Прескокни до содржината
Реклама

Throttle/Brake #53: Големи, брзи и луксузни купеа: Aston Martin DB11 vs Mercedes AMG S63 Coupe

Христос Воскресна!

Доколку сте тип кој сака да се движи брзо и во стил, и претпочита автомобили со две врати, продолжете да читате… Долги години, Bentley Continental GT апсолутно доминираше во овој сегмент, но високата цена и досадниот дизајн полека си го земаа данокот. На сцената се појавија нови играчи. По скоро 20 години, Mercedes реши да го врати во живот нивното најголемо купе. Англичаните пак, едноставно, одзедоа малку од моторот, и додадоа турбо и некој сантиметар плус на нивниот беспрекорен дизајн, шарм и луксуз.

Aston Martin DB11  

Најважниот Aston Martin автомобил во 103 годишното постоење на компанијата од Велс. Барем така вели Енди Палмер. Дизајниран да биде најдобриот гранд турер, со линии позајмени од големците One77 и Vulcan. Во однос на претходникот DB9, најголем напредок е постигнат во мултифункционалната внатрешност и унавоната на патување на подолги дестинации. Нели, Џејмс Бонд редовно патуваше од Лондон до некое мондеско место со својот Aston. Најголемата критика е за срцето на овој автомобил. Како може еден Aston Martin да не биде со атмосферски напојуван V12? Додуша, V12 е, ама твин турбо. Го нема оној препознатлив и разорувачки Aston Martin звук. Се прашувате зошто од DB9 отидоа директно на DB11, прескокнувајќи го концептот DB10 кој имаше улога во последниот филм на Џејмс Бонд? Затоа што DB11 е повеќе од 007 автомобил. За разлика од нашминканиот DB10, најважниот Aston Martin е направен на сосема нова платформа, има нов мотор и скоро нова трансмисија. Но, останува отворено едно прашање, дали DB11 е гранд турер или спортски автомобил? Како и да е, направен е да биде комфорен и убав од 1 до 320 километри на час, брзина, за која многу спортски автомобили можат да сонуваат.

DB11 е првиот од гамата на нови и подобри Aston Martin автомобили кои треба да се појават во наредните седум години. За нив, во некоја наредна прилика. Срцето на овој автомобил се најде на удар на некои “експерти”, па затоа заслужува збор-два повеќе. Од Aston Martin тврдат дека “извадиле” 600 коњски сили и 700 Nm од 5.2 литарскиот твин турбо со дванаесет цилиндри во V формација. Да повторам, моторот е нов, развиен од страна на Aston Martin, а не од Mercedes AMG, како што беше пракса досега. Не само што е развиен во погоните на Aston, туку е и рачно изработен. Ако сакате да знаете кој е човекот одговорен за вашиот мотор, погледнете под грубата и ќе најдете плочка на која е изгравирано неговото име. Силата од напред поставениот мотор оди преку ZF осум степениот автоматски менувач само на задните тркала. Од место до стотка забрзува за околу 4 секунди, а 402 метри ги проаѓа за 12 секунди, што и не е така лошо за јахта на тркала. Максималната брзина достигнува 320 километри на час. Земајќи ги в предвид овие брзини, сопирачките делуваат малку слаби и конфузни. Но, на крајот на краиштата, DB11 не е оружје за на тркачките патеки.

Со цел да се задоволат некои глупави норми, управувањето, на големо разочарување е електрично. Досега сум немал прилика да го возам DB11, но коментарите на тие кои имале среќа да го возат, се дека врската помеѓу возачот и автомобилот преку управувачот е некако конфузна. Конфузни се и димензиите и цената. Дали знаевте дека разликата помеѓу широчината на DB11 и Ford Raptor е само еден IPhone? А и цената од 210 илјади евра е малку нападна, не? Но, за разлика од старомодниот DB9, ова е многу попаметен, побрз и поубав автомобил. Посебно кога ќе седнете во автомобилот, имате чувство дека го носите автомобилот. Внатрешноста е онака Астон Мартински убава, а и веќе ако ја носите, треба да биде со најубавата кога, така? Највеќе ми се допаѓа командната табла и како се менува со менувањето на стилот на возење.

Имав прилика да си поседам и да го видам автомобилот одблизу, и коментарите дека автомобилот не е убав сосема ги отфрлувам. Немав доволно време да седнам на “теоретската” задна клупа или да го проверам квалитетот на пластиката користена за сјајно црните копчиња, но ме воодушеви кликот на палките за менување брзини. Не дека е многу важно, но прави мерак.

Дали Aston Martin DB11 е добар спортски автомобил? Не! Дали е добар GT крузер? Да. Дали е подобар од Mercedes S63 AMG 4MATIC Coupe?

Отсекогаш сум бил голем љубител на работата на Mercedes-Benz. Особено на специјалниот оддел AMG. Знам дека тоа ме прави пристрасен, но во оваа епизода ќе останам објективен.
Ако DB11 беше улична јахта, тогаш S63 или S65 Coupe е уличен џет авион. Убав, доволно брз и опремен со најдобрата можна технологија во моментов во автомобилската индустрија. И е Mercedes-Benz. По цели дваесет години служба, односно од 1998 година, концептот и ознаката CL одат во пензија. Велам концепт, бидејќи CL во суштина не беше S Coupe, без разлика колку и да изгледаше дека е. За Mercedes-Benz, класата S или Sonderklasse е специјална класа. Но, одделот AMG е надлежен за сите класи. За разлика од Aston Martin, Mercedes AMG, своето најлуксузно купе го испорачува во две варијанти: S63 и S65, или V8 и V12. Ќе почнам од послабиот. S63 Coupe е опремен со најновиот 5.5 литарски V8, кој испорачува 577 коњски сили и 900 Nm. Посилниот S65, е опремен со 6.0 литарскиот твин турбо V12, кој испорачува 621 коњски сили и 1000 Nm. Но, поголема моќ, не значи и поголема брзина. Од место до стока, S63 Coupe забрзува за 3,7 секунди благодарение на својот 4MATIC (погон на сите четири тркала), додека посилниот брат близнак за само 4,1 секунда. На четвртина милја, послабиот брат е исто така побрз и 402-те метри ги изминува за 12 секунди, додека S65 Coupe за “само” 12,2 секунди. При достигнување на максимални брзини, силата на S65 доаѓа до израз. И двата автомобили се електронски ограничени на 300 километри на час. На тркачките патеки, S63 Coupe 4MATIC е исто така побрз, благодарение на погонот на сите четири тркала, на кој S65 не може да смета поради својата брутална моќ.

Во специјалното купе се вградени и низа системи, кои возењето го прават побезбедно, поудобно и кога треба побрзо. Еден од нив, кој боде очи е Magic Body Control, систем кој го скенира патот односно подлогата. Со помош на овој систем, суспензијата на автомобилот автоматски се прилагодува на подлогата. На пример ако подлогата е глатка и возите брзина, суспензијата ќе се зацврсти и автомобилот ќе биде полесен за маневрирање и запирање при големи брзини. За првпат, еден автомобил ќе може и автоматски да се навалува за повеќе комфор и стабилност во свијоците. Во знакот на перформансите, автомобилот е ставен на посебна диета. Со посебно изработени тркала и користење на карбонски влакна, S63/65 со своите димензии тежи само 2070 килограми или 300 килограми повеќе од лутиот ривал Aston Martin DB11. Внатрешноста е приказна за себе. Иако многумина ќе ми забележат, S63 Coupe внатре е многу поубав од DB11. Само да ја видите внатрешноста одложена со црвена кожа и многу карбон.

Скромноста на S63 Coupe 4MATIC е најдоброто нешто што можете да го добиете од овој автомобил. За 160 илјади евра, добивате “само” V8-ца која всушност е побрза од нескромниот S65 Coupe со V12 мотор кој чини 44 проценти повеќе или 235 илјади евра. За тие пари можете да купите Aston Martin. Нели, клишето вели дека Mercedes-Benz нема никогаш да биде Aston Martin. Јас велам, безмислици! За 50 илјади евра помалку, имате беспрекорен инженеринг, побрз и поквалитетен автомобил, со поубав ентериер и фунционална задна клупа. За мене лично, дизајнот на S63 Coupe е поубав од тој на DB11. За вкусовите не се расправа, но пред фактите се молчи. А фактите се на страната на Mercedes-Benz. Одговорот за тоа кој од овие два гранд турери е подобар, нема да го најдете на тркачките патеки или драгстер пистите. Нема да го најдете ниту во тестовите. Одговорот сте вие. Незнам дали се работи за снобот во нас, но Aston Martin DB11 мами повеќе погледи и воздишки. Секако, тоа не го прави подобар автомобил.

Пишува: Брацо Моралиќ

Throttle/Brake #52: Егзорцистот против демонот: Camaro ZL1 Exorcist vs Dodge Demon

Битка која трае од почетокот на светот…  Многупати се сретнав со најновото и најмоќно остварување на Dodge, но поради целата симболика на овој автомобил и мои лични убедувања, не сакав да пишувам за Demon. Сé досега! 

Hennessey Camaro ZL1 (The Exorcist)

Крајно време беше некој да им се спротистави на Dodge. Chevrolet како безгласни букви, ги подигнуваа рамената и заборавија дека токму тие треба да бидат најдобрите спортски автомобили на новиот континент, а не некој си “демон”. Тјунерската компанија од Тексас, Hennessey, будно ја следеа целата ситуација, и дојдоа до заклучок дека со позајмено Camaro ZL1 со 1000 коњски сили, ќе му ја затнат муцката на демонот. За потсетување, Hennessey е таткото на официјално најбрзиот автомобил во светот, Venom GT. 

Типично демонски, од Dodge сеуште нема официјални информациии за моќта на нивниот знаменосец, но бруталните 1000 коњски сили на Егзорцистот се доволни за да го прати демонот таму каде што припаѓа, во тотален заборав.

Егзорцистот го има истиот 6.2 литарски, V8 со суперчарџер од “нормалниот” брат ZL1, но благодарение на многу поголемиот суперчарџер, надграден интеркулер, агресивна брегаста осовина, тркачки глави и доработен ECU систем, испорачува максимални 1000 коњски сили и 1310 Nm влечна сила. Во превод, тоа се 350 коњски сили и 430 Nm повеќе од стандардното Camaro ZL1. 

Целата оваа моќ се пренесува на задните тркала преку стандардниот шест степен мануелен менувач или автоматски со десет брзини, за кој треба да скоро 10 илјади евра. Од Hennessey велат дека со стандардниот менувач, Егзорцистот до стотка ќе забрзува за помалку од 3 секунди, и ќе ги истрча 402-те метри за помалку од десет секунди. Ви текнува на култниот филм Fast and Furious и репликите за “Ten seconds car”? 

Доколку не сте задоволни со забрзувањето на Егзорцистот, за околу 9000 евра, на располагање имате специјални драгстер пневматици со широчина од 315 милиметри, кои ќе ве лансираат како чатал. Имате две опции како да стигнете до овој супер брз автомобил… Едната е да поседувате Camaro ZL1 и за 55 илјади евра да го претворите во The Exorcist, и втората е да го пазарите директно од Hennessey или Chevrolet дилер како готов производ. Ќе бидат направени само 100 Егзорцисти, не сметајќи ги оние кои ќе бидат преправани. Замислете, ќе добиете и гаранција од 2 години или 40 илјади километри. 

Dodge Challenger SRT Demon

Во пресрет на неговата светска промоција, Demon ги крие своите перформанси како змијата нозете. Видовме неколку тизери, од кои може да се заклучи дека Demon ќе биде многу побрз од Hellcat, полесен, најверојатно ќе има погон на сите четири тркала, и ќе милува да вози по драгстер пистите. Фановите на Dodge ширум светот, како будали се обидуваат да ги дешифрираат бројките од таблиците кои се различни во секој тизер. Еве, да им ги скратам маките, Demon ќе има 757 коњски сили, односно 800 со специјалното тркачко гориво од 100+ октани. 

Кодот на Dodge Demon.

Сигурно се прашувате што мајка бара тежок автомобил како Dodge Demon на драгстер писта? Рака на срце, и Американците се опаметија. Железните површини на Hellcat се заменети со алуминиумски, односно карбонски. Звучи ветувачки. Од внатрешноста е извадено се што не е потребно, а ако сте сам во возилото, добро би било да го извадите и совозачкото седиште. Нели, се за перформанси. Драгстер пневматици, специјален систем за лансирање (launch control), со кој се испорачува многу влечна сила во секој момент, и тоа при само 1000 вртежи во минута. Технологија која е имплементирана од тркачките драгстер автомобили. Да ги разбијам и гласините околу забрзувањето до 100 километри на час. Demon до стотка ќе забрзува за точно 3 секунди. Час поскоро, маските на Dodge ќе паднат и вистината ќе излезе на виделина. Тогаш ќе дознаеме какви се шансите на демонот против Егзорцистот. 

Дотогаш, мојот влог оди на Camaro The Exorcist. Во суштина, целата оваа “Кодот на Да Винчи” драма околу Dodge Demon ми оди на нерви. Како и да е, 1000 коњски сили секогаш ќе бидат повеќе од 800. 

Пишува: Брацо Моралиќ

Throttle/Brake – епизода 51: Добредојде назад, мануелен Porsche 911 GT3

Знам дека ќе бидам пристрасен во оваа епизода, но воопшто не ми е гајле, бидејќи 911 GT3 (991.2) е мојот омилен автомобил. Се прашувате зошто баш овој автомобил? Прво, бидејќи е Porsche. Второ, преубав е. Трето, доволно е брз за да уживате и да бидете многу брзи во било кој град или тркачка патека во светот. Четврто, во работните денови е сосема цивилизиран, и со него можете да одите на работа, да го носите детето во школо, шопинг, пазар и тн, а во викендите е вистинско тркачко оружје. Петто, а можеби и најбитно, е дека не треба да сте гимнастичар за да влезете или излезете од автомобилот. Доволно ли е? Не?! Има 4.0 литарски атмосферски мотор кој врти неверојатни 9000 вртежи во минута и мануелен менувач!

Изминативе неколку месеци, поршефилите ширум светот беа вознемирени поради одлуката на Porsche да ја “освежи” линијата на 911-ки со турбо мотори. Но турбо и GT3 е невозможна комбинација. Тоа би значело крај за високо туражниот атмосферец кој беше заштитен знак на моделите со ознака GT3. Но, генијалните ликови од Porsche, направија нешто фантастично. Наместо 3.8 литарскиот атмосферец од 911 GT3 (991), вградија 4.0 литарски со шест цилиндри во линија, кој испорачува 500 коњски сили и 460 Nm, наместо 475 и 440 Nm (991). Но, на крајот на краиштата, бројките се ирелевантни во случаи каде автомобилот е досаден за возачот. Во овој случај, насмевката на вашето лице ќе кажува се. Има ли подобро искуство од легален тркачки 911, 500 коњски сили и прешалтување на брзините? Има, ако сте екологист кој вози Toyota Prius.

Дозволете ми да напишам збор-два за “сличностите” помеѓу 911 R и 911 GT3 (991.2), и тврдењата на некои поединци на интернет, дека тоа се всушност два исти автомобили со или без задно крило. Тоа е исто како да споредувате Американец и Британец.

Вистина е дека моторот е ист, но за потребите на 911 GT3, базниот тјунинг е позајмен од тркачкиот 911 RSR. И мануелниот менувач е позајмен од 911 R. Но, има и 911 GT3 со PDK (Porsche Doppelkupplung) автоматски менувач. 911 R е фин колекционерски автомобил, крузер, додека 911 GT3 е вистинско тркачко оружје, со огромно задно крило кое произведува даунфорс за кој 911 R може само да сонува. За волја на вистината, GT3 е развиен рамо до рамо со светски познатиот тркач 911 GT3 Cup. Едноставно, карактерот на овие два автомобили е сосема различен.

Вистинските љубители на GT3 автомобилите сега ќе можат да бираат помеѓу автомобил со помала маса и мануелен менувач, и автоматски кој е на некој начин побрз на права линија. Од место до стотка, автомобилот со PDK менувач забрзува за 3,2 секунди, додека тој со три педали за “само” 3,8 секунди, но тежи 1410 килограми, односно 20 килограми помалку од автомобилот со PDK менувач. Максималната брзина е 320 километри на час. За врвни перформанси на тркачките патеки, покрај огромното задно крило кое е заштитен знак на GT3, за првпат се вградува и системот за ротација на задната оска (кога задните тркала вртат како и предните, и обратно, во зависност од брзината со која се движи автомобилот). Подобрен и е протокот на воздухот под автомобилот, благодарение на новиот преден сплитер и заден дифузер кои се направени од благородни лесни материјали. Целокупната аеродинамика на автомобилот е за 20 проценти подобра во однос на генрацијата 991. Андреас Пренингер, човекот кој стои за GT3/GT2 програмите на Porsche, изјави дека Cup пневматиците на GT3 се идеални за тркачките патеки, но, и дека ќе се однесуваат сосема коректно на влажно и прилично ладно време. Внатрешноста е типична за еден GT3 автомобил со многу тркачки детали, но воланот кој е позајмен од 918 Spyder е како јагода на шлаг. И сево ова за “само” 134 илјади евра! Знам дека се многу пари, но станува збор за супер автомобил. Нурбургринг? Од Porsche тврдат дека ќе оди под 7 минути и 20 секунди. За мене, не е ни воопшто битно. Кога би имал на располагање 134 илјадарки за автомобил… Porsche 911 GT3 во црвена боја.

Пишува: Брацо Моралиќ

СЕЌАВАЊА НА АМЕРИКА “ДЕНОВИТЕ НА ДЕНОТ НА БЛАГОДАРНОСТА“ (IV Поглавје)

„Додека исплашено ги изодував последните чекори пред да пристигнам до мојата соба која беше на средината од долгиот ходник на вториот кат, забрзав како да ме бркаа сто демони и илјада ѓаволи. Нервозно ги извадив клучевите. Отклучив. Набрзина се пикнав внатре. Ја треснав вратата и заклучив четири пати – колку што дозволуваше бравата. Да можев, ќе се затворев во скривница изградена да издржи нуклеарен напад!“ 

Пишува: Dick Major

Да не беше последната недела од Ноември, немаше ни да погодам дека е Thanksgiving – вториот најбитен празник во Америка после Божиќ. Уште од понеделникот приметив дека сите нешто се олабавуваат и се опуштаат, сé нешто се понашаа како да го чекаа Годо.

Во вторникот ми пријде Сара која со гордо стиснати заби не ги пушташе солзите да ӣ се разлеат врз лицето кога ме преколнуваше да се смириме, и ме покани кај нејзините дома во Вичита Канзас за празниците. Културно ја одбив и дури тогаш уствари дознав дека следува продолжен викенд.

Кога дојде среда сабајле, пред да замине со првиот лет до Колумбија, Федерико ми објасни дека ќе се врател за 5 дена и ме замоли да не си играм со неговата виолина која, како сокриено богатство ја чуваше во ќошот од плакарот. Попладнето се испразни универзитетот и ноќта отидов во “University Pub”. Беше тивко и празно како во напната вестерн сцена од филмовите на Серџио Лионе. Само јас, меланхоличниот шанкер со мрзливо око, и нашите догорчиња кои безнадежно згаснуваа во пепељарата додека и двајцата од досада постојано палевме нови цигари. Зацепав две нарачки од по две пива одеднаш, еднооокиот ме почасти шат Jack Daniels за да не биде без ич, и, од што не знаев веќе што со себе, си заминав низ празните улици назад до кампусот. Долгите сенки на високите улични светла и ладниот ветер, ми беа осамено друштво во глувата безбојна ноќ.

Претпазливо влегов во дорматориумот каде празните ходници веднаш ме потсетија на “The Shining“ на Кјубрик. Лобито обично беше преполно со гласни дечки кои гледаа баскет на ESPN, но сега бев единствениот гостин во огромното здание начичкано со безбројни соби во кои знаев дека немаше ниту еден единствен студент. Кој и да бил последниот што ја напуштил зградата, го беше заборавил телевизорот уклучен на филмскиот канал, на кој, сосема прикладно за атмосферата, одеше сцена од некаков “Б“ слешер хорор филм. Го исклучив ужасот. Тишината стивна во зуечка штама од која веднаш ми се кренаа влакната на вратот.

Конечно ми текна значењето на бројот “237“.

Тие три последователни цифри ме мачеа уште од првиот ден како што пристигнав во Тексас, кога бев сместен во Days Inn во соба со истиот број. Додека безшумно се движев низ пустите ходници на стариот неокласичен објект, ми текна дека токму пред собата 237 во филмот беа заклани двете морбидни близначки. Помислата на фамозниот кадар од нивните масакрирани безживотни тела ми предизвикуваше паника, параноја, и неподнослива болка во стомакот…

Иако знаев дека нема никој, се вртев преку рамо за да се осигурам дека од темните ќошиња нема да ми се припојави некаков сериски убиец со секира или можеби со голем кујнски нож; Кој знае, си потшепнав…

Додека исплашено ги изодував последните чекори пред да пристигнам до мојата соба која беше на средината од долгиот ходник на вториот кат, забрзав како да ме бркаа сто демони и илјада ѓаволи. Нервозно ги извадив клучевите. Отклучив. Набрзина се пикнав внатре. Ја треснав вратата и заклучив четири пати – колку што дозволуваше бравата. Да можев, ќе се затворев во скривница изградена да издржи нуклеарен напад! Ги запалив сите светла. Ставив пешкир преку процепот од вратата за да не се фурам дека гледам сенки. Свиткав џоинт со тревата што ми ја подари колешката Ева од Панама пред да замине дома за продолжениот викенд, се надував до полната месечина позади затворените ролетни; и, потонав во безсознание, во страв дека можеби нема да се разбудам никогаш повеќе…

Четврток

Збунет и уморен, се разбудив доцна попладнето околу еден и нешто поручек. Цела ноќ спиев немирно и се будев на пола саат да проверам да не ми влегол случајно некаков манијак во собата, да потврдам дека сум сé уште жив. Ги изгаснав светлата кои гореа цела ноќ и широко ги отворив ролетните. Надвор немаше ниту едно единствено човечко суштество, само две верверички кои се бркаа на голите гранки од старите дрвја и понекој осамен гулаб под сивото облачно небо кое беше тешко како тагата на рамениците на младиот Вертер.

Немав на кого да се јавам, ниту познавав некој што останал на кампусот за Денот на Благодарноста.

Можеби требаше да отидам со Сара во Вичита, никогаш не сум бил во Канзас, си помислив додека го виткав остатокот од тревата.

Не. Никако! Во тој случај ќе си направев љубовна заврзлама и ќе се каев најмалку до нова година, си одговорив сам себе кога го вовлеков првиот дим од љутиот џоинт;

А и кој курац се усрав синоќа како кога бев дете?; Кога случајно се заклучив во огромниот празен стан дома во Белград; Кога имав само пет години; Кога им избегав на баба ми и дедо ми; Кога ме молеа од другата страна да се поттргнам од челичната врата, што мораа да ја развалат пожарникари за да влезат внатре… Кој курац се усрав до толку?!?

Го завршив џоинтот и се надував прописно. Како и ден денеска, иако сега веќе не дувам, ме пукна мојата опсесивна компулсивност. Почнав да си ја чистам собата додека во главата се обидував да си ги одговорам прашањата поттикнати од ненадејниот наплив на некотролиран страв претходната ноќ. Одново си ги здиплив сите алишта што секако ми беа уредно наредени во плакарот. Си ја пицнав работната маса и до мерење на размакот на омиленото пенкало во однос на хефталицата, во однос на тенкоминецот и гумата за бришење. Тивко и концентрирано, сите книги на полиците ги подредив под идентичен агол, по големина, по предмети, и по висината на првата буква од насловите на средината. Внимателно ги поставив така да се читаат од долу нагоре и по нијансата на отсјајот во однос на светлината која ги илуминираше однадвор…

Кога веќе немав што друго да наредам, ги потсредив и работите на мојот цимер кој секако беше педантен, но, очигледно не доволно и за моите болни стандарди.

Сé уште ме држеше Те-Ха-Це-то кога одлучив да го пребродам стравот засекогаш. Се соблеков пиштол-гол. По навика си ставив само пешкир преку долната половина и отидов да се избањам во едното од вкупно четирите купатила кои беа заеднички за сите студенти во дорматориумот.

Како што излегов во долгиот празен ходник, сфатив колку уствари беше прекрасна ситуацијата во која се наоѓав. Бев единствениот гостин во огромната зграда, апсолутен цар на просторот, без криви погледи или непотребни коментари. Fuck it! си реков и го тргнав пешкирот. Почнав да спобудалувам и да си го ландам додека подрипнував низ ходникот, додека си ja потпевнував “♪ I love you baby ♪” на Френк Синатра. Со секој чекор пеењето ми стануваше сé погласно, сé додека не влегов во огромното купатило, и тогаш веќе пискав од радост и возбуда. Ги пуштив сите дванаесет тушеви и почнав да се изживувам во мојата лична епизода од “Зона на Сомракот“. Ги врескав стиховите на Френк Синатра во фалш, како неизживеан панкер со ненадејно премногу слобода. Трчав и се мавав од едниот па од другиот ѕид под тушевите кои скроз садомазохистички и крајно перверзно си ги наместив од најладен до најврел. Помислив и да си го издркам со малку сапунче ама се предомислив. Ми беше премногу јако додека правев shuffle на сите песни на Синатра што ги знаев,

“♪♪♪ And more, much more than this, I did it: MY WAY!  ♪♪♪” 

Саат време подоцна веќе стигнав до “♪ New York, New York ♪” и се вратив во собата, горд како Јане Сандански, храбро како национален херој вреден за статуа со коњ, без трунка страв од било што. Си ја исфенирав долгата коса која ми се извитка и веднаш ми се крена во афро фризура. Се намачкав со Gucci миризливо млеко за тело што мајка ми ми го пикна во куферот пред да заминам. Се дотерав во ѕвонарици, во земјено-жолта кошула и црн струкиран елек да ми одговара со дебелиот широк кожен каиш. Си ги облеков Мартинсот со челик. Си го завиткав вратот со шал од темно-кафеав тенок кашмир. Си ја облеков омилената црна јакна од излитена кожа…

Полн себе, излегов да се прошетам како апсолутен владетел на кампусот. Бев гладен како… би рекол “како волк“, ама не! Бев гладен како дете бегалец од Егејска Македонија на пат до Полска во 1948ма. Бев многу гладен; Многу!

„I’ll have everything double!”, надувано и со тврд акцент ӣ нарачав на едната од двете женички позади долгите стаклени излози во огромната главна кафетерија на универзитетот, што, ми се чинеше, работеше само за мене.

„You should get a sandwich too… for later”, ми кажа малечката Мексиканка додека ми полнеше два тањира со шест дебели парчиња мисиркини гради, четири големи кутлачи пире со лук, две пченкарни земички, цело ваганче кафеав прелив, огромна порција зелена салата удавена во дури и премногу бел Ranch® сос, и две парчиња американска пита со ореви.

„We are closing in one hour” се убаци другата теткица со типичен мексикански акцент за да ми даде до знаење дека нема да имам каде да јадам подоцна вечерта.

„Sure. I’ll have two ham and cheese sandwiches with lettuce, tomatoes and extra mayonnaise. To go please.“, им одговорив како од пушка. Малите буцкасти женички ми се озарија широко и срдечно. Очигледно беа бескрајно горди на мене а посебно на мојот апетит. Весело и насмеано ми скоцкаа два огромни сендвича кои ми ги наполнија со шунка и кашкавал како да редеа торта и ми дадоа и екстра мајонез во една мала алуминиумска зделичка. Нека има, си промумлав и им се заблагодарив: Thank you very, very much Señoritas…

Беше комплетно напуштено и делуваше некако дури и постапокалиптично, така што сењоритите работеа и на касите каде вообичаено имаше десетици касиерки и редици во кои се чекаше до заборав. Едната од нив набрзина дојде да ми наплати, а мојот балкански шарм надополнет со едно екстра “very” во “Thank you very much“ изгеда толку многу ја обори с’ногу, што ми наплати пола од цената, а сендвичите ми ги даде гратис. Muchas, Muchas Gracias… 

Седнав да јадам на моето омилено место, во ќошот од каде вообичаено ги шпионирав балерините насабајле. Целата кафетерија ми беше на дланка, но веднаш потонав во двата преполни тањири како да не сум јадел со години. Грасот ме пушташе, но гладта ни случајно. Се загубив во сочното мисиркино месо и во малата планина пире, дотолку што помислив да се вратам кај малите шармантни мексиканки за уште една тура.

Амазонката

„May I eat with you?“, се штрецнав од милозвучен женски глас и високо го кренав погледот. Пред мене стоеше Lorena Maria Louisa Raquel Souza Oliviera Herrera од Rio de Janeiro.

„You can call me Raquel”, ми ги скрати маките, кога седна пред мене пред да ӣ одговорам дали одобрувам.

Се збунив од храбриот пристап на Бразилката која уствари ја познавав од orientation. Ми фати око и тогаш, но скоро три месеци подоцна заборавив на расната Јужно-Американка. И самата имаше преполн тањир и ми се насмеа кога почна да јаде како што јадев и самиот – со оргазмично мљацкање и повеќе од најмногу ќеиф во секој залак.

„Не отиде никаде за Thanksgiving???“, ме праша без да ме погледне и продожи да си сече крупни парчиња мевце кои ги џвакаше сочно, полека и некако секси. Ӣ одговорив дека доаѓам од премногу далеку за да го имам луксузот да се вратам дома на пет дена.

„Macedonia!? Am I right?“, ме изненади кога ме праша. Опаа, па и она ме пикирала и ме памти уште од пред скоро три месеци, се возбудив и не можев да ја скријам тинејџерската насмевка кога ӣ одговорив: „That’s right, the bellybutton of the world”.

„You are so full of shit!“, ми врати во стилот на Вања из Сарајева, како што заслужив за мојот одговор инспириран од монолозите на Ацо Станковски кај него во атеље само година дена порано. Заќутев како немирно учениче отерано во ќош и продолживме да јадеме додека инфантилно се ѕиркавме и си се кикотевме еден на друг помеѓу залаците. Се познававме само неколку минутки, но веднаш се заигравме како дечиња на лулашки; И баш тоа ни се свиѓаше и на двајцата. Кликнавме на прва и петнаесет минути подоцна веќе бевме во натревар кој прв ќе си го заврши јадењето. Како вистински џентлмен ӣ дозволив да победи иако бев при крај, а она тоа го знаеше. Кога станавме да заминеме, ме фати под рака како да се познававме отсекогаш и ме праша каде ќе одиме…

Ракéл беше горостасна девојка од можеби метар и девеесет, беше само малку пониска од мене. А јас, убав на мајка, да си кажам дека сум огромен, како бесмртен Горштак излезен од некоја пештера во Шкотска! За разлика од минијатурната Сара која без проблем можев да ја носам под мишка како ташничка, а Бога ми и за разлика од повеќето девојки што дотогаш ги имав во портфолио –  Ракéл ми стоеше. Беше Амазонка по раѓање, и тоа беше и повеќе од очигледно. Беше маркантна рибетина, атрактивна, многу голема женска – женска и пол ако не и две; со многу долга црвено-исфарбана коса до г’з, со сетни, крупни, неприметно темно-зелени очи, колкови како на млада кобила, ситно струкче, големи, тврди како камен цицки што гордо си ги мафташе наоколу без прслук, и, имаше крајно безобразен поглед кој беше идентичен на мојот. Си се најдовме, во сега веќе заедничката епизода од “Зона на Самракот“.

Како најдобри другарчиња, фатени под рака, отидовме кај мене во дорматориумот да гледаме страшни филмови на кабловска.

Супер цура беше Ракéл – вистински другар. Апаш во најромантична смисла на зборот, бистра и паметна, харизматична и сексуална и во најмалиот гест. Пријатели сме и сега – после скоро дваесет години а се немаме видено петнаесет, и со неодолив шарм ми пишува редовно како го вара таткото на нејзините три деца како стигне и со кого и да стигне (башка, сега има уште две презимиња, ама ајде, да не претерувам).

Знам дека изливот на позитивни емоции за Ракéл, како и ненадејното откривање на нашиот сé уште активен однос, можеби го скрши четвртиот ѕид на поглавјево; но, верувајте – ништо не знаете, исто како и сопругот на Ракéл – појма немате!

Петок

Ракéл спиеше веднаш до мене на широкиот кауч во лобито кога отворив очи. На телевизорот одеа реклами за паста за заби, за осигурителна компанија, за некој локален адвокат специјалириран за сообраќајни несреќи. Го стишив тонот и го дојадов остатокот од сендвичот со шунка и кашкавал.

Сонцето зад подотворените завеси фрлаше повеќе од доволно светло на нејзините цицки услинавени од лигите кои ӣ течеа од подотворената уста. Прекрасната убавица спиеше како пијан морнар и хрчеше како викинг. Долгите нозе ӣ паѓаа од каучот и ӣ ги поткренав за да ӣ направам да ӣ биде поудобно. Не можев да го тргнам погледот од огромните цицки без прслук кои скоро да ӣ ја кинеа тенката и малтене проѕирна бела памучна маичка со розеви штрафти. Сé беше тука пред мене: тврди темни брадавици со сразмерно тамам пупка; беа меснати, полни како топки тесто за фамилијарна пица, доволно големи да им позавиди и порно ѕвезда; кожата ӣ беше затегната како на цицките на мајка ми кога бев дете; и ӣ се наѕираше понекоја пегичка за да ме заскокотка уште повеќе.

Го земав тенкото ќебенце за кое се грабавме цела ноќ и ја покрив само за да си направам можност да си ја слизнам раката врз нејзините огромни тврди гради. Ги подзатворив и очите како некакво манијачиште и веднаш се напалив како да имав тринаест – кога ӣ ја поминав левата тешка цицка.

Ја покрив, ја погалив по долгата коса, запалив цигара и отидов да се искењам и да измијам заби.

Петнаесетина минути подоцна се вратив и Ракéл беше разбудена. Пушеше цигара и си ја фаќаше долгата коса во репче.

„You like my tits?” ме праша и ме збуни. Имаше благо накурчен израз на лицето и мртва-ладна си ја соблече маичката. Боженствените цицки скоро и да не ӣ се поместија на совршеното голо торзо. Стоеа исправени како ројалната гарда на кралицата на Англија. Ме обзема топлина, срам, конфузија, врела пот во пазувите…

„Come here and touch them! You want to touch them, don’t you!?“, ми ја зема раката, бесчувствително ми ја стави на големите гради и потоа ми ја тргна на страна.

„This is the second and last time you’ve touched them!” ми кажа сега веќе поднакурчено. Бев крив и немав што да ӣ вратам. Никогаш претходно немав направено такво срање, а тој прв пат ми остана и последен. Ракéл се облече набрзина и си замина. Не се ни обидов да ја вратам назад зошто знаев дека сум крив. Излегов по неа и ӣ се извинив неколку пати, така признавајќи си ја вината за простаклукот.

Не се ни сврте. Се јадев жив додека ја гледав како се оддалечува во црна точка низ сувите лисја на пустиот кампус.

* * *

University Pub беше затворен, а и подобро беше така за мојот новчаник. Отидов до најблиската бензинска за да набавам пиво. Беше крај на Ноември и веќе бев скоро готов со џепарацот што ми го пушташе татко ми како пензија секој први од месецот иако имав и кеш за трошење од стипендијата. Но, јебига, со последните дваесетина долари си купив две пакувања од по дванаесет Shiner Bock-а и две кутии Camel® без филтер зошто немав уште пеесетина центи колку што ми фалеше за нормалните Камел. Копилето што работеше таму неќеше да ми излезе у пресрет – копук!

Натоварен како магаре, едвај се довлечкав назад до дорматориумот. Се струполив на каучот, се покрив со ќебенцето кое сé уште мирисаше на Ракéл, си пуштив филмчиња на HBO, здрвив цел пакет пиво, ја испушив едната кутија катран без филтер и пијано се онесвестив пред телевизорот; со тешко чувство на вина заради оправданото отсуство на неодоливо раскошната и апсолутно прекрасна Амазонка.

Сабота

Ја читав “Љубов во време на колера“ на Маркес во мојата соба, се сеќавам како да беше сега пред малку. Веќе беше многу доцна попладне и бев загубен во книгата, а и во речникот, зошто ми беше прво сериозно четиво на англиски. Фатив да го листам романот рано сабајлето и бев некаде скоро до средовечноста на Флорентино Ариза и на Фермина Даза кога чув ситно удирање на прозорците. Како ја кренав главата, видов едно камче кое за малку не го скрши стаклото пред моето лице.

„Еј гомнар, знам дека си таму, само твоето светло гори во радиус од неколку миљи“, го чув крештавиот полупијан глас на Ракéл уште пред да стигнам да ги отворам ролетните до крај. Се израдував како мало дете на накитена елка, и веднаш се симнав со трчање за да ӣ ја отворам главната врата од зградата.

За инат или не, Ракéл беше дотерана како за у диско. Прво што видов пред да ме гушне како најдобар другар, беше голема натапирана фризура, многу маскара, размачкан креон, дебел слој црвен кармин, и најголемата бунда од крзно на лисици што ја имам видено икада. Беше очигледно подзапиена и влезе во лобито од дорматориумот како начукана и трапава проститутка. Си ја соблече долгата бундетина за која веројатно утепале триесетина сироти животинчиња, и на нејзиното совршено и големо тело веќе скоро и да немаше друга гардероба. Само една многу висока и претесна сукњичка со намерно очигледни подвезици, тесно и кратко памучно маиче со отворено деколте – кратко за да ӣ се гледа тетоважата околу пупакот на кој исто така имаше и пирс со зелен смарагд, и тесно за да ми ги пикне огромните сочни цицки во носот ко за инат; Носеше високи тенки штикли за да биде на моја висина, и светкави – очигледно многу скапи менѓуши нараквици и ланче – сé од вистински дијамантни и смарагди кои ӣ го комплементираа пирсот.

„I would have done your make up much better“, беше првото што ӣ го кажав кога ми се дигна како на дугме. Пијаната Бразилка ми се насмеа со зашеметено криви очи. Разлигавено и несмасно ме баци во устата и ме гушна доволно силно за да ӣ ги осетам големите гради врз моите. Не ме занимаше зошто се врати, уште помалку зошто му прости на мојот простаклук, но бев пресреќен дека беше пијано клапната на моите широки раменици. Ја чувствував како другар, уште од кога ја видов во кафетеријата. Не сакав да ја загубам. Низ годините, а поготово во годината на четврта средно во Оклахома – никогаш не се споив емотивно со никој.

Ракéл некако ми пасуваше од прва, ја доживував како реплика на самиот себе, исти јас но со многу подобри цицки. Претходната ноќ ја поминавме улегнати пред телевизор и со саати се кршевме од смеење без причина. Да! Сакав да ӣ ги изебам цицките, но смеењето со неа беше далеку подрагоцено и поретко од што било друго што го бев искусил претходната година и во годините потоа.

Го извадив второто пакување со дванаесет Shiner Bock-a, а Ракéл извади грам кока. Следните два саата пиевме и се дрогиравме и разговараме за татко ми, за мајка ӣ, за дечко ӣ, за девојка ми бивша, за детството, за љубовта, за нејзините подвезици, за мојот крив кур, и за ненадејниот хируршки сунет кога имав десет години. Ни беше најбоље на свет. Риноларинголошки бевме здрвени, алкохолот скоро и да не го чувствуваме, а се закачавме и флертувавме до бескрај. Толку многу се кршевме од смеење додека си го релативизиравме минатото што, барем јас, се осеќав пресреќен до крајот на светот.

Коката ни беше скоро скроз ушмркана, а пивото веќе го завршивме кога Ракéл ми кажа дека парите не се проблем. И во ред беше тоа, пивото стварно не беше проблем, проблем беше белото. Отидовме до бензинска, купивме два пакети од по дванаест Хаинекена, и се вративме во мојата соба. Пола саат подоцна, после последните две црти, Ракéл ми кажа дека знае каде можеме да ќариме уште многу кокаин, но дека ӣ требаат мојата машкост, досетливост и храброст за да стигнеме до неа.

„Let’s do it!“ беше мојот одговор – прикладен за кој било тупав клипан од Карпош 4.    брааат…

Излеговме во студената пуста ноќ и тргнавме да се прошетаме до куќата на нејзиниот дечко која беше на петнаесетина минутки пешки низ најтемните улички во маалото карши универзитетскиот кампус.

„This is the house“, ми посочи Ракéл кога стигнавме пред една стара и навидум запуштена семејна куќичка на крајот од последната улица пред автопатот кој поминуваше скоро над неа. Дечко ӣ беше нешто постар од нас, некои си пет години, и беше бивши студент по применета уметност на кој не му одело со ништо друго освен со правење на апстрактни глупости кои не успеваше да ги продаде ни во локалниот “Open Arts Market” каде шиткаа опасно лош bullshit за 5 долари по парче. Ракéл ми објасни дека шизикот напуштил студии предходната година кога сфатил дека има клиентела на која може да ӣ шитка кока и други срања, за да си ја оддржува својата нарко навика, за да преживее додека ги лажеше татко му и мајка му дека е сé уште студент на престижиот универзитет. Викендот, типот и самиот беше заминат дома за Thanksgiving, а на Амазоката ӣ се кркаше од неговата кока.

„So what do you want me to do?“, ја прашав откако ги проверивме сите прозорци и врати и установивме дека се затворени.

„There is a lot of cocaine in there, think of something!“, ми одговори како да ме молеше да скршам прозорец.

Ја соблеков кожната јакна, си ја навиткав околу лактот и веднаш го скршив прозорчето од задната врата. Направив како што имав видено во филмовите и, на мое изненадување – ми успеа! Ја протнав раката, ја отклучив бравата и влеговме безшумно. Ракéл се возбуди и ја пукна адреналин. Извади флаша водка од плакарчето од кујната зошто точно знаеше што е и каде е. Џапнавме по неколку цуга директно од шишето набрзина, и нервозно седнав на каучот кога ӣ кажав: Да ја убрзаме работата да го ебам! За кратко ја снема во спалната и лудачата се врати еуфорично и збрлавено како да видела дух. Ме праша дали да ја земе целата кока или само дел. Ӣ одговорив дека мораме да бегаме оттука што поскоро – така што „Just get it all!“, беше мојот одговор. Будалата ја извади пресвлаката од едната од перниците на каучот, ја снема повторно во спалната за кратко, се врати, и панично ми шепна: „Let’s go. NOW!“.

Недела

Ракéл не ми даде ни да ја залапам. Бев излуден од ноќта помината со нејзините цицки насекаде врз моето тело, но ни случајно во мојата уста. Бев скренат од паметот заради саатите поминати со нејзиниот натртен г’з насекаде околу мене, освен во моите раце, и од подвезиците кои намерно си ги поднаместуваше пред мене како ефтина курвештија од лош еротски филм. Бев избезумен и на раб на инфаркт од коката на која ӣ немаше крај. Устата ми беше ушмукана како во сув вакум, а лицето ми беше здрвено како да ми ставиле анестезија пред да ми ги вадат сите четири осмици одеднаш. Дишев брзо. Се смеев хистерично и без причина. Налудничаво почнав да кркам и од печурките од што не знаев што друго да направам додека ја молев Ракéл да ми даде да ја изебам.

* * *

Како што избегавме г’з преку глава откако ја обивме куќата на нејзиниот дечко-дилер, стигнавме во мојот дорматориум за помалку од пет минути. Сé уште не можевме да дојдеме до здив кога Ракéл ја преврте пресвлаката од перницата врз големата дрвена маса од лобито. Девојката беше откачена, нема што. Му ја беше собрала целата дрога на гомнарот, и пред нас имавме повеќе од триесет грама кока, цела голема кеса халуциногени печурки, барем двеста грама високо квалитетен грас, околу сто таблети екстази и десетина шишенца полни со по најмалку пеесетина валијуми во секое! Никогаш во животот немав видено толку многу дрога, а тогаш, многу точно бев проценил дека ми изгледаше како сигурни дваесет години робија во maximum security prison, ВО ТЕКСАС! Ракéл не ја занимаше ништо освен коката и ја истури повеќе од пола на масата. Веднаш направивме по неколку безобразни, непотребно дебели црти и почнавме да се бркаме низ празните ходници на напуштената стара зграда. Бразилката ме испровоцира и почна да ме зеза за приказната во која ӣ се отворив дека ми е многу крив курот заради сунетот што ми беше направен во премногу доцното детство. Ме закачна доволно за да се соблечам само по чорапи како кретен, и така гол, со курот напред, да ја бркам низ дорматориумот додека оваа крештаво бегаше и ми ги покажуваше совршените големи цицкишта секој пат пред да стигнам да ја дофатам…

Некаде околу полноќ бевме комплетно спобудалени и избезумени, психотични изгубени и изземени. И двајцата бевме на раб на овер. Можев да ӣ го видам чукањето на срцето од кое ӣ вибрираше торзото со секој удир. Дишевме како да сме на врвот на Монт Еверест, не можевме да дојдеме до здив, а мене срцето сакаше да ми излезе низ стомакот како Alien-от на Ридли Скот. Наапан и на халуциногени печурки, ме развали параноја дека ќе умрам неславно. Што ли ќе помисли мајка ми?; Сирота сестра ми!; Татко ми ќе ми се наљути ако цркнам, беа налудничавите мисли кои полека ми ја убиваа вербата дека ќе го доживеам понеделник.

Коката тогаш , како и денеска, најчесто ја сечат со лаксативи затоа што протерувачот на гомна има боја и вкус сличен на Benzoylmethylecgonine* (*профи името за бело), и, се разбира ме тераше на серкавец. Каде бев нашмркан како Scarface, па и пијан, надуван и накркан со Psilocybin Mexicana* (профи името за халуциногени печурки од врстата Mexicana), уште и ме пукна неконтролиран пролив.

Културно ӣ се извинив на Ракéл и со стиснат гол газ отидов во WC.

Седнав на шољата, склопив раце пред лицето, затворив очи, пуштив еден бескраен прскавец и се впуштив во потрага да го пронајдам квантниот алгоритам на мојата деформирана свест. Коката ме акаше од земја, грасот ме затупуваше, но немаше да имам проблем со директна линија да се уштекам на системот кој ми функционираше на autopilot, да не ги изедев и печурките.

Ах, проклети печурки… Гледав како низ калеидоскоп, а дезенот на плочките во ве-це-то ми се извртуваше во сферична бесконечност кога и да отворев очи. Не можев да рачунам, не можев да најдам логика или смисла; само апсолутна вистина која беше страшна и конечна!

За разлика од LSD, печурките имаат космичка интелегенција, и кој и да ги скрка ќе се најде во натприроден дијалог со самиот себе, со печурките во себе – кои секако ќе му се обратат. Времето запре, просторот стана безначаен, додека се молев да прекине грозното чувство на безнадежност.

Те молам Боже, Те молам, почнав да станувам очаен…

…ми се отвори големото око во тријаголниците кои не можев да прекинам да ги гледам позади силно згрутканите капаци од очите…

Пуштив уште еден прскавец и алгоритамот донесе одлука во духот на суперкомпјутерите од приказните на Исак Асимов – Живот! Топлина! Вода! 

Ги пуштив сите дванаест тушеви на совршено топла температура и легнав на плочките од огромната колективна бања. Се свртев на стомак и оставив репетитивното удирање на стотиците илјади капки да ми замантраат во Божјето ॐ – Оммм…

Во купатилото влезе Ракéл која многу паметно одлучи да не се наапа со печурки. Ме виде како беспомошно лежам на земја и вознемирено ме праша дали сум во ред. Не се сеќавам, но мислам дека не кажав ништо. Ракéл се соблече гола и легна до мене да ужива во водата која секако нé успокојуваше малку од малку. Цела вечност подоцна, ги потрошивме огромните бојлери во подрумот кои беа наменети да обезбедат топла вода за сите – повеќе од тристотини жители на дорматориумот!

„Do you feel better Peter”, тивко, загрижено, топло и некако мајчински ме праша мојата нова најдобра другарка. Млитаво се исправив и си ја прегрнав џиновската гола и влажна Амазонка. Бев скоро искрен кога ӣ одговорив дека сум тип-топ. Коката ми го вознемируваше системот, грасот не го ни осеќав, но печурките сé уште ми правеа друштво во најтемните ќошиња на потсвеста. Сепак, водата ми помогна да се вратам на нозе макар и млитаво…

Како што излеговме од купатилото надвор силно почна да свети мрачно утро. Ја замолив другарка ми да се присобереме од лобито најпедантно што можеме, и да се повлечеме во мојата соба како професионалци.

„Гостите на дорматориумот секако ќе почнат да се враќаат назад драга моја Ракéл“, ӣ кажав тивко, сериозно и со благо вознемирувачки тон.

Совршената Ракéл се подотрезни од глетката на мојот загрижувачки изглед и направи сé што ја замолив додека трипав како никогаш претходно. Го врати малото брдо кока во кесето во кое секако имаше топка кокаин, ги стави сите други дроги назад во пресвлаката за перница, ја забриша масата, провери наоколу да не сме испуштиле нешто, ги фрли исечените зелени сламчиња со кои шмркавме цела ноќ, и ги собра празните шишиња пиво кои уредно и за пофалба ги стави во кантата за рециклирање.

Направен лом, си ја гушнав за да ӣ се заблагодарам и ја прашав дали сака да спие до мене во мојата соба. Ӣ кажав дека ми треба друштво, дека ќе ги споиме мојот кревет со креветот на мојот цимер и дека сé ќе биде во ред. Ракéл прифати како едвај да чекаше да предложам нешто слично и веднаш се качивме горе.

Беше веќе некаде околу седум сабајле и другарка ми ме праша како ќе заспиеме зошто бевме на загрижувачки високи нивоа на cocaine-induced допамин.

Алгоритамот во мојата глава, кој едвај функционираше, ми ја помести раката и го извадив едното од шишенцата Валијум. Кркнав три таблети, што беше глупаво зошто дозата беше како за болни од рак, свиткав еден дебел џоинт и легнав на креветот. Ракéл се облече во мојот екстра пар топли пижами што ми ги имаше купено мајка ми за сваки случај; и самата наивно кркна два Валијума, се надуваме заедно, ме гушна и легна до мене. Бев изгубен вон оваа реалност, во загаситиот мирис на женштурачата до мене, но се вратив за кратко како во лош турски ес-еф филм, само за да ја бацам во устата, во сочните темни усни, најдругарски и со искрени желби за добра ноќ.

Понеделник

Беше саат колку и да сакаш кога во темната соба со спуштени ролетни влезе мојот цимер кој знам дека пристигна со последниот лет од Боготà. Беше окезен од уво до уво, a надвор во ходникот веќе се слушаа екстатичните изливи на слобода на моите тупави комшии – студенти кои се вратија во дорматориумот. Федерико си го остави куферот до вратата и кога виде дека полусвесно го приметувам, направи некаков глупав гест демек сум ја ебел Ракéл. Го изигнорирав кога повторно склопив очи, додека го слушав како си ја проверува сокриената виолина во плакарот.

Човечето немаше појма. Замина од собата како и што влезе – безшумнo. Фала Федерико, muchos gracias.

Се свртев и го видов разлигавеното лице на Ракéл кое беше сонливо насмеано додека безгрижно спиеше до мене. Помислив да си ја ставам раката на нејзините големи цицки; Но, никогаш не знаеш дали знае, си помислив и без да ризикувам, ја прегрнав како сестра ми кога делевме кревет кога бевме тинејџери.

* * *

Убер-Ѓаволот Г-дин Опијат Валијум го исполни својот дел од договорот, нé одзема од сé друго, но нé оттрпна до задутре…

Вторник

Се разбудивме на пладне. Спонтано се бацивме како да сме се разбудиле од кошмар и дури и си пуштивме јазик кога отворивме очи.

Беше тоа почеток на едно прекрасно другарство.

Dick Major

Пиши му на Dick Major: dickmajor2@gmail.com

СЕЌАВАЊА НА АМЕРИКА “TEEN ROM-COM“ (III Поглавје)

„Five minutes everybody!”, нѝ довика возбудената менаџерка на продукција кога го протна дебелиот сурат во машката гримиорна. Коцкастите наочари ѝ паднаа на земја додека ја затвараше вратата, пред да ја извади големата свинска глава од процепот. Врисна од болка!

Пишува: Dick Major

Teen Rom-Com * 

(* Романтична комедија со тинејџери)

Беспрекорното и совршено тело на Сара Бишоп, кое изгледаше како да е некаква вонземска биомашина конструирана лично од Боговите на предхристијанските Македонци, нејзините страсни но нежни и пресметани движења, силното и одлучно мешање со тесните мали колкови во моите џиновски раце, врз моето масивно торзо, со мене во неа, под неа, и комплетно предаден на еротската немилост на малечката прима балерина, беа единствената и многу сериозна причина зошто не можев да избегам од нејзината болна желба да бидеме дечко и девојка, засекогаш.

И покрај тоа што се гледавме само неколку кратки недели, уште од првиот бакнеж, Сара беше и повеќе од успешна во намерата да се видиме секој ден, најмалку два до три пати на ден. Секое сабајле, како што поминуваше пред мојот дорматориум за да оди на предавања во отсекот за Балет, ќе ми довикаше со грлатиот и рапав глас да се појавам на прозорецот од собата полугол и поспан, за да ми прати неколку бакнежи зачадени од цигарите без филтер што ги пушеше како натурализиран Турчин. Попладнето ќе ме пронајдеше каде и да бев, за да ме изненади и најтеатрално да ми се фрли во скутот, да ме избацува за целиот свет да види. Моите таинсвени ноќни воајерски авантури од другата страна на прозорците на студиото за балет набрзина се заменија со постојано присуство на пробите, кои, откако ми среди Сара со нејзините професори, тивко ги следев скоро секоја ноќ внатре во студиото, од тесниот балкон што беше заробен помеѓу високите стаклени витражи и огромните огледала.

dm1

После секоја проба, ќе ја испратев Сара до нејзиниот дорматориум каде по девет навечер беше забрането присуство на мажи. Како некаков разбојник се прекачував преку прозорецот внатре во нејзината соба за да ја чекам во темница, додека да се истушира и да се врати полумокра и завиткана во пареа која, секогаш и без исклучок, ѝ се чадеше под наборите на разврзаниот минијатурен баде мантил од тенка розева фротирка. Ќе влезеше во собата со влажна пунџа од која се цедеше вода, пиштол гола ќе ги облечеше балетанките зошто знаеше дека така сакам, ќе ми дозволеше да ја исшприцам со уљенце, и после тоа, во следните пола саат а понекогаш и помалку, без проблем ќе изманипулираше најмалку две до три срвшавки од мене. Бев марионета под нејзините мали прстиња и знаевме и двајцата дека токму тоа ми ја кршеше машкоста и парампарче ми ги правеше егото и сеќавањата на сите претходни љубовни походи со кои бев и повеќе од горд.

dm2

„Мислам дека треба да се префрлиш во Отсекот за Балет“, сосема сериозно и без трунка иронија ми кажа Федерико една ноќ како што се вртевме секој во својот кревет, додека пред спиење му раскажував за балерините.

„Толку многу време поминуваш со нив што мислам дека треба уште сега, додека сé уште имаш време, да се префрлиш и да студираш Танцова Кореографија наместо Театарска Режија – same shit, better bodies to work with“, продолжи мојот очигледно благо завидлив цимер од Колумбија.

Не му одговорив ништо, само ги затворив очите и продолжив да сонувам за балерините кои ми играа во музичката кутија, низ главата.

dm3

Холивуд за Почетници

„Големите работи имаат мали почетоци“, вели  генијалниот Мајкл Фасбендер во улогата на роботот во “Prometheus“ на Ридли Скот. И сé додека не го видов филмот пред неколку години, кога го чув цитатот, ми текна и веднаш ми се прикења кога се сетив на “големиот“ холивудски глумец со мал почеток, мојот колега – Крис Клајн.

dm4

Бев редовен и сериозно посветен на моите први часови по глума што ги држеше професорката Ен Лин Кетлс. Oдлична театарска актерка која и покрај неверојатниот успек во главната улога на сега веќе антологиската оф-бродвејска претстава “Master Class“, каде извонредно ја глумеше фамозната грчка оперска легенда Марија Калас, сепак, претпоставувам, на своите другарки од средно како и на комшивките им беше единствено позната по некоја мала и мизерна епизодна улога во ТВ хит серијата од осумдесеттите – Мајами Вајс. За жал, жената повеќе се гордееше со тоа срање мислејќи дека така била поблиску до холивудска слава, наместо со скоро четириесетте години поминати на даските на сите поважни театри во југо-западот на Америка.

dm5

Професорката Кетлс сакаше да оддаде впечаток на вистинска госпоѓа со непогрешливи манири и велинченствено држење како што е тоа на британската кралица во најмала рака. Им пркосеше на своите педесет и многу години и занесено ја зафрлуваше главата на страна, секој пат кога си ја поднаместуваше фенираната тенка коса, како кокер шпаниел со заглавена магарешка трева во увото. Предавањата ѝ беа полни со муабетење за неа, за нејзината кариера, и за скоро недостижниот пат на сите нас до нејзиното неверојатно ниво на успех. Колегите глумци паѓаа во несвест на нејзините часови, губеа воздух, ненадејно дехидрираа, превртуваа со очи и скоро и да умираа во драматичните паузи на професорката, за време на претерано долгите монолози каде го објаснуваше Методот на Станиславски како да го познаваше човекот…

dm6

Мене лично, за разлика од останатите, ме беше заболе курот, ама онака – ептен! Немав никакви амбиции да станам глумец и ми беше апсолутно досадно додека си фаќав сеири за време на континуирано неуспешните обиди во површната автопсихоанализа на самобендисаните колеги актери, кои најмелодраматично припаѓаа на секое предавање, каде мислеа дека треба да рикаат од плачење за да ја импресионираат својата препотентна професорка.

dm7

Часовите по глума ги разбирав како обавезна препрека која морав да ја прерипам на патот до мојата режисерска слава. Едвај чекав еден ден, како нивни режисер, да им кажувам на мороните што да прават и како. А тој ден, силно светна после само две неполни години…

Океј, назад на час по глума…

Во малата група од околу дузина студенти беше и фамозниот Крис Клајн.

Крис беше дојден од богато семејство од руралната земјоработничка Небраска. И тоа, веднаш по неговиот неверојатен успех во една не толку мала улога во ремек делото на мајстор-режисерот Александар Пејн – “Election”, со Метју Бродерик и Рис Видерспун во главните улоги. Филм кој излезе баш таа година, un-fucking-believable! Лично сведочев на зачетоците на уште една one-hit-wonder холивудска кариера.

dm8

Присуството на Крис во малата сала за време на предавањата им правеше каша-попара на суетите на другите колеги. Не знаеја дали само да го презираат, додека квази-додворливо му се улижува, или и да го мразат; Затоа што учењата на Станиславски немаа формула за нивните невообичаени преплети на немирните чувства на потајна глорификација, завист, ужас, интуитивно лицемерие и евентуална интелектуална проституција. Но, беше и повеќе од очигледно дека сите до еден беа спремни да учествуваат и во копрофилични гадотии доколку тоа му беше фетишот на Крис, само за да еден ден стигнат до Холивуд.

dm9

Сите студенти по глума беа дојдени да студираат со најдлабоки амбиции да станат токму тоа што му успеа на Крис Клајн една година претходно, кога доби шанса да се проба на аудиција за улогата на стереотипен амерички средношколски спортист, и тоа единствено затоа што Александар Пејн одлучил да го снима филмот на локација во некое заборавено средно училиште во Небраска каде Крис бил уште еден ученик и член на театарската секција, кога му се отворила шанса да покаже колку стереотипно тупав и глупав може да биде. И пошто беше некако пластично личен, а и стварно беше тупчо глупчо, се разбира – ја доби улогата. Тоа, драги мои, се вика Type Casting, или, вака брутално искрено да го објаснам терминот: Ако си Александар Пејн и имаш лик кој е идиот – најпаметно е да земеш реален идиот да го глуми, нема да утнеш.  Само една година подоцна, Крис глумеше идентично плиток лик во блокбастер тин-комеди хитот “American Pie”. Неколку кратки години, и уште две продолженија на “American Pie” подоцна, толку беше од глумачката авантура на Крис. Дури и скоро да му ја уништи кариерата на феноменалниот акционен режисер на “Die Hard“ и на “Predator“ – Џон Мектиернан, кога ја доби главната улога во неговиот најлош филм, ужасниот римејк – “Rollerball”.

dm10

Како и да е, кога дојде време да нé стават во парови за да секој има некој со кого ќе ги работи дијалошките вежби, мене, за инат на сите други, ми се падна Крис. И двајцата имавме мали улоги во факултетската продукцијата на Учени Жени, и професорката мислеше дека е паметно да работиме заедно. Во интерес на претставата, како што ни кажа, каде и самата работеше со младите актери, а напоредно со режисерот и мој ментор, главниот професор по Театарска Режија, убер-дркаџијата – Џорџ Браун. (Џорџ ќе го обработам некое поглавје подоцна; Таков гомнар заслужува засебно и многу сочно прераскажување на ликот и делото!)

* * *

Учени Жени на Молиер е феноменален и безвременски текст чија забавна и универзална досетливост дотолку повеќе ме скокоткаше за време на бесконечните проби каде веќе напамет ги знаев сите реплики на секој еден лик. Премиерата беше закажана за само една недела и го искористив тоа како евтин изговор за да избегам од зелената соба каде не сакав да се среќавам со девојка ми. Толку многу време поминував со Сара што веќе не можев ни да ја гледам, a за време на пробите сакав да уживам во воајерското шпионирање на нејзините колешки кои беа која од која поатрактивни и помлади. Башка, обожавав да ги посматрам од црнилото на кулисите на бекстејџот.

dm11

Сара беше senior, во својата последна година од студиите, и беше четири години постара од мене. Имаше скоро дваесет и три и колку и да ми беше тоа предизвик, откако ја освоив, веќе немав порив да продолжам да ѝ бидам дечко. Уживав во нашиот секојдневен егзибиционизам каде се дупевме како џукели каде и да стигневме, но во тоа време мислев дека за мене Сара е стара, посесивна, но забавна и шармантна, и во мојата глава беше само добар другар со кој, ете, патем имавме и феноменален секс.

dm12

Знаев дека беше зацопана до уши и сакаше што поскоро да се омажи за мене, затоа што, кобајаги на шала, ми го даваше тоа до знаење неколку пати; во период кога исто така и почна да се однесува како да ми е мајка. Кога примети дека имам само еден пар постојано исфлекани фармерки, ѕвонарки што ги носев гордо како Џими Хендрикс, почна да плаќа за сите мои сметки без да ми даде да изустам ниту еден единствен збор на протест. Наеднаш сакаше да ми плати за сé, да знае сé, да зборува и да ме провоцира за апсолутно сé. Каде и да погледнев гледаше и таа, и каде и да се свртев таму беше она. Сара Бишоп ми го имаше удрено пикот и сé додека конечно не ѝ раскинав, сфатив колку беше опсеивно преокупирана со првиот Македонец што го имаше сретнато.

“University Pub”

„I told my dad about you. He’s so excited, he wants to meet you!”, ми шепна една дождлива ноќ кога децидно одбив да плати за мојот цех во локалниот паб каде ми даваа да пијам алкохол… затоа што, второ што направив кога пристигнав на TCU – си обезбедив фалсификувана лична карта преку едниот од синовите на Хасан.

Ќе продолжев да инсистирам да си ги платам пивата, но, помислата дека треба да одам во Вичита Канзас за да се соочам со татко ѝ, и евентуално да ја просам раката на девојката која ја познавав само неполни два месеци, ми ја затна муцката и ме транспортираше до шанкот каде, како хипнотизиран алкохоличар, нарачав дупли бурбон и уште два ладни Shiner Bock-а.

dm13

Петнаесет бесконечни минути подоцна, и како и секогаш, испадна по волјата на Сара која ја плати сметката без око да ѝ трепне. Со задоволна насмевка ми нарача уште еден дупли Wild Turkey и ми се фрли на рамениците како некаква малечка волчица што си ја обележува територијата, истиот момент кога виде дека во барот влегоа нејзините колешки од Отсекот за Балет! Дојдоа од некоја проба за претстава во која не играше и Сара. Убација пари во стариот џукбокс и веднаш почнаа да џускаат и да лудуваат на плејлистата составена од Abba’s Greatest Hits, Jon Bon Jovi и песната Sweet Home Alabama која ја програмираа да иде на рипит помеѓу секоја следна нумера. Срцките се понашаа како да не беа доиграни од неколкуте саати неуморно вежбање од каде пристигнаа сé уште подзапотени, врело загреани, и мокри од поројниот дожд – предвесник на есенската сезона на торнада во Северен Тексас.

Беше некаде околу девет навечер и барот само што почна да се полни. Му бев спомнал на Крис Клајн каде ќе бидам ако сака да дојде на пијачка, и на мое големо изненадување, холивудската ѕвезда се појави секунди после балерините.

dm14

За време на нашите дијалошки проби некако чудно и ладно се споивме со Крис. И покрај тоа што не правевме ништо освен тоа што ни беше задача за следниот час кај професорката Кетлс, убеден сум и сега дека мојот крајно горд, благо егоцентричен и очигледно незаинтересиран однос кон него, му даваа слобода да биде сигурен дека, за разлика од останатите соученици, нема да го молам да ми среди место на аудиција за следниот филм за кој и самиот се бореше да добие улога. Да не заборавиме, Крис беше син на едниот од поуспешните земјоделци во Небраска, и колку и да му се беше насмеала среќата, му фалеше домаќински искрен и нелицемерен однос што секако го добиваше од мене. Лично мислев дека типчето е О.К., но ништо посебно, а и му го давав тоа до знаење, без разлика на неговата тазе стекната холивудска слава. Да сакав да бидам глумец, кој знае, можеби и ќе му го подиспушев, само малку. Но, тоа не ми е стилот, а секако сакав да бидам режисер и знаев дека Крис не може да ми биде од апсолутна никаква корист.

dm15

Како што влезе во пабот срамежливо и несигурно, стуткан и мокар од силниот дожд, така веднаш ги намами сите присутни да му се залепат како гнасни преспански пијавици. Додека се поздравував со мојот колега, беше само прикладно и учтиво да го запознам со девојка ми и со нејзините колешки кои почнаа да се фрлаат околу него како спобудалени гускички во време на период за парење. На мое големо изненадување, дури и Сара му се окачи околу вратот како некаква амајлија против уроци. Наеднаш, балерините сакаа да се запознаат и со мене, само за да ги претставам на другар ми Крис Клајн кој изгледаше како да се загубил низ невремето надвор, и така, сосема случајно завшрил во “University Pub”. Беше затекнат од театралното и крајно кореографирано фолирање на секоја една танчарка која му се фрлаше во прегратка, а зуеа околу него како рој диви пчели. Ја искористив можноста и кокетирав и самиот со девојчињата кои ги меркав со месеци наназад, сé со цел да имам шанса да им пријдам еден ден кога немаше да бидам во друштвото на Крис или Сара.

Единствената помеѓу нив која се тргна на страна и на која ѝ беше очигледнио непријатно заради нахалноста на своите безобразни и безобѕирни колешки, една ситна и пегава, наизглед клинка, со црвена капуљача што не ја симна од главата, се повлече во темниот ќош позади шанкот и ја видов од крајот на погледот кога неуспешно нарача нешто алкохолно што секако не ја услужија заради нејзиниот изглед на тотално изгубена малечка црвенкапичка.

dm16

„My name is Heather, Heather Winters“, ми се претсави културно но некако исплашено, откако ѝ пријдов за да скришно и најдругарски ѝ турам малку од мојот бурбон во џиш-жолтиот безалкохолен коктел што досадно го сркаше низ тенка проѕирна сламка. Хедер го прифати мојот учтив пријателски гест и ми се заблагодари со наведната глава. Не кажа ниту збор повеќе. Нон-шалантно се заврте кон внатрешноста, си ја поднамести црвената капуљача преку бистрите сини очи, и ќутенката се смешкаше на шашавите ѝ колешки кои правеа будали од себе во надеж дека еден ден Крис ќе ги земе со него на црвениот тепих пред Кодак Театарот во градот на ангелите – Лос Ангелес.

Ох Боже, колку многу се имаа заебано срцките!

Само еден саат подоцна, откако пабот се преплави и со други луѓе, атмосферата градираше во општа калакурница каде не се знаеше кој пие, колку, и што. Журката веќе прерасна во хаотичен циркус на искривени пијани лица, кое со размачкан креон, кое со разраочени очи, или со расипани заби скроз индискретно сокриени позади широките скандирачки извици: “CHRIS! FUCKING! KLEIN!… CHRIS!! FUCKING!! KLEIN!!!“; Со високо кренати раце по кои течеше алкохол, додека наздравуваа на фактот дека учат на истиот универзитет каде бруцош беше и младата холивудска ѕвезда: “CHRIS! FUCKING! KLEIN!“!

dm17

Пола саат подоцна веќе бев направен ѓон, како тој на никогаш облечена тврда каубојска чизма од кожа на алигатор. Не можев ни лицето да си го осетам после пола флаша Дива Ќурка и кој знае колку нарачки на две пива одеднаш што ги цепав како сертификуван кретен. Понесен од лудилото околу мене, и самиот несвесно почнав да го скандирам името на Крис Клајн.

Крис беше некако срамежливо весел, а и сигурно беше барем ситно здрвен кога ме примети и крена некаква пијачка, за да, претпоставувам, ми се заблагодари на прекрасното чувство што очигледно блажено го обземаше заради ненадејното извикување на неговото име после секоја општонародна здравица во локалниот универзитетски паб.

dm18

„He likes you… But he’s probable gay you know!?”, ми шепна Хедер… После кратка пауза продолжи: „Ќе ти биде ли проблем да ми туриш уште малку бурбон во коктелот, ќе ти дадам пари…”.

Се разбира дека ја почастив, ѝ истурив цела доза и нарачав уште еден дупли за себе. Пијачките пристигнаа побрзо и од тапиот звук на удирањето на стаклото на шанкот кога ни ги сервираа. Ја лупнав чашата на екс како да беше чоканче љута жута® и некако се подзамислив од кратката опсервација на далеку потрезната и крајно срамежлива девојчица. Океј, бев пијан, можеби дури и бев под влијание на нејзиниот сугестивен коментар, но кога се обидов да го пронајдам значењето на “gay” во просторијата, го открив само на две места: Во похотните егзибиции на двајцата балетани кои после пробата дојдоа со своите колешки и беа најгласни во скандирањето; И во спуштениот поглед на Крис, секој пат кога требаше да наздрави токму со нив двајца, со своите најголеми и најгласни обожавателки.

19

Дали Крис беше геј или не, не дознав таа ноќ затоа што… „Hey fucker, what’s up!?“, строго ми се обрати Сара која како од никаде изникна помеѓу мене и Хедер. Од неколку претходни искуства со неа, каде очите ѝ се повлекуваа позади веѓите искривени како на збесната мачка, кога и да бев опкружен со жени кои се восхитуваа на мојата коса и тврдиот акцент, бев убеден дека ноќта ќе се заврши скандалозно, а можеби и погубно за сиротата и сосема невина Хедер Винтерс.

20

Тамам набрзина да ѝ одговорам нешто што и да е, чувме „Say cheese…” од правецот на шанкот и тројцата  махинално се свртевме кога нé заслепи блицот на ретро полароид апаратот во рацете на шанкерот. Типчето истренирано брзо ја извлече фотката, уште побрзо ја протресе за да ја подзасуши, и весело ја закачи на ѕидот позади стотиците шишиња жестоки пијачки, кој беше прекриен како тапет од слични cinéma vérité тип на фотографии од безбројните ноќи на нахално дивеење во пабот.

Пијан и заљуљан, ја ѕирнав фотката, и во де-фокус приметив дека во неа Хедер заминува позади мене и Сара. Веднаш се свртев и, навистина, Хедер ја немаше никаде. Единствено го пронајдов остриот поглед на девојка ми со кој можеше да заколеш јагне за на слава.

21

„So what’s up fucker!?”, повторно отсечно, крајно накурчено и тотално неоправдано луто, ми се обрати девојка ми која не ни примети дека Хедер киднала. Се чувствував виновно… Само малку се подзамислив, доволно за да се досуши полароидот и да приметам колку сум весел во фотката. Потоа ми текна дека не само што ништо не се случило, туку и дека не сум имал апсолутно никакви грешни мисли за малечката црвенкапичка, а сепак се чувствував виновно и мизерно. Ми пукна филмот и ѝ се истурив на Сара како вистински пијан балканец, посилно и од дождот надвор заради кој почнаа да ги затвараат дрвените капаци на вратите и на големите коцкасти излози од пабот. Ѝ објаснив дека не може тек-така да ми се понаша, да ме тормози и да ми изиграва мајка, да ме прогонува и да ми се фура, „И тоа додека те гледам како флертуваш со Крис факинг Клајн цела ноќ!”, ѝ вратив со врзан јазик како за последно.

Сара се замисли. Следуваше многу кратка и неспокојна тишина…

Touché, си помислив во здрвената тиква и знаев дека шансата да ја откачам е токму сега. Сиротата зина како да е на забар и не ѝ оставив ниту секунда да ѝ текне како да ми врати. Ѝ кажав дека веќе не сакам да бидам со неа и крајно театрално излетав надвор во невремето кое како стробо ефект распалуваше низ кратките молскавици. Сара тргна по мене, знам, но не се свртев. Трчанката се загубив во пијаната здивена ноќ.

22

Учени Жени

„Five minutes everybody!”, нѝ довика возбудената менаџерка на продукција кога го протна дебелиот сурат во машката гримиорна. Коцкастите наочари ѝ паднаа на земја додека ја затвараше вратата, пред да ја извади големата свинска глава од процепот. Врисна од болка! Како ништо да не се случило, трапаво и тронтлаво си ги крена наочарите, ги врати на широкото мрсно лице и нон-шалантно нé потсети уште еднаш: „Five minutes guys, you have five more minutes before curtain call!“.

23

Долгата тесна просторија, обложена со безбројни огледала каде секое едно беше врамено со десетици малечки жолти лампи, мирисаше на загушлива мешавина на нервозна пот и лепак за протетика. Привршувавме со костимирање и шминкање за премиерата на Учени Жени за која се подготвуваме секоја ебана ноќ веќе повеќе од месец и пол дена. Постарите студенти – актери, кои секако ги заслужуваа посериозните улоги што ги играа, беа релативно кул, но првенците, помеѓу кои бевме Крис Клајн, јас, и уште два-тројца, се потевме и бевме екстатични како да одиме на сцената за да го фатиме Господ за муда. Лично, немав трема која не можев да ја исконтролирам, но Крис беше еуфоричен и здивен, а сите очи во бесконечните огледала беа вперени токму во него, како да беше пред некаков невидлив стрелачки вод спремен да пука и на неговиот најмал испад. Сиротиот, едвај се контролираше да не оддаде впечаток на аматер зошто имаше да загуби повеќе од кого било во задушливата гримиорна. Можеби дечкото беше ѕвезда од последниот холивудски филмски хит, но ова беше театарска претстава каде немаше простор за уште еден дубл, а за помалку од пет минути требаше да излеземе на сцената, и тоа во аудиториум со повеќе од тристотини луѓе, на премиера која имаше резервации за новинари и критичари од “Fort Worth Star-Telegram“, “Dallas Morning News“ и “Dallas Observer“ – сé вкупно со публика од скоро милион редовни читатели!

24

Отсекот за Театар на нашиот Универзитет беше, и најверојатно сé уште е, едниот од најдобрите отскочни даски за идните театарски глумци, режисери, сценски дизајнери и дизајнери на светло во централна USA. Гостите во публиката се тепаа да дојдат до своите карти како да одеа на некоја бродвејска претстава, зошто нашите продукции им парираа и на најдобрите професионални театарски куќи во радиус од најмалку илјада километри. Не се заебавам и не преувеличувам, да се биде дел од TCU Theater Department беше успех сам по себе и Крис Клајн знаеше дека новостекнатата слава ќе му донесе дополнителен багаж за иднината на неговата сé уште несигурна кариера.

„Curtain call everybody.”, пет минути подоцна го чувме гласот на менаџерката на продукција на старите звучници додека јадеше нешто на интерфонот. Се качивме на сцената, во прекрасната тишина и темницата позади кулисите. И покрај тоа што јас и Крис имавме последователен прв влез дури по некои си дваесетина минути, како првенци, моравме да стоиме во бекстејџот, за да го осетиме ритамот, што, многу точно, би рекол мојот ментор и режисер на претставата – мадерфакерот Џорџ Браун.

25

Светлата се стишија во комплетна темница, толпата во аудиториумот стивна во молк, актерите за првата сцена се наместија на позиција… За малку ќе можев да си го чујам и чукањето на срцето да не стоев веднаш до Крис чие молење на Господ прво ме замисли а потоа и ме вознемири. Се свртев и го видов како си ги држи рацете склопени пред лицето како да е во црква; тивко му шепкаше на Севишниот да му помогне. Бев збунет, но, Океј, си реков и ја игорирав молитвата до мене која не прекина сé до нашиот последователен влез пред публика.

26

Кога ми дојде редот да излезам на сцената, го сторив тоа како вистински професионалец, а минутка после мене излезе и Крис. Шизикот си го заврши своето театарско деби и кога се врати позади кулисите, застана повторно веднаш до мене иако можеше да оди каде сакаше во широкиот бекстејџ. Беше пресреќен додека го слушавме аплаузот, и тивко но екстатично почна да ме гушка, да се радува на самиот себе и да рипа од среќа. Во еден момент, кога радоста му се трансформираше во тивко но неконтролирано лудило, додека ја чекавме менаџерката на продукција да ни даде дозвола да се симнеме во зелеата соба, некаде помеѓу неговите: “Thank you Jesus Lord” и “Dear Mother of God”, Крис, од нигде-никаде почна да ме драпа насекаде и изненадно ме фати за мудата. Насмеано ме грабна со двете раце и ги остави таму како да сакаше да провери да не имам случајно рак на простатата. Се тргнав. Отсечно. Го бутнав со силна тупаница. Фраерот веднаш затвори очи. Ги крена склопените раце пред лицето и продолжи да се моли како што се молеше пред почетокот на претставата и како ништо да не се случило. Не сакав да поверувам што ми се дешава. Се вознемирив од своето прво искуство наспроти туѓа хомоеротичност, канализирана токму кон мојата машкост. Ушите веднаш почнаа да ме заглушуваат со векови на наталожена балканска гордост. Сакав да го запукам на лице место, да го оставам таму каде што го најдов, да му заковам заби во вратот…

Имав премногу да загубам, јебига, го знаев тоа, и на крај сепак не сторив ништо… Словенечко-Австрискиот ген на мајка ми наеднаш стана доминантен над прилепскиот табиет на моите претци по татко. Се поттргнав на страна како ништо да не се случило и стиснав заби; мислам дека и вилицата ми се закочи како на питбул. Трчанката заминав во зелената соба во подрумот за да не направам некоја беља. Крис не дојде долу до крајот на претставата, кога се симна безбедно, заедно со сите други актери. Пичка Америчка! Пичка му ја материна сељачка!

27

Премиерата на Учени Жени заврши со стоечки овации, и колку и да бев мал дел од претставата во мојата улога на Учителот по Уметност, бев пресреќен дека добив аплауз за време на двете излегувања пред публика и поготово за време на поклонот за крај. Кога се вративме во гримиорната, Крис не ме ни погледна. Уживаше во букетите цвеќе што не прекинаа да му пристигнуват од безбројните фанови колку и улогата да му беше идентично малечка како и мојата. Веќе никогаш не ми направи муабет. Дури и среди со професорката Кетлс да ме замени како негов партнер за дијалошките вежби. Ете, тоа ти е, и она сакаше да му се упика што подлабоко во шупчето, во надеж дека ќе ископа некаква улога од неговите холивудски контакти.

a28

* * *

Успехот на мојата прва претстава ми беше фасцинантно искуство, особено затоа што немав глумачи амбиции а ми направи да се чувствувам толку полн со себе.

И самиот добив два букета цвеќе после премиерата. Едниот, тој со дузина бели орхидеи, сосема очекувано беше потпишан од Сара Бишоп. Но другиот, со само една црвена ружа, беше потпишан со бакнеж од курвински-црвен кармин. Немав појма која е анонимната обожавателка, но после секоја изведба наредните шест ноќи колку што траеше поставката, добивав по една црвена ружа и картонче на кое беа најсочните усни што ги имам видено на хартија…

mwa

Dick Major

Пиши му на Dick Major: dickmajor2@gmail.com

СЕЌАВАЊА НА АМЕРИКА “ПРВИОТ МАКЕДОНЕЦ” (II Поглавје)

„Медијаторката се ококори уште повеќе и помислив дека сините топчиња за голф ќе ѝ излетаат од главата додека во slow motion си ја префрлував долгата виткана коса од едната на другата страна на широките раменици.“

Пишува: Dick Major

Задишан и запотен. Уморен и без здив. Запалив цигара кога едвај стигнав пред една голема, тенка, вертикална табла од сјаен црн мермер на која со фино исклесани серифни букви пишуваше “Admissions Office”. Дури и потклекнав од премор, и се наслонив на таблата како да сум се качувал до месечината, а таблата како да беше некаков предисториски монолит што го оставиле вонземјаните, некоја супериорна раса, за да ни дадат памет на нас – луѓето, на мене – Македонецот, првиот Македонец во историјата на TCU!

„Macedonia!? Like from the Bible!?“, супер-тупаво и скроз очекувано, на тврд тексашки акцент, со раскезена и стопена насмевка, ме праша секретарката во одделот за прием на нови студенти кога ӣ одговорив како се викам и од каде доаѓам.

dick01

Чекај малку.
Да се разбереме нешто. Во Тексас зборуваат тексашански. Тоа е прилично точно одреден дијалект на американскиот јазик кој пак е строго дефиниран акцент на англискиот. Со други зборови, од сега па понатаму, кој не знае за што зборувам, може слободно да ги замислува Тексашаните како пристојни Бугари што зборуваат македонски со дијалект од областа на Сандански.

Значи…
„Macedonia!? Like from the Bible!?“, неотесано и некако гумено, ми се обрати секретарката кога отидов да се пријавам дека сум дојден, да потврдам дека сум подготвен да започнам со реализацијата на мојот американски сон.

dick02

* * *

Или јас и татко ми писмото од Тексас не го прочитавме како што треба, или мајка ми стварно имаше право кога му кажа на татко ми да не ме праќа во Америка четири дена порано наместо три дена подоцна од она што мислевме дека е почетокот на школската година.

Испадна дека пред почетокот на студиите пред себе имав полна недела “orientation”, или во превод – запознавање со универзитаетот, со моите идни колеги, и со уставот на нашата мала сегрегирана интелектуална заедница наречена TCU, и сето тоа – необавезно!

Orientation важеше за сите студенти, Американци, странци, па и Македонци, но orientation за мене и за другите дојденци значеше мешање со сé што е мушко женско и од каде било, само да не е од САД. Не опнаа сите exchange студенти во една убава голема сала со кристални лустери од деветнаесетти век и започнаа со тоа што нé замолија кратко и јасно да се претставиме пред да започнат да не тераат у стадо.

dick03

Бевме скоро две стотини млади мамлази, и тоа повеќе од две третини беа од Централна и Јужна Америка; Hi, my name is Rosa, I am from Ecuador; My name is Gustavo, I am from El Salvador; Eva, from Panama; Federico from Colombia… Но имаше и занимливости, од Јужна Африка – Charles from Cape Town, Usair from Pakistan; Pashta from India… И се разбира, тука бев и јас, лепршавиот Питер фром Маседониа.

Уште пред да се претставам предизвикав љубопитност кај повеќето exchange студенти. За разлика од сите до еден, јас бев ретро, ама бев кул, башка и постмодерен, но секако некако хипи-прљав и неуреден, со многу коса и мали изолирани парченаца мов-брада тук-и-тамо на лицето. Јебига, бев млад, и покрај редовното бричење уште од мои тринаесет, во надеж дека митот “ако се бричиш ќе ти згусне брадата“ функционира, на моите деветнаесет, сé уште не ми беа споени шашавите бакенбарди и глупавата козја брадичка која ја негував како да е реткиот цвет на Гибралтарски Кампион.

dick04

Уствари, кога ќе размислам подобро, отприлика вака можам да ја доловам ситуацијата во која се наоѓав: Околу мене беа собрани највоспитаните, најулижани млади снобчиња, елегантни потомци на средновековните колонијалисти и нивни вазали од цел свет. Сите беа деца на некои битни фаци од Мексико, од Аргентина… Една девојка со која две години подоцна кркавме кока на дневна база знам дека всушност беше правнук на некој одамна среќно покоен и никогаш осуден високо рангиран полковник, горд-до-смрт џелат во армијата на првиот гватемалски диктатор Јорге Убико. Другар ми Чарлс Муреј од Јужна Африка беше син на едниот од главните обвинители – душмани на Мандела пред и за време на апартхејдот, а ептен милиот, и до ден денеска добар другар – Алонѕо Алкосер Санчез од Пуебла Мексико, беше син на првиот официјален и најпризнат професор, пионер информатичар во Мексико – Г-дин Дон Хектор Санчез. Човек кој дванаесетина години подоцна беше поканет во родната ми Македонија да биде советник на владата на ВМРО-ДПМНЕ на тема информатика. Неверојатно, ама стварно. Дури и се видовме со Сењор Санчез кој дванаесет години порано ме угости како да му бев нероден син, и го однесов во Камин Чамо™ на телешки јазик во сос®, лут пинџур, уште полут ајвар, домашен и специјално претходно нарачан зелник и лута кавадаречка жута ракија©. После тоа цепавме ефтина текила, ама во Лајка™, и му беше толку јако што мислам дека моите месец дена како негов гостин дванаесет години претхоно ги исплатив на најмакедонски начин икада, сосе окачување на неговата фотографија веднаш до таа на Ричард Гир во Камин Чамо™.

Ок, подоцна за другарчињата Чарлс, Алонѕо и Сењор Санчез…

dick05

Сите околу мене беа тип-топ, сите беа дотерани во скапа brand-name гардероба, на сите им светкаа ноктите како да дошле тазе од кинески маникир, можеше да се огледаш во тие нокти, сите беа супер богати, ултра културни, сите зборуваа бољи англиски од мене и сите до еден изгледаа како да им е предодредено да бидат некој и нешто (барем за пред камера). Години подоцна, на Facebook сфатив дека TCU на скоро сите освен на мене и на Вања из Сарајева им беше само пролазна фаза во предодредената судбина да продолжат по стапките на своите славни претци чии најчесто крвави пари секако мораше да бидат потрошени, по можност во У-Ес оф Еј.

dick06

Животот е кучка како што никогаш не кажа мастерот Алехандро Гонзалес Ињариту во своето деби “Amores Perros” кој излезе после само 2-3 години, но факт е дека години подоцна сите тие дркаџии станаа некој и нешто во своите родни места, освен мене… Дури и Вања из Сарајева, која за разлика од исфолираниот јас, како вистинска жртва на војната во бивша Југославија, десетина години откако ја запознав успешно заврши медицина на Харвард со пуна стипендија, среќно се омажи, роди неколку цакани дечиња и сега е еден од најбараните хирурзи педијатри во Бостон. Браво Вања, свака ти част!

“Hi, my name is Peter, I am from Macedonia. I am a Theatre Major.”, им се претставив кога ми дојде редот, веднаш после Алонѕо Алкосер Санчез од Мексико кој стоеше до мене и кој беше Mathematics Major.

„Macedonia!? Wow! Like from the Bible!?“, веќе тотално досадно изреагира медијаторката која неполни две години подоцна случајно ја сретнав штотуку разведена и благо опиена во еден локален бар. Ја поминавме ноќта муабетејќи за ужасот низ кој поминала со тогаш веќе бившиот сопруг. Муабетевме за петнаесетте години поминати во пасивна агресија каде ја загубила силата во мускулите, црвстината на бујните пегави гради и навиката за нежност. Досетливо ӣ кажав дека е добро што не ги загубила смислата за хумор и лудоста во срцето, и потоа ноќта ја завршивме во ефтина мотелска соба кај газда Хасан во Days Inn каде ӣ се молев и ја тешев дека сé ќе биде во ред само ако ми даде да ӣ свршам помеѓу цицки со само малку уљенце кое постојано го носев со себе како света водичка.

dick07

„Interesting. Tell us about Macedonia. We’ve never had a Macedonian before.“ продолжи медијаторката која како вистинска четириесет и ситно степфорд милферица на сите млади мажиња во просторијата им ги креваше влакната на грбот и им го спушташе погледот во скутот.

Ја погледнав директно во проѕирните плави очи избечени како флоуресцентни топчиња за голф и почнав да зборувам за античка историја. Бев веќе подготвен зошто знаев дека кад-тад, сигурно ќе стане муабет за библискиот контекст на моите претци, башка само неколку недели претходно во истата таа библиска Македонија, налетав на Гиш и отидовме кај него дома на џоинт и дубоки муабети каде “шаманот“ лично ми закова неколку цитати во малиот мозок.

dick08

Сите залижани глави во големата хала се свртеа кон мене. Станав високо, како да можев да ги допрам исполираните кристални јајца на големите стари лустери од времето на Генералот Кастер. Медијаторката се ококори уште повеќе и помислив дека сините топчиња за голф ќе ӣ излетаат од главата додека во slow motion си ја префрлував долгата виткана коса од едната на другата страна на широките раменици. Понесен од претходните успеси на јавно говорење за кои дури имав и златна медања, како и од страсната и болна амбиција да бидам најголемиот режисер кој на сите точно ќе им кажува што и зошто да прават до крајот на нивните мизерни животи, мислам дека и гласот ми отиде неколку десетици децибели надоле у slow motion како што почнав со мојот препотентен монолог. Им кажав дека Македонија постои најмалку три илјади години, дека името доаѓа од термините маќеа и ија, што уствари значи дека земјата ија им е втора мајка, односно маќеа на Македонците. Продолжив за тоа дека кај нас е пронајден единствениот артефакт од машка фигура наспроти стотиците жeнски Венери, 7000 години стариот Адам од Говрлево. Дека сме делеле писменост насекаде каде што сме палеле убивале и покорувале и дека библискиот Павле редовно поминувал низ библиска Македонија на неговата кауза да го прошири христијанството низ светот. За Александар Македонски ич муабет да не правиме. Дури им кажав дека сите Македонци личат на својот славен предок, и си ја поднаместив главата во профил кога го кажав тоа срање алудирајќи на единсвената монета и слика од Ацо од негово време, длабоко убеден дека Гиш бил во право кога истото ми го кажа и на мене, додека ми се сврте во профил со една безобразно дeбела и густо зачадена двојка во устата. Единствено што не спомнав од неговите цитати беше дека македонските зречи a.k.a. словенски шамани, дури и патувале на други планети со вољата на својот ум, и дека Богомилите ја знаеле тајната на рок-ен-ролот (колку и да бил Гиш симболичен и надуван кога ми го кажа тоа) (!?!).

„Македонац, не сери!“, чув познат јазик неколку реда пред мене и така се запознав со Вања из Сарајева чии големи и криви бисерни заби како да светкаа позади нејзината Македонац не сери насмевка.

dick09

Како што започна моето запознавање со сите exchange студенти во TCU така и заврши подоцна вечерта кога ме сместија во соба со Федерико Андрéс Худ Перез од Кали Колумбија. Федерико беше виолинист и беше само очекувано дека единствените двајца “уметници“ од странство ќе ги сместат заедно, во надеж дека нивните “уметнички“ апетити ќе ги спојат во долгогодишно пријателство. Неколку недели подоцна, кога веќе се спријателив со Вaња из Сарајева, со Чарлс фром Јужна Африка и со Алонѕо de Мехико, сфатив дека пријателството доаѓа од друго место и дека постојаното осумчасовно вежбање на виолина на Федерико само ги плашеше гулабите и верверичките кои г’з-преку-глава бегаа од пред нашиот прозорец. И громогласната искривена насмевка на Вања ги плашеше гулабите, но Федерико уживаше во тоа до толку што понекогаш намерно ќе го отвореше прозорецот од нашата соба само за да се изнасмее на гледката додека избезумените верверички трчаа низ тревникот на кој “глупавите Америкаци“, како што ги викаше Федерико, играа фризби од сабајле до вечер и бегаа од спобудалените животинчиња.

dick10

„Стварно ми се допада овај твој цимер Федерико“, на супер тврд босански ми кажа Вања едно попладне додека седевме на клупата пред мојот дорматориум, додека го слушавме Федерико додека вежбаше некое кончерто за виолина од Прокопиеф. Насекаде летаа гулаби, насекаде бегаа верверички. Но тогаш повторно ги приметив кривите заби на Вања и токму таа имперфекција почна да ми се допаѓа кај неа. Не можав да поверувам дека ми кажа дека ӣ се свиѓа малиот ќељав виолинист, од мајка Колумбијка и од потатко Американец – бивши дипломат кој во својата потрага по парите на Пабло Ескобар завршил во прегратките на најмалечката латина на која се сопнал на улиците на Кали. Федерико Андрес по мајка, Худ Перес по татко, беше помал и од хобитите Homo Floresiensis чии малечки скелети и лобањи беа откриени на еден мал остров во Индонезија во 2003-та. Беше помал од мене скоро четири глави, но колку и виолината да му изгледаше како да ставил виолончело под брадата, дечкото беше дури и складно граден за својот џуџест раст, и свиреше виолина како Господ Бог. Носеше наочари на ќељавата глава и не можев да поверувам дека едно такво здепасто типче би ӣ се допаднало на која било Босанка наспроти мене – двометарски предисториски џин од Библијата, со Самсон во косата и Итар-Пејовски шарм во продорните прилепски очи, дотеран по вкусот на мојата баба од Австрија, која до последниот здив мечтаеше и зборуваше за изгланцаните високи кожни чизми на убавиот и висок Ес-Ес-овец кој ја стрпал во затвор во 1944та кога имала само тринаесет години, во нејзиното родно место – Межица*, Корушка. (*село во Словенија; на самата граница со Штаерска Австрија).

dick11

Бистра беше Вања и дури сега сфаќам дека таквите закачувачки коментари беа предизвикани од потребата да биде слободна кога ги поминуваше прстите низ мојата бујна и густа коса, кобајаги другарски.

Никогаш не се смувавме со Вања до крај, не ми беше по ќеиф, особено кога видов дека насекаде околу мене се подзатресуваат тесни тексашански газиња во кратки сиви шорцеви, газиња со кои не требаше да бистрам политика и историја на српски за да им се пикнам помеѓу шавови.

Но, Вања сакаше да се смуваме. И кога сфати дека провокациите со мојот цимер па и со Алонѕо и Чарлс не ӣ поминуваат, премина на балканското. Око не ӣ трепна кога ме залапа на клупата додека насекаде околу нас летаа гулаби  препаднати и избезумени од високите ноти на Прокопиеф.

Ја грабнав за г’з за да видам со што си имам работа и осетив потенцијал. Продолжив накај цицињата и немаше проблем сé додека не отидов на голо, кога ми ја тргна раката на страна. Набрзина ми објасни дека од војната сé уште има белези на градите и на стомакот, и тука заврши приказната. Никогаш повеќе не сакав да ја допрам каде било, и дури и почнав да ја сожалувам. Но ја засакав Вања, како сестра. И ја почитував, и ја почитувам ден денеска. Паметна, амбициозна, без родители и само со постар брат инвалид, немаше што да загуби. Комуницираме понекогаш и сега, и драго ми е дека е од оние среќни приказни од војната во Босна, посебно дека никогаш не направи фама од тоа, а стана токму тоа што сакаше да биде – доктор хирург за деца, и тоа, ни мање ни више, со сертификат од Харвард. Јебо матер своју! Браво Вања, свака част!

dick12

Федерико Андрес Худ Перез вежбаше виолина нон-факинг-стоп, полни осум факинг саата на ден! Имавме договор да не вежба после девет навечер за да можам и јас да видам малку аир од местото каде спиев. Но, во тие осум саата талкање низ универзитетот ја пронајдов својата неоткриена копнеж, и тоа во зградата веднаш отспротива на мојот дорматориум каде што беше отсекот за балет. Беше стара градба, крената уште на самиот зачеток на универзитетот сто и нешто години порано. Беше изградена во неокласичен стил каде што големите високи прозорци сo скулптури од ангели седнати на листови од орхидеи на столбовите, едвај можеа да ги сокријат тајните на балетското студио позади џгољавите грмушки делумно оголени од почетокот на есента. Секоја приквечер после целодневната настава ќе се прикрадев и ќе се шмугнев за да ги гледам младите и грациозни студенти по балет додека неуморно вежбаа за претстојната претстава. Имаше неколку очигледни педерчиња, но девојчињата изгледаа како да се направени од најквалитетен јапонски порцелан, како да се живи кукли кои беспрекорно се вртат на најскапата француска музичка кутија предодредена да се продаде на аукција за најмалку половина милион долари.

dick13

Отсекот за балет во TCU беше еден од подобрите во Америка и дефинитивно најдобриот во Тексас така што секоја ноќ гледав во некои од најразноврсните и најамбициозни млади танчари во Америка. Сочувствував со нив, се радував со нив, плачев и ме болеше како што ги болеше и нив. Аплаудирав на секој успешен arabesque и се разочарував со секоја промашена пируета.

Една ноќ се вратив во собата и Федерико веќе беше легнат да спие. Се струполив на својот кревет со типичен тинејџерски окез на суратот, задоволно ги ставив рацете позади главата и спонтано почнав да му зборувам за моите приквечерни и сé подолги воајерски авантури. Федерико не изусти ниту збор додека му ја опишував секоја балерина, нивните полурастурени пунџи, нивните раскрвавени стапала, потта која им се цедеше низ секој процеп од трикоата, солзите кои беа неизбежни после секоја грешка… Таа ноќ Федерико не кажа ништо, но секоја наредна имаше сé повеќе и повеќе прашања. Набргу почна да се соживува со моите описи на страшниот живот на балерините во зградата веднаш од другата страна на ѕидот на нашата соба. После само десетина дена стана опседнат со моите приказни и останувавме будни скоро до изгрејсонце додека мечтаевме за балерините кои како да беа проектирани од мојата уста на плафонот над нашите кревети.

„I want to come with you tomorrow, I want to see the ballerinas.“, конечно ми кажа Федерико после скоро две недели несоница.

dick14

Следната ноќ отидовме до прозорците на отсекот за балет и се скривме позади ретките грмушки. Балерините се загреваа. Светлата во студиото беа наместени како балерините да се веќе на сцена и на сите до една им се исцртуваа контурите на совршените тела кои сигурно скоро од раѓање ги подготвувале за да уживаме во нивната убавина. Во еден момент дојде професорот, им даде знак, се наместија во позиција и една стара бабичка на клавир почна да свири за репер.

„This is fucking bullshit man!“, ми кажа Федерико и си замина пред да започнат да играат. Се вознемирив и тргнав по него зошто се почувствував дури и навредено. Го фатив за рамото и пред воопшто да успеам да го прашам „What the fuck???“, Федерико ми се сврте и ми кажа дека свирењето на старата бабичка е навреда за неговите уши и дека нема да остане ниту секунда подолго. Ми кажа дека му е поубаво само да ги слуша моите прераскажувања, без ужасот на музиката на стариот клавир отсвирена од сиротата стара и веројатно глува бабичка.

* * *

Животот на балерините, режисерите, глумците, сликарите, скулпторите, фотографите, поетите и слична “уметничка багра“ не е лесен, поготово не во американски универзитет каде што мора да се оди на сите “задолжителни“ предавања по тотално непотребните математики, геологии, истории, религиски студии, физичко и остала срања кои се неопходни за да “уметниците“ имаат и втора шанса во животот. Системот е таков, не му верува на уметникот дека ќе создаде уметност која ќе го протне низ животот, систем каде што кошта пари, а не портрет на салфетка за да платиш кирија; каде што естетиката се мери со дизајнот на фармерките кои ги носиш над или под кукови и со изборот на обавезно скапи патики, а не со гордо искрениот автопортрет каде си погрд отколку во реалноста; каде љубовта, љубомората и смртта се сведени на лошиот перформанс на глумците од твојата омилена ТВ сапуница, а не во твоето доживување од едно деноноќие каде мајката на твоите деца ти кажала дека ве сака пред да умре од леукемија; каде значењето на мајка воопшто е сведено на доилка или домаќинка, а не на жртва или, не дај Боже, на твојот прв сексуален интерес; каде уметноста е нечие гледиште а не сечие доживување…

dick15

Секое утро, околу осум сабајле, пред да одиме на предавања за сé она што знаевме дека никогаш нема да го употребиме во нашите уметички хирови, случајем околности сите студенти по Fine Arts одевме во кафетеријата каде се товевме со фино зготвен амерички холестерол и декафинирано кафе. Си се знаевеме кои сме, зошто TCU немаше нешто многу “уметници“ наспроти илјадниците студенти по Право, Економија, Математика, Медицина, Религија и Farm Management (се колнам во мајка дека имаше и Farm Management отсек! Учеа како да менаџираат стока, добиток, крави музари и ебачи бикови; како да го шиткаат млекото, месото, спермата на биковите… Се колнам, тоа учеа, се колнам беше официјален отсек со официјална диплома!).

dick16

Секое сабајле, додека стоев во ред за да си ги нарачам вообичаените две тврдо варени јајца, лиснат бисквит замачкан во сос од високо-мрсно млеко и ситно сецкан запржен колбас со лук и црвен пипер, се среќавав со повеќето балерини кои ги шпиунирав и за кои му прераскажував на Федерико претходната ноќ. Им беше срам од мене, додека намерно се задржував само малку подолго околу нив, заради тоа што нарачуваа најмалку три пати повеќе храна од мене зошто беа истрошени од бесконечните вежбања и припреми за претставите што мислеа дека ќе ги однесат во Њу Јорк Метрополитан, во Бољшои Театарот во Москва, во Парис Опера, во Ла Скала во Милан. Овие девојки јадеа како да се спремаа за трка околу екваторот и им беше срам дека се товеа како еднорозите од епопеите на Индија. Секогаш седнував во ќошот од кафетеријата и скришум ги посматрав да видам која е каква насабајле после порцеланскиот и крвав перформанс претходната ноќ. Бев толку обземен од нив што ги доживував како некакви митски суштества кои сигурно знаеја за античкиот долгокос Македонец кој ги посматра низ исушените гранки на грмушките од другата страна на големите долги неокласични прозорци на нивното студио за вежбање. Дури и нивниот најневин и секогаш случаен поглед кон мене ми правеше да се чувствувам како кога ги ѕиркав татко ми и дедо ми кога мочаа пред мене кога имав три-четири годинки. Понекогаш ќе им се насмеев, понекогаш дури и срамежливо ќе им кажев “добро утро“, но секогаш им се обраќав на сите заедно и никогаш ниту на една поединечно. Балерините ме обземаа како вирус и се разболев од сите нив заедно.

* * *

Можеби заради драма, но погоре не спомнав дека балерините исто така ги гледав секој ден и кај мене, во зградата на отсекот за Театар која ја делевме со музичарите. Таму беа четирите сали за театар и големата сала на универзитетската филхармонија, исто така салата за операта и за балетот. TCU не беше заебанција, и уште веднаш откако започна школската година започнавме со сериознни подготовки за поставување на Учени Жени на Молиер, Оревокршачка на Чајковски, и кончертото на Прокопиеф за студентите по музика, и тоа со некој битен диригент од Австрија, ако ми текнува ко што мислам… Чат-пат ќе се судревме едни со други во гримиорните во подрумот, но сите си држевме на својот отсек. Уште од старт нé тренираа за професионалност пред сé.

dick17

Како студент по театарска режија морав да глумам во најмалку една претстава секој семестар во каква било улога. Да не го тупам овде за деталите, глумев некој спореден лик, учителот по уметност во ремек делото на Молиер кое го спомнав погоре и  повеќето од времето го поминував во “зелената соба“ чекајќи да бидам повикан на сцена преку старите лампаши – звуници кои светаа секој пат кога повикуваа на актерите да се качат backstage.

Две недели откако започнавме со проби почнавме да се мешаме со балерините во зелената соба. Не можев да бидам посреќен додека ги гледав како се загреваат околу мене помеѓу сцените. Ни една не ми обраќаше внимание, но претпоставувам дека тоа беше заради професионализмот. Сé додека, една ноќ, за време на една проба, сите освен прима-балерината не останаа на сцената. Прима балерината која беше заробена во зелената соба со мене се викаше Сара Бишоп, и бевме затворени сами во просторијата скоро цел саат. Не е дека сакам да ја претставам Сара по име и презиме веднаш, но таа самата веднаш ми се претстави и ме закопа: „My name is Sarah Bishop, you are watching me, I know, I like that“.

Сара имаше рапав и длабок глас, а беше помала и од мојот цимер Федерико. Беше скоро џуџе, но саде мускули. Уствари, заради нејзината анатомија сфатив колку е комплексно човечкото тело. Сара беше изделкана како редок персијски астал од пред Христа, беше малечка како прстен во кој би го чувале најсмртоносниот отров, ја имаше насмевката на фамозната Мата Хари, и веднаш откако ӣ кажав како се викам ми го повтори името точно и до најситните финеси како пијана прилепчанка на шанк од дискотека на периферија на Скопје кога се преправа дека е трезна скопјанка. Ја знаев Сара и претходно од моите ноќи позади високите прозорци на студиото за проби на отсекот за Балет, и иако не ми беше фаворит по г’з, по цицињата и по должината на вратот, сепак, фактот дека беше најдобрата и најстара од сите танчарки, ми го закопка егото повеќе од која било друга балерина.

„Where are you from?”, ме праша.

„Macedonia“

„I have never met a Macedonian before.“, и ми се насмеа со подзагрцнување…

Знам дека се залапавме како што не се сеќавам, и следниот ден Сара Бишоп беше убедена дека веќе бевме дечко и девојка.

Dick Major

Пиши му на Dick Major: dickmajor2@gmail.com

Сезона 2: СЕЌАВАЊА НА АМЕРИКА “ХАСАН И ОСАМЕНАТА ЅВЕЗДА” (I Поглавје)

Screenshot_1

Мимоза беше во шок зошто веќе прскав, беше премногу доцна за да ме тргне на страна и само панично на радовишки ми кажа: „Немој на косата, фенирана ми е!!!“. 

Пишува: Dick Major

“Dear Petar, Congratulations! In recognition of your exceptional academic and extracurricular achievements, you have been selected from a very competitive group of candidates…”, вака започнува меилот, па и писмото кое пристигна во Скопје малтене истата недела кога се вратив во Македонија, писмо во кое дознав дека сум примен во TCU Theater Department и тоа со академска стипендија и со паричен грант.

Сите по дома бевме среќни и радосни, но само јас бев дополнително збунет и несигурен за целата работа.

* * *

Скопје, во летото Господово илјада деветстотини деведесет и седмо, беше журка од сабајле до следното сабајле. Бевме релативно тазе независни и сé уште се возевме на Jуго-Eкспрес Возот “од Вардара до Триглава“. Слушавме сé уште добар Laibach, искачавме во ‘Зи-Зи Топ’ во Капиштец и во ‘Багдад Кафé’ во Безистен. Чаршијата беше панкерско собиралиште. По трафики се продаваа Алан Форд, Дилан Дог и Марти Мистерија на хрватски, младите сé уште претпочитаа да читаат оригинални српски изданија на Данило Киш – син на унгарски евреин и на црногорка, имавме дури неколку продавници за плочи, и сите  напамет знаевме да ги рецитиравме ‘Топ Листа Надреалиста’, “Везилка“ на Мастер Блаже Конески и југословенската химна наместо македонската – тогаш сé уште по оправдана грешка.

Screenshot_1

* * *

Бев на концерт на Архангел во Куршумли-ан ноќта пред да го добијам судбоносното писмо од Тексас, потоа отидов во Зи-Зи и се вратив дома кога се разденуваше.

^ Можеби еден од најдобрите текстови за песна ИКАДА! [Како и “Војна“, исто така од Ристо Вртев. (поздрав до Трендо)]

Лежев во детска, во мојата соба која само до претходната година дена ја делев со сестра ми. Низ старите истрошени ролетни се провлекуваше раното утринско сонце додека сé уште со затворени очи, на раката можев да ги почувствувам големите полни гради на Мимоза која спиеше до мене на отворениот футон. Од другата страна на вратата го чув рапавиот глас на мајка ми додека зборуваше на телефон, додека се моташе низ ходникот пред мојата соба за да ми даде до знаење дека е време да станам.

„Буди го!“, го чув гласот на татко ми од дневната откако повторно почнав да тонам во сон, сега со главата спокојно доподнаместена на меките гради на Мимоза која ја собрав од Зи-Зи во пет и нешто сабајле. Мимоза беше шанкерка таму и ӣ го удрив меракот уште во девеесет и четврта кога почнав да искачам во тоа легендарно место.

Screenshot_2

Пред да заминам в туѓина во девеесет и шеста, цели две години, секои петок и сабота навечер ја освајав Мимоза со мојата поезија зошто беше точно седум години постара од мене и ми беше толкав предизвик што и нејзиниот рурален источно-македонски акцент ми звучеше како француска шансона. Ама нема везе, женската стварно беше бонбона.

Screenshot_3

Строгиот остар глас на татко ми ја разбуди и неа.  Мимоза се штрецна и се ококори зошто не беше ни свесна дека заспала кај мене со моите веднаш од другата страна на вратата и тоа во нашиот скромен дом, од 67 метри квадратни.

„А косава? Ш’о да-правам со косава???“, полуразбудено ме праша алудирајќи на малиот инцидент што ни се случи некаде околу седум саат сабајле…

Како што почна да се разденува и кога дојдовме кај мене у соба, веднаш почна јебачина. Немаше заебанција. Се “сакавме“ како спобудалени, а пошто бев џентлмен кој ӣ удоволи со дури два орално предизвикани оргазми, Мимоза ми дозволи да го извадам глупавиот куртон, и ме замоли да извлечам и да свршам на неа кога ќе ми дојдеше редот. Да не заборавиме дека имав тазе 19 па во мојот сé уште тинејџерски разум, “да свршам на неа“ значеше исто што и во порното – да ӣ прснам на лице, да ӣ удоволам со еден “facial“, што би рекле во категориите на pornhub.ком.

Идиот!

Ја извадив непотребната гума која крајно наивно никогаш не ја поштуев, продолжив да дупам уште за кратко, се напалив и како што бев наместен бочно во макази и врз неа, го извадив mini-me и веднаш почнав да ӣ циљам на лицето. Мимоза беше во шок зошто веќе прскав, беше премногу доцна за да ме тргне на страна и само панично на радовишки ми кажа: „Немој на косата, фенирана ми е!!!“. Али јебига, понесен од екстатичната атмосфера набилдана од години фантазирање за Мимоза, шприцнав само малку подалеку и ја направив бербат, врз косата и врз црниот размачкан креон.

Screenshot_4

^ (Image censored by editor Јоле.)

Лежевме на креветот додека пушевме цигара и Мимоза скокотливо ме закачаше зошто сега морала да си ја мие косата. „Имаш фен?“, ме праша и се успокои кога ӣ кажав дека имам сé што ӣ треба за да си направи фризура, „Дури имам и ‘фигаро’ од мајка ми“, досетливо ӣ вратив.

Десетина минути подоцна заспавме и двајцата.

„Буди го Меги!“, повторно го чув татко ми кога повторно и веќе нетрпeливо ӣ довика на мајка ми. Очигледно го беше заболело уво за моите романтични екскурзии низ фенираните и пеглани коси на руралните Македонки. Чувме тропање на вратата, Мимоза панично се покри преку главата, и пред да успеам да викнам да не влегува – во собата влезе мајка ми. Широко ги отворив очите и ӣ климнав со главата за да ӣ дадам до знаење дека не сум сам. Мајка ми прошара со погледот и ги виде стапалата на Мимоза кои скроз очигледно и крајно несмасно ѕиркаа од под тенката помаранџеста фротирка која и ден денеска ја користам.

„Зове те тата, буди се и дођи у дневну, стигло ти је писмо из Тексаса“, ми кажа мајка ми и ми се насмеа шашаво во нејзиниот феноменален и прекрасно шармантен словенечки манир.

Screenshot_5

За жал, и покрај долгите години поминати во Скопје, Мимоза беше премногу од дивиот далечен исток на татковината за да биде разумна, најнормално да отиде во купатило, да си се среди и да се исфенира, и да дојде да испие кафенце со мене и со моите во дневна. Девојката се пресрами од целата ситуација, се облече набрзина во тесниот минич што го носеше претходната ноќ, и како да одеше по јајца од еребица, си отиде од кај мене како некаква преебана очерупана ороспенда, со засушена сперма на шишките и размачкан црн креон околу очите.

Screenshot_6

Навлеков едни ефтини кинески боксерици со некаков безвезен дезен со коцкасти турски броеници и отидов во дневната. Ме дочека насмеаното лице на човекот кој никогаш не се смее. Татко ми веќе го беше отворил писмото и само ми кажа дека сум примен на факултет во Тексас. Ми кажа дека треба да сум таму порано, на крајот на Август. Не ме ни праша дали сакам да одам, како тоа да се подразбираше, а по тажниот поглед на мајка ми, жената која никогаш не беше тажна, знаев дека не смеам да кажам ‘не’ ни случајно. Можеби требаше да паднам некој предмет претходната учебна година и така да го зацементирам фактот дека никој нема да ме прими никаде со стипендија, не па плус и со грант!

Но, и покрај сите помешани емоции, сепак бев некако чудно среќен што ќе се вратам назад за да продолжам да го сонувам големиот американскиот сон.

Нешто помалку од два месеци подоцна, повторно летав за Америка. Заспав уште на полетување од Амстердам и после девет-десет саати се разбудив во комплетно безсознание во Тексас.

Days Inn Motel

Излегов од авион и влегов во третиот, или можеби вториот најголем аеродром во светот во тоа време – Dallas/Fort Worth International Airport. Веднаш го почувствував веќе препознатливиот загасит густ мирис на климатизираната американска машина за мелење месо.

Пристигнав во “The Lone Star State”, Државата Осамена Ѕвезда – Тексас.

Screenshot_7

Чекав да си го земам куферот, но во еден момент, отакако сите други патници од мојот лет си заминаа и откако прекина да врти светкавата алуминиумска гасеница за багаж, беше само очигледно дека ми го нема големиот црн куфер.

Hello; Hi there, и после пола саат телефонирање и проверување во системот, од “Lost and Found” ми кажаа дека багажот воопшто не ни полетал од аеродромот што години подоцна велинченствено и во крајно грчки манир го прекрстија во Александар Велики.

„И сега?“, ги прашав.

„И сега, you’ll have to wait for the next connecting flight фром Скопџе to get your belongings Sir“, културно ми кажа очигледно-геј дечкото од другата страна на шалтерот и сфатив дека најверојатно ќе мора да перам гаќи на рака.

„When is that?“, го прашав, типчето со залижана коса и супер-дискретна пудра под очите, кој после дополнителни десетина минути телефонирање ми одговори: „За точно недела дена Господине“.

А фак ит!, си помислив на амерички, му се заблагодарив на пристојното педерче и излегов надвор.

Screenshot_8

После имиграционо и царинско, во лобито за пречек ме чекаше еден помлад пријател на вујко ми кој живееше во Далас, дечко кој веќе ми имаше резервирано соба во еден ефтин мотел блиску до универзитетот, интервентен и привремен смештај пред да можам да почнам да живеам во едниот од студентските дорматоруими.

Ме однесе таму и си замина позади првата кривина…

* * *

На рецепцијата во мотелот ме чекираше еден набилдан проќелав и просед тамнопут мустаќлија во своите доцни пеесети кој и по акцентот очигледно беше некаде од средниот исток. Му платив 84 долари за четири ноќи, се сеќавам. Ми даде клуч од собата и ми кажа „If you need anything call me, my name is Hassan”.

Пристигнувајќи од Вукојебина Вечна© ко што е Македонија и ден денеска, морав да дојдам во Форт Ворт четири дена пред да отвори универзитетот зошто следниот connecting flight фром Скопџе, за да стигнам а да не задоцнам за официјалниот почеток на школската година, во тоа време, беше или четири дена порано или три дена подоцна. Татко ми инсистираше да не доцнам, па ми купи авионска карта и преку вујко ми и неговиот пријател ми резервираа соба за тие четири дена во најгрозниот ланец на мотели во Америка – Days Inn. Проверете го, тоа е од оние најмизерни последни познати престојувалишта на наоружани пљачкаши, хардкор џанаци, убијци и избегани затвореници; Само чекаш да најдеш мртва курва под креветот или заборавен абортиран фетус во ве-це шољата за за да го оправдаш неописивиот мирис на неподносливиот престој во ужасот наречен Days Inn.

Screenshot_9

Али, бев млад и бев гад, и не ми сметаше одвратноста на жолто-сивата соба со дупли кревет, педантно наместен со правлив и избледен зеленкаст прекривач на кој сигурно ја залегнал и фамозниот сериски убиец Хенри Ли Лукас некаде на самиот почеток на осумдесетите додека поминувал низ југот на Америка со партнерот Отис Тул.

Гaрант се ебеле тука животните, си помислив кога ми текна дека парот што убил стотици луѓе всушност биле во хомосексуална врска за време на нивниот уметничко-убилачки après moi, le déluge* (*после мене, потоп).

Screenshot_10

Следното сабајле се разбудив рано, во комплетно бунило предизвикано од џетлегот од временската разлика од седум саата. Ме зашеметуваше спарното утро надополнето со репетитивното зуечко верглање на расипаниот еркондишн кој уствари дуваше топол и влажен воздух од надвор, и кој единствено ја разбуркуваше ситната гнасна прашина насекаде низ собата и околу мене.

Сонцето сјае некако посилно во Тексас, навистина е така. И кога сјае – сјае како што и би претпоставиле, интензивно, заслепувачки и како прегреана златно-бакарна тепсија на небото. Сé ме чешаше, сé нешто ми се прилепуваше на кожата, ме мачеше густата пот која полека ми се цедеше врз лицето и ми ги печеше очите, ми се гадеше, сé нешто ме јадеше некоја јанѕа…

Screenshot_11

Се потев, се потев и најмногу ме чешаа гаќите кои си ги облеков уште во Скопје скоро два дена порано. Иако немав нешто многу пари, сепак, татко ми – Јоргован-Големиот, ми даде екстра двеста долари “за секој случај“ кои веќе во авион си планирав да ги потрошам на блуд и разврат. Но, грозното чешаво чувство во пазувите и околу газот ми предизвикуваше немир и паника. Колку и да се туширав, не можев а да не се чувствувам како гнаса откако ќе ги облечев единствените (прљави) гаќи што ги имав.

Нема простор за блуд и разврат, дополнителните пари мора да бидат потрошени рационално и паметно, гласно ми довика потсвеста!

Излегов од собата и стигнав до рецепцијата каде го начекав Хасан кој сé уште беше таму и сé уште си ги виткаше долгите густи мустаќи додека читаше весник, додека си играше со чкорче помеѓу забите, додека пушеше цигара. Му објаснив што ми е маката и ме упати кон еден мини шопинг центар само стотина метри погоре по високото брдо, позади кое беше универзитетот кој не се гледаше од високите дрвја на зоолошката градина која беше скоро прилепена за мотелот.

Screenshot_12

Си купив девет пара гаќи, едни бермуди и едни фармерки од GAP®, две маици од некоја no-name продавница, една скапа бела ленена кошула и еден каиш од Banana Republic®, и шест Beck’s-а® од бензинската каде, г’злачки за мене, не ми побараа лична карта (а треба да имаш дваесет и една за да купиш алкохол во Америка!). И покрај големиот цех кој го платив заради задоцнетиот багаж, сепак ми остана ситно за блуд и разврат и се заседнав и се подначукав со Beck’s-от на една осамена клупа. Потоа, најтуристички се протетеравив низ зоолошката за да ги видам носорозите и се вратив во мотелот дури на зајдисонце.

Хасан сé уште беше таму, сé уште пушеше цигара со заглавено чкорче помеѓу забите, но сега беше во друштво на своите тројца млади, стројни, и војнички послушни синови на кои им го откриваше патот до големиот американски сон: „За Америка ви требаат мускули“, и си ги флексна широките бицепси, „За Америка ви треба шарм“, и си ги подзасука густите црни мустаќи, „За Америка секогаш ви треба нешто екстра“, драматично го извади чкорчето од устата кое веднаш го штракна од шанкот пред рецепцијата на која имаше знак “Забрането Пушење“, и си запали нова цигара додека старата сé уште му чадеше од устата, „That’s the key to success in America“, им поентираше на трите сина ко за крај.

Screenshot_13

Се приближив само малку поблиску и Хасан ме примети од крајот на окото, се сврте кон мене, искриви една широка насмевка со две запалени цигари во устата и најамерички ме праша: „How may I help you Sir?“.

„Room 237, please. I need my key.“, му одговорив како да го прашувам.

Room 237

Се фрлив на креветот во собата чиј број ми беше познат од некаде. Two three seven, two three seven, ми одѕвонуваа зборовите во ушите, онака како што му ги кажав на Хасан кога му го побарав клучот, додека ме одмеруваа неговите синови кои делуваа како да беа десетина години постари од мене.

* * *

Неколку дена подоцна открив дека Хасан беше учен човек некаде од Пакистан кој дошол во Америка на инсистирање на татко му кој со години бил политички затвореник во истокот на државата. Хасан уствари дошол во Тексас на студентска виза и со полна стипендија, но се оженил со Турчинка со американски пасош на која по кратка постапка и во времетраење од само пет години ӣ направил три сина и така набрзина станал натурализиран Американец. Жена му починала од пост-породилни компликации брзо откако го родила третото дете и Хасан одлучил да отвори мотел за да може да работи и да живее на истата локација, за да може самиот да си ги изгледа трите сина во духот на учењата на Куранот.

Неговата животна приказна, и начионот на кој набрзина ми ја исчади низ цигарата, ми остави длабок впечаток веднаш откако ја чув дента кога си заминував од мотелот. Но, сега скоро дваесет години подоцна, имам уште подлабоки мисли за тажната судбина на Хасан и неговото семејство, посебно после тоа што се случи скоро пет години откако ја чув приказната и откако ја раскажаа на локални вести во Тексас, па и на национално ниво на CNN во 2002-ра. (Но, за тоа повеќе во седма сезона од мемоариве – претпоследна сезона, ако сум жив и здрав и ако не се навлечам повторно на некое тешко срање, ма-да не би требало.)

(Заеби тој муабет, да не го повикуваме ѓаволот.)

Идеме даље:

Screenshot_14

Room two three seven please, повторно ми се свртеа броевите низ алгоритамот низ главата…

Го уклучив телевизорот и пуштив вести на кои верглаа за штотуку изречената смртна пресуда за Тимоти Мегвеи, фамозниот американски (домашен) терорист одговорен за грозоморот популарно наречен “Oklahoma City Bombing“ кој се случи на 19 Април ‘95та, само една година пред да пристигнам во Оклахома Сити и самиот:

“168 мртви помеѓу кои 3 бремени жени и 19 деца, 680 повредени, 324 уништени или оштетени згради во радиус од 2,5 километри, кратер длабок 2,3 и широк 9 метри, создаден од бомбата од 2,2 тона амониум нитрат, нитрометан и дизел гориво.“, повторуваа на сите можни вести за да ја оправдаат смртната казна која секако му следуваше на Тимоти.

Screenshot_15

Room two three seven; Two three seven, не можев да прекинам да ги повторувам броевите во главата… Ми стануваше жешко, многу жешко, two three seven, и како што тргнав да го упалам еркондишнот ми текна дека гомното е расипано. Се изнервирав, си ги навлеков патиките и отидов да побарам да ми дадат друга соба или да ја поправат климата зошто Тексас е накако побезмилосно потопол навечер.

„Мy air-conditioning is broken.“, отидов до рецепцијата.

„Мy air-conditioning is broken.“, му се обратив на Хасан.

„Room two three seven, right? There is something wrong with that room all the time”, ми врати Хасан додека палеше цигара од цигара. Крена телефон, прозборе нешто на пунџаби, спушти слушалка и ме праша:

„Од каде си?“.

Му одговорив дека сум Македонец, и поведен од претходните искуства во Америка, веднаш помислив дека ќе треба да се објаснувам дека доаѓам некаде таму од Библијата.

„Македонец!? Од каде, од Скопје!? Што бара еден млад Македонец во Тексас?“, веднаш ме праша како да ми го познаваше животното стебло уште од Пердика Први, кој ги обединил македонските племиња, па сé до татко ми кој гарант влече потекло од кое и да е племето што дотичниот Пердика го обединил со кого било, а што живееле на територијата на денешен Прилеп пред повеќе од два ипол милениума.

Screenshot_16

Почнав да му се пувам за тоа дека сум добил пуна стипендија на TCU, универзитетот кој беше само тристотини метри погоре и позади брдото, кога дојде едниот од неговите три сина. Хасан ме прекина сред реченица, го погледна исплашениот копиљ и му кажа нешто што заврши на англиски со зборовите “two three seven“. Иако не го разбирав што му зборува, сфатив дека син му се извинува и скоро и да почна да плаче кога Хасан го прекина сред збор и му учука една тешка шамарчина со раката во која држеше запалена цигара помеѓу прстите. Се разлетаа мали жарчиња насекаде, и син му послушно и со главата наведната до земја замина набрзина. Хасан го извади чкорчето од устата, луто и отсечно го штракна од ѕвончето на рецепцијата “динг“, и си запали нова цигара.

Го прашав дали смеам да запалам и самиот додека чекав во удобно климатизираната рецепција, на што Хасан строго ми одговори “Не!“ и ми укажа на знакот “Забрането Пушење“.

Никогаш не сум имал трпение за такви арогантни шизици и во минатото имав обичај да ги предизвикувам од чисто задоволство, но, и покрај тоа што бев дополнително крајно спизден од еркодишнот кој не ми работеше во собата 237 која беше гнасна како што веројатно само била куќарката на вештерката од “Ивица и Марица“, апсолутно нe бев спремен да го провоцирам есхол Хасан. Морав да се исконтролирам за да не ме депортираат назад пред да ми стигне куферот така што си ги стиснав забите, срамежливо земав воздух и климнав со главата во Карпош-4-стилот “Не ме знаеш брат…“, за да, крајно несигурен во себе, му дадам до знаење дека имам молскавица во едната и гром во другата рака. Се разбира, Хасан не изреагира.

Искочив надвор во црната спарна ноќ, се потпрев на еден стар Бјуик и запалив цигара додека син му ми го поправеше расипаниот еркодишн.

Screenshot_17

* * *

Следните два дена ги поминав во, конечно, климатизираната соба 237. Излегував периодично до мини шопинг центарот за да јадам нешто и до бензинската да си купам цигари, кока-кола и чоколадни колачиња од кикирики. Пиво веќе не можев да купам откако една друга вработена на бензинската ме провали дека сум копиљ кога ме замоли да ӣ покажам лична карта која “случајно“ не ја носев со себе.

Screenshot_18

Секој пат кога ќе поминев пред рецепцијата на мотелот го гледав Хасан.

Kако човекот да не спиеше, беше таму од утро до вечер и повторно го гледав следното утро. Само последниот ден, рано сабајлето кога нетрпеливо веќе заминував за да се сместам на универзитетот, го видов Хасан кога излегуваше од едната од мотелските соби со едниот од синовите кој се дооблекуваше…

Дојдов до рецепцијата за да ги вратам клучевите и Хасан го прати син му да ја провери собата пред да ме отчекира. Во позадина, на радиото одеа вести за ултра-десничарските мотиви на Тимоти Мегвеи да испоутепа стотици луѓе, жени и деца. Ужас.

Кај кур се вратив!?

Screenshot_19

Додека го чекавме да се врати син му, Хасан запали цигара и низ чадот кој полека му искачаше од устата и низ ноздрвите, почна да ми раскажува како стигнал во Америка во ‘65та кога имал дваесет и пет:

„You see, I got here from Pakistan back in 1965 when I was twenty five. I was a post-graduate electrical engineering student at TCU, but I never got further than a few hundred yards downhill. I got married, the boys were born soon after, and we’ve been living at the motel ever since my wife died”, ми кажа додека гледаше во правецот на стрмното брдо и универзитетот од другата страна. Зборовите му се тркалаа од устата поспоро и од чадот од цигарата кој едвај му се тегнеше од носот и од устата, звучеше меланхолично и разочарано до зла Бога. Потоа, направи една долга пауза…

Помислив да кажам нешто, да го прашам Зошто Days Inn?,  но сепак ни самиот не реков ништо. Хасан зема три последователни дима од цигарата и продолжи како да ми ги прочита мислите, „But we like it here at ‘Days Inn’, its good business. The poor always have the most money to spend”.

Се врати син му и му климна со главата дека сé е во ред со соба 237. Хасан ми се насмеа и ме испрати, „Good luck my Macedonian friend. If you ever need anything – now you know where to find me”.

Му се заблагодарив, си го префрлив ранецот преку рамото и тргнав угоре по брдото, додека во ушите ми одѕвуваа зборовите two three seven, додека ме печеше големата и осамена златно-бакарна тепсија на небото.

Screenshot_20

Dick Major

СЕЌАВАЊА НА АМЕРИКА “НАЈДОЛГИОТ ПАТ“ (XII ПОГЛАВЈЕ)

“Не ми беше важно ништо освен цицките на Памела и ако патот до нив значеше сина карирана кошила и вадење на сите минѓуши тогаш тоа беше гризот од гордоста кој морав да го проголтам за да стигнам помеѓу нив. Ја земав колата на Беки и отидов да ја соберам Памела.“

Dick Major

Дојде денот.

Денот пред моето заминување рано утредента.

Иако беше сабота знаев дека Мајк работеше па веќе беше отиден. Џес и Џони беа кај татко ӣ на Џес кој ги собра за викендот, а јас само што се разбудив во соба полна расфрлани работи спремни за пакување. Требаше да се пакувам – да, но…

Набрзина се замив, исчеткав заби и се дотерав во моите нови боксерици со дезен од исечени лубеници.

Беки!?, викнав кога излегов од купатилото за да проверам дали сум сам зошто ми беше камен дигнат и сакав да го издркам на колекцијата Плејбој списанија што ја открив под креветот на Мајк и Беки уште кога им се вселив дома. Викнав уште неколку пати и се промував низ куќата за да проверам да не е помајка ми тука некаде, но од неа и нејзината натапирана фризура немаше ни трага ни глас. Се упатив во спалната и ги извадив купиштата списанија. Како курнас-Атанас си го ландав додека бирав на што ќе дркам: Јануари 91ва, Март 93та, Декември 94та… И си ја најдов, Miss June ‘96 – Керин Тејлор, прекрасна црнкиња која ме потсеќаше на Крис и на нејзината лисната вагина на која не можев да ӣ се изнасладам пред да ме превари, и која сé уште ми беше прво нешто на памет кога и да се разбудев неебан.

major1

Земав од Johnson’s ® Baby уљенцето со кое му го мачкаа газенцето на Џони после какање и се полив како Калигула пред да оргијаши со Хелен Мирен во истоимениот филм на Тинто Брас.

major2

Знам дека воведов звучи како намештаљка за тоа дека во следниот пасус ќе влезе Беки и ќе ме фати со курот в раце, а дека во пасусот после тоа ќе се изебам со неа, но…

Го мавав како споулавен. Имав проблем да свршам како што им се случува и на најдобрите. Мислев дека ќе го откорнам додека фрустрирано пцуев помеѓу брзинското листање од првиот “невин“ портрет па се до последниот “раширен“ низок ракурс на Керин Тејлор со другата рака. Почнав да се чувствувам како да правам серија стомачни и ми се цедеше пот врз грбот од краевите на долгата густа коса. Уствари, толку се напнав што веќе не можев ни да гледам од што ме печеа очите потопени со солената пот која ми капеше врз лицето и ми се разлеваше насекаде по телото. Во еден очаен момент почнав да ги листам и другите броеви, али јебига, ништо од свршавката.

У ПИЧКУ МАТЕР!, викнав, се откажав, и уредно ги вратив списанијата на место. Бев љут и нервозен и сé уште се моткав низ спалната со камен дигнат понос.

major3

“Hey Pit, whatta hell are you doing’?“, тотално се изненадив кога ӣ го чув иронично насмеаниот глас на Беки кој доаѓаше од дворот, веднаш од другата страна на високите тесни подотворени прозорци на спалната соба.

Си ги стиснав забите зошто немав што да кажам и почна да ме пука брука. Се засрамив како кога имав само шест годинки кога татко ми еднаш влезе во соба и ме фати како ӣ ги фаќам градите на мајка ми. Сакав да се отвори земјата, да ме проголта и да ме пљукне во бесконечноста на универзумот. Се направив луд и набрзина и тивко отидов во купатилото. Се фрлив под ладен туш во обид да го спуштам дрвото помеѓу нозете како тоа да ќе го измиеше срамот кој го чувствував. Не поминаа ни десет секунди и во купатилото влезе Беки, одлучно и храбро! Знаев дека ме чула како дркам. Фак!

major4

“I’m  taking a shower over here!“ кобајаги строго ӣ кажав додека си го притискав помеѓу нозете за да го спуштам. Чув штракање на упаљач од другата страна на пластичната завеса од бањата и веднаш потоа осетив густ чад Те-Ха-Це. Низ полупроѕирниот дебел најлон можев да ја видам силуетата на Беки кога ја спушти даската од ве-це шољата, си ги симна гаѓичките и тогаш чув како почна да моча додека дуваше еден од џоинтите што му ги смотав на Мајк претходната ноќ.

major5

“Знаеш што Пит, иако не дувам често стварно ќе ми фалат твоите џоинти, толку се елегантни, и европејски, како тебе.“, ми кажа и се посра додека сé уште мочаше со силен млаз кој ја удираше водата во шољата погласно и од заглушувачкиот звук на мојот ладен туш. Не знаев што да кажам. Ќутев и се чувствував дури и исплашено, како да сум направил некаква страшна беља. Звукот на мочањето полека заврши со неколку последователни и сé пократки млазови. Ја видов раскошната цицлеста силуета на Беки кога си ги рашири нозете, си навитка малку тоалетна на раката и полека се избриша. Потоа си ги крена гаќичте како да знаеше дека ја гледам, повлече вода и ќутенката ми го подаде џоинтот низ процепот помеѓу завесата и ѕидот. Ќутенката го земав и Беки излезе без да каже било што и самата.

Земав еден огромен дим и остатокот од џоинтот ми се растури од ладната вода која прскаше насекаде. Како што полека издишував се обидував да сфатам што се случило и не можев да ја извадам од глава сликата на силуетата на помајка ми како си ги соблекува гаќичките. Репетитивно ми се враќаше звукот на мочањето кој ме тераше да мислам на нејзината влажна вагина, на нејзините раширени нозе и на нејзината рака додека си ја бришеше. Си пуштив потопла вода и само што си го фатив со насапунети раце за да си го замијам почнав напалено да си го тријам додека со другата рака си ги стискав мудата. Помалку од пола минута подоцна целиот се наежив и свршив мислејќи на помајка ми која минутка порано мочаше на само триесетина сантиметри од мене.

major6

* * *

Како што се пакував почна да ме пука некаква чудна ностагија по Америка иако имаше уште скоро цел ден пред да заминам.

Во Скопје можев само да се надевам на нешто појако од грас а да не е хорс со оглед на тоа дека беше 97ма, па знаев дека ќе морам тагата за кока или метамфетамин да ја утешам со ужасниот вкус на Скопско пиво и љута жута©.

Како ги пакував големите жолти тефтери со писмата кои никогаш не ги пратив дома почна да ми фали и можноста да патам пред самиот себе, можноста која ја имав само заради тоа што уживав да си ја прераскажувам тагата што ја осеќав во своето патетично самосожалување.

Овој текст, ова што го читате сега се сегменти од тие писма кои никогаш не стигнаа до своите адресирани читатели. Сега скоро дваесет години подоцна ме болат исто како кога ги пишував. Среќа што сум скоро дваесет години постар па имам можност да ги редактирам од една здрава дистанца пред да ги објавам за да не звучат како глупава тинејџрска шаблон комедија.

major7

Заеби муабетов. Нема везе. Назад на носталгијата…

Имав само пеесетина долари во џебот и ведаш помислив колку ќе ми фали вкусот на острите напарфемирани Амерички Камел цигари без филтер.

Веќе бев избушен со пет пирса на уши па почна да ми фали и слободата да правам што сакам пред да треба да му реферирам на татко ми. И тогаш ми текна дека пред да заминам морам да си го пирснам и јазикот затоа што Памела, убедливо најпосакуваното курвиче од најкул кафичот во Оклахома Сити каде што бев редовен гостин – “The Red Cup“, еднаш на издрогирано ми кажа: “I’ll let you fuck my tits if you eat me out with a large gauge tongue piercing“. Само неколку дена порано курвичето за мааалку не ми даде со тој изговор и веќе ми беше апсолутно крајна животна цел да ӣ го опнам помеѓу цицки пред да заминам па одлучив дека ќе си го пирснам јазикот ко за задње, и тоа со дебела игла (large gauge!)!

major8

Чек.. чекај малку, само за кратко, морам да се вратам две-три недели порано и да го пикнам тука и ова што следува – многу е добро:

Џизас Џесика

Две-три недели претходно имав договорено да одам на матурска со убедливо најзгодната девојка од школото – Џесика. Џесика беше голема скоро колку мене, скоро два метра висока кошаркарка која беше ултра пристојна, супер религиозна и мега посакувана заради тоа што сé на неа беше големо и недостижно заради сé друго што спомнав претходно. Беше исто така и супер-ултра-мега срамежлива па воопшто не ги ни погледнуваше очајните дркаџии кои се обидуваа да ӣ пријдат. Башка скоро сите беа пониски од неа, освен мене, но и јас не се осудував да ӣ пријдам од пуста гордост македонска да не попијам корпа.

major9

Не се сеќавам како точно се случи, но другар ми Гас ми кажа дека девојка му му спомнала дека не би било лоша идеја да ӣ предложам на Џесика да ми биде партнер за матурска. Морам да признам дека до ден денеска се сеќавам на секој детал од лицето и телото на Џесика затоа што стварно беше една од оние нереално згодни и убави девојки. Висока витка и раскошна клинка која само да се појавeла на вистинскиот кастинг сигурно ќе била следната Каролина Куркова.

major10

Како ми кажа Гас, сфатив дека скоро сигурно Џесика ја нарачала “просидбата“ затоа што веројатно никој не ја ни прашал за на матурска, а јас бев ѕвездата, златното момче за кое сите зборуваа, победникот во Дебата на ниво на Оклахома, а да не зборам за тврдиот акцент и долгата виткана коса што само го потврдуваше неосвестениот христијанин во мојот антички Македонец, некаде таму од Библијата.

major11

“Hey Jessica, I want you to be my date for the prom. Gus told me to ask you so that’s what I am doing. What do you say?” ја прашав некаде низ школските ходници. Не се сеќавам на деталите, ама толку бев веќе зависен од каков било стимуланс што сигурно сум бил надуван или нешто поише кога ја прашав како да ми беше сеедно што ќе одговореше. А и ми беше сеедно до некаде, затоа што си одев за две недели и уствари апсолутно ме беше заболе…

Џесика ја подотвори устата и ја спушти главата. Не очекуваше дека ќе бидам толку директен и арогантен. Си го исправив грбот колку што можев и дури и се поткренав малку за да доминирам до толку повеќе над нејзината висина.

Џесика го крена погледот, но сега бев неколку сантиметри повисок и веројатно тоа беше пресудно кога ми се насмеа срамежливо и милозвучно ме праша “Are you Christian?”.

Ӣ кажав дека по мајка сум словенец католик а по татко православен прилепчанец и девојчето веднаш се сложи да ми биде дејт за матурска. Утредента одлучив да ја тестирам и ја договорив да идеме у кино, а и курнас-Атанас ӣ кажав она мене да ме земе со кола.

major12

Отидовме да го гледаме вториот дел на Jurassic Park – The Lost World и тоа на отворено кино за автомобили. Филмот ми беше толку добар што заборавив дека треба да се лапам со Џесика па сиротата чекаше до самиот крај за да се деси нешто помеѓу нас. Конечно, на крајот на филмот кога Спилберг очекувано не ги уби тираносауросот и неговото бебе, ја залапав и се разочарав до крајот на светот. Колку и да беше згодна и недостижна, убава и боженствена, Џесика не знаеше ни да се лапа а камо ли да биде сексипилна и страсна. Постојано ми пикаше тврд шпиц јазик во устата како да сакаше да ми ги исполира забите и на секое мое поминување со раката врз нејзините километарски нозе се штрецаше и се возбудуваше како да ја маваше струја. После пола саат тапа лапање и безнадежно фаќање ӣ кажав дека вака веќе не може и дека мора да дае малку кожа на кожа, барем малку суво триење преку фармерки ако ништо друго. Глупачата почна да ми зборува за своите христијански убедувња и за тоа дека сексот е света работа која само избраниот татко на нејзините деца може да ӣ го прави. Саркастичен коњ ко што ме направил мојот татко веднаш ӣ предложив брак, но не ми помина. Понесен од искуството со едно друго убер-христијанско ултра-Џизас девојче неколку месеци претходно кое се сложи да се ебе у г’з за да остане невина, ӣ го сугерирав истото и на Џесика која ококорено се шокираше од мојот сосема непристоен предлог. Претпоставувам дека имаше запек па без да изусти било што ја запали колата и по кратка постапка ме врати дома.

major13

После доста чудна и тивка вожња стигнавме кај мене пред куќа. Џесика зема длабок здив, нервозно издиша и ми се обрати без да ме погледне во очи: „We are still going to the prom together. I will forget what you proposed earlier. I forgive you“, мртва ладна ми кажа додека излегував од колата на која дури имаше и стикер “Jesus Loves U“.

Она мене ќе ми простела. Глупача!, си помислив…

Ја погледнав, се вратив назад кон неа и како за последен пат ја пољубив во големите сочни усни зошто знаев дека веќе никогаш нема да пољубам еден таков редок пример на совршенство. „Не, нема да идеме на матурска заедно.“ ӣ кажав додека излегував од колата и си ја заокружив мислата кратко и јасно: “Prom night is fuck night!“.

major14

Pamella Ciderella

Како и да е, Џесика не ми дае.

Следниот ден се кршевме од смеење во “The Red Cup“  кога им ја раскажував приказната на локалните шизици.

„So, who are you taking to the prom?“ чув од соседната маса и се свртев. И кого да видам, Памела – најзгодното курвиче кое искачашe у “Црвената Шоља“, девојчето кое сите сакаа да го опнат ама немаа муда да ӣ пријдат заради тоа што имаше многу постар и многу опасен дечко кој чат-пат ќе се појавеше за да даде до знаење дека малата е негова. А малата беше чудесија!

Јас ја бев приметил во неколку наврати. Беше исто така висока како Џесика, но имаше црна фарбана коса со црвени прамени и носеше многу шминка затоа што како и повеќето кои искачаа во “The Red Cup“ беше у готик фазон и мислеше дека е вампирка. Беше две годинки помала од мене, но имаше огромни високи цициња кои секогаш без прслук си ги носеше околу вратот. Она што ја правеше посебно пожелна беше нејзиниот поглед кој беше толку промискуитетен што сигурно им ги исполнуваше најдлабоките фантазии на сите типови на перверзњачини кои ќе погледнеа во нејзините бистро зелени очи. Се направив фраер и блеферски ӣ вратив на прашањето:

“Would you like to come to my prom with me?“.

Памела се насмеа и на изненадување на сите присутни ми го прифати блефот. „Sure, just make sure my ex-boyfriend doesn’t find out“.

major15

Не знам колку дена дена подоцна беше матурската. Скришно се чув со Памела неколку пати претходно и бевме договорени да ја земам од дома “три саата порано“ и  “дотеран пристојно“ како што експлицитно ме замоли. Исто така ме замоли и да изрентам соба во мотел кој беше веднаш до објектот каде беше прославата. За барањето за пристојниот изглед ми беше јасно дека е заради нејзините, но заради барањето да изрентам соба во мотел и да ја земам три саата порано бев сигурен дека ќе падне опасна јебачина или се барем се надевав на некаква пристојна куропушалица.

major16

Се дотерав како тотален шмокљан, во најсвечената гардероба на Мајк која ја носеше исклучиво кога одеше во црква, во бело одело и сина карирана кошула. Не ми беше важно ништо освен цицките на Памела и ако патот до нив значеше сина карирана кошила и вадење на сите минѓуши тогаш тоа беше гризот од гордоста кој морав да го проголтам за да стигнам помеѓу нив. Ја земав колата на Беки и отидов да ја соберам Памела.

major17

Како влегував во маалото веднаш ми беше јасно дека беше од сиромашно семејство. Живееше во една малечка трошна куќичка на самата периферија од градот.

Динг-Донг, поѕвонив на ѕвончето и отвори мајка ӣ. Ме измерка од глава до петици и ме покани да влезам. Како ме испрати до дневната приметив дека насекаде по ѕидовите имаше слики од распетија, везени дезени од Исус и мали врамени цитати од Библијата. Најпрво помислив дека сум ја утнал куќата затоа што не можев да поверувам дека Памела, нејзиниот готик имиџ, нејзиниот курвински поглед, нејзината црна шминка и црвени прамени на црната коса се резултат на екстремно христијанскиот амбиент во кој се наоѓав. Две-три минутки подоцна се појави Памела. И самата не личеше на себе. Беше облечена во некаков светло син фустан кој неверојатно многу личеше на фустанот на Пепелашка од култниот цртан на Дизни, имаше смеѓа коса фатена во пунџа, немаше ни грам шминка и да не ӣ беа големите високо кренати цициња ќе помислев дека е само многу висока дванаесет годишна клинка која никогаш не сум ја ни запознал. Дури и погледот ӣ беше наивен и “збунет“.

major18

„God bless“ ни кажа мајка ӣ и излеговме. Двеста метри подолу на улицата Памела ме замоли да застанам и да се паркирам. Набрзина излезе од автомобилот и ја гледав во ретровизорот кога скришно и внимателно дојде до кантата за ѓубре кај нејзе пред куќа. Извади една црна кеса и трчанката се врати во колата.

„You are not going to your prom dressed like that!“ ми кажа кога задишано влезе назад во Понтијакот на Беки. И беше во право девојчето. Изгледав како дотеран Форест Гамп и тоа како на почетокот на мемоариве.

major19

И long story short, имаше многу конкретна причина зошто бев замолен да ја земам цели три саата порано. Памела имаше план, и тоа и за двајцата. Веднаш ми кажа каде да возам и пола саат подоцна завршивме пред еден дуќан за изнајмување на костими за маскенбали. Девојчето се знаеше со испирсаните и истетовирани даркери кои работеа таму и набрзина ми избра нов имиџ за матурската комплетно инспириран од стајлингот на Гери Олдман во улогата на Влад Цепеш попознат како Гроф Дракула од истоимениот филм на Франсис Форд Копола кој беше релативно тазе во тоа време.

major20

Девојчето не ме ни праша како си се свиѓам кога ме виде во темно сив фрак сошиен во стилот кој бил актуелен сто и нешто години порано, со тесна бела кошула на ревери, широка лептир машна и огромен глупав цилиндар кој не можеше ни да ми стои како што треба на секако големата глава обрасната со густа виткана коса-Гишовача. Како за последен детал, едното од типчињата ми стави и округли црвени наочари-Ленонки на лицето и кажа „Perfect!“.

major21

Од таму отидовме во мотелската соба каде наивно сé уште се надевав дека барем ќе изебам нешто како наплата за жртвата која ја плаќав со имиџот кој морав да го носам на себе. Меѓутоа, Пепелашка не ми дае, ни случајно. Се соблече пиштол гола и ја започна својата трансформација која стартуваше со вадење на шминки и гардероба од црната кеса која ја извади од кантата за ѓубре кај нејзе пред куќа.

Се дотера најготик што можеше, се нашминка со дебел слој бела пудра, си стави мрсен мачкаст креон и потоа цел саат си ја фарбаше косата со ултра краткотраен спреј за коса. Пола саат пред да требаше да тргнеме Памела беше скоро готова. Си ги стави лажните пирсови на уши, усни, образи и стомак и изгледаше како стимпанк невестата на Дракула. Како за последно и како на рез, се погледна во огледалото и си го смени изразот на погледот. Сега веќе беше комплетно трансформирана во промискуитетното курвиче кое го познавав и кое потајно со месеци сакав да го изебам.

Во типичен маалски манир, се обидов да ја залапам и евентуално да ја изебам набрзина, но Памела мртва ладна ме бутна назад и ми кажа дека доцниме за мојата матурска. Не ми дае ни да ја љубнам!

major22

Отидовме на глупавата матурска каде немаше ништо освен кока-кола и некаков ужасен розев пунч без алкохол!

Сите присутни баптисти матуранти од моето школо беа фрапирани од мојот изглед и од мојот избор за партнер за матурска, а посебно фрапирана беше Џизас Џесика која беше дојдена сама и без дечко (глупача!). Кој ја ебе, си помислив и кркнавме по еден трип со Треј кој, тотално очекувано, исто така беше дотеран како Гери Олдман во улогата на Дракула.

major23

После безвезната џингерлака во христијанскиот дух на моите тапа соученици почна да ме пука трипот и отидовме во мотелската соба, jас, Памела, Треј и некоја пичкица која кој знае кај ја собрал. Они двајца почнаа да се ебат одма додека јас и Памела се киневме од смеење колку му беше мал на Треј. Целата оргијашка атмосфера ме напали и мене и ӣ се ставив на Памела која и самата беше скркана на некакви седативи и грас. Девојчето неќеше трип пошто мораше да биде дома пред полноќ.

major24

Лaпањето беше магично, можев да ӣ ги осетам големие тврди и полни гради иако беше под мене. Се обидов да влезам помеѓу нив, но Памела ми го тргна шашавиот цилиндар од главата, ме зграпчи за косата и ми ја турна главата помеѓу нејзините нозе. Сум јадел доволно пичка пред тоа и уште многу многу после тоа за да знам кога една вагина е природно ќоса, слатка и возбудена. Вагината на Памела беше сето тоа во пакет плус се цедеше колку беше влажна. Ӣ ја јадев како вистински професионалец, повремен вакум и јазик на клиторис, показалец и среден прст нежно внатре, четвртиот прст само малку на анусот, а со другата рака ја напалував со големи и широки милувања по цицотите.

Како и да е, ни Памела не ми дае.

major25

Во еден момент кога виде колку е саат, стана, отиде во купатило и десет минути подоцна се врати дотерана како кога ја собрав од дома. Веќе беше скоро еданес’ ипол и морав Пепелашка да ја однесам дома.

На радиото во колата одеше Massive Attack. Едвај возев триес’ на саат зошто халуцинирав како наапано говедо што и бев. Некако стигнавме пред куќата на Памела и најочајно почнав да ја молам барем да ми го издрка, „Те молам, те молам, те молам…“.

“I’ll let you fuck my tits if you eat me out with a large gauge tongue piercing“ ми кажа Памела за да ме откачи. „See you before you leave. Call me“, и излезе од колата.

Мадерфакер!

Неколку дена подоцна дојде денот.

Денот пред моето заминување рано утредента.

Завршив со пакување некаде на пладне и повторно тргнав да ја барам Беки, овој пат за да ӣ ја позајмам колата за да отидам да си го пирснам јазикот со дебела игла, за да можам да ставам дебел пирс, за да можам да ӣ се симнам на Памела, за да ми дае да ӣ ги изебам цицките, но…

Беки и нејзиниот Понтијак беа заминати. Му се јавив на Треј, но Треј не можеше да дојде. Почнав да ѕврцкам по луѓе за да најдам превоз, но сите ме одјебуваа. После некое време се откажав, се ставив на терпеазирска и почнав да си ги пишувам извадоциве за Џизас Џесика и за Pamella Cinderella кои сакав да му ги пратам на Дарче, моето другарче дома во Скопје.

major26

Доцна попладнето се врати Беки, а минутки подоцна и Мајк. Им кажав дека има само уште едни цицки кои морам да ги изебам пред да заминам и со тешко срце ми го дадоа Понтијакот затоа што после матурската се вратив дома у 4 сабајле зошто заспав у кола пред куќата на Пепелашка. Ӣ се јавив на Памела, ӣ кажав дека имам изненадување за неа и се договоривме да се најдеме во едно паркче позади “Црвената Шоља“.

Запалив Понтијаток и ја спичив накај едно Tattoo&Piercing Студио на 23та улица.

Добар ден; Добар ден, и им кажав дека сакаам дебел, најдебел пирс со кој можат и смеат да ми го пирснат јазикот ко за прв пат.

„Џаст а момент“, ми кажа девојчето од рецепцијта кое беше накитено со тетоважи и пирсови како некаква секси новогодишна елка. Ја снема позади завесата и минутка подоцна се појави во придружба на исто така накитен шизик со исечен јазик за да му изгледа како на звечарка кој и покрај глупиот имиџ многу културно и професионално носеше хируршки ракавици на истетовираните раце. Ме седна на едно забарско столче и ме праша дали сум сигурен.

Нон-шалантно му кажав „Sure I am sure“.

Фраерот извади една дебела игла, ме праша дали сакам повисоко или појше накај врвот на јазикот, и кога му кажав дека сакам накај врвот набрзина ми го фати крајот на јазикот со мали клештички и за помалку од секунда ми збрца копје во душата.

major27

Отсекогаш сакав физика и отсекогаш се пував дека сé ми е јасно, но теоријата на релативноста навистина ми стана јасна кога тие пеесетина стотинки во кои ме прободе ми траеа подолго од целото животно искуство до тогаш. Можев да ја видам дебелата игла која во ultra-slow motion ми влезе во јазикот, можев да го чујам секое кинење на секое поединечно мускулно влакно, можев да го вкусам секое киселкасто црвено крвно зрнце кое ми се разлеваше врз секој еден рецептор за вкус под јазикот. Очите ми се насолзија и почнав да плачам како Џони Деп во Cry-Baby на Џон Вотерс.

major28

“Докторот“ ми даде пластична чаша полна толчен мраз и ми кажа да не зборувам цела недела, да ставам мраз колку почесто можам, да не јадам топли работи и да јадам само течно, ни случајно да не се лапам барем месец дена и ако можам да не пушам најмалку 24 часа. Кога едвај успеав да кажам било што го прашав дали смеам да јадам вагина. Типчето не ми кажа ништо, се насмеа мислејќи дека се зезам и ми даде фискална. Си платив триесет долари и излегов. Одма запалив цигара додека џвакав мраз и после само минутка ја фрлив чашата. Кретен!

Видов дека е доцна, рипнав во кола и со чкрипка ја спичив за да стигнам до паркчето каде бев договорен со Памела. Возев како споулавен зошто сепак таму ме чекааа последните цицки што требаше да ги изебам пред да се вратам во Македонија – земјата каде никој никад не ебел цицки, посебно не цицки како тие на Pamella Cinderella!

major29

Возев сто и кусур на саат и си ја рокав Hypnotize на Notorious B.I.G.

Брзо сфатив дека јазикот ми отекува и уште побрзо зажалив што ја фрлив чашата со мразот. Веќе бев на обиколницата и го барав првиот излез каде ќе скршнев од патот за да купам толчен мраз зошто едвај дишев од што ми беше збумбарено местото околу дебелиот пирс. Али курнас-Атанас, мене ме болеше уво поише него ли јазикот. Единствена работа на памет ми беа цицките на Памела и отокот беше само формалност со која требаше машки да се справам пред да дојдам до нејзиното намрсено меѓуцицје.

major30

Почна да роси додека возев сто и веќе голем кусур на саат. Претпоставувам дека ситниот дожд само го подмачка песокот на автопатот кога изгубив контрола и излетав од патот. Сé се случи многу бргу, но од полицискиот извештај дознав дека сум го пробил заштитниот зид, сум излетал на државно земјиште попат уништуваќи преку 150 метри државна ограда пред да удрам друга кола на споредниот пат кога екслодира ербегот и кога вожњата во сега уништениот Понтијак на Беки неславно се заврши со неговото конечно забивање во дрво.

На звучниците сé уште идеше Hypnotize.

Ги трганав издишаните воздушни перничиња и се обидов да излезам од искршениот автомобил, но не можев. Беше толку згмечен и изгужван што и вратата беше заглавена. Прозорецот беше направен сол па се провлеков низ отворот и седнав на тротоарот за да олабавам. Одма сфатив дека ништо не ме болеше освен јазикот кој ми беше отечен како да имам недозреана калинка во устата. Едвај дишев. Набрзина го извадив комлетно непотребниот и глупав пирс и почнав да си го стискам јазикот за да го исцедам и спласнам колку што можев. Иако не бев очигледно повреден се чувствував искршено како да сум бил во тепачка… Истоштен, излупан, шокиран и збунет.

major31

Две минути подоцна дојде полиција. Ме прашаа како сум, на што им одговорив дека сум жив и дека Џизас ме чувал. Им дадов број од Мајк и Беки и откако видоа дека сум ОК, џандарите веднаш ме ставија во полицциската кола за да направат записник. Ме тестираа за алкохол, ме прашаа дали сум дувал, но за среќа сé беше негативно. На крај, кога ми напишаа казна за брзо возење и за уништивање на државно земјште на прозорецот од совозачкото седиште каде седев чув силно удирање и викање. Беше Беки. Колата ӣ беше згужвана уништена и забиена во дрво, а она беше оправдано спиздена и хистерична. Џандарите ја тргнаа, но кога излегов од колата ми пријде Мајк.

„You fucked up Pit“, ми кажа вечно надуваниот индијанец додека неколку метри позади него ја држеа Беки за да не ми ебе мајката. Вриштеше од дното на плуќата и звучеше како да ја запоседнале сто ѓаволи: „Motherfucker! Motherfucker! You Motherfucker you…!“

Мајк ме казни прописно и силно, со само една и всушност единсвената татковска реченица која ми ја кажа за време на целиот мој престој кај нив: „If you weren’t the son I never had, I would have whooped your ass right now!“. И тоа ме заболе повеќе и од пирсањето. Сфатив дека доброчудниот индијанец имаше многу љубов за мене и го разочарав само неколку саати пред да требаше да заминам засекогаш.

Веќе му бев објаснил на џандарот дека сум студент на размена и дека за само неколку саата требаше да полетам дома. Фраерот ми кажа да си одам пред да ги пуштел Мајк и Беки, после записникот кој требаше да го пополни со нив за осигурителната компанија. Не можев ни “Thank you“ да му кажам ко што треба зошто отокот на јазикот ми беше машала огромен и само благодарно му климнав со главата кога тивко се тргнав на страна.

Шизикот полицаец ми викна такси и 45 минути подоцна бев дома. Беше заклучено па како некаков криминалец се прекачив преку едниот од прозореците на спалната на Мајк и Беки кои постојано беа подотворени. Веднаш му се јавив на Треј и му објаснив дека сум во многу деликатна ситуација. Петнаесет минути подоцна дојде и си ги ставив спакуваните работи кај него у кола. Веќе имав спремен подарок, мало изненадување за малиот Џони кој во моментот беше кај татко ӣ на Џес и со грутка во грлото ја оставив плишаната кукла од индијански поглавица на неговото креветче.

major32

Заминавме со Треј кај него дома и веќе никогаш не го видов семејството Ware.

* * *

Дојде денот.

Во пет саат сабајле веќе бевме на аеродромот.

Треј ми помогна да си го извадам куферот од колата и се гушнавме како најдобри другари. Тамам да заминам засегогаш од Оклахома, Треј ми кажа дека ко за задње има да ми каже нешто “најдругарски“. Можев да видам дека се тресеше како шеќерна репка на ветерот и шизикот набрзина призна: „You know what, I had a thing with Chris, I had to tell you“. Не можев да верувам што ми зборува и го замолив да не се заебава.

Копилето повтори дека “само му го пушела“ и тоа “откако сме раскинале“ и во секунда најбалкански му врзав шамарчина која мислам дека му ја сврте главата околу вратот. Мадерфакерот падна на земја и како за последно го пљукнав во уста додека вапаше за здив. Сепак, морав да се вратам дома па не му се измочав на сурат. Ќе ме уапсеа да го сторев и тој прекрасен акт на балкански излив на љубомора. Си го земав големиот куфер, мртов ладен влегов на терминалот, се чекирав и пола саат подоцна полетав на првиот лет накај дома.

* * *

Летот беше тупење со неколку застанувања до Скопје. Мојот агент, сељандурата Олга одПрилеп не ни знаеше дека си заминав кога слетав во Њу Јорк. Сигурно не била ни свесна дека сум на пат до дома кога слетав во Амстердам. Ја фолирав глупачата дека ќе останам во Америка до крајот на државниот натпревар по Дебата и бев пресреќен кога заминав без да ӣ кажам Goodbye. Веќе слетував на аеродромот во Софија, Бугарија кога почнав да препознавам македонска земја. Неколку саата подоцна влегов во авион на последниот лет до дома.

major33

Бев крш истоштен од најолгиот пат во кој наполнив осамнаест и во кој станав возрасен. Америка ме порасна, Америка ме соџвака, Америка ме направи нов човек. Додека летавме на краткиот лет до Скопје ми текна кога слетав на JFK во Њу Јорк скоро година дена порано кога всушност прв пат пољубив земља америчка. После само неколку дена кај вукјко ми отидов кај првото “host family“, првото семејство со кое требаше да живеам во Бруклин. Беа од оние ортодоксни евреи кои не палеа светло после девет навечер и од оние кои закопуваа весници отпечатени на еврејски затоа што ги содржеа буквите на името Господово. После неколку дена јадење еврејска мацо-бол супа во 6 навечер за вечера и присилното легнување петнаесет минути подоцна, се изнервирав и купив весник на еврејски. Налетав на еден млад евреин на улица кој ми кажа дека името на Господ на еврејски е тетрагаметонот יהוה и со негова помош ги најдов конкретните букви во весникот. Ги исеков секоја посебно, ги споив и ги нанижав на селотејп како некаква порака за исплата после киднапирање. Пола саат пред да им заминам од дома ненајавено, го залепив селотејпот на прекинувачот за светло за да не можат да го угасат светлото зошто не смееа ни да ги пипнат буквите.

Над името на еврејскиот Јахве, кое во наплив на хардкор безобразлук го пречкртав, си го ставив своето име пропратено со “יהוה (Peter)was here“, исто како што направил Александар кога ја покорил Јудеа.

Саат време подоцна бев на пат до Златната Држава… кога слетав во Скопје. Конечно се вратив дома.

КРАЈ НА ПРВА СЕЗОНА.

СЕЌАВАЊА НА АМЕРИКА “ВИКЕНД ВО ДАЛАС“ (XI Поглавје) 18+

dickmaj1

“Велеградските светла ме земаа под свое и се загубив во вселена од шарени тријаголници и блескави хексагони.“

Dick Major

„Hey, little Macedonian lover“, ми кажа малечката Хајди кога ӣ се јавив. Се стопив како неочекуван есенски снег уште на “Hey“.

Со саати флертувавме по телефон додека лежев на тревникот пред куќата, окезен и размуабетен и додека залегнато си го чешкав мешето под силното мајско сонце. Се препелкав и се трклалав низ дворот додека си шепкавме што ќе си правиме кога ќе се видиме. Повторно можев да ја видам како си ја подзагрицнува усната додека ја слушав како ме зашеметува со комплименти за нашето магично љубење со вкус на ладен фаст-фуд милкшејк од јагоди кога се запознавме. Топлиот влажен пролетен ветер само ми ги враќаше сеќавањата на мирисот на нејзината коса, мирисот на нејзината кожа, мирис на исцедени цреши, жешка реа од презреани праски…

dickmaj1

„I think I am falling in love with you“, ӣ кажав и ја излажав зошто единствено што сакав беше да ја расченгелам од љубов.

„Сигурна сум дека само сакаш да ме изебеш“, брутално искрено ми врати и не ми даде ни момент кога продолжи „But I want to fuck your brains out too little love bunny!“.

За момент ме потсети на Зои од Мангум и ми стана јасно дека сé е јасно.

Се чувствував прекрáсно.

Едвај чекав да ја видам пошто знаев дека ќе биде перверзно гнасно!

dickmaj2

Хајди беше ќерка на универзитетски професори и живееше во Stillwater Oklahoma, универзитетско гратче релативно блиску до границата со Тексас, но сепак премногу далеку за да се најдеме некаде на средина. Хајди секако имаше уште подобар план за нас – да се најдеме во Далас, каде ми кажа дека ќе го поминела викендот кај некоја другарка.

Без да размислам два пати, ӣ кажав дека е договорено и дека ќе ӣ се јавам да ӣ кажам каде и кога точно да се најдeме. Се лигавевме по телефон уште за кратко и спуштивме кога почна да се стемнува. Сé уште лежев на грбот додека сонцето се симињаше позади куќата на комшиите и сé уште гледав во розе-помаранџестото небо распуфкано со бели облачиња кога одлучив дека “И задње да ми е – идам у Далас со Хајди!“.

 dickmaj3

Од школската година беа останаа десетина дена, а до моето долго очекувано враќање дома имаше само две-три недели. Но, драгата Професорка Г-ѓа Мејпл и апашот директор Г-дин Роки Џорџ инсистираа да останам уште цел еден дополнителен месец зошто сакаа да учествувам во финалето за Дебата на ниво на САД. Јебига, бев златното момче, се пласирав у Лига на шампиони за Дебата и луѓето сакаа да ќарат на мој грб. Но, секако и јас имав шанса да се покажам како неприкосновена ѕвезда во светот на “идните политичари во долниот дом“ како што нагалено ги викаа шампионите во Дебата на ниво на пеесте држави на Федеративна Република Америка. Американскиот сон никогаш не ми бил поблиску, но пустата носталгија по Македонија ми правеше каша-попара во главата и воопшто немав амбиции да одам во Вашингтон за да се натпреварувам пред некои таму конгресмени колку што сакав што поскоро да си се вратам дома и да се журкам со сестра ми и со другарчињата, на концерт на “Архангел“ по можност.

dickmaj4

Имаше само уште една причина зошто им одговорив: „It will be an honor to do it, but off course...” на Mister Роки Џорџ и на Miss Мејпл иако тотално не го мислев тоа. Сакав да ги откачам и да бидам сигурен дека нема да ја тупат Олга одПрилеп. Ако покажев и најмала несигурност или било каков сомнеж дека дури и можеби нема да се натпреварувам на сојузно ниво, веднаш ќе ја контактираа Олга и прилепчанката веднаш ќе им се јавеше на моите и веднаш ќе го убедеше татко ми дека веднаш морам да се согласам и да жртвувам уште еден месец од животот и од летото за да веднаш добијам стипендија некаде на некој универзитет каде би завршил високо образование во Америка и така веднаш да останам засекогаш заробен во откритието на Колумбо.

Одлучив дека ќе ги фолирам до крај, сé додека не заминам без да им кажам “Goodbye“.

dickmaj5

Сега, скоро дваесет години подоцна, кога се сеќавам на тој период не можам а да не се гордеам со себе, но и да не се покаам за ниските страсти и избрзани одлуки кои ги бев направил.

Веднаш откако освоив злато пратив апликации на три универзитети и веднаш ги контактирав телефонски. Изборот ми беше Театарска Режија и покрај тоа што у суштина крајната цел ми беше Филмска Режија, а апсолутната животна амбиција – да бидам следниот Кустурица (не ми се верува дека го напишав ова, ама тоа е, така е, така беше, тогаш!).

dickmaj6

Некаде имав прочитано дека најдобрите режисери се оние кои познаваат Драма и работа со глумци, а не леќи за камера и асажа на трака така што изборот за факултет го сведов на програмите за Театар во Florida State University во Талахаси Флорида, NYU Tisch School of the Arts во Њу Јорк Сити и TCU Theater Department во Форт Ворт Тексас. Сите три беа и сè уште се меѓу најдобрите школи за Театар во САД и сите три скапи до ђавола.

Од Флорида и Њу Јорк ме ставија on hold, но од TCU ми се јавија уште утредента и ме поканија да ги посетам.

Културно, морам да признам…

Ми дојде како кец на десетка зошто Форт Ворт каде што е TCU е на само пар дузина миљи до Далас и си испланирав да го искористам токму тоа како изговор за да се видам со Хајди. Се договорив со секретарката на деканот да ги посетам во петок попладне.

dickmaj7

Беше среда, се сеќавам, и викендот започнуваше за само 2 дена. Мајк и Беки ме одјебаа пошто петок им беше премногу рано и ми кажаа да си земам автобуска карта. Но, моите другарчиња од најкул кафичот во Оклахома Сити “The Red Cup“ ми кажаа дека ќе ми излезат во пресрет по цена на неколку грама кренк. На некој начин, и иако не спомнав во претходните поглавја, веќе бев станал дилер на ситно, а и цената на бензинот беше безобразно ниска така што искомбинирав понуда која никој не можеше да ја одбие – платен бензин и 2 грама метамфетамин за транспорт у еден правец до Форт Ворт. Ден подоцна си средив еден постар џанак да ме вози триста и нешто километри јужно и да ме остави пред универзитетот. Хајди и другарка ӣ ќе ме собереа од таму и ќе продолжевме со зезање во Далас. Убаини…

* * *

Беше веќе четврток и како им кажав дека дефинитивно одам, Мајк и Беки и самите се напалија да идат у Далас пошто тоа ти е како битолчанец да се напали да иде макар и за еден ден во Белград. Ми кажаа дека ќе ме земат во Недела да ме вратат назад ако се снајдам каде да спијам у петок и сабота. Спиењето беше поентата пошто ќе спиев кај другарка ӣ на Хајди, со Хајди до мене и со мене во неа. Пацерски звучи, ама едвај чекав!

Планот самиот си се калемеше и остана само еден детал…

Во тој период начекав за прв пат да пробам LSD и многу ми се свиѓаше. Ми го отвараше ноќното ѕвездено небо во две димензии, како да можев да го отворам со рака и да го листам како сликовница за да видам што се крие позади Големиот План на татко му на Џизас. Најтинејџерки помислив дека би било супер да се скркаме заедно со Хајди и почетнички, наивно, крајно незграпно и сосема непотребно земав десетина трипа за само 4 долари по парче кои најпрофи ги завиткав во фолија па во целофан па во кесиче, и ги сокрив во малото џепче од ѕвонарките. Си ја пуштив веќе многу долгата коса-гишовача, се дотерав како да идам на концерт на Grateful Dead, најсељачки зацепав една дебела црта кренк од паковката на “шоферот“ и го дочекав старото џаначиште со кое бев договорен да ме вози до Тексас. Кретенот ме собра од тревникот пред куќата и заминав во она што всушност ми беше иднината.

dickmaj8

TEXAS

Возевме шизофрено и тотално ненормално, де со двеста на саат, де со пеесет на саат. Паранојата предизвикана од метамфетаминот кој глупаво и наивно му го дадов на џанакот пред време му правеше фрка во главата дека или треба да вози брзо како да бега од џандари или споро за да биде неупадлив. Второво почна да се случува моментот кога ја поминавме границата и кога влеговме во Тексас каде вeднаш, после само пар миљи нé пречека еден огромен знак “DON’T MESS WITH TEXAS” надополнет со краток текст “WE ARE:” па слики од полициски автомобили, хеликоптери и радари!

Тексас беше полициска држава каква што не била ни СССР у време на Хрушчов.

И стварно, како влеговме во Тексас веднаш можеше да се осети разликата затоа што мислам дека и на дрвјата им требаше дозвола за да растат покрај автопатот.

dickmaj9

Среќа што до Форт Ворт имаше само уште неполн саат после границата и само Господ нé чуваше кога стигнавме пред TCU без да не уапсат некаде по пат. Се паркиравме пред бензинска на Seven Eleven, му наполнив бензин на лудакот како што бевме договорени и набрзина заминав како да напуштам место на некаков страшен злостор зошто скрканиот кретен нафурано влезе да си купи гајба пиво како да сакаше да го опљачка местото.

dickmaj10

Како ја преминав улицата веќе бев на кампусот на TCU. Бев затекнат од призорот. Изгледаше како да сум пристигнал на некаков мегаломански саем за архитектура и тоа во сегментот за неокласицизам. Огромни згради со високи и дебели столбови кои потсеќаа на Партенонот во Атина, подзакскриени во крошните на огромните дрвја кои сигурно биле засадени уште во 1873-та кога е и отворен универзитетот. Тревата беше перфектно искосена и исшарана со мали патчиња обложени со мермер, насекаде имаше скулптури од донатори, мали американски знамиња тука и таму и едно огромно знаме на Тексас веднаш пред библиотеката која беше огромна.

dickmaj11

Прашав некои дечки каде е отсекот за Театар и ми кажаа дека е на другиот крај од кампусот. Полека тргнав во прошетка. Местото изгледаше супер богато, супер стегнато и беше со големина на мало гратче. Имаше свој стадион за фудбал поголем и од нашиов каков што е сега, подеднакво голем стадион за бејзбол, олимписки базен, сала за кошарка колку “Борис Трајковски“, своја пошта со своја поштенска одредница, амбуланта, четири театри, две кино сали, своја филхармонија, неколку цркви и своја полиција! Што да кажам, местото уште тогаш можеше да прогласи независност и ќе имаше повисок BDP и од најбогатите членки на ЕУ!

По дваесетина минути пешачење пристигнав пред една голема зграда на која имаше изгланцан мермерен знак на кој пишуваше “Theater Department”. Влегов и ме пречека секретарката на деканот која ме замоли да почекам. Неполни пет минути подоцна од канцеларијата излезе Деканот, Доктор Форест Њулин кој најјужњачки се извининуваше што сум чекал 5 минути повеќе од што требало. Набрзина се запознавме, ме понудија да се освежам со свежо цедена лимонада која културно ја одбив и веднаш ме фати под рака за да ми го покаже факултетот со кој се гордееше како со свое дете.

dickmaj12

Човекот беше старо мало човече со огромно резиме, уште поголеми ретро наочари и тивок глас кој беше мил и гостопримлив. Ме фати под рака и ме шеташе низ двете згради во кои беа сместени отсекот за Театар и отсекот за Музички Театар. Ми кажа дека му е многу драго што сум дошол да посетам и дека би му било задоволство да му бидам студент. Покрај мојот личен интерес за упис на TCU поткрепен со златната медаља во Дебата, мислам дека сериозен удел во неговата фасцинација од мене имаше и фактот што само една година претходно, во трета средно работев како водител во една популарна забавна ТВ емисија на МРТ1, податок кој во апликацијата го надополнив дури и со VHS снимка од неколку мои појавувања пред камерите. Човекот немаше појма од каква вукојебина доаѓам, вукојебина во која дури и некој како мене може да заврши пред камерите на националниот ТВ сервис, а претпоставувам дека токму фразата “национален ТВ сервис“ му дошла како цреша на мојата апликација.

dickmaj13

Прошетката ја завршивме позади кулисите на генералната проба на “Трамвајот Наречен Желба“ на Господинот Тенеси Вилијамс, продукција која факултетот ја работеше според праизведбата во режија на Елија Казан од 1947-ма со Марлон Брандо во улогата на Стенли Ковалски, претстава која од (во тоа време) непознатиот Брандо прави супер ѕвезда, а Елија Казан го лансира во светот на филмот. Дизајнот на сцената беше во најмал збор фасцинантен, светлата беа гламурозни, костимите совршени и до најмалиот детал и не ми се веруваше дека глумците беа студенти. Се почувствував како да сум зад сцена за време на додела на Оскар и веднаш посакав да бидам дел од сето тоа. Кратката сцена која тивко ја изгледавме беше сработена подобро и од најдобрите претстави кои ги имам гледано тука во нашава државичка и во нашиве театри направени од картон и неостик. Секунди подоцна дознав дека старото мало човече кое ме шеташе всушност бил сценографот на оригиналната бродвејска претстава и тоа на негови дваесет и ситно. WOW! Бев импресиониран и намамен како сом на рипче.

dickmaj14

Како што тивко излеговме од позади црните кулиси на театарот, Г-дин Њулин ме запре, застана пред мене, делумно театрално ми ја поднамести кушулата и ме погледна од зад рамките на големите наочари „So what do you think, would you like to be a part of the department?”.

И што да му кажам? Што да му кажам после сé што видов?!

„I would love to!“ му одговорив „But I come from war torn Yugoslavia and I am not sure if I can afford even a tenth of the tuition“.

„I think we will be able to take care of you“ и се насмеа „We are in Texas after all, we love to help!“.

И така и беше, бевме во Тексас и Хајди ме чекаше да ӣ се јавам, а јас едвај чекав. Набрзина се поздравивме со Г-дин Њулин. Mи кажа да си отворам меил адреса и ми кажа дека ќе ми прателе официјална понуда на тој начин – невероватно, беше 97-ма!!!

hehehe

Маестрото дури и ме понуди да ме части ручек, но го одбив и му кажав дека имам “tight schedule“. Се поздравивме и тркнав до првиот јавен телефон.

„Hey“ ѝ кажав на Хајди кога дигна телефон.

„Hey you“ ми врати другарка ѝ која имаше сличен глас на Хајди и ми кажа дека ќе ме собереле со Хајди за саат време.

Отидов во првиот кафич што го најдов. Здрвив две-три ладно запотени Корони со лимета и сол и флертував со шанкерката со големи цициња кои ѝ беа дискретно сокриени позади логото на TCU на маицата со прерамки која ја носеше без прслук додека двајцата се потевме на врелото тексашко сонце.

dickmaj16

Брзо потоа пристигнаа Хајди и другарка ӣ која возеше. Ги дочекав пред кафичот кога се докотрљаа во нова-новцата црвена кабрио BMW тројка.

„Get in lover boy“ ми кажа Хајди и страсно се изљубивме веднаш откако рипнав на жешките задни кожни седишта од Бе-Ем-Ве-то. Дури не стигнав ни да се запознаам со другарка ӣ… Одма се накострешив како напален мајмун и си ја пуштив долгата виткана коса од репчето да ми се виори како да сум библиски Самсон. Кратко се возевме до првата бензинска каде конечно успеав да ја загледам другарка ӣ која излезе за да ми купи наочари за сонце пошто пред да излезе ми кажа дека само човек што бил у Тексас знае што значи да си у Тексас без наочари за сонце.

Се лапавме со Хајди додека ѕиркав низ кратките воздишки кога за прв пат убаво ја видов другарка ӣ која се враќаше накај колата како у slow. Беше исто така малечка плава и совршено складна девојчица, но со големи сочни усни и далеку покурвински заџиткувања на куковите отколку Хајди. Зрачеше со еротика и знам дека знаеше дека е јебозовна како римската божица Венера, беспрекорно дотерана во високи црвени штиклички, со кратки бели чорапчиња а-ла католичка ученичка, со долги лиљакови флоуресцентни нокти и мали парченца мастика за џвакање насекаде на румените обравчиња расфлани од постојаните балони кои ги дуваше додека возеше со ветер во лицето.

dickmaj17

„Welcome to Texas, this is just a small token of our appreciation“, ми ги подаде големите црвени наочари со рамка во форма на две срциња што ми ги купи и кокетно ми се озари со широка насмевка заокружена во дебел слој црвен кармин.

Мислам дека Хајди одма примети кај ми е паметот, но не кажа ништо.

„Фала ти. Извини, како ти беше името???“ ја прашав збунето.

„My name is Rose, but you can call me anything you like“ ми одговори како професионалец и не ме ни ѕирна за да ми ја види реакцијата кога прерипа преку вратата за да седне и кога распали накај автопатот оставајќи црна гума и густ чад на светло-сивиот асфалт на бензинската. Ја спичивме накај Далас со двеста на саат и никој ништо не ни можеше.

dickmaj18

Индиго Хотел

Ја фативме гужвата па наместо за пола саат стигнавме во источниот дел на Далас за саат и пол. Бев збунет зошто стигнавме пред “Хотел Индиго“ наместо кај Роуз дома. Чак и боље, си помислив кога дојде валеј за да ни ја паркира колата.

Набрзина се качивме во собата и набрзина сфатив дека Роуз беше ќерка на некој битен градежник од Хјустон и дека уствари Бе-Ем-Ве-то ӣ било казна за лоши оценки у школо, а беше помала од мене, трета средно и само пола година претходно возела Порше. Јебига. Јебига. Јебига.

dickmaj19

Се качивме у голем апартман со две соби и девојчињата одма се распакуваа. Имаа пун куфер вотка, џин, кокаин, валијум и грас. Беа спремни како Хантер С. Томпсон и неговиот адвокат пред да стигнат у Лас Вегас.

Хајди веднаш се јави на рецепција и нарача флаша Кампари, сок од помаранџи, три чизбургери и три топли сендвичи со топено сирење. Ӣ дофрлив да ми нарача и четири Хајнекена на што донарача и шест парчиња cheese cake, две пакувања Доритос и многу шлаг.

dickmaj20

„We are not going anywhere“ ми кажа Роуз и ноншалантно се разголи по флоуресцентно зелен прслук и розева танга додека играше на Fatboy Slim и додека Хајди се тушираше. Беше толку авион што дури и ми беше непријатно да ја гледам. Упорно не ги вадеше Гучи наочарите за сонце за да не ӣ ги видам очите и упорно инсистираше и јас и Хајди да ги носиме нашите наочари за сонце веднаш како што Хајди се врати во собата пиштол гола и попарено мокра од врелиот туш.

„Let’s do this bitches!“ извика Хајди и си ги стави наочарите за сонце.

Одма распалија со кокаинот вотката и џинот, а распалив и самиот започнувајќи со Кампарито. Културно им понудив трип, но ме одбија и ми кажаа дека “Its Ok“, дека ова  им бил ритуал и дека поентата била нешто друго.

Почнавме да се лапаме со голата и наежена Хајди кога Роуз го уклучи големиот телевизор и нарача порно филм од кабловската на сметка на апартманот. Се пушти некоја хардкор генгбенг сцена и Хајди ме погледна љубовно и несигурно како да сакаше да ми каже нешто, но дојде апашот Роуз и направи три големи црти кокса на масата. Се нашмркавме и ме замолија да завиткам џоинт. Бев концентриран на грасот кога Роуз почна да ја лапа Хајди која како едвај да чекаше.

Свиткав неколку џоинти додека ги гледав како се закачаат, додека ја гледав Роуз кога ја грабна Хајди за главата која ӣ ја пикна помеѓу нозете и кога си ги соблече розевите танга гаќички.

dickmaj21

Знам дека бев направен лом како “Шиптар од Газибаба“®, но бев толку забезекнат и млад што се укочив со ризлата во раце додека виткав. Имав тазе осуммнаест годинки и вакви работи ми беа работи кои се дешаваат само у филмови. Од друга страна пак, не можев да прекинам да мислам на моите другари дома, Ле-леее, имав две мачиња у хотел, си ги јадеа како сладолед…

Тоа е прилепчанецот во мене, јебига, така размислував пред да ме просветлат Хајди и Роуз…

Роуз сврши со прскање. Не можев а да не ӣ го приметам оргазмот кој како млаз од црево се одби од челото на Хајди која пак делуваше како да ӣ е сексуален слуга спремна на секој предизвик. Ӣ пиеше од ќеифот, што би рекле некаде таму у порното.

dickmaj22

Некој тропна на вратата и дојде нарачката. Девојчињата веднаш се покрија со постелнината. Отворив, типчето влезе и ја остави масичката со храна сред апартманот. Му оставив бакшиш додека Роуз и Хајди се криеа под утоп мокрите чаршави.

Како ја затворив вратата, така двете тинејџерки излегоа од под постелнината. И двете ги носеа наочарите за сонце, беа голи, запотени, мокри напалени и преубави од Бога. Тргнаа накај мене фатени за рака додека на телевизорит позади нив се дешаваше некакво ретро букаке и ечеше стенкање и вриштење.

„Put your heart-shaped sunglasses on“ ми нареди Роуз…

dickmaj23

Можеби една од главните причини зошто пишувам анонимно е за да реално го доловам мојот страв и несигурност кои ги осетив кога Хајди почна разлигавено и споро да ме лапа и кога Роуз во исто време почна да ми го пуши додека ми пикаше прсти таму каде што сонцето не сјае – како што викаат во Америка. Не ми правеа ќеиф прсти во газот па ја грабнав Роуз за раката и понесен од хардкорот ӣ ги пикнав прстите во устата за да ӣ биде јасно дека сум појше фраер од неа.

dickmaj24

Не почекав ни секунда и ја грабнав за кукови за да ја насадам на силно распеаниот прилепчанец. Се искривив на каучот и ја грабнав Хајди за половината за неа пак да ја наместам да ми клекне на уста кога почнав да ӣ ја јадам вагината која мирисаше на некаков сладок коктел од ананас и карипски рум.

dickmaj25

Се ебевме. Се ебевме многу, но кокаинот не ми даваше да свршам. Почнав да побудалувам и се ставив во маалски филм каде “она го јадеше као никад“ и ми беше форте тоа што не свршавам додека на едната ӣ ја јадам, а на другата ӣ го давам, додека двете мали девојчиња ги расфрлував насекаде низ хотелскиот апартман, а на порката на телевизорот веќе свршаваа по кој знае кој пат.

Ма каков Рон Џереми, си помислив и се разбезобразив кога земав да им ги јадам маченцата и на двете курвиченца кои се лапаа и се лигавеа во екстаза. Тинејџерките свршаваа насекаде и дури им дојде и премногу – така беше да му ебам мајката! А јас никако да завршам работа гламурозно како татко ми кога ме направил…

dickmaj26

„Are you ever gonna cum asshole?“ крајно арогантно ме праша Роуз.

Морам да признам дека Роуз ми правеше поише ќеиф, но исто така, како да сакав да ја казнам за безобразниот коментар ӣ се ставив на неа за да свршам. Хајди се тргна на страна и само нé гледаше додека преебано дуваше џоинт на фотељата, со раширени нозе и вагина која сé уште ӣ се тресеше и ӣ се цедеше од тврдиот секс. Почнав да ӣ го сместувам таму кај што сонцето не сјае, но не ӣ беше проблем. Како пенетрирав само издиша и кажа „Вака не сум ебена од осмо одделение“. Свршив скоро одма и веднаш отидов у купатило да исперам евентуални гадотии од пенисот. Минутка подоцна ми се приклучи Хајди под тушот.

dickmaj27

Ме прегрна, нежно се наслони на мене и ја стави главата на моите гради додека нè облеваше топлиот млаз вода и додека сé уште ги носевме наочарите за сонце. Тивко и љубовно ме прашуваше дали повеќе ми се свиѓа другарка ӣ, дали она самата ми се свиѓа воопшто, дали Роуз се лапа боље и зашто сум свршил со Роуз у дупе а не со неа како што е редот.

* * *

Се вративме у соба и Роуз имаше пиштол во раката, пиштолот на татко ӣ како што ни кажа кога почна да ни вришти и да ни кажува да се ебеме ако сакаме да преживееме.

„Fuck you, you are joking, right?“ ӣ кажав и го сврте пиштолот кон мене кога му го откочи окидачот. Ја погледнав Хајди. Беше престрашена и тоа ме исплаши повеќе и од големиот Колт Нагант во рацете на малечката издрогирана и преебана тексашанка.

Ни нареди да се качиме на креветот и почна агресивно да мавта со пиштолот додека да ни ја најде позицијата во која ќе й направеше ќеиф да нè гледа додека се ебеме. Викаше хистерично и подшмркнуваше од кокаинот кој й беше насекаде под носот и на дебелиот слој црвен кармин. Девојчето беше лом и беше психотична! На крај одлучи да й се ставам у макази на Хајди. Ми нареди да пенетрирам и да й го бутнам палецот длабото во анусот. Како и секогаш и како и ден денеска фала Богу – ми беше дигнат, и направив сé што побара кретенката додека ме притискаше со цевката од пиштолот на челото. Само за момент не бев сигурен дали е сериозна, но кога виде дека не сум сигурен за нејзината воља почна да ја удира Хајди со рачката од пиштолот и тогаш веќе знаев дека е многу сериозна. Хајди почна да плаче и да вреска кога й се разлеа крв од образот.

Веќе бев исплашен, и тоа многу исплашен. Знаев дека овој пат ќе морам да ебам за да преживеам.

„Fuck her asshole! Fuck the shit out of her you motherfucker!“ ни викаше Роуз со цевката од пиштолот де на моето, де на челото на Хајди која почна да свршава додека крвареше насекаде на креветот. Ебев као да ми е задње ебење икада и ебев тврдо до јаја пошто животот ми беше во прашање.

„I want to see you cum asshole“ ми свика малечката Роуз додека си ја триеше пичката од крвавото лице на Хајди. „More! Harder!“ ӣ викаше… И тогаш свршив како на дугме, свршив као да ми е задње. Роуз се напали од грозоморната сцена и почна повторно да шприца како да моча у млазови. Внимателно се оддалечив наназад.

Десетина секуди подоцна и она и крвавата Хајди почнаа да се смеат како две луди тинејџ вештерки. Бев клапнат. Се тресев. Не знаев што се дешава сé додека Роуз не ме потчеша со рачката од пиштолот по глава. Паднав на грб, од премор, не од благиот удар.

„Just kidding asshole“ ми кажа Роуз и почнаа да се кикотат со Хајди.

dickmaj28

Роуз ми го дофрли пиштолот кој всушност беше празен за да ми даде до знаење дека се зезала цело време и почна да ӣ се извинува на Хајди зошто ӣ пуштила крв несакајќи. Се бацуваа и се смееа и сето тоа уствари им било само некаква садистичка игра во која главен споредeн лик и единствена жртва бев јас.

Седев на патосот од собата и не можев да се соземам. Бев збунет како што сум збунет и сега кога се обидувам да сфатам зошто се деси тоа што се деси тогаш, таа ноќ во Индиго Хотел во источен Далас. Додека се случуваше мислев дека Роуз е некаков излуден лик цензуриран од изопачената проза на Борис Виан. Целата случка сега ми постои во главата како сцена од некаков забранет Cinéma Vérité филм од доцните седумдесети.

dickmaj29

Ноќта ја поминав склопчен на креветот во другата соба додека двете гуски се смееа, пиеа, ебеа, дрогираа и влегуваа во мојата соба за ме закачаат и за да ми се ругаат зошто сум се упрпал. Глумев дека сум им лут, но во суштина бев исплашен. А како да не бидам кога на шега се тепаа со пиштол по глава, башка не знаев дали Роуз можеби крие куршиуми за Колтот на татко й. Некаде околу 6 сабајле ги чув дека стивнаа во другата соба. Почекав уште саат – саат и кусур, потоа се облеков набрзина, си го земав ранецот, им го украдов остатокот од коката и излегов како да одам по јајца.

Како излегов од хотелот скоро со трчање почнав да бегам по широкиот булевар што е можно подалеку. Саат време подоцна стигнав до она што веројатно беше строгиот центар на Далас. Седнав во едно бистро и нарачав кафе. Пола саат подоцна им се јавив на Мајк и Беки со кои се договорив да се најдеме блиску до каде што се наоѓав.

Hard Rock Café

Прошетав на малку sightseeing да видам каде е скинат Кенеди.

Ништо особено, како да го скинале кај подвожњакот за накај МВР, а пукале од прозорецот на Груевски. Oтприлика тоа е сцената, ама баш ништо особено.

Набргу потоа ме собраа Мајк и Беки. Веќе беа подначукани и надувани. Влегов во пикап-от и ја спичивме накај некој пријател на Мајк на кој Mајк требаше да му однесе некои цевки за канализација. На пат до кај пријателот ме прашаа како сум си поминал, но не им се отворив до крај. Требаше да се објаснувам за аналното и крваво искуство и на крај единствено што им кажав е дека било супер и им кажав дека имам кока и трип. Веќе се знаевме доволно за да немаме проблем со ситници како муабетење за тешки дроги кои секако ќе ги конзумиравме заедно. Уствари, како чу “кока“ Мајк-будалата веднаш застана на првиот паркинг и направивме по две дебели црти. Беше многу добра кока-боливијка и Беки беше толку пријатно изненадена што ќарила беланац што вресна од среќа! Ја рокнаа Шанаја Твејн и распеано продолживме на пат да ги оставиме цевките за гомна.

dickmaj30

Мајк и Беки немаа пробано трип и беа малку несигурни дали да кркаат. Мајсторски ги убедив дека ништо подобро никогаш не пробале и го скршив мразот така што храбро кркнав 2 трипа одеднаш. Мајк ја погледна Беки, негодуваше помалку од три секунди и тамам да викнам “NO!“ кркна четири трипа, будала. Му се видоа малечки, претпоставувам. Беки рече „Fuck it!“ и сосема пристојно кркна само еден.

Дваесет минути подоцна ги оставивме цевките за гомна кај другар му на Мајк. Беки веднаш ме праша да не ме заебале пошто не осеќала ништо. Й објаснив дека „му треба време на трипот за да почне да ти се качува по грбот“ на што Мајк ми врати „Те заебале сигурно, let’s go eat“.

После дополнителни пола саат возење стигнавме пред Hard Rock Café на Мекини Авенијa. Можеби нема ништо интересно во врска со уште еден славен ланец на бар/ресторани, но овој Хард Рок Кафé беше многу посебен, и до пред десет години кога е срушен бил еден од највпечатливите знаменитости на градот. Беше сместен во зграда на бивша Баптистичка црква и беше третиран како црква на рокенролот, на храната, забавата и добриот провод во Далас. Мајк знаеше за местенцето и нè однесе на бургери.

dickmaj31

Не пречека валеј за да ни ја паркира колата и како што се качувавме по скалите веќе почувствував дека трипот ми се драпа по р’бетниот столб. Се свртев кон Беки која беше позади мене и ја приметив дека полека но сигурно й се изопачува изразот на лицето. Мајк немаше гајле. Влезе како да е негова кафаната и замоли да нè сместат на најдоброто место каде што можеше да нè седнат. Сè разбира дека местото беше преполно во сабота вечер и немаше каде да пљукнеш не па да најдеш слободно место. Нè сместија на шанкот додека да се ослободела маса.

dickmaj32

Нарачавме по едно пиво, а Мајк се орасположи па нарача и по еден шат Џек Даниелс. Ги мавнавме шатовите кога ми се сврте Мајк да ме праша дали сакам уште еден. Се исплашив колку му беа раширени зениците, скоро како да немаше белки на очите. Лицето му беше искривено во најшироката насмевка која ја имав видено. Можев да му ги видам сите црни пломби во раскезената и разлигавена уста кои му ги комплементираа црните дупки во oкокорените очи.

И тогаш трипот нè пукна колективно тројцата. Почнавме да се смееме со губење воздух, со акање глави на шанкот, со слинавење од носот. Веднаш бевме предупредени од шанкерот да олабавиме. Не можев да прекинам да се кинам од смеење па отидов до вецето и се замив со вода. Одразот во огледалото ми се топеше како сладолед на топло летно пладне.

Се вратив назад во Црквата на Рокенролот и Мајк и Беки веќе беа седнати на првата маса која се ослободила, веднаш под големите постмодерни витражи каде Елвис Присли беше прикажан малтене како Архангел Михаил. Нарачавме чизбургери и не можевме да престанеме да се кикотиме. Набрзина дојде келнерката која не замоли да се смириме. Како мали деца тројцата наведнавме глави и пак продолживме да се смееме, но овој пат секој сам за себе и стимулиран од смеењето на другиот. Мајк се лигавеше насекаде пошто беше нарокан како вол. Не можеше да ја држи устата затворена па се слинавеше до патос како да има лимон во устата. Ми падна незгодно кога видов како нé гледа едно младо-христијанско семејство од масата веднаш до нашата. Беа во шок, но и самиот не можев да престанам да рикам од смеење кога како низ калеидоскоп да го видов помалото девојче кое почна да плаче од што беше збунета од трите вола на соседната маса. Се свретев кон Беки чија натапирана фризура изгледаше како живо ткиво кое потсетуваше на психоделично гнездо на штркови, и тогаш веќе не можев да се контролирам. Не можев да дишам од смеење. Мислев дека ќе се удавам на суво. Се свртев кон Мајк и едвај му кажав да й ја ѕирне фризурата на жена му. Будалиов се сврте, ја загледа со жмиркање и почна да си ја мава главата од масата и да вришти од смеење. Делуваше како да ќе експлодира од што беше зајапурен и црвен. Насекаде му течеа лиги како на некој весел англиски булдог. Девојчето од соседната маса почна да рика од плачење кога и Беки почна да вришти од смеење. Им се приклучив и јас и бидна тотална хистерија и лудило!

dickmaj33

Две секунди подоцна дојде келнерката со двајца типови од обезбедување кои ни помогнаа да излеземе од кафаната. Сé уште се церекавме додека нé пцуеа и додека нé бркаа што подалеку. Плативме, ни ги дадоа бургерите за носење и пикапот на Мајк веќе нé чекаше запален за да заминеме како да нé прогoниле засекогаш.

Двесте метри подолу на улицата видовме паркирано полициско возило и Мајк веднаш сврте на споредната уличка. Набрзина излеговме од пикапот и со трчање се изгубивме низ сосема друга споредна уличка, прва на која наидовме во нашето параноично и психотично бегство.

Се нафуравме дека ќе нé апсат, а во исто време не можевме да прекинеме да се смееме додека светот околку нас се искривоколчуваше. Успеавме некако да стигнеме до едно паркче каде седнавме на тревата и легнавме на грб.

Велеградските светла ме земаа под свое и се загубив во вселена од шарени тријаголници и блескави хексагони. BLACKOUT!

dickmaj34

Не знам колку време помина, но следното на што се сеќавам беше дека Беки лежеше до мене. Беше по прслук и си зборуваше сама на себе. Мумлаше нешто и не ја разбирав што сака да каже. Јас трипав ама бев Ок. Сé ми беше јасно. Ми беше јасно дека светот и јас се вртиме заедно, дека ѕвездите ми се на дофат и само ако кренам рака можам да ги зграпчам и да ги ставам во џеб. Ми беше јасна смислата на животот и не можев да прекинам да го повторувам името на Севишниот кое беше бесконечно како вир. Си ја погледнав раката и почнав да си ја гризам зошто ми беше како туѓа. Знаев дека е мојата рака и не сакав да се повредам па не гризев силно, но чувството да си надвор од своето тело дури и ми правеше суицидни мисли зошто го чувствував како затвор во кој секако ќе умрам, а ми беше толку убаво надвор од него.

Повторно легнав на грбот за да управувам со вселената и повторно се загубив во Големиот План на татко му на Џизас.

* * *

Веќе се разденуваше кога ме разбуди Беки. Си ги ставив црвените ефтини наочари во форма на две срциња зошто Големиот Заслепувач, како што Евреите го викаат сонцето ми сметаше во перцепцијата. Беки беше во паника дека го нема Мајк. Станав и што да видам, Мајк беше на само десетина метри од нас. Беше качен да едно големо и старо дрво и беше гол, но покриен со кошулата која ӣ фалеше на Беки. Волот спиеше на гранка и само Господ го чувал штом не паднал. Претпазливо му се приближив и го разбудив. Будалиот едвај се освести и очите сé уште му беа пет-банки ама како и да е, сепак беше релативно добар. Се симна од гранката, се облекоа со Беки и тргнавме да го најдеме пикапот. Трипот сé уште беше јак во нас, но го извадив остатокот од коката за да се разбудиме ко што е ред.

Ја најдовме колата и ја спичивме накај дома. Возев јас пошто бев најокеј. На пат назад ги јадевме чизбургерите од Хард Рок Кафе, додека возев, додека Мајк и Беки сé уште трипаа и дуваа за да се симнат. Купивме и пиво по пат затоа што цело е кога има сé.

Dick Major

Последното Поглавје од Прва Сезона за 2 недели.

НЕДЕЛНИ СПРДАЧИНИ- 1 ДЕЛ

27483Шарените го одржаа последниот свој протест и го свртеа својот последен круг низ градов. Поставија ултиматум пред повторно да тргнат у покрет со ваљаците и кантите боја. У меѓувреме, партиските елити преговараат. Преговараат тајно, додека ние јавно јадеме вафли. Тешко дека народов овде ќе се измкне од канџите на двете моќни партиски елити! Ни преостанува да си мрчиме јавно и да чекаме термин некој да го слушне гласот на обичниот. На оној кој нема штаб као духовна водилка во животот. Ние тоа го правиме јавно! Додека вие тајно преговарате и тајно му ја ебававте мајката на градов. Со сечење паркови и садење бетон у 3 сабајле!!!

Картонски или куртонски институции? Жалосна е перцепцијата за чување на својата земја во Македонија! Едни ги колнат оние со ваљаците како и ја ебаваат мајката на својата татковина а па оние другите, не го ставија прстот на тиквата како сите институции во државава добија шарени нијанси, освен царскиот дворец. Царскиот дворец,оној партиски штаб со дива тераса, е последниот бастион кој се чува во државичево. Полицајците се декор пред мртвите институции. Ниту реагираат ниту па некој ги трга од срамниот кордон врз кого паѓаат бои и пцовки. Државата прета само пред партискиот штаб на портокаловите. Злобниците ја нарекуваат земјава дека била партиска. Еве не знам. Се покакавме сите колективно пред државотворноста. Исто ко и Жерно со терасата нивна. Мукла бе таму, и терајте го циркузов подискретно. Веќе ни доаѓаат контракции у желудникот од овие матења матна вода….

Нашата кошаркарска репрезентација се спрема за турнир во далечната Кина. Новото раководство реши во тимот на бидат вклучени Амери и некои Срби на кои им пропаднала кариерата. Репрезентацијава ни стана депонија и собиралиште на второлигашки српски играчи и колеџ фацки кои треба да се пробијат на европскиот пазар. Пред многу години ја погребав во срцево фудбалската репрезентација. Па се гордеев на кошаркарите и ракометарите. Кошаркарите се клинички мртви и чекаме само абер дека ги нема.Ракометарите? И тие заоѓаат на хоризонтот. Таму барем животара надежта преку младите селекции,кои се активни на првенствата. Кошаркарите наши нема да мрднат од пепелта уште долго. Знаете колку срспки кошаркарки играат во нашата прва лига? 44!!! Македонци играат околу 30. Втора српска лига не може да биде рудник на црпење македонски таленти. Ебете се и МЗТ и Карпош Соколи и Куманово и Кожув и Фени! Работнички остана на браникот како единствен македонски тим во Македонија. Таму играат наши деца. Во другите, ги греат клупите за оние пропаднати играчи кои ни ги шиткаат ко интернационалци.

Нашиот екс-премиер се појави пред судот. Неговите медиуми не почестија со бурлески за настанот ко да го искачил Монт Еверест. Нашите институции го малтретираат нашиот екс премиер. Тој немало ниту да ја напушти државата ниту па да не се појавува на судење. Треба да му веруваме на зборот , затоа што он никогаш до сега нема излажано. Судските мерки за оние партизани од Левица беа изречени затоа што нив судот не им верува дека ќе бидат мирни. Не им верува судот и на стотици други кои скапаа по судовите и притворите. На екс премиерот треба да му се верува. Смешно е и самото негово појавување таму. Од таа институција секако ќе излезе невин и изтормозен. Па нови тужби за душевна болка, па нова лекција за соросоидите и предавниците. Е вие има да го јадете стапот батки! Вие сте криви таму уште пред да влезете. Ако имате ксмет да ви одредат домашен притвор. Оној другион по дифолт ви следи ако не ја одобрувате нивната партиска програма и скокате врз неа као секташи!

Почна европското у Франција. Као за сеир фаќање, почна добро. Таму не летаа дронови, али летаа колбасици и сланина по џамиите у сред пост на муслиманите. Кога тоа го праат господата Европјани, тоа е патриотизам. Кога тоа се прави на Балканот,тоа е национализам. Локалните Галски петли се покажаа нетолерантни кон пијаните Енглези. Русите по обичај се покажаа и као пијачи и као тепачи. УЕФА се покажа као што се покажува увек. Удри со стапот по Русите. Енглезите и Французите се Енглези и Французи. Да беа Хрвати, Срби, Турци, ќе ги депортираа со првиот чартер и ќе добиеа драконска казна. Ете. И во таа мочана Европа, важат двојните судски аршини. Да не се курчат овде патриотите дека само ним им се може де….

-ПЕЦКО СИ ЗАМИНА, НАМ ЌЕ НИ ОСТАНЕ САТИРАТА И КАРИКАТУРАТА ВО КОЈА СЕКОЈДЕНВНО ЖИВЕЕМЕ!!!
ПОЧИВАЈ ВО МИР, ПЕЦКО!