата како и рапавиот глас ја правеа да изгледа како да има најмалку седумдесет.
Набрзина му го предадовме грасот на Мет и веднаш потоа Треј одлучи дека ќе си оди. Мангум и целата атмосфера со Бони и Клајд му беа премногу. Здрви два бурбона на екс и испуши еден џоинт да се олабави од спидот. Се зами и си замина без да каже Arrivederla.
Истиот момент кога силниот ветер ја тресна вратата позади него, Мими и Патриша се распослаа на искинатиот кауч, извадија стаклени лулиња за спид и ми понудија и мене. Веднаш стана јасно дека Патриша е главна. Си го прати лепотанот да го однесе грасот на некој локален дилер и помеѓу кратките пафкања со стакленото луле ми објасни дека ќе сум работел како шанкер во нејзината кафана, за беспари и само за бакиш.
„Take it or leave it kid“ ми кажа строго и отсечно.
Се разбира дека прифатив зошто немав друга опција. Треј веќе беше на пат за Оклахома Сити, а јас немав друг начин да заработам, ако не за ништо друго туку барем за автобуска карта назад во цивилизација.
Со оглед на тоа што кафаната на Патриша работеше само навечер, Мими предложи преку ден да сум работел на фарма каде се одгледуваа greyhound кучиња за трки која беше во сопственост на некој нејзин роднина.
И тоа го прифатив, ми се виде интересно, будала! Уствари, прифатив сѐ што ми предложија, па и стакленото луле, да пробам само малце…
Торнадо
Цела ноќ ја поминав во еуфорично муабетење со Мими која си легна дури некаде околу 5 саат сабајле. Јас бев толку скркан што почнав да ја чистам куќата и ја дочекав Мими во пиц-пец средена дневна соба, со доручек и кафе и тоа само два саати подоцна кога Мими се разбуди. Индијанката веднаш запали цигара и го извади стакленото луле. Ми понуди и мене, но й кажав дека шмркањето некако повеќе ми годи. Бапнав две црти за добро утро и за секунда бев спремен за работа како штотуку да сум се разбудил и самиот. Пола саат подоцна влеговме во кола и отидовме на фармата за кучиња која на Мими ӣ беше на пат до соседното гратче каде и работеше.
„Ќе работиш од сега па сé додека не те земе Мими. Пауза за ручек нема зошто нема каде да си купиш да јадеш. Ќе добиеш 4 долари саатница – кеш пари на крајот на денот! Другите двајца ќе ти објаснат што ти е работа. Ова го правам дека си ӣ пријател на Мими.“ брзо ми објасни газдата на фармата за кучиња, роднината на Мајк и Мими – Бак.
Јеботе, Бак се викаше говедото!
Бак уствари им беше роднина по белата Де-Ен-Ка на индијанците Вер. Имаше неколку фарми од кои и оваа за тркачки кучиња, но претежно работеше со говеда. Имаше неколку илјади говеда. Имаше и две кланици за говеда. Додека ми го даваше краткиот монолог приметив дека во канцеларијата насекаде имаше рогови и слики од говеда, додека јадеше стек од говедо за доручек… А и самиот беше говедо, од најмалку двесте кила, но со убаво измазнети тенки бркчиња на кои и Салвадор Дали би позавидел и беше накитен како елка со големи златни прстени кои му беа заробени во дебелите мрсни прсти. Бак беше дефиниција за говедо, и директно и преносно и како во стриповите за авантурите на Талични Том.
Ќутенката излеговме со Мими која ќутенката си замина за на работа.
Пред канцеларијата на Бак-Говедото ме чекаа двајцата сироти црнци кои работеа на фармата. Кратко и јасно ми ги објаснија должностите кои вклучуваа: да се пуштат двестете кучиња на прошетка; да се нахранат двестете кучиња; да им се исчистат двестете засебни кафези на кучињата; да се исчистат гомната после прошетката на двестете кучиња откако ќе се вратат едно по едно во своите двесте исчистени кафези; да се исчешлаат сите двесте кучиња; REPEAT…
Имаше два проблеми во сево ова. Прво, се спремаше невреме и дуваше до толку што за ручек изедов еден куп влакна. Второ, како што поминуваше време така ме пушташе спидот и почнав да се чувствувам крајно мизерно и истоштено, што физички, но уште пострашно – психички, каде што губев воља за сé. Веќе комплетно клапнав осум саати подоцна кога дојде Мими да ме земе.
На крајот на денот секретарката на Бак-Говедот, која и самата личеше на дотерана крава со ладна, ми ги даде триесет и двата мизерно заработени долари и колабирав на совозачкото седиште во колата на Мими. Но Мими точно знаше што ми треба. Ми даде една дебела црта кренк и вољата за живот ми се врати како да ми се родил син првенец!
* * *
После првиот ден на фармата за тркачки загари имав време само да се истуширам набрзака. Долгата коса сé уште ми беше мокра саат и кусур подоцна кога пристигнав на новото работно место, втора и трета смена во кафаната “Patricia’s”.
“Patricia’s” беше комплекс од неколку големи и импровизирано споени штали на некои си триесетина километри од Мангум и тоа насред апсолутна темница in the middle of nowhere…
Не така. Треба да започнам малку…
Во Америка, и тоа поготово во хипер-христијанските територии имаат локални законодавци кои имаат апсолутно право својата општина да си ја направат сува општина или во превод “Dry County”. Тоа ти е уствари општина каде е забрането продавање или, не дај боже, точење на било каков алкохол во целата таа општина. Мангум е во такозвана Greer County која во тоа време беше ултра супер сува, така што Патриша си ја направи “Patricia’s” веднаш во соседната општина и на буквално неколку стотина метри од сувата општина. Тоа ти е нешто како да не е дозволен алкохол во кафани и продавници во Кавадарци па сите треба да идат у Неготино на вино ем ракија. Отприлика така некако, отприлика… Не е ни чудо што беше џган полно од зајдисонце до изгрејсонце.
Како што кажав погоре, “Patricia’s” беше комплекс од неколку споени штали на некои си триесетина километри од Мангум in the middle of nowhere…
Како приоѓавме со колата на Мими, така сонцето заоѓаше од другата страна на шофершајбната, позади модрите натежнати облаци и точно позади кафаната која однадвор изгледаше пострашно и од “Titty Twister“, проколнатата кафана од From Dusk Till Dawnна Р.Родригез, филм кој доволно иронично го видов во кино само неколку месеци претходно.
Внатре не беше ништо поромантично. Мирисаше на влага, дрвените ѕидови од стари даски беа мувлосани и црвливи, имаше мала импровизирана бина на која веќе се подготвуваше да свири некој бенд и целата атмосфера беше темна каде единствените светла доаѓаа од белите неонки на фрижидерите за пиво и од неколкуте бели и црвени спот светла над малиот шанк во чии зраци се маглеше прашината помешана со густиот чад од цигарата која висеше од устата на бубњарот.
Се свртевме наоколу, но никаде не можевме да ја видиме Патриша. Како дух, од сенките се појави Мет кој ни кажа дека девојка му е во нејзината “канцеларија“. Мене не ми звучеше ни малку иронично, но веројатно бил баш тоа зошто со Мими ја најдовме Патриша во едното од вецињата додека седеше на закоравено прљава ве-це шоља и додека ӣ течеше крв од изрешетаната рака во која се пукаше со redneck speedball, комбинација на кристал мет и оксикотон, инаку хардкор опијат на морфиумска база.
Колку и да бев нарокан и самиот после два дена кркање од истото срање минус даунерот, сепак глетката ме замрзна и ми остана вивидно врежана во сеќавањата на Америка до ден денеска како една од помизерните работи што некогаш сум ги видел. Страотно е мал збор, а ужас уште помал.
„This is the new batch* (*серија)” ӣ кажа Патриша на Мими, „Want some?“
Мими културно ӣ одговори дека сакала само од спидот. Беше повеќе од очигледно дека сами си го правеа метамфетаминот, локално.
Патриша успорено ни даде до знаење да ја затвориме вратата…
Бев во ве-це кое мирисаше на шејк од повраќаница, пролив–прскаец и устоена мочка, со две тешки наркоманки кои можеа да ми бидат мајки, додека куваа локална роба и користеа иста игла и очигледно многу пати користен шприц. Ми понудија и мене, но кратко им одговорив дека шмркање ми годи повеќе.
„You don’t know what you’re missing kid.“ доста вака мајчински ми кажа Патриша со лигаици низ зборовите и извади едно кесе полно со кристал мет стуткано во грутка со големина на тенисерска топка. Ми кажа да ја извадам пластиката од кутијата цигари и во неа ми стави два големи прстофати од кристализираниот ѓавол.
„Ова ќе ти трае до крајот на престојот. Тоа ти е мојот бакшиш. Welcome to Mangum son.” ми кажа издрогираната и константно полумртва стара вештерка. Мими се вознемири и веднаш ми кажа да бидам претпазлив, да не претерувам и навистина да ја распределам количината за наредните три дена. Патриша ја пресече насред збор и дофрли „He’s young, he can take it” па ме погледна похотно “You sure are young, ain’t ya boy…”
Й климнав потврдно и шмркнав црта доволно голема за да ми изгори дупка до окото кое веднаш почна да ми солзи.
Дрогата беше многу јака и посилна од што било што сум почувствувал во мојата многу кратка кариера со дрогирање, која да не заборавиме – беше од рекреативен карактер и започна само неколку месеци претходно со потатко ми Мајк кој лично ме прати во Мангум за да “ми помогне“.
Crystal Meth, Crissy, Tina, Crank, Speed, Glass, Ice, Dope – никој не му го знае вистинското име не ѓаволот. И токму како да му ја продадов душата на безимениот, ѓаволот за возврат ми правеше да се чувствувам како да сум дури и премногу бистар, се чувствував крајно фокусирано, енергичено како нуклеарен реактор и расположено до зла бога. И сето тоa го впрегнав во мојата работа како шанкер во десетиот круг на пеколот – “Patricia’s”.
Како почнаа да доаѓаат гостите од кои повеќето игледаа како да ги одбиле на кастинг за некој циркус од деветнаесетиот век, така истите тие фрикови биваа забезекнати од долгокосиот македонски лав со бујно и кадраво крзно на главата. Сите бараа причина да ми направат муабет и што подобро освен да нарачаш пијачка од шанкерот за да му го доживееш како цемент тврдиот акцент кога те прашува “What did you say???“. Сите ми фрлаа бакшиш како јас да сум главната атракција, а не сфаќаа дека всушност токму пред мене во живо се одвиваше постмодерен цитат на Герника на Пикасо, сплотен во движечки мозаик од изместени лица направени лом на спид и алкохол. Сите до еден беа лом! Се шљокаше до бесвест додека свиреше најраштимуваниот канри рок бенд западно од Кина и само ве-це-то беше позафатено од просторот пред шанкот!
Во толпата фрикови сепак имаше понекоја бонбона. Како на пример Зои, која делуваше како да се вљуби во мене веднаш откако ми го нарача првиот Bud Light, а продолжи да нарачува и за пријателите само за да има можност да ми се насмее и да пофлертува со мене низ кратки дофрлувања додека служев пиво и бурбон на пар стотици жедни простачини, пола од кои беа нарокани и на спид.
До душа, имаше и поинтересни сељанчици кои изгледаа далеку по-порно од Зои, но околу нив имаше цели генгбенг групи од начукани реднеци и сигурно ќе завршев заврзан за куката од некој пик-ап само ако помислев да им се убацам во букакето, не па да се обидам да освајам соло како Роко Зифреди.
Зои секако не беше за фрлање и ӣ го фрлив пикот како на слика од Саша Греј додека ја срчам Лиса Ен (search=lisa+ann+gangbang+bukakke).
После првата ноќ како шанкер испадна дека математиката на Мајк била точна. Заработив преку педесет долари и заедно со работата на фармата за тркачки кучиња навистина изгледаше дека во следните три дена ќе ќарам дупло повеќе од двестете долари колку што му обештетив на татко ми кога се дозна дека сум мочал на некој таму розев Кадилак.
Правев пари и американскиот сон ми се случуваше во real time!(ха ха)
Утредента, повторно неспиен но крајно пресреќен од постојаниот наплив на хемиски индуциран допамин, отидов на фармата на Бак-Говедото за да си поиграм со кучињата. Имав полн џеб спид и работата ми беше како песна: Ла Ла Ла… На крајот на денот ќарив дополнителни триесетина долари и се упатив директно во “Patricia’s“ затоа што почна да врне а Мими сакаше да стигнеме таму пред да се направело кал.
Патриша беше повеќе од задоволна со мојата работа од претходната ноќ кога ми пријде да ме информира дека имало некоја многу слатка цурица која ме меркала. Но, исто така ми кажа и дека мажот на заинтересираната цурица можел да наврати на пијачка така што ме предупреди да сум бил внимателен. Мажената цурица за која ми кажа Патриша беше всушност Зои.
И ден денеска, кога мислам на семејно насилство со педофилија инклудед, кога мислам на мизериите на ниската класа од down south југот на Америка, кога мислам на реднек културата и на неказнети злодела – мислам на Зои и на нејзината судбина која звучи како најстрашниот меш-ап на митот за смртничката Аталанта и оној за нимфата Ехо. (Кој знае – знае, кој не знае – нема везе. У кратки црти, едната имала сексуален проблем со татко ӣ кога била малечка, а другата била осакатена кога сакала да си го спаси љубовникот).
Зои. Зои изгледаше како да ми беше врсничка иако беше точно десет години постара од мене. Испадна дека сме родени на ист датум, а тоа не се заборава… Беше слатка малечка петитна џебна Венера со големи очи и бел тен како фамозната Снежана со седумте џиџиња. Зои дури и зборуваше како да е тинејџерка. Гласот ӣ беше како на девојче, но исто така беше и мааалку заостаната во развојот, скоро неприметно, но доволно за да остави комплетен впечаток на детски наивна осумнаесет годишна клинка. Сигурно не звучеше како дваесет и осум годишна мајка на четири деца од кои најмалото имаше дури три години, а најстарото, кое беше од татко ӣ имаше полни тринаесет. ЛУ!-ДИ!-ЛО!
На крајот на мојата втора ноќ на “гостување“ како шанкер-атракција во Тити Твистерот на Патриша, ноќ која заврши многу порано и со многу помалку бакшиш од очекуваното, надвор веќе се истураше небото кое сакаше да ја изебе земјата па двете се споија. Врнеше како во големиот потоп во Библијата, како да ќе поплави светот. И покрај тоа што повеќе од три саата порано повеќето од гостите сфатија дека доаѓа тешко невреме, имаше неколумина кои или буквално беа заглавени во кал или чекаа прилика за да си заминат кога невремето ќе стивне. Помеѓу нив беше и Зои која тотално очигледно беше залепена за мене.
Патриша веднаш кажа дека ќе спиела во кафаната и се врати во “канцеларија“ на што Мими се согласи дека е добра идеја, додека ја гледаше Зои директно во очите!
„Можам јас да те однесам дома“ веднаш ми кажа Зои со милозвучниот детски глас. Ја погледнав Мими која ми се насмеа со одобрување и се согласив кога ӣ ги замеркав сочните бутчиња за Зои.
Ајдее, идемеее…
Зои го возеше најголемиот Доџ пик-ап на паркингот, пик-ап кој се разбира дека беше на сопругот. Веднаш како што влеговме во камиончето Зои ми се отвори за мажот ӣ: „Сигурно се дупи со некоја тинејџерка. Почна да ми ги приметува борите околу устата кога се смеам и сега го бара она вистинското каде и да стигне“.
Мислам дека не можеше подиректно да ми каже дека сака да му се одмазди на мажот ӣ со тоа што ќе се изебе со првиот најмлад Македонец во Greer County на кој ќе наиде.
Врнеше како да ќе снема вода и претпазливо се возевме низ малите пoплавени патчиња додека маваа молњи како што сигрно запукал Зевс кога дознал за далаверата со Ехо. Во меѓувреме Зои си се отвори уште повеќе и си кажа сé што имаше да си каже за да се оправда пред самата себе зошто и двајцата знаевме дека ќе се издупиме кај и да е.
Меѓутоа, во нејзиното излагање имаше и парчиња монолог кои беа крајно дегутантни: “Имам четири деца, само да си знаеш“, ми кажа. „Татко ми ми беше прв дечко кога имав дванаесет и му родив син зошто бев ќерка единица“ продолжи како да ми раскажува дека времето во овој период од годината било исто секоја година. „Мажот ми Џони-бој ми е братучед и океј е тоа. Имаме три деца заедно, плус првото од татко ми, и они сите се океј“, ми ја разложи суштината за нејзината инцестоидна династија кога сфатив дека е дефинитивно пореметена во развојот. Беше искрена и налудничаво насмеана додека ми збореше за љубовната врска со татко ӣ. Ми збореше за тоа како мажот ӣ Џони-бој редовно ја тепа но дека е така зошто ја сака. Ми збореше како татко ӣ починал од тага кога се омажила за синот на брат му и како сега Џони-бој ја вара со малолетнички зошто она остарела, а се знаеле од малечки кога и најмногу се сакале и кога за прв пат имале секс!!!
Пола саат подоцна стигнавме кај неа дома, на другиот крај од истата уличка каде живееше и Мими. Во кратките блеснувања на молскавиците можеше да се почувствува дека небото е живо и дека кај и да е ќе се спушти торнадо.
Небото се истураше како од леген и звукот беше заглушувачки.
Зои стави прст показалец на устата за да бидам тивок и влеговме во куќата.
На каучот хрчеше старата бебиситерка која ја одминавме тивко и експерсно пред да нé фати живи.
Истиот момент како што влеговме во спалната каде ѕидовите беа наредени со ловечки стрели и пушки и со глави – трофеи од уловени диви свињи, Зои ме грабна за половината и ми се спушти за да провери дали ми е дигнат. Малиот прилепчанец не потфрли и веднаш ја фрлив на креветот.
Се соблеков, ја протресов долгата и густа виткана коса и ӣ се симнав од што ми беше жал за неа. Сакав да ӣ биде убаво и љубовно како што никогаш не ӣ било. Џони-бој сигурно никогаш не ӣ се симнал, си помислив.
Загњурив помеѓу нејзините нозе и ӣ правев чудесија сá ноќ. Имаше и друга причина зошто како Хамберт Хамберт заглавив со главата помеѓу нозете на возрасната Лолита. Иако ми се дигаше, никако не можев да свршам од целиот спид кој ми фучеше низ крвта. Малиот прилепчанец чат-пат ќе се надразнеше за кратко тук-и-тамо, но никако да ӣ опстои на својата мариовска гордост до самиот крај. Исто така бев во постојана параноја дека ќе се појави Џони-бој па тоа дополнително ми правеше фрка.
После саат и кусур релативно културен и минимално перверзен секс Зои почна да ме удира и да ме гребе и да ме моли да ја плескам и да ја удирам и да бидам што е можно поголем садист и во исто време да ӣ се обраќам со “little slut”, “ “dirty whore”, “daddy’s little bitch” и слично.
Хмм, нови искуства, си помислив, можеби и ќе свршам… и почнав да й го давам како што татко ӣ не ни помислил да ӣ го даде кога ӣ направил дете. Ја пљукав и ја гмечев и ӣ пикав прсти кај треба и кај не треба за да се напалам и да свршам… Но, кристалиот ѓавол беше посилен од мојата стамина.
Некаде околу шест саат сабајле Зои беше преебана како манекен кој го фрлиле од дуќан после години употреба. Јас пак од друга страна бев комплетно исфрустриран и сакав да свршам по секоја цена – God damn it!
Ӣ го пикав во уста, во г’з, помеѓу цицки, помеѓу прсти на нозе – секаде, но немаше свршавка, а она пак свршаваше до толку повеќе, како некоја супер излудена порно глумица за време на снимање на extreme bondage сцена. Сакаше посилно и појако и посилно, и на крај сакаше и уште поагресивно и со тепање, и за цело тоа време задоволно се кикотеше како мало девојче на кое му купиле нов точак…
Не можев да ја удирам како што бараше, не ми беше тоа филмот ама ич! Но, упорно бутав колку што можев. По уште некои си десетина минути Зои веќе беше на empty и почна да клапнува, а јас сирот – никако да свршам и бев на крај на силите и на разумот.
Низ ролетните на прозорците и помеѓу брзите заблескувања на молњите надвор, видов како позади Доџ пик-ап-от се паркира уште поголем пик-ап кој повеќе наликуваше на оние Monster Trucks отколку на што било друго аутопревозно. Зои се сврте по мојот поглед и преебано се насмеа кога ми кажа да бегам зошто тоа бил Џони-бој. Бев збунет, но хитеричното смеење на сиротата и уништена Зои ми укажа дека животот дефинитивно ми е во многу сериозна и реална опасност.
Набрзина си ги земав парталите и како што низ силниот дожд ја видов силуетата на Џони-бој дека влегува во куќата, така излегов низ прозорецот на спалната соба.
„You better run little love bunny” налудничаво и задоволно ми кажа Зои. Хорор.
Полугол, почнав да бегам низ силното невреме. Run Forest – Run! си помислив додека трчав колку што ме држеа нозете. За момент се свртев и далеку позади себе ја видов тенката силуета на Џони-бој со сачмарка во рацете. Убацив у турбо кога видов дека збудалениот кретен почна да трча по мене. Мислам дека срцето ми пропадна во стапалата кои веќе не ги ни чувствував. Трчав кон куќата на Мими, но бев доволно паметен за да знам дека Џони-бој веројатно прво таму ќе ме бара. Отсечно свртев во првиот двор и како маринец на тренинг се фрлив преку оградата. Паднав во кал до колена и помеѓу заглушувачките грмотевици чув силен истрел од пушка. Се проверив да видам да не сум упуцан и збудалено се окезив кога сфатив дека сум сѐ уште жив и здрав. Од тој двор преку ограда се прекачив во друг, па од тој во трет и излегов на другата паралелна улица.
На некои си стотина метри видов една напуштена приколка со искршени прозорци и се скрив под неа, позади нејзините дупли издишани гуми.
Се тресев од студ, се тресев од страв, се цедев од вода, бев избезумен и преплашен. Се обидував да се смирам, да си ги котролирам дишењето и пулсот кои ми удираа во ушите посилно и од невремето кое стануваше сѐ поопако и кое рушеше сѐ пред себе. Мислев дека сум готов, мислев дека Џони-бој ќе ме најде и дека ќе ме упуца зошто жена му сѐ уште можеше да се намириса насекаде на моето младо и згодно тело. Причина повеќе за повеќе од еден куршум во главата, си помислив.
Останав да се тресам од страв и од студ под приколката неколку саати и само еднаш ги видов огромните гуми на пик-ап-от на Џони-бој кога поминаа по улицата во потрага по љубовникот на лудата му жена и прва братучетка.
Во меѓувреме, невремето не прекунуваше да ми ја корне душата низ ушите. Иако беше веќе скоро пладне, изгледаше како да е доцен сомрак. Небото беше темно виолетово и грмотевиците не прекинуваа да распичуваат до бесвест. На улицата немаше жива душа кога претпазливо исползев од под приколката. Како исплашен зајак, отидов до куќата на Мими каде сега веќе беше паркирана нејзината кола. Помислив дека Џони-бој може да биде внатре така што прво ја исчекирав ситуацијата низ прозорци. Среќа што Мими беше таа што ме примети кога ми даде знак да влезам низ задната врата.
„You are a dead man Pit. You need to get outta town right now!” ми кажа потресено и со широко ококорени очи. Ме пукаше паника посилно отколку што маваа грмотевици на само неколку метри од куќата во која звучеше како да ќе се откорне покривот додека нé опкружуваше фонија од постојаниот звук на поројниот дожд.
Бевме залепени за прозорецот да видиме да не дојде Џони-бој додека ковавме план за моето бегство.
Во неколку реченици Мими ми објасни дека Зои изела сериозен ќотек и му кажала на својот сопруг доволно за да овој се наоружа до заб и да ме бара низ целата општина со неколку негови другари. Ми кажа дека веќе бил и кај неа дома и ӣ се заканил дека ќе ја рокне ако не му каже каде сум. Мими навистина не знаеше каде сум па веројатно нејзиниот искрен сурат во моментот на испрашување го предомислил Џони-бој да ги обои ѕидовите на куќата со нејзиниот мозок и распарчена лобања.
Опциите ми беа никакви, поготово со оглед на тоа што имаше предупредување за торнадо кое каде и да беше – сигурно ќе удреше тука некаде…
Мими му се јави на Мајк кој беше во Тексас и му ја долови тежината на ситуацијата со една кратка и многу јасна реченица: „If you don’t get here right now to get Pit outta Mangum, your foreign exchange son is history“.
Мими спушти слушалка и ми кажа дека Мајк ќе дошол најбрзо што може, за некои си 8 саати.
Не помина ни пола саат кога пред куќата со чкрипка дојде огромниот пик-ап на Џони-бој. Мими веднаш ми кажа да се сoкријам и трчанката отидов во гаражата каде покрај очекуваниот хаос беа веш машината и машината за сушење алишта. Индијанката беше одвратна па насекаде имаше цели купишта прљави гаќи, мајци, чаршави, јоргани и ќебиња. Се бутнав и легнав во најголемото купче гадотии и целиот се прекрив.
Единствениот фокус ми беше да дишам што е можно посмирено за да нема никакво видливо движење.
Можев да го чујам Џони-бој од другата страна на ѕидот кога влезе непоканет како да му е внук на Џејмс “Оклахома-Џек“ Кларк, фамозниот одметник од првата половина на XX-от век. Неговото викање и застрашувачко заканување ми правеа сериозен проблем да останам смирен. Тенките ѕидови ми го открија неговото чекорење низ куќата додека ме бараше насекаде како диво куче. Беше само прашање на секунди пред да ме побара и во гаражата.
Сé некако како да се стиши на фејд аут. Веќе не можев да ги чујам грмотевиците, дождот и сирените за предупредување од торнадо кои само до пред некој момент врескаа без престан.
Единствено што можев да чујам беше пеколната тишина во мојата глава која ја разби силниот тропот на тешките чизми од кожа на звечарка кои само за момент успеав да ги ѕирнам низ еден мал процеп во купот стари алишта кога Џони-бој влезе во гаражата. Воздухот веднаш почна да се ремети од неговиот гнев, од неговата омраза и од неговата оправдана желба за мојата крв! Звукот на чекорењето на тврдиот ѓон на каубојките се промува низ гаражата и по неколку бесконечни секунди замина надвор.
Не ме најде.
Бев толку престрашен што не можев да си го осетам лицето. Ми дојде да се расплачам но не можев да ризикувам, не кога бев толку блиску до моето успешно бегство од сигурна смрт.
Чув како за’ржаа дванаесте цилиндри на мототрот на пик-ап-от на Џони-бој, а веднаш потоа и звукот на масивните гуми како заминуваат. Тамам да се расплачам, Мими влезе во гаражата и ми кажа да останам кај што сум – во нејзините прљави гаќи.
Во меѓувреме бапнав уште неколку црти кренк и останав да го чекам Мајк-Спасителот во купчето гнасотија .
Сирота Мими, низ што помина…
Мајк дојде доцна вечерта и прво што направи – ӣ бапна една тешка шамарчина на сестра му. Не е дека Мими не заслужи, ама кој да му бапне шамарчина на Мајк. Сакаше и мене да ме зачука, но се обузда зошто знаеше дека на крајот на краиштата, вината беше само негова.
Ме сокри во неговиот пик-ап и избегавме од Мангум г’з преку глава, низ поројниот дожд и тешкото невреме кое никако да прекинеше.
Кога стигнавме во Оклахома Сити, на вести дознавме дека неколку саати претходно силно торнадо го заобиколило Мангум за само неколку стотици метри.
Скопје и Македонија се во црвена фаза на протести. Едните ја рушат власта а другите демек ја спасуваат државата од предавниците. Андон Ќосето може да се симне од постаментот кај судон и да почне да ги сече главите на одродените Македонци. Оние екселенции од Брисел и Вашингтон и во тој случај куртоазно ќе ни се смеат и ќе не трупкаат по рамето. Шаката режисери на хорор филмови, платени со народни пари да го бранат нивниот спонзор ќе вадат текстови на хипноза и на извртување на реалноста. Падот на еден или двајца политичари ќе ни го виткаат со сценарија и заговори од Дамаск, преку Киев па се до Скопје. Белград ќе го прерипаме пошо долги години од нив ги учиме овие уличарски фори на подјебавање. Толку добро шо сеа можеме да им ги шитнеме у надградена верзија. КЛАСНАТА катадневно ќе не торпедира со хорорите кои ги има у својата глава и ќе се шиканира се живо што мрда у земјава и му се повраќа од нејзините приказни.
Дечките кои маршираат во Скопје и кои тераат своја правда, ги обоија институциите у државава со неколку бомбици у боја и вода. Инвентарот на нашиот прецедник излета низ прозор, прозорите на неколку министерства беа искршени. Триумфалната капија доби торпедо од разни бои и street art по вкусот на илјадниците демонстранти. Загрижените домобрани почнаа да се жалат дека се уништувало културното наследство на Македонија. Повикуваат на народно обединување за одбрана на портата. Тоа шо државава отиде у клиничка смрт, никому ништо. Триумфалната порта и штабот на партијата се главните столбови на државата. Се друго нека иде и колатерал, заедно со народот кој го хушнаа еден против друг. Да се знае кој е власт и да се знае која партија има најголема зградурина у државата!
Сите флеки кои шо останаа по неколкуте објектчиња низ Скопје, ќе ги исчисти белиот поликолор. Лузните кои ќе останат во нашите души, нема да ги исчистат ниту децениите пред нас. На челото си се жигосавме на предавници и сендвич патриоти и тоа е срам кој повеќе тежи од сите слоеви на боја и камења, фрлени по мртвите институции.Ќе си останеме обезвреднети во очите на своите сограѓани иако иста судбина делиме. Онаа капија пред плоштад ми налукува на надгробен споменик. Надгробен споменик на еден мртов народ кој стана поевтина играчка дури и од самиот гипс картон.
Ние толку многу си ја сакаме државата што кариерата на неколкумина корумпирани политичари ја издигнавме над самата држава. Нивните кариери се побитни од иднината на земјата. До таму ни е свеста. Да не поредат у една колона и да ни удрат на сите по една клоца, шо овие година и кусур сме биле непослушни. Политичари ко нив нема други да најдеме. Народов може цел да се избербати кога е болна суета во прашање. А оние кои се ранат со трошките од нивните матни пари ќе дигаат магла и ќе ја убиваат у поим секоја здрава дебата.
Секаде во светот, крајот на политичката кариера е само крај на политичка кариера. Кај нас тоа се продава како крај на државата и пропаст на народот. Криминалците кои државата и народот не ја вадат од устата, на челата ни обоија амблеми кој од кој табор е. Со таа четка преку очите ќе живееме до крајот на животот, ако не погледнеме од другата страна на приказната, дека сите пред законите треба да се еднакви. И гладниот кој украл 3 кила месо и аздисаниот политичар кој здиплил неколку милиона. И пред да тргнеме да ги искречиме офарбаните ѕидови во градов, да си ги тргнеме жиговите од челата кои тие ни ги начукаа. Тогаш и ѕидовите во иднина ќе останат бели за секогаш. Како и нашата совест, која моментално е отруена од омразата и стравот на осомничениот….
Темата за младите мајки…Ах еве го манијаков пак стапува на сцена. Милфиците не би биле милфици ако не се у бели проѕирни пантолончиња од кои ѕиркаат бели чипкани гаќички. Јебозовната мамичка се дере по своето дете на љуљашки пошо остатокот од машкиот свет кој не сака да ги трпи нејзините испади, одамна дигнал руки од неа. Глумење parenting и слични курци палци. Главен проблем на мамичка е шо сања тврдо мевце, внимание и како да кидне од обврските. Обрвските ја замараат и ја тераат брзо да остари. Дали е можно да се биде и родител и секс бомба? Секако не! Фрлете го тоа ваше одвратно его под тепих и посветете му се на детето. Во спротивно, на добар пат сте да васпитате еден женомрзец осиромашен во душата за една чиста женска љубов. Мајчинската. Наполеон Бонапарта го освои пола свет за да им се допадне на жените. Ја вадам мрсул и го лепам на образот на курвата која ми глуми светица! Заспиј го детето и фрли се у акција мила!
Секси мамица има бурен ноќен живот. Ниту праи ручек, ниту васпитава деца! Кои и се обврските на јебозовната мама која родила дете за да глуми успешна жена у животов? Ко да купува дете од супермаркет. Раѓа на договорена дата, детето е скроено по каталог(по можност да е со плави очи) пошо она не може да ја трпи секоја свиња у животот поред себе. Царскиот рез и е предодреден и кога не е неопходен пошто тешко и е да напне и не сака да го оштети своето меѓуножно височество. Детето ќе биде извајано по нејзин тертип, голем кур за еден татко, т.е сом у приказната!!! Одбива да дои за да не и се оштетат пресветите брадавици. Тие се предодредени за некои дедиња кои мјаукаат у кревет, а личат на вепари. Гроф, гроф… come to dady cute girl….
Родија деца за да глуматаат успешна животна прича! Речиси и секоја игротека каде што се слават родендени на децата, секси мамичките се у главните улоги. Родендените на децата паѓаат у втор план. Високите штикли, ликраната хулахопка, црвен ебозовен кармин, шлицеви и деколтеа, ко да идат на ебан кастинг у некоја мултимилионска корпорација. Роденден слават децава алооо…Од каде ви е таа потреба за вечно внимание и да бидете секогаш у прв план? Ја знам од каде. Навечер коа излагате мокри од када, и со бањарка влагате у спалната соба, вашите крмаци грчат. А сте ги зеле за нешто друго. Не за да ви ја вадат маста или да ви продадат некоја фраерска шега. Вашиот глуп мозок бил предодреден да го зграби пленот со време. Пленот има салдо со 6 цифри у банка али таквиот плен нема никад да ве зграби вас. Заспива пола саат пред вие да излезете од бања. Ма облечете се најубаво што можете. Ако тоа ви ја надополни празнината, жал ми е…Мое сочуство ladyes….
Репер за успешна жена е бабата која низ рацете нејзини одгледала десетина внуци и 3 свои чеда. На секое дете му продала по една приказна која им е водилка во животот. Жал ми е за оние кокошки болни по внимание кои мора да бидат центар пажња и пробуваат да ги засенат сите манифестации со својата екстравагантност. Дај застанете да ве изјапаме само уста не отварајте please…Сите муабети се излишни. Нека си играат децата и нека сањаат како си играат со згодните мајки. Таа детска потреба да се опали милфица има десет пати поголема поента од онаа на мамичка да се покажува пред децата колку е згодна и секси. Од 8 до 16 дечките се по дома сами. Слободно заѕвонете им на нивната врата и побарајте им две лажички шеќер. Ако им го прекорачите случајно прагот ќе ви ебат матер. Гаќичките има со заби да ви ги искинат. Па….пробајте…Таму и има смисла да бидете секси и нападни, кога веќе дома никој не ве зарезува 🙂
Серијалот македонско новинарство можеме да го поделиме на неколку свери. Жанрот ќе биде секако траги-комичен и со овој текст не сакам да ги оцрнам малиот број на професионалци кои својот живот го вложија на новинарството и кои останаа доследни на својата професија и на своето перо. Ова е наменето за оние неидинтификувани профили на луѓе кои во име на новинарството навиваат за леви и десни партии, се бават со жута штампарија во моменти кога народов ни се иселува и го дотепуваат бројки на морталитет, егзодус, евакуација. Другарите мои фатија фитиљ. Останаа гомнарите да пишуваат и да фалат колку е овде убаво и колку се тие будали што се заминати од овде.
И вие ќе го фатевте фитиљот ако газето лакомо за пари а не за вистина, не ви ги полнеа партиски секретари од разни партии, ако не ве устоличуваа на првите седишта на нивните прес конференции и ако не ви продаваа евтини приказни кои у форма на екзлузивност му го продавате на обичниот народ. Му се усравте на вашето перо, колективно. Дозволивте партиите да прават закони за вас, наместо законот да го напишете сами со професинална работа. Пропуштивте шанса да бидете фактор од кои оние ќе стравуваат а не вие од нив. Пропуштивте шанса пријателчиња мои, со вашето перо и вашата вистина да им ги покажете правилата на игра. Наместо тоа, станавте алатка за нивно поткусурување. Вистината нека вергла и понатаму на партиски пресконференции кои ќе бидат став и на лево и десно ориентирани новинари. Оние професионалците кои сакаат да опстојат во тој свет, се осудени да потонат во кал…
А штом медиумскиот простор остане празен за топ стории, секогаш ќе се најде некоја приказна за Тито, Јованка, за гаќите на Јелена Џоковиќ и за тоа колку прста е отворена у меѓуножјето невестата од кралскиот двор у Лондон. Бабите о одамна не можат да раѓаат. Влезени е у менопауза. Али у вашите фалц рубрики ќе се пораѓаше секој ден по еднаш! Од сите можни отвори.
Она што вие новинарите треба да пишивате е за условите под кои учат и под кои се згрижени нашите деца по градинките и училиштата. Зашто Битола нема стадион и базен а Скопје има и Аква парк? Зашто Македонија има еден клинички центар и сите болни од Македонија мора да патуваат и по 200 км за една обично медицинско дијагостицирање. Што немаат младите во другите градови во Македонија а го имаат младите во Скопје. Вие треба да бидете пијавици и да им додевате постојано на оние кои ни ги креираат животите а не да трчате по нив за да ги фалите колку биле добри. Дај одјебете. За тоа колку се они добри има партиски портпароли. Новинари не ни требаат да ја одрабитуваат таа агенда!!!
Професионалноста ви е падната на нула а она што не чини е што веќе никој не ви ја ни бара. Трескајте шо ќе ви прдне у глаата и ограбете го читателот уште со самиот наслов. Тој е полн а содржината празна и најчесто непроверена и темелена на шпекулации. Ко ќе размислам добро у реду е. Продолжете со секојдевните стории за Ноле и Јелена. Како снаата му се курчи на свекорот у некое село у Врање, како ќе се вика бебето на кафанската ѕвезда, у која болница ќе се пораѓаат, кој ќе ги готви мекиците и што за нивниот квалитет ќе искоментира невестата. Продајте ни некоја прикаска за синовите на Цеца. За тоа колку личат на татко им и како тепаат народ по улици. Многу сељаци у државава ќе се попалат на тоа. Како и на сториите дека Грција е пред банкрот и дека сите околу нас не чинат. Само ние чиниме. Ние сме најбољи. Но само ако ве читаме вас,овде во Македонија…..
“The principal will see you now, ми кажа секретарката и со спуштен поглед ми укажа да влезам во канцеларијата на директорот кој го имаше најамериканското име во целиот универзум сé до големиот Big Bang па и подалеку. Неговата Екселенција, Г-дин Роки Џорџ.“
Од копиљ бев непредвидлив. Бев див и нахален и башка бев курназ. Сакав сé и сé сакав секогаш веднаш. Во седмо одделение, кога одвај имав тринаесет години, бев првиот од моите врсници кој гордо се начука на една роденденска забава у комшии. Ноќта, така пијан се качив на дрво за да ӣ пеам серенади на Наташа од седмо четири кога се скрши гранката на која се држев и паднав од пет метри висина. Завршив во болница со обемен и многу сериозен потрес на мозокот и добро е што воопшто преживеав за да го напишам ова а да не звучам како Стивен Хокинг.
Но ова беше само почетокот. Уште пред да слетам во ветената земја и да започнам да месечарамниз големиот американски сон, не само што континуирано се надградував во сé порафинирана бараба туку и предвреме дипломирав легендарно лошо поведение во образовниот систем на родната ми Македонија.
Само две години после инцидентот со дрвото бев избркан од гимназијата каде учев прва средно зошто бев едниот од главните организатори на школска забава што заврши така што ја затвори полиција и приведе неколку пијани малолетници меѓу кои се разбира дека бев и јас.
Во втора средно се префрлив во друга гимназија каде бев малку пофин и каде меѓу другите идиjотштини имав обичај да го злоупотребувам фактот што професорот по историја беше наглув па понекогаш усмено испрашување одговарав отварајќи ја устата без да кажам било што. Сите мислеа дека сум откачен и тоа ми беше причина повеќе да продолжам со таквите кретенлуци. Ова ме направи автохтона ѕвезда во микро космосот на гимназијата и се разбираа дека сите дознаа вклучувајќи го и проофесорот по историја. За кратко ме викаа “рибата“ пошто нели, сум одговарал како риба (тапа надимак, тапа асоцијација – јас да си кажам).
После ова, и покрај високиот просек на крајот од годината, ме замолија ако може сам да си заминам давајќи ми до знаење дека ако не го сторам истото наредната година ќе ми ја направеле пекол.
Со оглед на тоа што беа финки за целата работа па ме замолија културно, трета средно веќе учев во првата америчка гимназија во Скопје каде наставничкиот колегијум беше потолерантен кон моите пубертетски безобразлуци, кон вишокот тостестерон и кон налудничавите манири кои вклучуваа скришно и постојано фотографирање на раширените нозе на професорката по биологија секој пат кога седеше на својата маса за време на едно цело тромесечје.
Фотките ги продавав на соучениците по цена на сендвич за време на голем одмор.
И така, додека на скопскиот аеродром чекав да се чекирам за долгиот лет до САД и до веќе четвртото школо, татко ми кратко јасно и крајно спокојно ми објасни: „Немој да си направил некоја глупост“. Човекот никогаш не беше многу зборлив и не ни требаше нешто многу да ми објаснува затоа што неговиот поглед, остар како Сашими Јанагиба нож на јапонски суши шеф, ветуваше филицид* дококу не го послушав. (*кога родител си го убива детето; Единствена причина зошто го знам терминот е дека мајка ми често го користеше кога на мене и на сестра ми ни објаснуваше за застрашувачкиот поглед на нашиот татко, кој, според неа, влечел корени од Де-Ен-Ка-та некој наш предок, прачичко на татко ми и дедо на Мирче Ацев кој исто така бил и секретар на Илинденското Востание)
За жал, некоку месеци подоцна во Бетани Хај, додека седев на час по шпански и додека повторував по професорката: „Dónde está la biblioteca?“, на разглас се огласи милозвучниот глас на секретарката: „Mr. Peter Oglevskosky, please report to the principal’s office. Mr. Peter Oglevskosky…” Дури и по скоро шест месеци не успеаја ни приближно да ми го изговараат презимето. Тоа ти е.
“Es decir que Pedro. Hay que ir a la oficina del director“, ми кажа благо разроката професорка по шпански и ми дозволи да отидам кај директорот со тоа што претходно ме замоли да преведам тоа што го кажала.
“Тоа си ти Педро, треба да одиш кај директорот“ ӣ преведов на англиски и на крај, како свежо изматен шлаг, досетливо насмеано и со шпанска певливост на нашки го додадов зборот „глупача“ за да ја збунам и да ја разраочам уште повеќе. Глупача!
Немав појма зошто сум повикан кај директорот. Прво што ми падна на памет беше дека има врска со тоа што веќе бев избран да одам на натпревар по Дебата на ниво на државата, но како што ја одминував Крис која седеше во првата клупа, ми текна дека е можеби нешто сосема различно…
Злостворство
Дешаванката со розевиот Кадилак беше супер свежа и колку и да ме болеa душичката и егото, успешно глумев дека “ме заболе“ додека се шетав низ школските ходници и нарочито кога се разминував со помодрениот црнец со кој ме превари Крис. Гордо го кревав погледот како паун опашката, но само севишниот прилепчанец на небото знае колку ме болеше додека се обидував да ги запрам солзите позади силно отворените очи. Истрениран од зезањето со глувиот професор по историја во втора средно, му праќав заканувачки зборови на љубавникот на Крис без да изустам било што. Знаев дека на гадот му е јасно и дека точно знае што значат моите гестикулации со устата. На крајот на краиштата, веќе го имав излупано како магаре само три дена претходно. Но тоа не беше важно. Сѐ уште бев лудо вљубен и љубомората ме беше претворила во гневен тинејџер така што дури ни последните пасивно-полузаканувачни зборови на татко ми пред да заминам не ме спречија да тонам сé подлабоко во темните води на омразата во која се давев од сабајле до следното сабајле.
Стиснав заби и отидов накај канцеларијата на директорот. Пред да влезам повторно се огласи разгласот и беа повикани Крис и црнецот на чие име не се сеќавам, но за потребите на кратката сцена која следува прикладно ќе го наречам Тáјрон.
Сега веќе немаше сумња дека инцидентот со розевиот Кадилак е причината за (можен) укор и/или пострашно. Во чекалната седеше една прилично крупна постара црнкиња со убави црти за која се испостави дека е мајка му на Тáјрон веднаш откако ме погледна. Жената сакаше да ме убие и единствено не бев сигурен дали е тоа заради мирисот на амонија во нејзината кола или заради тоа што й го збумбарив синот миленик.
„The principal will see you now” ми кажа секретарката и со спуштен поглед ми укажа да влезам во канцеларијата на директорот кој го имаше најамериканското име во целиот универзум сé до големиот Big Bang па и подалеку. Неговата Екселенција, Г-дин Роки Џорџ.
Влегов. „Sit ’ya ass down!“ строго ми кажа Мистер Џорџ.
Седнав. „What in the world is going on Peter?“ ме праша додека си ги чепкаше забите со мало картонче искинато од кутијата Марлборо на неговото биро. Првично помислив “со сељаци – сељачки“ и инстинктивно ми дојде да се правам луд и благо аутистичен, но во последната наносекунда одбрав да бидам искрен со доза од проверената тактика каде го глумев сиротото дете од завојуваната бивша Југославија и тоа со треперење на гласот како Шабан Шаулич у најбоље издање. Лепота!
“Сé што сте чуле е вистина Г-дине Џорџ. Посебно ако сум тука за да одговарам за тоа што се степав со Тáјрон и за тоа што се измочав во неговиот Кадилак“ му одговорив со солзи во очите и со треперење на брадулето како да ја пеам Краљице Мога Срца на гореспоменатиот автор.
Пред да стигне да ми каже што било, засветка светленцето на телефонот и Г-дин Џорџ ја штракна опцијата за интерфон: „Chris Jackson and Tyron James are here Mr. George”, повторно се огласи свилениот глас на секретарката.
„Нека почекаат“ беше одговорот на Роки. Знаев дека треба да дејствувам веднаш и веднаш продолжив со тактика дополнително да влијаам и на неговата јужњачка гордост.
„Како што веројатно не знаете, Крис Џексон ми беше девојка сé додека не почна да ме вара со Тáјрон кога се случи инцидентот заради кој сум тука. Што повеќе да ви кажам? Зарем Вие не би изреагирале во најмала рака исто?! А посебно доколку доаѓате од една завојувана земја каде немаме услови за нормално градење на врски!!? Јас само си ја бранев гордоста… I was in love with her, and I still am – don’t you understand Mr. George!?“. Лудило.
На работната маса на Роки, проќелаво дебелко и жбитулесто човече со кратки раце и подуени мали прстиња, имаше остатоци од помфрит и згмечени фолии од бургери од МекДоналдс. Сé уште беше вцрвенет од ручекот кој сигурно бил обемен зошто се потеше и подригнуваше и изгледаше како да ќе експлодира од што стрвно се претупанил со гомна.
Тамам да ми се обрати почна да штуца и не можеше да си ги заврши речениците така што,силом прилике – мораше да си ги сведе мислите на поединечни зборови помеѓу кои во паузите во воздуот како да висеше неизвеснот дали ќе бљуцне или не: “Okay… Gotcha… Two weeks’ detention… Apologize… Get out!”
Среќа. Браво за мене!
Излегов набрзина. По пат му се извинив на Тáјрон со израз на лице како да му ја пеам “Опрости ми ако можеш“ од Шабан и ги одминав мајка му и Крис претпазливо како што шверцер поминува покрај цариник на граница. Со трчање се вратив на часот по шпански кај Г-ѓа Стивенсон за да продолжам да повторувам: „Dónde está la biblioteca?“.
Се разбира, сите дознаа за инцидентот, за тепањето, за варањето и за моето мочање врз розе Кадилакот на мајка му на Тáјрон – сите! И кога викам “сите“ мислам и на татко ми на кој му се јавила Олга одПрилеп, на која ӣ се јавил Мајк, на кој му се јавила Беки, на која ӣ се јавила секратарката на Г-дин Џорџ, на која Роки ӣ кажал екпресно да ӣ се јави… зошто уште кога ме зема од школо, Беки веќе знаеше и ми го даде тоа до знаење најдискретно што можеше: „So, you got a detention from the principal?“ реторично ми се обрати Беки.
Ӣ одговорив потврдно на што таа веднаш ми врати дека сум укорен и по дома затоа што ројално сум ӣ го поебал распоредот и сега морала подоцна да ме зема од школо.
Казна
Како стигнавме дома така веќе ѕвонеше телефонот. Беше татко ми – Јоргован the great.
„Ало“ му кажав со пола уста.
„Што Ало!?“ ми врати во негов стил и продолжи: „Нели се договоривме дека нема да правиш глупости!?“.
Се обидов да му објаснам дека во прашање беа љубов и чест, но нема оправдување за мојот испад што кога ќе размислам вака во ретроспект- сто посто би го повторил, но за разлика од тогаш, сега плуси би му се искењал во на мајка му на Тáјрон розевиот Кадилак!
„Овој месец нема џепарац“ набрзина ми пресуди Јоргован и исклучи пред да можам да му одговорам не па да се изборам за двестете долари кои со мајка ми ми ги праќаа секој петнаести од месецот како некаква социјална помош.
Јоргован отсекогаш удирал каде што најмногу боли и тоа во бруталниот стил на Стивен Сегал, со кршење кичма, виткање лигаменти и превиткување зглобови. Ме удри по џебот и тоа во момент кога должев пари на локални дилери и во време кога почнав да го откривам ноќниот живот на Оклахома Сити а и за некоја недела сакав да одам на концерт на Smashing Pumpkins. Башка тука беше и трошокот за повременото кркање метаамфетамин, и најстрашно од сѐ – немав цигари, а и ден денеска можам без сѐ само без никотин не!
Цигарите беа ицијативната каписла за експресната експлозија на очај. Истата ноќ разговарав со Мајк и со Беки и им објаснив дека сум без скршена пара. Во меѓувреме можев да ја чујам Џес од трпезаријата како раскезено се ситеше на моите маки и поплаки (и да не заборавам да спомнам дека истата ноќ Џес пушеше гордост великомакедонска, за ќеф и за казна – за кого како!).
Им ветив на Мајк и на Беки дека ќе бидам мирен и дека ќе бидам тип-топ и ги преколнував да ми помогнат да заработам некој долар. Остроумниот Мајк ја извади ситуацијата со идеја која подоцна се испостави дека е најстрашната одлука која сум ја направил после ноќта кога три години претходно му го украдов BMW-то на татко ми и кога супер-очекувано ме лупна камион на семафори кај Лептокарија у Карпош 3.
Со оглед на тоа што токму претстојниот викенд беше Spring Break, инаку традиционален амерички пролетен мини распуст со екстра 2 дена лабаво, Мајк, како што спомнав погоре, надувано но остроумно предложи да отидам кај брат му и кај сестра му во руралното градче Мангум каде девојката на брат му имала кафана. Мајк ќе ми средел да работам како шанкер или келнер и, според неговите Амди Бајрам калкулации, за четири дена ќе сум заработел отприлика исто пари колку што ми беше месечниот доход за социјалната помош од моите.
Но, како и сѐ во врска со моето искуство на студент на размена во Америка, и во овој “too good to be true“ момент имаше дополнителен трилер елемент.
Како што Мајк му се јави на брат му за да му прераскаже за мојот проблем и да го замоли да ми помогне, така овој будалиов од другата страна на телефонот веднаш го замоли Мајк ако можело јас да му донесам грас и тоа многу грас, кога ќе сум доаѓал зошто периодот било суво во Мангум. Жити мајка…
СТОП. TIMEOUT.
Чекајте малку драги читатели… Размислете колку е оваа ситуација ненормална. Бев копиљ за кој татко му и мајка му се убиле за да го транспортираат до Америка за подобра иднина и се снаоѓале како стигнат за да платат големи пари за да некоја таму прилепчанка ме вдоми и да ми обезбеди сигурна диплома.
Во мојот случај, прилепчанката ме вдоми кај Мајк кој без око да му трепне ми пресуди со (можни) минимум 10 години робија за дистрибуција на дрога. И тоа не беше сé. Мајк си имаше дилер, но ете, баш тогаш дилерот немаше количина.
“Hey Pit, can you get two pounds of weed from your friends?” ме праша дебелкото и секогаш надувано индијанче… Бев мал и глупав и наивно не ја разбирав тежината на дилот во кој се заплеткував. Сепак не толку наивно, одлучив да заработам од ситуацијата и се тргнав во друга соба кога му свртев на мојот дилер на кој му должев 20 долари и му побарав да ми среди 2 фунти сканк, или скоро 1 кило љут грас по метрички систем – што би рекол Џулс од Pulp Fiction.
Гадот-дилер кој by the way се викаше Гајардо експресно ми кажа “No problem esé”.
„How much?” го прашав.
“25 hundred bro’, and that’s a price just for you” ми даде понуда како да сме на Џон Кенеди у Чаир.
„All I got is 2300 man, take it or leave it, and that includes the 20 bucks I owe you” му се исценкав набрзина и типчето прифати.
Знаев дека ќе ме исече со некоја унца ама ич не ми беше гајле. На Мајк му кажав дека дилот кошта две илјади и шесто, но дека дилерот симнал на две и петсто just for me.
Му се јави назад на брат му за потврда на кој пак му се виде многу, но прифати зошто требаше да тргнам уште утредента и мојата му беше единствена опција што ја имаше. Веднаш му се јавив на Треј пошто ми требаше превоз до Мангум кој е на околу 260 километри јужно-западно од Оклахома Сити. Мајк и Беки веќе беа договорени да одат кај нејзините во Тексас за продолжениот викенд така што немав избор освен да го насамарам Треј.
Отпрвин Треј не беше сигурен, но откако му објаснив дека сум успеал да ќарам околу 100 долари во вредност на кренк додека го договарав дилот помеѓу Гајардо Мајк и брат му, Треј се сложи и со тоа се сложија сите коцки.
Рано сабајле утредента се избацувавме со семејството Вер како за последен пат зошто сите знаевме кој е ризикот доколку ме фатат. Мајк ми ги даде парите и броевите на сестра му и на брат му во Мангум за да им се јавам кога ќе стигнам со циглата грас.
„Be careful Pit” ми кажа Мајк како да ме праќа во војна.
„Don’t worry Mike” му вратив, „we will drive carefully”.
„Oh, I know you will. That’s not what I meant. Be careful in Mangum” и заминаа на пат за Тексас додека јас останав збунет од последното што ми го кажа. Минута подоцна дојде Треј. Го спуштивме покривот од Мустангот и така неупадливо тргнавме во нашата крајно илегална авантура.
Го подигнавме пакетот грас на една осамена бензинска станица на излез од градот. Ја скривме циглата на најочигледното место – во резервната гума во гепекот на Мустангот на Треј и тргнавме на пат до Мангум со дополнитени три грама опак метаамфетамин кој пo цел пат го кркавме како стрвни коњи.
Три саата пат ни поминаа како да гледаме продолжеток на финале на светско. Додека си кажал “кренк“ стигнавме во Мангум. Дури и Треј кој беше заколнат оклахоманец не го очекуваше хардкорот кој беше насекаде околу нас. “I feel like Alice in Wonderland” беше првото што го кажа Треј кога влеговме во градчето кое десетина години подоцна се прослави во филмот “Пиво за моите коњи”.
Мангум ветуваше ужас уште на “SLOW DOWN“ знакот на влез во градчето. Ама мене не ми беше битно. Бев на мисија да заработам пари по секоја цена.
Во првиот дел на најдобрите концепт автомобили, видовте како производителите и дизајнерите полека ја формираат сликата за како би требало да изгледаат автомобилите, во годините кои следеле но и денес. Во овој втор дел, ќе видите многу попознати автомобили, кои се предвесници на тоа што денес го знаеме и гледаме како спортски автомобил.
BMW Nazca C2
BMW Nazca C2 или Italdesign Nazca C2 е концепт автомобил произведен во 1992 година. Произведени се вкупно три автомобили. Автомобилот е дизајниран од познатата дизајнерска куќа Italdesign, дом на дизајнерот Џорџо Џуџаро, но секако може да се види и присуството на BMW посебно во предниот дел на возилото. Моторот кој е користен за овој автомобил, е модифицирана верзија на моторот од BMW серија 8, секако засилен од Alpine. Со зафатнина од 5.0 литри и 12 цилиндри, овој мотор произведувал 380 коњски сили. Масата на автомобилот била само 1000 килограми, што автомобилот без проблем достигнувал брзини од над 300 км/ч, односно 311 км/ч. Една година подоцна, прават и Nazca C2 Spyder. Инаку, да ве потсетам, доколку на времето сте играле Need For Speed III: Hot Pursuit на PlayStation, со сигурност сте го сретнале овој убав концепт автомобил.
Audi Avus
Еден од најубавите концепт автомобили. За прв пат бил претставен во 1991 година, на саемот за автомобили во Токио. Вреди да се напомене, дека алуминиумската шасија која Audi ја користи и ден денешен, е за прв пат вградена во Avus, што го прави исклучително лесен и безбеден. Супер автомобил со средишно поставен мотор и перманентен погон на сите четири тркала. Моторот требало да биде 6.0 литарски,W12 со 60 вентили, со моќ од 502 коњски сили, но во тој временски период менувачот бил се уште во експериментална фаза, така што автомобилот претставен во Токио бил без мотор. Со забрзување од 3 секунди до 100 км/ч и максимална брзина од 340 км/ч, овој автомобил денес би одел рамо до рамо со R8 и Aventador.
Audi Rosemeyer
Дали овој автомобил ви изгледа познато? Овој автомобил заедно со Bentley Hunaudieres се автомобилите според кои е направен Buggatti Veyron. Погледнете го задниот дел, предната маска.
Овој автомобил се појавува во 2000 година под името Rosemeyer, во чест на Бернд Роузмејер кој своевремено ги возел 16 цилиндарските Auto Union тркачки автомобили.
Моторот е идентичен со оној на Buggatti Veyron, односно 8.0 литарски, со шеснаесет цилиндри и 700 коњски сили, но автомобилот на денот на неговото деби имал неверојатни 980 коњски сили. Веќе јасно се гледа поврзаноста на Veyron и Rosemeyer. Погонот е на сите четири тркала, перманентен, односно за цело време работат сите четири тркала, а пак силата е пренесена преку 6 степен мануелен менувач. Максималниот вртежен момент изнесува 761 Nm, а брзината која ја има постигнато била неверојатни 409 км/ч, (зборуваме за почетокот на новиот милениум).
Сепак, на огромна жалост овој автомобил никогаш не е сериски произведен, што поради огромните трошоци кои настанале за време на проектот, но исто така и поради немањето волја кај челниците на Audi да створат внатрешно ривалство со Lamborghini. За тие што не знаат, Audi и Lamborghini се под капата на Volkswagen.
Bentley Hunaudieres
Уште еден концепт автомобил, претходник на идејата за Bugatti Veyron. Направен е од Bentley, за да биде прикажан на саемот за автомобили во Женева во 1999 година. Името Hunaudieres доаѓа практично од една тркачка ситуација. На патеката Сарте во Париз, на правецот чие име е Hunaudieres, Сер Тим Биркин возејќи Bentley Blower го претекнал Рудолф Карациола со Mercedes, возејќи со едното тркало во трева при 201 км/ч. Инаку станува збор за 30 години од изминатиот век.
Моторот е природно аспириран, VW 8.0 литарски, со 16 цилиндри или во превод ист како оној што го придвижува Veyron само без четирите турбо полначи. Силата која ја произведува овој агрегат е 632 коњски сили и 760 Nm влечна сила. Менувачот е мануелен, пет степен, и со негова помош автомобилот достигнува максимална брзина од 350 км/ч. Можеби со новата технологија менувачи, овој автомобил ќе оди и побрзо, но поради политиките во групацијата VW, мислам дека шансите да се произведе ваков автомобил од Bentley се многу мали.
Ford Mustang Milano
Низ историјата на Mustang направени се многу концепт автомобили, некои од нив тотално без врска, но има и такви кои заслужуваат големо внимание, како на пример Milano од 1970 година. Безобразно убав автомобил. Да, потсетува на Dodge Charger и на Pontiac GTO, но и Pontiac потсетува на Dodge и обратно. Според мене ова е прав American Muscle автомобил.
Maybach Excelero
Уникатен автомобил со високи перформанси направен во 2004 година за потребите на Fulda пневматици или германски Good Year. Автомобил со неверојатен дизајн кој е направен по примерот на Maybach SW38, автомобил од 30-те години кој бил исто така користен за потребите на Fulda пневматици. Моторот е V12, твин турбо, со 700 коњски сили и максимална брзина од 352 км/ч. Според некои шпекулации, раперот Birdman во 2011 година го има купено овој автомобил за неверојатни 8 милиони долари. Jay Z, во спотот за песната Lost One, се појавува во Maybach Excelero.
Ford – Shelby GR – 1
Концепт автомобил направен од Ford, а инспирацијата за него доаѓа од Shelby, поточна да наликува на Shelby Daytona. За првпат е представен на саемот за автомобили во Чикаго во 2005 година. Многу од виталните делови на овој автомобил како што е шасијата, се всушност од Shelby Cobra Concept, кој пак е представен една година порано. Моторот е цел изработен во алуминиум, и е 6.4 литарски, со десет цилиндри, и содржи доста компоненти од Ford GT. Силата на овој автомобил е 605 коњски сили и 679 Nm. Менувачот кој се користел е шест степен мануелен. Штета што не е произведен сериски, преубав автомобил.
Ford GT90
Ако за нешто треба да тагуваат луѓето од Ford, тоа е за овој автомобил GT90. Каква машина. Представен е 1995 година, во Детроит, како најмоќниот автомобил во светот. Најавата била сосема коректна ако се земе впредвид дека максималната брзина му била 407 км/ч, а на 402 метри развивал 225 км/ч. Каков ѕвер. Моторот бил средишно поставен, 6.0 литарски, V12, со четири турбо полначи Garret T2, 48 вентили и сила од 720 коњски сили. Силата била пренесена на задните тркала преку 5 степен мануелен менувач. Поради опасност од топење на задниот дел на автомобилот, биле вградени керамички панели, исти како кај Space Shuttle. Шасијата била направена од алуминиум и карбон, со што масата изнесувала само 1451 килограм. Овој автомобил се има појавено во голем број видео игри, и своевремено беше мој омилен автомобил во Gran Turismo 2.
Интересно е да напоменам дека автомобилот бил планиран за производство, но стварно незнам што тргнало наопаку. Замислете автомобил со брзина како Bugatti Veyron, но со подобра управливост. Мислам дека Ford GT90, е првиот хипер автомобил. Ако не е, тогаш треба да биде запишан како таков. Ме интересира, што ќе се случи, ако се вградат електро мотори (хибрид) и најсовремен менувач во овој автомобил. Неверојатно.
TVR Cerbera Speed 12
Уште еден неверојатен хипер автомобил, со несреќна судбина. Направен да биде цивилен автомобил со најдобри перформанси, базиран на GT1 автомобил. Но од таму и започнале проблемите. Незнаејќи како да се справат со регулативите, луѓето од TVR решиле целосно да го прекинат проектот. Автомобилот имал мотор со зафатнина од 7.7 литри, со дванаесет цилиндри, и над илјада коњски сили кои никогаш не биле официјално измерени. Максималната брзина требало да биде поголема од таа на Mclaren F1, неофицијално. Од место до 100 за помалку од три секунди. Менувачот бил 6 степен мануелен. Масата изнесувала само 1100 килограми. Автомобилот е направен во далечната 1997 година. Замислете некој да го стави на тест овој автомобил заедно со LaFerrari и компанија. Замислувате?
Lamborghini Estoque
Кога е во прашање Ламбо сите знаеме дека името мора да биде поврзано со борби со бикови. Па така и за името на овој преубав автомобил. Estoque значи вид меч кој матадорот го користи за време на коридата. Ова е најубавиот спортски салон на светот. Иако првично бил со мотор од 5.2 литри до десет цилиндри, замислете си да има мотор од Aventador или пак некоја хибридна мешавина. Првпат представен во Париз во 2008 година, како луксузна спортска лимузина за 200 илјади евра. Прв Lamborghini автомобил со напред поставен мотор, не сметајќи го RM002. И да, и овој автомобил по се изгледа нема никогаш да се произведе.
Веќе 5 ти ден истура во Скопје. 5 дена неаме видено сонце, како да сме фрлени у некоја дупка брааат. У секој момент очекуваме да не нападнат тоа мрачните сили. Црни клетии се надвиснале над нашите судбини брат, те странски амбасади, те платени новинари, те евтини курви кои си заминаа од овде и се омажија во белиот свет. Не сакаат да родат дете овде предавничките. Поарно им е да се напупат на некој шеик катарски и мали арапи да раќаат. Се е против нас брат. За среќа имаме влада која не брани од сите овие лоши работи кои ни се накомија. Кај да е еве чекаме Европа да се распадне, Грција да ја акне цунами и ние да излеземе на море конечно…
Како е кај тебе у Лондон пријателче? Овде почнаа да растат и палми а зградите ни добија бели фасади. Се е бело иако снег со години не сме виделе. Бели мостови, бели згради, бели цареви на плоштад. Имаме и бродови во Вардар. До душа никаде не пловат, али фино изгледаат онака. Иаме и опозоција која сака да не врати у минатото. Хоштаплери некои брат, платени од запад да ни го уништат просперитетот. На вести кажаа дека сите амбасади у земјава ни биле непријатели. Грците не блокираат у Европа, Бугарите ни ја негираат историјата а Албанците на глава ни се качија со тоа орлите. Среќа, Србија си ја иаме за сојузник. Читав у новини, сакале тоа браќата да го направат оној пловниот систем Морава-Вардар. Ете им шанса на браќата да се поврзат водно со Грција. Ете им шанса и на нашите бродови да станат пловни. Читав и дека ќе изграделе пруга према Бугарија. 100 години немаме пруга кон Бугарија и кон Албанија брат, ама еве сега ќе ја изградат. Ама се си мислам дека оној пловакот Вардар-Морава ќе го напраат побрзо. Ќе си идеме на гости кај браќата со чамци. Кога ќе ги акне нив поплава, ние водата и лајната тука ќе им ги прибереме. Нели сме браќа и нели не учеа образот да го вртиме ко ќе ни влепат шамар?
Како е кај тебе у Лондон брат? Има ли жени као овде, кои прво ти ја вадат маста низ муда а после те прашуваат кој си и што си? Некад бараа пари, клучеви од стан, статус и репутација пред да те однесат у кревет. Сега се толку очајни и бедни за теслачење што се у стање и со куќниот љубимац да се опнат. Не им замеравам. Под стрес се. Пола мужи се изфеминизирани, добар дел се оженети а добар дел се иселија од земјава. Веќе не им е ни битен ни начинот на сопнување. И така со спуштени гаќи да си легнат на асфалт, тешко дека некој ќе ги напупи. Ебарниците у градов се празни али кладилниците се полни. Смрди на мишка и на голем заговор дека пола утакмици се наместени. Дај брат ко ќе начуеш нешто од тоа бубмејкерите на Вилијам Хил, јави некоја дојава, да опнеме некое пеевче и да згргаме некои 200-300 евра. Колку да има за одмор бе брат.
И обавезно брат да ми земеш за наваму еден дрес од Челзи. Слушам сеа ЛГБТ здружението во Лондон отворено застанеле да го бодрат овој клуб. Ако има дресови, глеј со тоа логото да не е на него, знаеш, кој ќе ги слуша овде овие, педер си, ваков си онаков си…Челзи си го поштуем одамна брат.Опни еден поздрав од Биг Бен со знамето наше од Кутлеш брат и внимавај коа шеташ низ Западен Лондон, гадни хулигани се шлаат у тој крај. И поздрави натаму. Јави им на сите дека ние сме овде браникот на Европа. Земјата у која Апостол Павле почнал да го шири христијанството. Со историја пишана на камен, можеме да го нараниме цел свет. Ама уште не научиле камења да јадат лудаците….
“Како џанак у криза, се расплакував кога и да чујам песна од Витни Хјустон. Плачев на срцепарателни филмови па дури и на документарци за моногамните врски на пингвините и носорозите.“
Отсекогаш сум верувал дека шансите да добиеш на лотарија се исти играл ти или не. Скоро се идентични. Скоро. Меѓутоа, во сите тие милиони на негативна веројатност сепак постои една мала малечка шансичка, искра светлина на крајот од црниот амбис кој е црн колку што е светла единствената искра светлина во него. Понекогаш некој ја пронаоѓа искрата светлина. Понекогаш, таа искра го пронаоѓа тој некој. Разликата е дали ќе се фрлиш во амбисот или ќе продолжиш да зјапаш во него. Искрата е секако таму – како еден единствен бел пиксел во црн екран со 16 К-а резолуција.
ОК. Заеби мудрување. Поентата е дека шансите за некои работи што ми се случија и кои започнуваат во ова поглавје се толку мали што се рамнат со шансите да добиеш на лото… у Америка!
Ниче и Кант
Толку бев вљубен во Крис Џексон што како постојано да гледав низ мек филтер за снимање на некоја ефтина америчка тинејџерска сапуница. Сé ми беше розево и слатко–цуцано на бели туфнички и црвени срценца. Како џанак у криза, се расплакував кога и да чујам песна од Витни Хјустон. Плачев на срцепарателни филмови па дури и на документарци за моногамните врски на пингвините и носорозите. Ништо не ми беше битно освен да ја одржувам нејзината насмевка блескава и постојана.
Крис Џексон всушност беше посвоена на нејзини 4 годинки. Била напуштена како бебе и до својата четврта година живеела во центар за згрижување на сирачиња кога ја посвоила едната од негувателките. Неколку години подоцна помајка й починала од рак на јетра и Крис продолжила да живее со десет години постарата посестра со која сè уште живееше кога се запознавме. Живееjа ептен блиску до школото така што скоро секој ден после часови одев кај нив дома, во една трошна куќичка која ја делеа со три мали дечиња и нивниот татко – мажот на посестра й кој беше одвратен реднек, лош аутомеханичар и пијаница со агресивна нишка која чат-пат оставаше перфектно модар впечаток на лицето на сестра й на Крис за да знаеме колку многу ја сака мајката на своите 3 мали деца.
Другарчето Гас не беше нешто многу среќен со мојот избор за партнер за матурска така што во тој период ни се заладија односите. Сé помалку поминував време со него и со Батхед, а секој голем одмор го поминував во лигаво и ултра сочно лапање со Крис кое траеше точно до секунда цел саат.
Дури и семејството Вер не беше воодушевено од тоа што им носев црнкиња по дома, ама ајде, го проголтаа тоа некако и сé почесто ми ја даваа колата за да одам кај неа дома за да не мораат да ӣ го гледаат прекрасниот црн сурат. Проблемот генерално беше во Беки и во Џес. Мајк беше индиферентен по тоа прашање пошто и самиот беше црвенокожец (и по сурат и по табиет).
Исто така, со вториот семестар дојдоа и нови часови – нови предмети, нови соученици – нови пријателства. Претходниот семестар учев Драма и истата професорка ми предложи да учам Дебата иако не ги исполнував баш сите услови. Старата Г-ѓа Мејпл виде нешто во мене и ме засака до толку што веруваше дека и покрај тврдиот акцент, имам способност да дебатирам на темата слободна воља со Имануел Кант за афирмативната страна и Фридрих Ниче за негативната, и ни мање ни више туку компетитивно. Јас не го видов тој капацитет во себе, но во годините кои претходеа веќе имав попиено доволно гишовачи и ацо-станковачи и имав прочитано точно по една книга од споменатите филозофи така што оваа можност ја видов како ислклучително ретка шанса да се докажам дека сум утра паметен како летен коктел слатко наречен Тропска Депресија со модра виолетова боја и направен со мешање на мудрината на Гиш и Ацо Рембрант, наросен со кафеав шеќер и послужен густо – без лед и со дебела цевка. А за сељачааната во Оклахома имав можност да им покажам дека сум супер шармантен како Итар Пејо наросен со свеж црн бибер и послужен со долга виткана развиорена коса во slow motion.
Го прифатив предизвикот and the rest is history.
Професорката Мејпл отпрвин ме стави во дебатниот тим на Бетани Хај и скоро 2 пати неделно патувавме во околните општини да дебатираме со противници од други училишта. Бевме во тимови од по тројца и дебатиравме на истата тема – free will, односно, и супер скратено, дали сме родени со слободна воља или истата се формира за време на животот и поготово за време на детството. Можеби звучи просто и едноставно, но откако еден копиљ од Кaрпош 4 ќе се соочи со Critik der reinen Vernunft и со Menschliches, Allzumenschliches: Ein Buch für freie Geister меѓу другото, му текнуваат работи кои никому до тогаш не му текнале. Тајната на мојот успех беше тоа што не бев инхибиран од Џизас во срцето како моите партнери од дебатниот тим. Башка и Кант и Ниче имаа една многу длабока смисла така што немав проблем да дебатирам и „за“ и „против“. Ова е сериозно неопходна одлика на сериозно добрите дебатори!
Уште веднаш, после скоро само месец и пол, Г-ѓа Мејпл одлучи дека ќе направи суперѕвезда од мене и ме стави во тимот „еден на еден“, односно дебата каде натпреварот не е помеѓу тимови туку помеѓу индивидуи, таканаречената Lincoln Douglas Debate која името го добила од дебатите помеѓу фамозниот амерички претседател со хипстерска брада, Г-динот Абрахам Линколн и некој таму Даглас додека дебатирале на темата ропство пред првиов да стане синоним за ослободувањето на Америка од ропството сто и кусур години пред за прв пат да им дадат на црнците да се возат у аутобус со белци – каква иронија!
Како и да е, старата Г-ѓа Мејпл ми даде зелено светло да бидам нејзинот претставник за „еден на еден“ дебата, најтешката дебата на една од најтешките теми, со истражување на матерјал кој инсистираше на користење на извори од двајца Германци кои никој никогаш не ги разбирал, ни пред двеста години ни денес… у Оклахома, која да не заборавиме е „со Господ напред“ и каде „God is dead” на Ниче може да помине само ако се влече позади некој пик-ап како некој несреќен црнец врзан околу вратот со дебел jазол на пат за да го обесат на најблиското дрво и да се сликаат со него а-ла мртва природа!
И така би. Почнав да дебатирам низ општините на Оклахома како Александар Велики пред да тргне на Индија. Растурав. Ја покорував секоја општина и секој копиљ кој ми стоеше на патот го јадеше Ниче со малку Кант на страна. За помалку од 3 недели знаев дека ќе се натпреварувам на ниво на Оклахома и Г-ѓа Мејпл беше воодушевена зошто по прв пат после цела кариера од 40 и кусур години дочека да ӣ дојде “избраниот“ од таа таму некаде античка Македонија за да ја отера у заслужената пензија и тоа со златен орден на градите. И така би!
Како што поминуваа неделите така се здружив со Треј кој исто така беш дел од дебатниот тим. Богат копиљ кој возеше нов новцат Форд Мустанг кабриолет и кој учеше кај мене у школо зошто беше ленштина и неговите сакаа да заврши средно без многу да се мачи во некое приватно школо.
Беше толку кул што дури и мислеше дека е кул.
За да го доловам Треј во целата негова слава, морам прво да го доловам андерграундот во Оклахома и околијата во тоа време. Тогаш беше кул да го слушаш Мерилин Менсон чиј најдобар албум “Antichrist Superstar” искочи баш у тој период. Сите беа готик, сите беа вампири, на пазар се продаваа црно налакирани ружи со гратис книга од Ен Рајс, пола дискотеки беа во напуштени цркви, сите искачаа во кофи шопови нашминкани како Роберт Смит од the Cure, сите носеа многу прстени и тоа поготово како оној на палецот на Том Круз во улогата на Лестат од Интервју со Вампирот на Нил Џордан и баш тогаш почна фамата за тетовирање која е денес па ептен кул.
Сите тинејџери дуваа и кркаа трипови. Се шмркаше кренк и се пушеше крек – немаше лабаво!
Е, па, Треј беше сето тоа: мислеше дека е вампир, носеше голем и шпицаст прстен на палецот во случај да треба да боцне некој за да му ја испие крвта пошто нели, мислеше дека е вампир. Шмркаше метаамфетамин, се облакаше у црн мантил и ставаше бела пудра и црн креон на лицето за време на викенди. И сето тоа може некому да му звучи дури и заканувачки ако не го земе предвид фактот дека Треј беше слабичок како единечен коров од ветроган заради што долгиот капут му стоеше како да го обесил на тенка метална закачалка за една употреба. Имаше долгнавесто тесно бубуљичаво лице и изгледаше како неухрането дете од Сиера Лион кое се шминка за да изгледа опасно (а нема калаш!). Башка на сето тоа, имаше лоша фризура со прави шишки на пола чело што му го надополнуваше готик имиџот како цицки на стара баба.
Меѓутоа Треј беше интелегентен паметен и образован. Размазен до душа, но паметен, образован и интелегентен per se. Неговите беа познати доктори во Оклахома Сити и уживав кога одев кај нив дома зошто се чувствував како да живеам во паметна средина, како да сум дома – единствено кај нив дома!
Искачавме во еден кофи шоп што многу отлачено за Оклахома, се викаше “The Red Cup“. Идевме таму скоро секој ден после 7 поручек и тоа најмногу заради тоа што Крис, после скоро 2 месеци пушење македонска гордост, ненадејно имаше многу да учи навечер. Обично идев кај неа одма после школо. Се лапавме и се сакавме до кај 5 поручек пошто претпоставувам на сестра ӣ не ӣ сметаше вриштење од соседната соба. После тоа си одев од таму со зуење во ушите и со киселиот мирис на црна вагина на устата.
Треј ќе ме собереше од кај нив пред куќа и oдевме да се дрогираме и да се правиме паметни во најлудиот кофи шоп у радиус од 500 миљи.
Кренк (и Ниче и Кант)
Јас скоро секогаш си ги земав Ниче и Кант со себе во Црвената Шоља и другарувавме на едната од централните маси за да можат сите да видат дека таму некаде седи еден млад антички Македонец кој разара со модерна филозофија, естетика, етика, епистемологија, метафизика, трансцендентализам и остала срања типа: ика, ија,логија и изам. (уфф!)!
Ми беше боље од супер. Ги слушав Smashing Pumpkins и Nine Inch Nails во целата нивна слава со Downward Spiralод ‘94та. Со време стварно почнав да учам нешто од другарите Кант и Ниче – читање кое започна како правење паметен пред младите Оклахоманци со првична цел:ебење големи цицки на откачени Оклахоманки; со секундарна цел: еден на еден дебата; и со крајна цел: добивање на стипендија за факултет.
Знаев дека ќе студирам драма, обожавав драма уште од копиљ, посебно ја сакав Грејс Џонс во Џејм Бонд “A View to a Kill“ и апсолутно сите дела на Луиџи Пирандело со кои ме запозна Дарко Јорданов, мојот професор по Македоснки јазик и литература у втора средно.
Дував како да ќе снема грас – како Гиш у најбољи дани, и чат-пат почнав да шмркам кренк: ѓавол дрога, дрогата патлак, хардкорот на The Bible Belt – како што е познат регионот на ултра конзервативните хипер христијански држави кој се протега од централно-јужниот до јужно-западниот дел на САД и каде се практикува евангелистички протестанизам. Ужас! Мене уствари евангелистички протестанизам најмногу ми се римува со христијански сатанизам, па види ти сега. Не е ни чудо што баш у таа регија се произведува и се крка најхардкор дрогата после хорс ако не и похардкор у многу аспекти (кои претпоставувам се христијнсата нишкана спидот).
Кренкот, кој беше периодичен за мене во тоа време, наивно го сфаќав како добар парфем. Ќе се намирисавме со Треј пред да седнеме у The Red Cup и нé возеше со саати зошто беше метаамфетамин par excellence, произведен локално, чист и супер потентен. Нешто како добар скопски домат јабучар или охридска цреша…
Кренкот ми даваше способност да ги читам Ниче и Кант како Дилан Дог и Марти Мистерија. За пет минути ги разбирав најдлабоките значења на Übermensch на Ниче и на Siècle des Lumières на Кант, и после тоа ги дебатирав на тупавите потомоци на Оклахоманските реднеци. Најчесто завршував исполнувајќи ја целта: ебење на цицки на некое девојче со големи цицки.
После неколку вакви инциденти на превара со цел цицки, Треј ми се обрати и ме праша зошто дупам сé што ќе стигнам ако толку многу ја сакам Крис како што му кажував дека ја сакам.
Направен лом на метаамфетамин, грас, Earl Grey со малку млеко и со длабока грижа на совест за сите цицки низ кои што поминал малиот прилепчанец со само капка уљенце кое редовно го носев во џеб, ме пукна параноја за Крис. Во помалку од 3 секунди станав од масата и му кажав на Треј да ме однесе кај неа дома.
Беше веќе некаде околу 8 вечер и воземе кабрио, со покривот доле. Имав длабоко и инстинктивно убедување дека нешто не е во ред.
“Зашто Крис инсистира да си идам од кај неа после 5 поручек“?
“Зашто никад не се јавува на телефон после 6“?
“Зашто има да учи толку многу и зашто ӣ треба толку многу време“?
“Зашто не ми кажува дека ме сака?“
“I keep on seeing a pink Cadillac with the engine running a block away from her house every time I come to pick you up” ми кажа Треј и ми падна мрак на очи.
Розев Кадилак. Единствениот розев Кадилак што го имав видено икада беше розевиот Кадилак на единствениот црнец у Bethany High. Единствениот црнец покрај Крис кој беше главниот играч на амерички фудбал кај нас у школо. Не можеше да му го утнеш Кадилакот кој изгледаше како персонифицирана верзија на некој чуден детектив од некој чуден film noir од четириесеттите нааапан на розеви стероиди како да е Супер Хемфри Богарт у боја.
Набрзина стигнавме кај Крис пред куќа. Мажот на сестра ӣ веќе одамна беше заминат на трета смена на работа така што розевиот Кадилак беше паркиран пред порти. Полудев. Ми се превртеа очите. Сé пред мене беше бело како и белките од моите превртени очи. Дојдов до вратата и затропав културно. Културно ми отвори сестра ӣ на Крис која се шокираше дека сум јас. Не ме очекуваше и не ми дозволи да влезам, но по модриците на лицето кои ӣ ги нашминкал сопругот знаев дека нема да биде проблем да влезам само ако ја погледнам како вратар пред дискотека у Скопје. Глупачата ми се тргна од патот и влегов во малечката дневна соба. Од далеку се слушаше сцена на ебење со гласот на Крис во главната улога. Полудев. Почнав да дишам како мечка, побрзо и поотсечно со секој здив. Можев да го чујам триењето на воздухот низ накострешените влакна во носот додка срцето ми тропаше во ритамот на Том Веитс.
Поминав низ дневната и ги расшутирав играчките на копиљаците кога стигнав пред вратата од собата на Крис. Можев да чујам дека глупачата дефитивно ме вара додека се ебе со единствениот црнец у школо. Каков удар за мене. Единствената црна пичка у школо го вара единствениот антички Македонец од школо со едиствениот црн кур у маало.
Влегов у собата. Црнецот ӣ го даваше од позади додека ја имаше грабнато за куковите како да се држи за појас за спасување додека тоне Титаник. Тоа дополнитено ми ги сврте очите и веќе не можев да видам ништо.
Погледите ни се сретнаа додека ороспендата стенкаше у екстаза.
Типот беше огромен, но мојот поглед беше планина од љутина и ужас. Како што влегов така педерчето ја извади сурлата од нејзе. Стварно имаше голема темно кафеава, скоро нереално монструозна куретина со која ја ебеше девојка ми! Дефинитивно му беше најмалку дупло поголем од мојот прилепски понос.
И тоа ја прекипе точката на вриење. Тргнав да го убијам како што не рипнав да си ги одбранам другарите за време на една тепачка у дискотека Силекс три години претходно кога нé запукаа едни Бошњаци од сортата Хаџибулич.
Иако се макљав со гол монструм со три раце, гомнарот почна да ме моли да прекинам, но јас продолжив да го тепам како магаре на угорница.
Си ги грабна боксериците и избега низ прозор… Го избрукав доволно за да знам дека ми е поголем барем у некола смисла. Се свртев кон Крис и сакав да ӣ ебам мамицата ама Крис немаше мајка. Сиротата имаше само едно сирото семејство кое ја згрижило кога била девојчурак од 4 годинки. Не можев…
Ја пљукнав со целиот шлајм што успеав да го соберам од солзите кои ми течеа позади синусите.
Си отидов.
По пат ја пљукнав и сестра ӣ.
Влегов во кабриолетот на Треј и му кажав дека е време за уште малку метаамфетамин.
“Fuck yeah“, ми кажа Треј.
Розевиот Кадилак сè уште беше паркиран пред куќата зошто гадот кидна полугол оставајќи ги клучевите зад себе некаде во ебалната на Крис.
Излегов од Мустангот на Треј, се качив на задните седишта и му се измоачав насекаде на Розевиот Кадилак затоа што FUCK THAT GUY!
Пред некој ден се проакав низ старо маало, каде како копиљ почнав да ги црпам првите лекции на улицата. Еден парк каде што сеуште не расте трева, затоа што мојот комшија имбецил на него си го паркира џипот, и една шлајка, каде на времето рескавме џамлии и теравме целодневни партии на ќар. Денес у животот преферирам да центрирам у други шлајки, али ко бев дете, најзабеан лик у кругот каде што се играа џамлии беше оној тип кој прв ја имаше рецнато шлајката. Со тек на животот конташ дека се е трка, кој прв да стигне до шлајката.
Каде се денешниве деца? Каде се нивните џамлии, долгите магарици, јаниното со купус и сланино и каде се девојчињата кои скокаа со ластик пред секој влез? Каде се детските игри и турканиците пред училишните дворови? Се се сведува на дигитализација на натправарот…Сега се е џојстик, тастатура, обично дугме..Некогаш пресудна беше физичката и психичата истрајност. Да да…
Имаше и такви ликови кои увек беа голмани у фудбал иако појма немаа од бранење. Сепак играа уште поочајно отколку што бранат, па сепак беа дел од играта. Тие беа вклучени рамноправно во детскиот живот. И без нив игрите беа невозожни да се замислат. Дебелковците на ДОЛГА МАГАРИЦА увек беа перничиња на стубот и не се лутеа заради тоа. Ете, не можеле да рипаат и да праат ЧАТАЛИ-КОПАТАЛИ, сепак и за нив имаше место во детската игра.
Излегувавме од дома најадени и со кратки ракави, а се враќавме мртви гладни и жива вода испотени. Го развивавме нашето тело и нашиот дух со физички игри , со гребаници и рани по рацете и нозете. Со скинати патики од шутирањето замислени топки у форма на конзерви, каменчиња, кеси со шут и разни гуми. Возевме точаци со контра-кочници и на секое второ залетуење и кочење ко љубевме бетонот. Оние повозрасните од нас, кои демек беа главните фраери у маало, често пати знаеа да ни опнат по некоја заушка или мацола пред да не пратат по цигари. Следен чекор беше спротиставувањето кон нив и јадење саглам ќутек а нареден пат ќутекот го јадеа и они. На крајот и со нив станувавме другари. Така растевме. Во некој трк и со брзо темпо, се тркавме кој кого побрзо ќе надрасне.
Каде се сега децата и каде се дружат? Им покажал ли некој родител како ние сме играле на нивна возраст или потрчавме сите да им купиме ТАБЛЕТ, Лап-Топ, скап мобилен или не знам што и да ги затвориме дома у наш видик и близина а толку далеку од реалниот живот и свет? Девојчињата некогаш сакаа да играат ластик, да го развиваат природно своето тело и да играат игри во кои тие се мајки, принцези, самовили. Денес сонуваат да бидат манекенки, стриптизети, девојки од насловните страни. Наместо да се фалат со своите плетенки и долги коси, се фалат по социјалните мрежи со испрчени усти, кратки пантолончиња и тесни маички. Педофилите имаат материјал за да си го плеснат но нашето општество нема баш добар материјал од оваа младина да извади саглам спортист, саглам музичар или уметник.
Зашто немаме некој врвен тенисер, врвен пливач или зашто немаме врвни спортски колективи а нашето соседство тоа го има? Поднебјето дава таленти но нашиот начин на живот и игра им го подвиткува рбетот над тастатура. Се имам бааги проакано по училиштата на соседниве наши држави. Таму на игралиштата врие од деца и топки..Врие од наставници и од скаути на спортски колективи. Го селектираат квалитетот од најмала возраст а потоа го брусат и од него вадат врвен профил. Какви се нашите часови по физичко воспитание? Професорите љуштат ракија у кабинет, ќе им фрлат некоја топка у сала на учениците и на крај ќе им плеснат 5 ки у дневниците. Се прашуваме зашто имаме килава младина? Па не може и да се надгради во нешто повеќе од тоа кога ја има прерипано онаа основна скала пред влезот во животот. Играта….детската игра. Детскиот пораз и победа. Детските модринки и ќотеци…Да. За жал ни детските болести ги немаат убаво прележано. А толку е едноставно. Да им ги покажеме нашите игри и како ние растевме. Многу поздраво и поисправно отколку тие денес…