Крајот на јуни ни донесе нешто сосема очекувано и неочекувано. На патеката Нирбургринг Нордшлаифе беше забележан најекстремниот V8 автомобил кој досега излегол од портите на Маранело, 488 GTO. По долгодишната апатија кон најпопуларниот сегмент, Ferrari конечно се предаде и сосема неочекувано, најави дека работи на првиот SUV, или по нивно FUV.
488 GTO.
Време е Ferrari да се соочи со Lamborghini Huracan Performante, Ford GT, Porsche 911 GT2 RS и McLaren 720S! 488 GTB е одличен автомобил, но без вистинска цел и волја да се спротивстави на лутите ривали. Ferrari е на лош глас дека дигнале раце од докажување на тркачките патеки, и се фокусирале на супер GT сегментот, каде морам да признаам дека се стварно на врвот. Но, Ferrari не смее (и не може) да биде Aston Martin.
488 GTO ќе биде поекстремна и полесна верзија на стандардниот модел и ќе биде наклонет кон тркачките патеки. По четврти пат, Ferrari ќе ја користи додавката “GTO”, а овој потег треба да се сфати како сериозна порака дека се работи за “посебен” автомобил. Првиот “GTO” беше 250 GTO од шеесеттите години, па феноменалниот 288 GTO од осумдесеттите и 599 GTO.
Стандардниот 488 GTB има 661 коњски сили и не се снаоѓа баш најдобро таму за каде што е создаден. GTO ќе го има истиот 3.9 литарски твин турбо V8 мотор, но сега ќе биде засилен до 700 (плус/минус) коњски сили и 760 Nm. Непотребните работи од кабината ќе бидат отстранети, а ќе се користат и ултра лесни компоненти, со што 488 GTO ќе тежи помалку од 1400 килограми. Аеродинамиката ќе биде активна и значително подобрена. Суспензијата, сопирачките и пневнатиците исто така ќе ревизирани и изработени од благородни материјали. Целиот пакет на измени би требало да го лансира 488 GTO од место до стотка за 2,7 секунди, и 7,5 секунди до 200 километри на час. Предупредувачки бројки за McLaren 720S. Некои извори тврдат дека 488 GTO ќе има KERS хибриден погон (како во LaFerrari), иако сопствениците на овие хипер автомобили, мака мачат (и трошат огромни суми на пари) со батериите. Дали се работи за нова подобрена технологија која доаѓа од F1 автомобилите? Можно е, бидејќи во Ferrari почнаа да дувааат нови амбициозни и победнички ветрови. Ferrari 488 GTO ќе се појави во 2018 година и ќе чини околу 300 илјади евра. Се сеќавате ли кога се појави моделот 458 Italia и буквално го уништи (на тркачка патека) знаменосецот Enzo? Дали и сега ќе биде така? Можно ли е 488 GTO ќе биде побрз од LaFerrari? Да, но Ferrari тоа нема да го признае се до појавувањето на наследникот на LaFerrari.
^ На видеото: Ferrari 488 GTO на патеката Нирбургринг Нордшлаифе.
FUV.
Ветровите во Ferrari носат суштински промени, со кои Енцо, доколку беше жив, никогаш не би се согласил. Пред само една година, на прашањето дали во Ferrari се размислува за SUV сегментот, Серџо Марчионе рече дека попрво би се убил, отколку да прави џип. Деновиве, истиот тој човек, официјално го потврди проектот F16X или Ferrari FUV (SUV).
Се поизвесно е дека Ferrari GTC4 Lusso ќе оди во пензија, а неговата платформа ќе се преточи во првиот теренец на Ferrari, FUV или Ferrari Utility Vehicle. Првиот 4х4 автомобил на Ferrari беше моделот FF, кој се појави во 2011 година. Потоа следуваше Lusso и “послабата” верзија Lusso T. Токму со појаувањето на овој автомобил, нештата во Ferrari почнаа да се менуваат (во позитивен правец). Продажбата не одеше по планот, автомобилот не се покажа во најдобро светло, а Lamborghini го најави нивниот втор по ред теренец, Urus. Тогаш сфатија дека навистина заостануваат зад своите лути ривали, и Ferrari Utility Vehicle стана стварност. Платформа и мотор од GTC4 Lusso (или GTC4 Lusso T), 4×4 од FF и дизајн делумно инспириран од Lusso. Замислете издигнат Lusso со четири (пет) врати, каде што задните врати ќе бидат дискретно скриени (Aston Martin Rapide).
И покрај бескрајната ароганција на Ferrari и нивната опсесија за V12 агрегати, F16X ќе биде придвижуван од 3.9 литарскиот V8 турбо од GTC4 Lusso T, кој всушност ќе биде хибрид, што значи дека теренецот ќе располага со многу повеќе сила од 602-те коњски сили на Lusso. Неофицијално, FUV ќе има околу 700 коњски сили и почетна цена од 300 илјади евра. Првиот теренец на Ferrari, ќе се појави во 2021 година, но нешто ми кажува дека ќе го видиме многу порано.
Суштинското прашање во оваа епизода е самиот наслов: Дали овие потези на Ferrari се задоцнети или се полн погодок?
Што се однесува до 488 GTO, моето мислење е дека автомобилот ќе биде полн погодок. Научија од грешките со 458 Speciale, тактизираа и трпеливо ги чекаа конкурентите. Сепак, Porsche 911 GT2 RS со својата агресивна појава, делува недостижно за 488 GTO, барем на тркачките патеки.
Ferrari FUV… Одличен потег на Ferrari, иако доцнат цели 15 години.
Во Вокинг нешто се крчка… Деновиве во автомобилската јавност проструи информацијата за McLaren P15, и веднаш лавина од коментари и мислења. Едни веруваат дека ќе го видат наследникот на P1, а други пак мислат дека се работи за LT верзијата на 720S. Всушност, P15 е сосема нов хипер автомобил во линијата на McLaren, кој ќе биде фокусиран на тркачките патеки, а во исто време ќе биде легален за во сообраќај. За волја на вистината, шасијата и предниот дел на P15 се позајмени од 720S, а инспирацијата е од конкурентните Aston Martin Valkyrie и Mercedes-Benz AMG One. Да напоменам дека наследникот на P1 нема да го видиме до 2021 година. Што се однесува до McLaren BP23, кристално јасно е дека ќе биде хипер GT автомобил, односно конкуренти ќе му бидат Bugatti Chiron и Koenigsegg Regera. 750 LT? За три или четири години отсега. Значи, P15 е претставник на еден целосно нов сегмент. Дали McLaren ја менуваат својата политика во однос на моделите? Можно е, бидејќи најавија дека ќе не израдуваат со 15 нови автомобили до 2022 година.
Според Autocar, P15 ќе лежи на Carbon Monocage II, кој ќе биде позајмен од 720S. Ќе биде придвижуван од 3.8 литарскиот, V8 твин турбо агрегат, кој ќе испорачува околу 800 коњски сили. Автомобилот ќе забрзува од место до стотка за 2,5 секунди. Примарна цел на P15 ќе биде перформансот на тркачките патеки, па затоа автомобилот ќе нема хибриден погон и ќе биде ултра лесен. За споредба, McLaren P1 тежеше 1547 килограми, додека P15 ќе тежи помалку од 1300 килограми. Додадете ја најсовремената активна аеродинамика, направете проста математика и ќе видите дека P15 ќе биде побрз од P1, можеби и од P1 GTR, а ќе чини помалку од милион евра. Ќе бидат произведени само 500 примероци. Со вас ќе споделам една ексклузивна информација која засега ја знаат само најистакнатите клиенти на McLaren. Ќе има и P15 GTR, и ќе бидат произведени само 50 примероци. Тие што имале прилика да го видат автомобилот во живо, велат дека дизајнот на автомобилот е брутален, и дека каде и да погледнете, ќе забележите дека секоја компонента има своја функција. McLaren P15 официјално ќе биде претставен во Женева идната година.
Porsche 960
За сите што велат дека McLaren P15 нема да има конкуренција во новиот сегмент, Porsche има одговор. Гласините кои кружат наоколу за нов Porsche супер автомобил кој ќе седи помеѓу 911 Turbo S и 918 се вистинити. Во фабриката се работи на нов автомобил, со прав – хоризонтално поставен 3.9 литарски мотор со осум цилиндри и четири турбо полначи, кој ќе биде позициониран во средината. Ќе произведува околу 700 коњски сили и 800 Nm. Од место до стотка ќе забрзува за2,5 секунди, исто како и постариот брат 918. Автомобилот ќе има погон на сите четири тркала и ќе тежи помалку од 1400 килограми. Во план е и хардкор верзија, со погон на задната оска, во чиј фокус ќе бидат тркачките патеки. Тоа значи дека автомобилот ќе ја има ознаката GT, а многумина веќе шпекулираат дека ќе го носи бројот 3 (960 GT3). Јас не мислам така, бидејќи “GT3” е веќе зафатен за автомобил кој ќе седи подолу од 960. Ако Cayman е GT4, 911 се GT3 и GT2, логично би било хардкор верзијата на 960 да биде GT1. Од друг аспект, 960 ќе биде омаж на најдобрите тркачки денови на Porsche, па можеби затоа “GT1” ќе биде ставен повторно во функција. Познавачите на работата на гигантот од Штутгарт, лесно ќе препознаат дека Porsche 960 е омаж на култните 907 и 908, кои исто така биле придвижувани од правиот – хоризонтален мотор со осум цилиндри. Изминатиов временски период, односно од 918 Spyder па наваму, во Weissach сериозно се работи на создавање на ултра лесни компоненти и поефикасна аеродинамика, кои ќе бидат имплементирани во автомобилот кој ќе се појави во 2019 година, и ќе чини околу половина милион евра. Ајде малку да ѕирнеме во иднината на Porsche…
Се повлекоа од Le Mans серијата, работат на Mission E и на заменикот на 918 Spyder. Кога ќе ги анализираме и споиме овие три факти, може да шпекулираме дека новиот хипер автомобил на Porsche ќе го носи бројот 919, и сета хибридна технологија од победникот на Le Mans.
Осмата генерација на Phantom е една сосема нова страница во дневникот на “Духот на Екстазата”. Неверојатен спој на традицијата, раскошот и иднината. Се што гледате и не гледате, освен традиционалната хромирана решетка, е ново и е создадено само за Phantom VIII. Дури и решетката е поголема и со повеќе ребра.
Во 2003-та година, се појави седмата генерација на Phantom, која беше еден вид камбек на Rolls Royce на екстравагантната сцена под водство на новите сопственици (BMW). Во годините кои следеа, Rolls Royce беше синтеза на британската аристократија и германската прагматичност. И се беше супер, се додека клиентите не почнаа да негодуваат дека гледаат премногу BMW детали во нивниот автомобил од 300 плус илјади евра. Оваа компромитирачка ситуација го доведе во прашање статусот на “Духот на Екстазата ” и тие мораа да се “дистанцираат” од баварскиот гигант и да свртат нов лист, односно да создадат своја нова платформа. Денес, за првпат од работењето на Rolls Royce, Phantom VIII и Cullinan (ќе) возат на целосно алуминиумска spaceframe шасија.
Од фабриката велат дека новата шасија е многу полесна и поцврста, но тврдат дека во никој случај не може да се каже дека новиот Phantom (стандардната и продолжената верзија) со маса од 2720 килиграми е лесен автомобил. Само звучната бариера во автомобилот тежи 135 килограми, па затоа Phantom може да се пофали дека ја има најтивката кабина меѓу автомобилите. Тоа е вистинскиот уникатен карактер на еден Rolls Royce. Додека се возите, да го чувствувате асфалтот како памук. Се сеќавам кога за првпат седнав во Rolls Royce Ghost, го стартував моторот и бев збунет бидејќи немаше звук, верглање и вибрации од моторот. А кога почнав да возам… друга димензија. Од воланот, до седиштата и суспензијата, однесувањето на автомобилот кога ќе притиснете на педалот за гас, менувачот… Уникатност што нема да ја најдете во ниеден друг автомобил. Благодарение на новата самонивелирачка воздушна суспензија, возењето (до 100 километри на час) ќе биде многу кадифено. Знаете, чувството кога гњавите некое кадифено мече!
И моторот е целосно нов, односно позајмен од единствениот Sweptail. 6.75 литарскиот, V12 твин турбо испорачува 563 коњски сили и 900 Nm, преку осум степен автоматски менувач, на кој му помагаат сателитски мапи во програмирањето на менувањето на брзините.
Надворешниот дизајн е делумно променет во предниот дел на автомобилот, каде акцентот е ставен на иднината, односно дизајнот ни го покажува традиционалниот – футуристички Rolls Royce.
Внатрешноста е спектакуларна. И претходните Rolls имаа луксузна внатрешност, но синтезата на иднината и технологијата со традиционалното е на едно сосема ново бајковито ниво. Инструменталната табла е за првпат во еден Rolls Royce дигитална, и има галерија. Да, галерија направена од свила, кожа, дрво и метал која со помош на уметник, може да ја направите да изгледа како што сакате или замислувате. Rolls Royce во соработка со неколку уметници веќе имаат направено неколку “галерии” кои го одземаат здивот. Ако ова не е луксуз, незнам што е!
Златна галерија на инструменталната табла.Свила и метал.
Задниот дел од кабината е главното упориште на еден Phantom. Седиштата имаат неколку конфигурации: lounge (дневен престој), индивидуално позиционирани и нормално конфигурација за спиење. Најоткачениот детал кај овој автомобил е кревањето на подот за да ги одморате нозете под некој удобен агол. Да не го заборавиме опеаниот ѕвезден покрив.
Star Trek кров.
Знам дека читате и се прашувате за цената на овој раскошен пентхаус на тркала. Зарем е битно? 450 илјади евра за основниот модел, кој хедонистичката клиентела на Rolls Royce нема ни да го погледне. Јас би го гледал, но никогаш не би можел да уживам во еден ваков автомобил. Кога би бил “приморан” да возам само Rolls Royce, мојот автомобил би бил Dawn. Се друго за мене е нерационално и ирационално.
Автомобилите се превозно средство со кое патуваме од точката А до точката Б. Здодевно! Автомобилите се престиж со кој треба што побрзо да стасаме до точката Б. Може. Но, бидете претпазливи, бидејќи има една мала група на автомобили, маскирани во својата убавина и префинетост, кои се всушност ладнокрвни убијци, и доколку ги потцените ќе направат сé за да не стасате до вашата дестинација. Црната листа, на која доминираат автомобилите со беџот на Porsche, ќе ја започнам со автомобилот кој беше предмет на истрага во мега популарните Unsolved Mysteries.
Porsche 550 Spyder (Little Bastard)
The Little Bastard и Џејмс Дин (actual image).
Секогаш кога ќе се спомене Porsche 550 Spyder, по автоматизам мислите ни одат кон бунтовникот без причина – Џејмс Дин. На 30 Септември, 1955-та година, на пат кон еден локален тркачки ивент, тој со своето Porsche 550 Spyder загинува во една прилично гадна и бизарна сообраќајна несреќа.
Сите знаеме дека Џејмс Дин бил голем љубител на спортските автомобили и брзината. За време на снимањето на филмот Rebel Without A Cause, некој одлучува автомобилот Porsche 356 да се замени со 550 Spyder. Џејмс, како голем мераклија за спортски автомобили, на прва се заљубува во новиот автомобил и решава да го присвои. Дури и оди кај механичарот Џорџ Барис и го модификува автомобилот со нови седишта, две црвени линии во средината и налепници со бројот “130” на вратите и на хаубата, и го нарекува “Малото копиле”. Возејќи се наоколу, на 23 Септември 1955 година, пред еден ресторан се сретнува својот колега, актерот Алек Гинис или попознат како Оби Ван Кеноби за да му се пофали со својот нов автомобил. На Оби не му се допаднала “злобната” појава на автомобилот, и му рекол на Џејмс дека ако влезе во тој автомобил ќе биде пронајден мртов наредната недела! По точно една недела, односно на 30-ти Септември, Џејмс загинува.
Местото на несреќата и остатоците од Porsche 550 Spyder (actual image).
Но, и по смртта на Џејмс Дин, истиот 550 Spyder продолжува да “убива”. Механичарот Џорџ Барис, по несреќата го купува кршот за 2500 долари. Во еден момент, при товарењето во камион, автомобискиот крш се лизга, паѓа и ја крши ногата на Барис. По некое време, механичарот решава да ги продаде моторот и менувачот на Трој МекХенри и Вилијам Ешрид. За време на една трка, во која двајцата управувале автомобили кои имале делови од “Малото копиле”, МекХенри ја губи контролата врз својот автомобил, се забива во дрво и загинува. Ешрид, во истата трка бил сериозно повреден, кога влегувајќи во свијок, автомобилот мистериозно се закочил, излетал од патот и се превртел неколкупати. Но механичарот Барис имал две тркала кои останале недопрени во несреќата на Џејмс Дин и решил да ги продаде. И погодете што? Новиот сопственик се возел наоколу, и наеднаш двете гуми експлодирале во исто време, по што автомобилот излетал од патот и бил уништен.
Барис решил да не продава делови од автомобилот, арно ама двајца крадци му фрлиле око на автомобилот во кој загинал Џејмс Дин и се фатиле за работа. Во обид да украдат што повеќе делови од автомобилот, на едниот вратата му ја откинала раката, а другиот бил тешко повреден пбидувајќи се да ги извади седиштата кои имале дамки од крв.
Загрижен поради мистериозните несреќи, механичарот Барис решил остатоците од автомобилот да ги скрие што подалеку од светот. Но некој од калифорниската патрола на пат, го наговара да им го позајми автомобилот за тематска егзибиција насловена: безбедност на автопатиштата. Автомобилот бил ставен во хангар, кој под мистериозни околности се запалил и изгорел до темел, но “Малото Копиле” останало недопрено од огнената стихија. На една друга егзибиција во училиште, 550 Spyder му крши нога на еден ученик. Хоророт продолжува… При транспорт на автомобилот од училиштето, возачот на камионот губи контрола и мистериозно излетува од камионската кабина, при што бил столчен од автомобилот кој паднал од камионот. Властите решиле да му стават крај на овој хорор во кој е вмешан 550 Spyder, и решиле да му го вратат автомобилот на Барис. За време на транспортот, автомобилот исчезнува и до ден денешен никој не знае каде е “Малото Копиле” ака Porsche 550 Spyder. Неверојатно, но вистинито.
Последната јавна фотографија на Џејмс Дин во своето Porsche 550 Spyder – 19 Септември 1955 година.
Porsche Carrera GT
58 години подоцна и повторно Porsche. Животите на Пол Вокер и неговиот пријател Роџер Родас згаснаа во црвената Carrera GT. Во моментот на несреќата автомобилот се движел со брзина од околу 150 километри на час, што за Porsche Carrera GT е речиси ништо, но само ако сите услови се идеални. А не биле тој кобен ден… Автомобилот се држел на асфалтот со девет години стари пневматици. Но од појавувањето на Carrera GT па се до денес, на сите ни стана јасно дека автомобилот има некоја “луда жичка”, и во многу ситуации се однесува биполарно. Многу години пред несреќата на Пол Вокер, истата Carrera GT управувана од Џеј Лено, мистериозно се извртува, но за среќа Џеј Лено не заврши во заштитниот ѕид.
^ На видеото: Џеј Лено vs Porsche Carrera GT.
За да го разберете овој супер автомобил, одговорот треба да го барате во неговата едноставност и лажна наивност. Carrera GT е буквално еден куп од карбонски влакна со 5.5 литарски V10 кој произведува 600 коњски сили, волан и тркала. Тоа е се. Нема никакви современи системи и има шест степен мануелен менувач и најкомплицирано квачило за кое ви треба многу тренинг и многу пари. Автомобилот е многу едноставен за да управувањето со него е толку комплицирано. Во суштина, вие сте компјутерот во автомобилот, кој мора да работи беспрекорно во текот на целото возење. Немате простор за грешка. Во спротивно, Porsche Carrera GT нема да ви прости. Дури и професионалните возачи се посебно претпазливи со Carrera GT, а Роџер Родас беше еден од нив.
Најоткачениот Porsche Carrera GT.
Dodge Viper RT/10
Доколку првите два автомобили не беа инволвирани во мистериозни несреќи со светски познати личности, Dodge Viper RT/10 ќе беше убедливо на првото место. Олицетворение на американската авто-инженерска глупавост и нескромност. Од аспект на дизајн, автомобилот е преубав, но техничкиот дел е приказна за себе. Тврдам дека инженерите од Dodge не ни помислиле на фактот дека овој спортски автомобил ќе биде управуван од човек, во нормален сообраќај. Огромен 8.0 литарски мотор, 450 коњски сили, без воздушни перници и системи против завлекување и стабилност. Шасија која се витка како лименка, евтина пластика и издувни цевки кои ќе се поставени за да ве горат при секое излегување од автомобилот. Доколку притиснете малку повеќе на педалот за гас, автомобилот ќе оди насекаде само не во права линија. Свиоци? Не ни помислувајте. Да скратам, да го возите Dodge Viper RT/10 на работ на своите можности е како да возите атомска бомба.
И повторно Porsche. Овој пат без жртви, но со голема материјална штета. Почетоците на култниот спортски автомобил 911, не беа воопшто лесни. Особено кон крајот на седумдесетите, кога на спортските автомобили им требаше моќ. Тогаш настана легендарниот 911 Turbo и веднаш се стекна со репутацијата “Widowmaker”. Моторот и погонот останаа одзади, распоредот на тежината остана ист, а со турбо полначот автомобилот испорачуваше многу повеќе сила, но возачите не беа наш подготвени за таа промена. Да не го заборавиме и таканаречениот “turbo – lag”, кој според мене е најголемиот проблем и тогаш и денес, иако е во фаза на изумирање. За тие што незнаат, turbo lag е паузата која настанува за време на полнењето на турбо полначот со нов воздух кој треба да биде процесуиран и испратен во цилиндрите. Подобро речено, го притискате педалот за гас, пет секунди нема никаква реакција и наеднаш, БУМ! Многу сила за која не сте подготвени, а се наоѓате на излез од свиок. Задниот дел на автомобилот почнува да завлекува, а ви сте немоќни да го исконтролирате бидејќи предниот дел е многу полесен. Башка немате ниту еден безбедносен систем кој ќе биде ваш сојузник. Резултат? Widowmaker.
Widowmaker vol.2
Porsche 911 GT2 RS (997) е последниот автомобил од Porsche кој ќе создава вдовици. Своевремено беше еден од најбрзите автомобили во светот. 620 коњски сили на задната оска, максимална брзина од 328 километри на час, шест степен мануелен менувач и рол-бар. Нема системи за стабилност и пролизгување, затоа што не му требаат. Само вие и 620 коњски сили. Доколку сте разумни ќе уживате во благодетите на GT2 RS, но ако го потцените, ќе патите и платите.
Сообраќајна несреќа со 911 GT2 RS 997 при брзина од 260 километри на час.
Shelby GT 500/Super Snake
Shelby GT500.
Мустанзите низ историјата покажаа дека знаат да бидат навистина незгодни автомобили. Знаејќи го тој факт, Shelby почнуваат да вградуваат мотори со 650 коњски сили во шасија на стандарден Ford Mustang GT. По извесно време, на GT500 Super Snake му додаваат уште 200 коњски сили. Замислете, 850 коњски сили на таа старомодна задна оска. За овој презасилен автомобил важи онаа: Си го бараше, си го доби.
Shelby GT500 Super Snake.
Shelby Cobra 427
Незнам дали знаете, но Кобрата е еден од моите најомилени автомобили. Оваа убавица ви ја нуди целата своја убавина и моќ, а за возврат ја бара целата ваша концентрација. Кај овој преубав автомобил, проблемите се слични со оние на Dodge Viper. Огромен мотор, премногу моќ, кабриолет, и издувни цевки кои се лепат за вашите глуждови секојпат кога излегувате од автомобилот. Треба ли да споменам дека ако го притиснете педалот за гас, невозможно е автомобилот да остане во права линија. Но, кој може да остане рамнодушен на тој безвременски сексипил?
Сите го знаеме Ричард Хамонд. Харизматичниот, поранешен водител на планетарно познатото шоу Top Gear. За тие што живеат на друга планета, Ричард, Џереми и Џејмс, од пред скоро две години имаат свое ново автомобилско шоу, кое го нарекоа The Grand Tour. Првата сезона мина без некои поголеми инциденти, но оваа, што со нетрпение ја очекуваме, започна со инцидент од калибарот на Ричард Хамонд (читај: тежок инцидент). Што всушност се случи во Швајцарија? При снимањето на една од епизодите за втората сезона на The Grand Tour, Хамстер бил учесник во ридско брзинска трка (Hill Climb) и управувал електричен супер автомобил, Rimac Concept One. По неколку одлични возења, продуцентите побарале од него да вози уште еднаш и… Од петта мајка, веднаш по целта, автомобилот забрзува, губи контрола, оди во ендек 110 метри, се превртува неколку пати и неколку секунди потоа почнува да гори. Хамонд за среќа е жив и здрав, но веднаш потоа на сцена стапија експертите и хејтерите, да зборуваат и пишуваат како вината е во Rimac Concept One. Се сеќавам, во една прилика го гледав Мате Римак како зборува за своето ремек дело и како на шега спомна:
– Доколку автомобилот ве занесе или почнете да го губите контактот со подлогата, не правете ништо и не притискајте го педалот за гас. Мислам дека Хамонд се прецени себеси, се обиде да се поигра со Rimac Concept One, потоа се покаја, но стравично беше изненаден од ненадејната реакција на автомобилот, односно од 1200-те коњски сили кои се на располагање на системот за векторско распоредување на силата во секој момент.
И сега, чија беше вината? Секако е на Ричард Хамонд. Дали Rimac Concept One е безбеден автомобил? Погледнете сами!
На видеото: Интервју со Ричард Хамонд и Мате Римак.
Интересно е дека во оваа епизода сите три теми за кои пишувам се на некој начин меѓусебно поврзани. Хамонд е голем љубител на Porsche, кој скрши еден Rimac, и е роден во Варвикшир, родното место на Aston Martin, кои пак соработуваат со Rimac во делот на елекетричниот погон за нивниот најнов хипер автомобил Valkyrie.
Кога сме кај Valkyrie, има многу нови работи за кои треба да се зборува.
Серена Вилијамс со 90% готовиот Aston Martin Valkyrie.
Сеуште не можам да верувам дека овој “болид”, ќе биде легален автомобил кој ќе учествува во сообраќај на сите континенти, и дека ќе има и “поекстремна”, тркачка верзија која ќе биде наменета само за тркачките патеки. Зарем има нешто поекстремно од автомобил со 1130 коњски сили, кој тежи само 1030 килограми. Има! Автомобил со иста толкава моќ, а можеби и повеќе, кој ќе биде понизок, со огромно задно активно крило и волан како кај F1 автомобилите кој ќе се прикачува и откачува. Но, за мене, поинтересна е уличната верзија. На прв поглед делува малку клаустрофобично, но се во знакот на перформансите. Во средината на автомобилот е поставен 6.5 литарскиот V12 атмосферски мотор кој произведува 1000 коњски сили! Знаете ли што се 1000 атмосферски коњски сили? Само за споредба, 6.3 литарскиот атмосферец на LaFerrari произведува 800 коњски сили. Уф, не можам да дочекам да го чујам Valkyrie во акција. Но, 1000 коњски сили се помалку од 1030 килограми. Недоволни се за да се достигне магичниот сооднос од 1:1. Тука започнува соработката со електро-генијалците од Rimac. Тие ќе му дадат на Valkyrie уште 130 коњски сили, преку KERS системот кој ќе биде поврзан со еден електро мотор. И така, Aston Martin Valkyrie ќе биде првиот сериски автомобил кој ќе има повеќе сила (1130 коњски сили) од својата тежина (1030 килограми). Знаеме што би се случило доколку оваа неверојатна моќ не биде пропорционално распоредена и канализирана. Затоа, се, ама баш се што гледате на овој автомобил има огромна и прецизна функција. Како што можете да видите на сликата и видеото, Valkyrie нема ретровизори. Тие се заменети со микро камери. Вратите се во “Gullwing” стил, и сигурно ќе треба да се намачите додека удобно се сместите во кабината, која од Aston Martin тврдат дека ќе биде за двајца и поудобна од онаа на новиот Ford GT. Во целиот кокпит има само волан, две седишта и четири дисплеји. Ако погледнеме под автомобилот, ќе видиме многу чудни “шуплини” и засекувања кои се всушност во служба на аеродинамиката. На крајот на денот, Valkyrie е дериват на F1 автомобил и неговиот втор родител е Red Bull F1 тимот. За перформансите засега нема да шпекулирам, но моето мислење е дека акцентот ќе биде ставен на тркачките патеки, а не на (не)достижните 500 километри на час. Најголемиот конкурент на Valkyrie ќе биде Mercedes AMG One, првиот сериски автомобил со F1 мотор. Како ли само би изгледале и звучеле овие два “убер” автомобили на иста тркачка патека. Трпение спасение, наредната година на трката Ле Ман, Aston Martin Valkyrie ќе биде официјално претставен и ќе вози околу култната патека Сарте. Се надевам, возачот нема да биде Ричард Хамонд.
На видеото: Ексклузивно, вистинскиот Aston Martin Valkyrie (5:11 – 6:18).
Во неделата заврши светски познатиот Goodwood Festival of Speed. Главна ѕвезда на фестивалот беше Porsche 911 GT2 RS, кој за првпат официјално беше прикажан пред јавноста. Неофицијално, како гром од ведро небо, GT2 RS беше прикажан пред три недели на E3, за време на светската премиера на видео играта Forza Motorsport 7. Целиот свет го виде автомобилот, но сите се прашуваа што се крие под беспрекорните облини направени од карбонски влакна и магнезиум.
Porsche 911 GT2 RS на E3.
На видеото: Porsche 911 GT2 RS на Goodwood Festival of Speed.
Ако се сеќавате, уште пред неколку месеци пишував за најбрзата 911-ка на сите времиња. Тогаш напишав дека супер спортскиот автомобил на Porsche ќе има околу 700 коњски сили и ќе биде директна конкуренција на McLaren 720S, Ford GT, Lamborghini Huracan Performante и Speciale верзијата на Ferrari 488, која наскоро треба да се појави. И не згрешив многу. Од 3.8 литарскиот турбо мотор се “извлечени” 700 коњски сили и 750 Nm, кои преку 7 степениот автоматски PDK менувач и задните тркала, го забрзуваат 911 GT2 RS до стотка за само 2,8 секунди, и му овозможуваат максимална брзина од 340 километри на час.
На хартија, 911 GT2 RS е модифициран 911 Turbo S. Во пракса, 3.8 литарскиот мотор со шест цилиндри наредени во линија е сериозно модифициран. Нови, поголеми турбо полначи и нови интеркулери кои се ладат со помош на воден систем, односно вода која под притисок прска во влезниот вентил со цел да намалат температурите кои се создаваат при врвните оптоварувања. Издувниот систем е целосно нов и е специјално направен од титаниум, со што се заштедени повеќе од седум килограми во задниот дел на автомобилот, поголема термичка отпорност и секако многу “емотивен” звук.
Шасијата на GT2 RS во суштина е идентична со онаа на GT3 RS. Новитет е опцијата Weissach, односно многу повеќе карбонски елементи на телото и во внатрешноста. На пример, кај стандардниот 911 GT2 RS, покривот е направен од магнезиум, а со Weissach ќе добиете карбонски покрив со кој ќе заштедите некое кило. Сопирачките направени од карбон и керамика и огромното задно карбонско крило се стандардни. За разлика од својот претходник (997 GT2 RS), новиот (991.2) автомобил, повеќе нема да биде нарекуван “Widow maker”, бидејќи е опремен со технологија која ќе ве чува од вас самите. Многу аеродинамика, многу механички грип, перфектна распореденост на тежината и ротација (лево-десно) на сите четири тркала за поголема стабилност и прецизност во свиоците.
Разбирливо, внатрешноста е типично тркачка со голема доза на сексипил, поради црвената алкантара, црната кожа и карбон фибер. Секси спортски волан без никакви команди, карбонски седишта облечени во црвена алкантара и рол-бар. Ако сте гик кој сака да ги следи сите параметри на автомобилот, на располагање имате Chrono пакет.
Weissach пакетот е со цел да го зацврстите тркачкиот карактер на вашиот автомобил. Карбонски покрив, магнезиумски тркала и карбонски рол-бар со што ќе заштедите околу 20 килограми (1470 килограми без Weissach), а ќе потрошите околу 30 илјади евра. Но, кога веќе имате 290 илјади евра за автомобил, карактерот е многу битен. И немојте да бидете премногу изненадени ако 911 GT2 RS биде побрз од 918 Spyder, бидејќи е побрз од McLaren 720S.
Се сеќавате ли на серијата 8 од раните деведесетти? Безвременското луксузно црвено купе со ознаки 850CSi, V12 мотор и 375 коњски сили? Рака на срце, одамна не сме виделе автомобил од таков калибар да го носи беџот на баварскиот гигант. Но, време е BMW да ја исправи грешката од минатото и да ја воскресне серијата 8, односно M8.
BMW M8 кој никогаш не стана сериски автомобил.Камуфлиран BMW M8 на патеката Нирбургринг.
На сите ни е и те како познато ривалството помеѓу BMW и Mercedes-Benz, односно серијата 7 и класата S. Mercedes-Benz отиде чекор понатаму и го врати во живот нивното најголемо купе. На потег се баварците. BMW 8 е неофицијално тука, но дали ќе биде достоен противник на Mercedes S Coupe и Aston Martin DB11? Судејќи по првичните информации, да. Што знаеме за новата серија 8 на баварскиот гигант? На прв поглед, забележувам дека дизајнот позајмува линии од серијата 6 и футуристичкиот i8. Всушност, новата осмица е купе верзија на серијата 7, но со многу подраматични и поагресивни линии. Видовме дека на Нирбургринг се тестира M8, па логично е да се запрашаме што ќе има под хаубата. Неофицијално, најсилната осмица ќе го позајми 4.4 литарскиот V8 од најновиот M5 и ќе има најмалку 615 коњски сили. Стандардните модели ќе позајмуваат агрегати од серијата 7. Ќе бидат понудени три бензиски изведби (840i, 850i и 860i), еден хибрид (840e), и дизел изведбата 830d. Официјални бројки од BMW засега има само за моделот 860i, кој ќе располага со 600 коњски сили и ќе забрзува до стока за 3,7 секунди. Силата од моторот ќе се пренесува преку 8 степен автоматски менувач, а некои модели ќе бидат опремени и со xDrive, односно погон на сите четири тркала. Како и Mercedes-Benz, и BMW ќе понудат кабриолет изведба која ќе се појави во 2019 година по цена повисока од 100 илјади евра. Основниот модел на пазарот ќе достапен за цена од 100 илјади евра. Познавајќи ја работата на специјалниот оддел на BMW, M8 ќе биде многу нервозен и биполарен автомобил. Во меѓувреме, на интернет се појавија видеа кои ги потврдуваат моите сомнежи…
На видеото: Нервозниот BMW M8
Пред 24 години, BMW и одделот “M”, учествуваа во создавањето на најдобриот автомобил на сите времиња, McLaren F1. Своевремено, а и многу години потоа, F1 беше најбрзиот автомобил на светот. Денес, по 24 години, брзината се мери на еден малку поинаков начин, на тркачките патеки. И денес, како и пред повеќе од две децении, McLaren е повторно на врвот. Интересно е дека секогаш кога McLaren се на врвот, имаат партнер. Пред 24 години, партнер им беше BMW. Денес тој се вика Lanzante. Дами и господа, McLaren P1 LM Lanzante, Кралот на Нирбургринг. Како тргнале работиве во автомобилската индустрија, секоја нова епизода ќе имаме и нов Крал на патеката Нирбургринг.
Сите знаеме што е McLaren P1. Но што е Lanzante? Пред 22 години, Lanzante и нивните вешти раце помогнаа McLaren F1 GTR да победи на престижната 24 часа на Ле Ман. Денес Lanzante, од нелегалниот и само тркачки P1 GTR, прави уште побрз легален автомобил, со кој можете да учествувате во секојдневниот сообраќај.
McLaren P1 LM Lanzante во сообраќаен метеж.
Која е тајната на Lanzante? Задржани се фабриките спецификации на серискиот P1, односно хибридниот V8 твин турбо со 986 коњски сили, со цел да се замачкаат очите на оние кои одредуваат што е легално, а што не. Но колку и да сте доследни на онаа старата “изглед вара”, огромното задно статично крило на P1 LM, не вара. Всушност, со ова крило се скротува задниот дел на P1, кој сака да танцува на лево и на десно во секоја можна пригода. Другото е физика.
За ова автомобилски ремек дело, заслужни се петмина многу богати луѓе со луди идеи, на кои движењето низ сообраќајниот метеж во Rolls Royce им здосадило. Но, луѓето од Lanzante се великодушни и одат чекор понатаму. Непфицијално, за “само” 785 илјади евра, секој “обичен” P1 може да биде Пепелашка, односно LM. Во моментов, половен McLaren P1 се продава по цена од 2 – 2,4 милиони евра. Доколку веќе поседувате еден, вие сте на коњ.
McLaren P1 и P1 LM Lanzante.
На видеото: Рекордот на McLaren P1 LM Lanzante (06:43.22).
Сигурно се прашувате што е 1/1? Ви текнува ли кога бевме деца и кога сонувавме да имаме некој специјален автомобил кој ќе биде направен по наша замисла? Се е возможно во детскиот свет. Земавме метални колички и колку знаевме и незнаевме ги модифициравме само за да бидат уникатни. Но, во суровиот свет на возрасните, за реализација на детскиот сон, треба да сте многу, многу богати. Еден засега анонимен и многу богат човек, на кој очигледно омилен број му е “8”, решил да си го исполни својот сон. Се јавил во Rolls Royce, платил скоро 13 милиони евра, и по 4 години сонот станал јаве и се вика Rolls Royce Sweptail.
Најскапиот нов автомобил на сите времиња е Phantom Coupe, кој е модифициран да изгледа како луксузна кочија. Многу очигледно е дека сопственикот на оваа 13 милионска кочија бил инспириран од Rolls Royce Phantom I Jonckheere Coupe од “златната ера” и некои класични и модерни јахти.
Rolls Royce Phantom I Jonckgeere од 1925 година.
Не толку значително за оваа автомобилска бајка е дека под огромната хауба лежи 6.75 литарски V12 мотор. Единствената работа која го прави Sweptail тоа што е, е неговата уникатност. Само еден и единствен примерок во целиот свет.
Но 13 милиони евра? Доколку би ја имал можноста и средствата за исполнување на мојот автомобилски сон, еве што би направил: би го купил најдобриот автомобил на сите времиња, McLaren F1. Откако ќе го исполнам сонот, најверојатно автомобилот од соништата ќе добие нов американски сопственик кој ќе плати двојно поради ексклузивноста на F1 западниот континент. Додека сум таму, ќе појдам кај легендарниот Чип Фјус, кој за половина милион долари ќе ми направи Hot Wheels Twin Mill, со што ќе го исполнам и детскиот сон.
Hot Wheels Twin Mill од 1969 година.Пишува: Брацо Моралиќ
Се започнува во 1828 година, кога Унгарецот Ањос Једлик прави електро мотор кој го вградува во еден мал автомобил. Во поновата историја, пионер е Toyota Prius. Грдиот хибриден автомобил, чии амбасадори беа безмалку сите еколошки и зелени движења во светот. Потоа на електро сцената стапи хипер амбициозниот Елон Муск со неговото првенче Tesla Roadster, и му светна дека електричните автомобили можат да бидат брзи, многу брзи.
Tesla P100D е моментално најбрзиот сериски автомобил во светот до 100 километри на час, кој од место до стотка забрзува за вртоглави 2,28 секунди. А оди на струја и е фамилијарен седан!? Хрватскиот Rimac им одржа лекција на LaFerrari, Porsche 918 Spyder и Bugatti Veyron. Ова што сслучи на 12-ти Мај беше сосема очекувано. Логично е да се запрашате како електричните автомобили се всушност толку брзи? Лаички речено, електричните автомобили немаат акција и реакција (воздух, гориво, искра и експлозија) туку само моментална акција, немаат големи и тешки мотори, немаат менувач, и што е најбитно немаат издувни гасови.
NIO е кинеска старт – ап компанија и нивното првороденче, електричниот хипер автомобил EP9 е најбрзиот легален автомобил на патеката Нирбургринг (06:45.900). Браво, прво па машко.
Во видеото: NIO EP9 на патеката Нирбургринг (06:45.900).
Како се калеше рекордот на NIO EP9? Прво збор два за тоа како функционираат електричните супер автомобили. Замислете дека возите спортски автомобил… на пример Porsche 911 GT3 RS. Знаете дека моторот под хаубата би требало да ви испорача 500 коњски сили и 460 Nm. Не грижете се, ќе ви ги испорача, но не секогаш кога вие ќе посакате, затоа што постои нешто што се вика оптимален вртежен момент, и само во тие моменти на располагање ќе ги имате 500-те коњски сили и 460 Nm. Кај електричните автомобили такви моменти нема, па на пример 1360-те коњски сили на NEO EP9 ви се на располагање во секој момент. Кога и да го притиснете педалот за гас до крај, имате 1360 коњски сили и 1480 Nm влечна сила по електро мотор или 6334 Nm на сите тркала.
Пред неколку месеци и при неадекватни временски услови, EP9 ја заобиколи патеката Нирбургринг за 07:05.12 минути, со што стана најбрзиот електричен автомобил. Но, луѓето од NIO беа уверени дека нивниот првенец може многу повеќе. Нормално, автомобилот има на располагање 6334 Nm во секој момент. Под хаубата, односно под вратите во вид на прагови се наоѓаат срцата на EP9, огромните lithium-ion (NextEv) батерии, кои се менуваат за 8 и се полнат за само 45 минути. NextEv погонот испорачува максимални 1360 коњски сили или 1MW сила директно на тркалата. Секое тркало е приказна за себе. Четири тркала, четири електро мотори и четири менувачи, односно уреди за векторско распределување на влечната сила. Да, добро читате! Овие суперлативни бројки го забрзуваат EP9 од место до стотка за само 2,7 секунди и 7 секунди до 200 километри на час, а струјата ќе ја изгуби својата сила некаде околу 313 километри на час. Но нели, за да се биде брз на Нирбургринг е потребно многу повеќе од коњски сили. Целокупното тркачко искуство на NIO од Formula-e натпреварувањето е генијално преточено во EP9. Огромното задно електронско крило и аеродинамичниот пакет, генерираат двојно повеќе downforce од еден F1 автомобил. Шасијата и сите останати компоненти на електричниот бум се целосно направени од карбонски влакна, но поради џиновските lithium-ion батерии, автомобилот тежи 1735 килограми. Но, не заборавајте дека ова се почетоците на NextEv технологијата, а сите почетоци се тешки.
И така, на 12-ти Мај, при идеални временски услови, кинескиот NIO EP9 управуван од Питер Думбрек го сврте Нирбургринг и вниманието на целиот свет за само 6 минути и 45 секунди. Ги победи големите бензинци Porsche 918 Spyder, Lamborghini Huracan Performante, и тркачите Radical SR8LM и Pagani Zonda. Но според нафтената мафија, Lamborghini Huracan Performante е сеуште најбрзиот сериски автомобил на патеката Нирбургринг, бидејќи се произведени само седум EP9-ки. Срамота. Како и да е, се повеќе ги засакувам, следам и верувам во електричните автомобили, бидејќи тие се иднината. Доколку сакате седан ја имате Tesla P100D. Ако сакате електричен Bugatti Veyron го имате Rimac Concept One. А електричен McLaren P1? Без двоумење, NIO EP9, и тоа за “само” 1,45 милиони евра. Made in China.
Блиската иднина, да бидам попрецизен. Драги мои, оваа епизода ќе има малку пофилозофски карактер, односно нема да ве гњавам со многу технички детали. Во многу од моите претходни епизоди, со голема возбуда пишував дека ни доаѓаат “златни” времиња, во кои достигнувањата на автомобилската индустрија ќе бидат еквиваленти на, да речеме, оние од градот Дубаи, на почетокот на новиот милениум.
Преведено во универзалниот авто-јазик, доживеавме да хот хечбек е побрз од Pagani Zonda, автомобил на батерии од екс-југословенско производство да биде побрз од LaFerrari, Bugatti Veyron и Porsche 918 Spyder и второкласните модели да ги засенат знаменосците. Сите знаеме дека знаменосецот на Lamborghini беше декласиран од помалиот Huracan Performante и дека McLaren 720S е побрз од P1. Знам дека вторава констатација е болна за McLaren, но кој ви е крив кога сте многу добри. Башка P1 е веќе пет години стар. Но… Секое чудо за три дена, бидејќи доаѓаат неверојатните хипер дечки со неверојатни перформанси. Два автомобили се тука, два ги очекувавме, за два се прашуваме што стана со нив, а информацијата за еден не погоди како гром од ведро небо.
Изминатиов период, сите автомобилски експерти, јутјубери и лаици, воздивнуваат поради фактот дека Bugatti Chiron развива 320 километри за 16 секунди, а само површно го проследија фактот дека Koenigsegg Refers од место до 400 километри на час оди за 20 секунди! Нормално, Chiron е миленичето на најбогатата автомобилска корпорација, а Regera е ремек делото на еден Кристијан Коенигсег кој има едвај стотина вработени. Да не бидам сфатен погрешно, Bugatti Chiron е Неговото Височество, но му недостасува Грејс Кели. И револуционерен дух. Има ли нешто пореволуционерно од тоа да вградите F1 мотор во легален автомобил? Ако ги прашате луѓето од AMG-Mercedes, има! Фалат електромотори.
Едноставно не можам да продолжам без да ги споменам неверојатните бројки поврзани со овој уличен болид. Значи… 1.6 литарскиот турбо F1 мотор ќе испорачува максимални 748 коњски сили и ќе врти до 11.000 вртежи во минута. Кога бензинецот ќе загуби здив, на располагање ќе му бидат четири (!) електро мотори кои заедно ќе произведуваат 408 коњски сили и ќе бидат распоредени на предната оска, осовината и турбо полначот! Замислете го само вртежниот момент на овој хипер Mercedes-Benz. Но се си има своја цена, па така на секои поминати 31000 километри, првиот легален хибриден F1 автомобил мора да оди на сервис. На хартија овие перформанси изгледаат импресивно, но колку навистина брз ќе биде AMG One? Според Тобиас Моерс од AMG, првиот хипер Mercedes-Benz ќе биде поекономичен и “минути” побрз од A45 AMG на патеката Нирбургринг! Минути?! Најмалиот AMG ја заобиколува 22 километарската патека за некаде околу 8 минути. Бидејќи човекот говори во множина, тоа значи повеќе од една минута. Засега нема да шпекулирам, но сигурен сум дека Project One ќе ја помине патеката десет секунди побрзо од сегашниот рекордер Lamborghini Huracan Performante. За аеродинамиката засега нема да пишувам многу, но само да знаете дека најбрзиот Mercedes-Benz ќе позајмува аеродинамични решенија од NACA (National Advisory Committee for Aeronautic).
W07 од болидите на Луис Хамилтон и Нико Розберг.
Ќе бидат направени само 300 од Mercedes-Benz AMG Project One, а еден ќе чини 2.5 милиони евра. Едно е сигурно, Mercedes-Benz од секогаш и во секој сегмент поставувал нови правила на игра, па така ќе биде и сега.
Mercedes-Benz и BMW исто како Ferrari и Lamborghini се секогаш рамо до рамо. Во супер сегментот, Mercedes-Benz со SLS и AMG GT R е доминантен во однос на конкурентскиот и без врска BMW i8. Но ривалството е толку големо што кружат гласини дека и BMW прават хипер автомобил! А знаеме каде има чад, има и оган.
Рендер за хипер автомобилот на BMW.
Доколку овој амбициозен проект добие зелено светло, најдобриот BMW ќе биде хибрид, односно ќе има бензиски V10 атмосферски мотор и најмалку два електро мотори кои ќе бидат поставени на предната оска. Доколку овој BMW некогаш го помириса асфалтот, нема да има погон на сите четири тркала. Сето ова ви звучи како бајка? Не би рекол. Една веќе го имаа M1.
За крај се прашувам и ве прашувам, која судбина ги снајде SSC Tuatara и Hennessey Venom F5? Ви текнува ли на SSC Aero еден од најбрзите автомобили во светот? Наследникот Tuatara требаше да има околу 1350 коњски сили, 1250 килограми и максимална брзина од околу 450 километри на час! Hennessey Venom F5 е автомобилот со најдоброто педигре во светот. Неговиот претходник Venom GT е убиецот на Bugatti Veyron Super Sport и официјално најбрзиот автомобил во светот (435 километри на час). За F5, Господинот Хенеси изјави дека со леснотија ќе оди до 470 километри на час!? Каде се овие автомобили?
Знаете, кога се во прашање Civic Type R автомобилите, има едно непишано правило. Не секоја генерација на Civic Type R ја оправдува специјалната ознака, но од време на време, оние вистинските “Type R”, едноставно ги поместуваат границите во сегментот и наметнуваат нови правила на игра. Така беше со моделот EK9, така е и сега. Со неверојатниот подвиг на патеката Нирбургринг на 3-ти Април (07:43.80), Honda докажа дека е повторно на врвот во Hot Hatch сегментот и дека нивниот сериски автомобил е побрз од специјалните серии на Golf GTI Clubsport S (07:41.19), Renault Megane Sport 275 Trophy R (07:54.36) но и Audi R8 V10 и Pagani Zonda (07:44.00).
Најбрзиот автомобил со погон на предните тркала.
https://www.youtube.com/watch?v=4YSjItQneNM
^ На видеото: Honda Civic Type R на патеката Нирбургринг (07:43.80).
Во споредба со моделот од 2016 година, новиот Type R е побрз за цели 6,83 секунди. А од досегашниот носител на титулата најбрз автомобил од овој вид, Golf GTI Clubsport S – скоро 5 секунди. Како? Зошто?
Според зборовите на главниот инженер за шасија, Руичи Киџима, брзината на новиот Civic Type R се должи на стабилноста, која му дава повеќе доверба на возачот во брзите свиоци. На што се должи стабилноста? На прв поглед можеме да заклучиме дека новиот автомобил е поголем и поширок. Тоа значи пошироки тркала, поголемо меѓуоскино растојание, плус сосема нова multi-link суспензија и оптимизирана аеродинамика. Да не заборавам да напоменам дека автомобилот тежи само 1360 килограми.
На пример, во одреден свиок, каде што конкуренцијата ќе помине со 150 километри на час, Civic Type R на располагање има десеттина километри плус, што за овие автомобили е многу.
Моторот е горе-долу истиот 2.0 литарски турбо VTEC, со 306 коњски сили и 400 Nm влечна сила која се пренесува на предната оска преку шест степениот мануелен и само мануелен менувач. Од место до стока ќе забрзува за помалку од 5 секунди, а максималната брзина ќе достигнува 275 километри на час. Сигурно се прашувате како се изменаџирани 306-те коњски сили на предната оска? Погонот на четири тркала е многу поразумна опција, која е општо прифатена од најголемите конкуренти Golf R, Focus RD и Subaru Impreza WRX STI. Но, за жал, две добра нема, па затоа Ford Focus RS на пример, тежи цели 196 килограми повеќе. А тоа е многу. Од Honda се водат со девизата поедноставно, полесно, побрзо, па затоа пролизгувањето на предната оска е контролирано преку ограничениот диференцијал и Dual-Axis напред (еден вид контролирано кочење на предните тркала со цел да се намали тракцијата). И резултатот е фантастичен. Работата на моторот, активните дампери, управувањето, стабилноста и лимитерот на вртежи на моторот се контролирани преку три режими на возење: Comfort, Sport и +R. За запирањето на автомобилот се грижат докажаните Brembo сопирачки.
За разлика од претходните модели, на внатрешноста е работено со љубов. Црвена алкантара, црвен конец насекаде каде што ентериерот е облечен во црна кожа, када седишта за удобни тркачки денови, Apple и Android car системи, добар хајфај и перфектно изработен шифтер.
Во споредба со конкурентите, Civic Type R има најниска цена (35 илјади евра), а нуди најмногу. Кога велам најмногу, мислам на најдобар хот хечбек на сите времиња. А тие три издувни цевки одзади се љубов на прв поглед.
“Малата соба без прозорци, обоена со расипано светкаво розевкасто неонско светло, беше изгор-жешка од десетиците перални и исто толку сушални кои верглаа сплотени во звукот на механичката мантра на своите мотори.”
„The five pillars of Islam“, кажа професорот по предметот Светска Религија, инаку Божји човек и самиот, и остана жив, кога веќе сите бруцоши знаевме дека е крајот на семестарот. Тоа беше последното и најмало поглавје во најголемата книга од сите обавезни предмети за мојот прв семестар. Професорот беше Католички Отец па предавањето се заврши со тоа што ни кажа дека можеби нема ни да има прашања на темата “Ислам“ на конечниот тест.
Десетина дена подоцна дојде испитната недела по сите предмети.
Бев добар студент, таа прва година особено. Сакав да го импресионирам и убедам татко ми дека ја имам моќта сам да си го позлатам патот до успехот и славата како да бев кралот Мида пред да открие дека премногу злато е успешен пат единствено до славна пропаст.
Заглавив со носот во книги и со газот во преубавата универзитетска библиотека која во позамашната колекција од повеќе од два милиона примероци ги криеше сите тајни на светот, вклучувајќи ги и метафизичките значења на смислата за хумор на Макс Бункер во хрватски изданија на Алан Форд!
После три-четири неспани ноќи ги положив сите испити со највисоки оценки.
By the way, испитот по Светска Религија започна токму со прашања за петте столба на Исламот.
* * *
Доцна попладнето се чекав со Чарлс Муреј и со Алонѕо Санчез во University Pub. Да прославиме – да му ебам мајката; Затоа што и они беа задоволни и полетни после испитите, а и јас курназ. За жал, Мексиканецот и Јужноафриканецот беа премногу фини и наивни за да имаат лажни лични карти со кои ќе пиеа алкохол па дрвеа безалкохолни маргарити додека јас стандардно цепав континуирани нарачки од по две пива одеднаш. Ми кажаа дека ќе одат кај Алонѕо во Мексико за новогодишните празници и ме прашаа кои се моите планови.
Каква будала, си помислив кога им кажав дека немам појма што ќе правам скоро цел месец.
„I’ll probably stay at the University”, им одговорив потајно надевајќи се на уште една епизода од “Зона на Сомракот“ со мене и Ракел во главните и единствени улоги.
„The University is closingfor the holidays, didn’t you know!?”, во исто време ми одговорија другарчињата.
Ја спуштив главата како покисната џукела. Сфатив дека најверојатно ќе морам да се смирам со сé уште безнадежно вљубената бивша девојка – Сара Бишоп, за да можам да се сместам некаде скоро месец дена.
Фак, неќев да одам во Вичита, ни случајно! Но, пред воопшто да го кренам погледот назад, лепотанот Алонѕо културно ме информираше дека уствари сакале да се видат со мене за да ме поканат со нив во сончевото Мексико.
„Come on Peter, it will be a blast”, насмеано се убаци Чарлс додека веќе размислував како да стигнам до пари за да се транспортирам до Пуебла каде што живееше Мексиканецот.
„You don’t need much money, just the plane ticket”, продолжи Алонѕо кој ја препозна сиромаштијата во моите нарачки на buy one beer – get one free и почна да ме убедува, иако веќе знаев дека ќе одам откако ќе му се јавам на татко ми, да му се јави на вујко ми, да ми пушти пет-шесто долари на сметка. Јебига, сосема неочекувано бев скроз одличен, цврсто си ја бев задржал стипендијата – заслужував награда за моите напори!
Претпоставувам, како на Алонѕо, така и мене ми беше повеќе од јасно дека моите немаат толкав кеш да ми помогнат одма, но вујко ми беше полн како око и немав ни најмалку грижа на совест во душичката кога испланирав да ја наговорам мајка ми да го убеди татко ми, да се задолжи кај вујко ми, да ме покрие во мојот крајно безобразен нихилизам. Секако татица и мамица на крај ќе го платеа моето курчење низ Централна Америка, но стварно немав појма дека универзитетот затвора за новогодишно-божиќниот период кој во Америка трае скоро месец дена.
„Хало Мама, вака и вака стојат работите…“.
„Ево ти га Тата.“, ме заеба Мама и ми го даде Тата на линија.
„Јави ми се за један сат.“ ми одговори човекот кој скоро и да не зборува и еден саат подоцна ми кажа дека утредента ќе имам петсто долари на сметка.
„Хвала ти Тата…“, за малку ќе му кажев дека го сакам, но врската се прекина без чао – пријатно – све најлепше – недостајеш нам – волим те – воле те Тата и Мама.
Секс, Љубов (и “Тајни Друштва“)
Сакав да прославам па тргнав накај Ракел која, иако не беше дел од бандата, случајем околности живееше во сестрински дорматориум кој беше на другата страна од универзитетот кој, во тоа време, се простираше на повеќе од 10 километри квадратни, во дел од кампусот каде беа сместени сите fraternities и sororities…
Вака сега, да објаснам нешто набрзина, за што ми требаше долго време да го сфатам и самиот: Fraternities и sororities, како што им кажува името, се братства и сестринства кои постојат ВО СИТЕ КОЛЕЏИ И УНИВЕРЗИТЕТИ во САД, во некои институции во Канада и Британија, а некои и на други места – секако далеку од Македонија, како на пример на Филипини.
Тоа се групи на истомисленици, ексклузивно дечки или ексклузивно девојки кои се приклучуваат кон тие братства и сестринства мислејќи дека на тој начин не се сами, дека ќе останат лојални еден на друг до крајот на животот, мислат дека “знаат дека имаат брат, односно сестра“ на кои лицемерно можат да рачунаат како на лош калкулатор со расипани батерии кога и да им треба помош во откривањето на формулата за успешен и безгрижен, подобар живот (бљак!). Си имаат тајни поздрави, тајни сигнали, лозинки, иницијации и унифициран изглед, и во суштина си играат “Масони“ верувајќи дека на тој начин иднината им е осигурана, додека се пијанчат и се ебаваат едни со други и со сé друго што ќе им улета. Секако е така за некои од тие братства и сестринства, но сигурно не за сите, а кај мене на TCU ги имаше безброј и повеќето членови беа само куп несигурни кретени кои бараа безбедност во бројност како овци во стадо.
Се промував низ малите улички опколени со неокласични згради на кои уклесани во камен, гордо беа осветлени грчки букви што го одредуваа името на секое братство, сестринство – кобајаги единство. Стигнав пред дорматориумот каде, кој знае како, завршила Ракел и каде морав да се пријавам на рецепција затоа што беше уште едно сестринство со чудно име од типот на Капа-Алфа-Зета (или некое слично срање!). Ја побараа по телефон, но Амазонката не се јави. Знаев дека е сигурно скркана на што и да е од дрогата што ја украдовме од дечко ѝ само месец и кусур-дена претходно. После уште еден обид, па и трет на мое инсистирање од девојчињата на рецепција – Ракел не крена. ФАК!
Ја замолив малечката азијатка со кикици на главата и г’з на градите, едната од двете на смена, да се обиде да ја добие Ракел уште еднаш, но и четвртиот пат беше залуден.
Малата азијатка имаше неочекувано големо деколте за своите коси очи и низок – скоро џуџест раст, па јебига – кај да ја гледам од високата перспектива на моите два метра ако не у цицки. Како хипнотизиран ја бленев токму таму кога ја замолив да ми дозволи да тркнам до собата на Ракел, да проверам дали е сè во ред. Познавајќи ја лудачата која беше постојано скркана на нешто, навистина бев загрижен дека претерала. Таа мисла ми беше постојана параноја пред да заспијам, и секое утро кога ќе се разбудев се надевав дека ќе ја видам некаде низ кампусот само за да знам дека не оверирала* (*етимологија на изразот – скопска Брат!).
„Nо, you may not!”, одговори другарка ѝ, колешка ѝ, побрати ѝ – whatever, која стоеше до неа и со брич-остар поглед го дочека мојот искривен израз кога кренав глава од цицките на азијатката.
„There might be something wrong, I am just afraid for my friend“, брзо и мајсторски им одговорив во последен обид да стигнам до Ракел што поскоро затоа што колку и да блефирав, како ги изустив зборовите така помислив дека навистина: There might be something wrong со лудачата.
Девојчињата се погледнаа со израз на лице на кој чисто можеше да се прочита полицискиот записник за нивна небрежност доколку бев во право, доколку не го послушаа моето генијално смислено, тотално дискретно предупредување.
Косооката делуваше како да беше шармирана од шовинистот во мојот балкански шарм па ја скроти колешката кога ӣ кажа:
„I’ll go. Who knows, let’s check her out“, и ми намигна.
Хе-Хе…
Азијатката ми беше позната од некаде, но немав појма од каде ја знам. Бев сигурен како што сум и денеска дека такви раскошни цицки немаше да ги заборавам, но нејзиното лице ми кажуваше нешто друго. Постојано ја ѕиркав од висок ракурс додека одевме накај собата на Ракел. Прво моравме да го изодиме долгиот ходник до првите скали кои ги искачивме до трети спрат. Шмизлата ми намигна уште еднаш, веднаш откако ме фати жив како ја зјапам во деколтето. Потоа ми дозволи да одам пред неа, како да сакаше да се свртам и да добијам уште подобар поглед, затоа што, како и секоја жена, интуитивно знаеше дека ќе ја искористам можноста да ја ѕирнам, а она едвај чекаше да ми фати од тинејџерскиот сеир. Повторно ми намигна, овој пат со дури и заводлива насмевка. Знаев дека нешто се дешава кога стигнавме на третиот спрат, кога ме потфати за половината за да ми каже дека сме блиску.
„Do you work out?”, ме праша откако почувствував дека ме опипа само малку посилно.
„No, but I use to be a water–polo goalie“, ѝ одговорив гордо и во стилот на Принц Филип, Војводата од Единбург.
„Wow, yeah.You have really broad shoulders too…”, повторно ми намигна и ми се насмеа кога ја погледнав.
Стигнавме пред собата на Ракел на која имаше црно-бел стикер на кој пишуваше “F**K – OFF”. Почнав да тропам на вратата и да ѝ го довикувам името. После секое чукање го ставав увото на вратата за да чујам некаков, каков било звук…
„Is she your girlfriend?“, запрепастено ме праша малата закачка
„За жал не. But she’s a really good friend, a soul mate so to speak“, ѝ вратив, несвесно искресно, и продолжив да тропам на вратата.
„I got the keys to her room right here, do you want me to open the door?“, ми предложи девојчето. Се свртев и веќе ѝ ѕвецкаа куп клучеви во раката како да беше газдарица на флиперница.
Погледот ѝ беше безобразен и недвосмислено похотен.
Доаѓајќи од една крајно конзервативна Македонија, не ми беше ни на крај на памет дека типична воведна сцена од лош германски порно филм може да биде реалност, но ете, ми се случуваше колку и да не сакав да поверувам дека ебачки за беспари се дешаваат туку-така, за 5 минути, некаде, со некоја Јапанка, во некое универзитетско сестринство во срцето на Тексас.
Колку и да ми беше примамлива мислата да ѝ дозволам на азијатката да ја отвори собата на Ракел и евентуално да се изебеме баш таму, сепак се воздржав зошто во мојата глава Ракел беше неосвоена планина, врв вреден за чекање за идеалната сезона за качување. Неќев да ризикувам. Но, ја погледнав клинката, ѝ намигнав најебачки што можев и чекав да ми врати било како за да ми даде до знаење дека е спремна да општиме.
Како и во секој лош германски порно филм, азијатката ми предложи да ја почекаме Ракел во собата за перење алишта на другиот крај на ходникот зошто, како што ми кажа одма, и самата живееше во соба на истиот спрат, а “имала алишта во сушалната“!
По пат ми кажа дека се вика “Џени“, дека мајка ѝ е Филипинка, а татко ѝ полу-Јапонец – полу-Американец со шкотско-германско-јапонско потекло. Набрзина се претставив и самиот. Бев културен како да аплицирам за американска виза зошто сеирот ќе беше ужасен ако не бев во право за ретро порното што го очекував во секој момент, со полудигнат меснат прилепски колбас во боксериците.
* * *
„Can you help me with the laundry please?” ме замоли Џени кога ја отвори сушалната. Жешко ме зароси топла реа пријатен омекшивач што мирисаше на нежна борова смола. Почнав да ги вадам алиштата едно по едно, кога во рацете, најклише, ми се најде еден голем чипкан тиркизен прслук. Се свртев кон неа со прслукот во раце. Ѝ го подадов, ми се насмеа, го здипли и го стави на мало купче долен веш. Не кажа ниту збор, а толку многу сакав да каже било што, да го искоментира нереално големиот прслук за да ми даде повод да ѝ ги спомнам градите, за да си дадам причина да ѝ се ставам и евентуално да ѝ се симнам. Атмосферата беше крајно чудна. Само 20 минути претходно ја запознав на рецепција во сестрински дорматориум, а сега ѝ помагав да си ги нареди свежо испраните и исушени алишта со дискретен мирис на планинска шума некаде на северот на шкотските предци на татко ѝ…
„You do the underwear, I prefer the shirts and pants folded in a specific way – so I’ll do those.“, ми кажа како да сакаше да ја замислувам во секој пар танга и во прслуците кои беа со најмалку три пати поголем број од гаќичките кои специфично беа проѕирни, а и со толку малку материјал што во никој случај не би можел да ги искористиш за бришење прашина, па дури ни на екран од лап-топ.
Малата соба без прозорци, обоена со расипано светкаво розевкасто неонско светло беше изгор-жешка од десетиците перални и исто толку сушални кои верглаа сплотени во звукот на механичката мантра на своите мотори. Капиларите на курот ми се отвораа од жегата, и мускулот модро ми се ширеше во неиздржлива болка, како да ќе експлодираше, како некоја невидлива рака садистички да ме стискаше до цедење на последната трунка потенција. Бев стап и дури и ми се вртеше од што сакав да ја грабнам и да ја наденам на сето она што ме правеше горд од пубертетот наваму. Вратот ми беше облеан со ситна пот и си ја кренав долгата лавовска кадрава грива во пунџа што си ја врзав со самата коса. Јебига, немав стегач при рака, се дешава. Во очите ми капеше пот и ми се креваа влакната секаде каде мислев дека воопшто не ни имам влакна. Бев спобудален. Накострешен. Тргнав да ја залапам и јазикот ми беше веќе до пола надвор кога шмизлата крајно препотентно ми кажа: „No kissing, I don’t do kissing.“.
Мушки ме грабна за косата на темето, се поткачи на едната од веш-машините и насилно и грубо ми ја симна главата како да беше некаков гад-шовинист кој сакаше “да ѝ го испушам!“. Немав проблем со тоа, едвај чекав. Ми се исполнија порно соништата од детството кога ги гледавме германските порки на брат ѝ на Валентина од трето-три кај неа дома пред часови, кога бевме втора смена во школо (Валентина имаше Ве-Ха-ЕС плеер, беше една од ретките во тоа време.).
Ѝ ја јадев на Џени како жеден маратонец после трка низ Адис Абаба во Етиопија…
Оваа вриштеше како никој никогаш да не ѝ се симнал…
Работев на случајот. Упорно. Амбициозно. Ентузијастички. Со ќеиф…
Отсекогаш, па и пред тоа, ми беше најјако искуство кога девојките ми свршаваа пред да им го забиберам меснатиот љут колбас, зошто знаев дека после тоа можам да правам што сакам.
Господ ме беше благосовил со генот на таткo ми на кој се сеќавам од неколкуте кратки екскурзии во ве-це-то кога бев дете, кога имав зорт да какам додека он се бањаше, кога позади завестата му се гледаше гордоста која беше најмалку пола причина за мајка ми да го каже судбоносното “ДА“ во некоја црква некаде во прилепскиот регион во Април ’72-ра.
Како ја кренав главата да се осигурам дека на малата ѝ е јако додека “работам“ на клиторисот, така ѝ го искинав брусхалтерот. Цицките ѝ се разлеаа како големи проѕирни балони полу-полни со топла вода. Беа огромни аморфни топки кои беа премногу меки за да ги грабнеш цврсто – беа разводнети и меки, а што е тапа, тапа е.
Продолжив да јадам ваџајна и почнав и да ѝ го пикам едниот палец во газот. Џени се напали и ме замоли да ѝ го пикнам и вториот палец заедно со првиот. Се исправив како Самсон од Библијата, го извадив прилепскиот колбас и ѝ го пикнав од позади со двата палци сигурно затнати во малиот ѝ депилиран анус.
Сега свртена, цицките ѝ добија тежина, но не ми даде да ѝ ги грабам зошто сакаше да ѝ буричкам во анусот додека ја ебам најјако што можев. Целата ситуација не ми направи многу ќеиф. Џени не знаеше да мрда со торзото, не знаеше да го напупи газето, не знаеше дека можеби треба да пушти раче помеѓу нозете за да ме грабне за муда и да ми даде правец додека копав за злато. Неполни пет минути подоцна ја осетив дека сврши, нозете почнаа да ѝ се тресат неконтролирано, целата се згрутчи во прекрасна болка и ме шутна настрана како некаква кукла чија единствена намена беше да ја задоволам без да ми каже Благодарам.
Бев мрднат, сакав да продолжам. Го извадив и почнав да ѝ го дркам пред лице додека се обидував да ѝ ги ставам јајцата во уста. Гадурата ме тргна на страна и ми кажа “Fuck you asshole, I’m not that kind of girl!“. ЖИТИ МАЈКА! Си ги зема работите кои половина ѝ ги здиплив самиот и искочи од пералната што мирисаше на омекшивач, секс и широко отворен запотен филипино-јапонско-американски газ.
Бев спизден и недовршен, недоебан и спобудален, со дигнат кур – отечен, и недоволно крв во главата за да размислувам како и секој друг човек со прилепско потекло!
* * *
Клише муабетот продолжи две минути подоцна, моментот кога излегов од пералната…
На крајот од ходникот ја видов Ракел. Се мачеше да ја отвори вратата од својата соба. Изгледаше како преебана и истепана курвештија од најлошиот бразилки “B“ филм. Ѝ довикав. Ме виде. Влезе во собата и чув дека се заклучи два пати.
„Отвори Ракел, те молам, отвори!“, тропав на вратата како споулавен.
„What do you want?“, ми свика од другата страна со солзи во гласот.
„Сакам да те видам, да ти кажам нешто важно“, ѝ бекнав најтинејџерски што можев.
Вратата се отвори и ја видов како седнува на креветот до прозорецот низ кој гореше сонцето. Ѝ го свиткуваше лицето во непрепознатливост; во секоја солза што ѝ се тркалаше по лицето – светллината се прекршуваше како низ призма во сите бои на виножитото. Секој нејзин краток липај ми ја згруткуваше гушата, ми ги преплавуваше очите, ми ја болеше душата, сè посилно ми го стегаше стомакот како во веќе затегнат морнарски чвор.
„Не кажувај ниту збор…“.
Почна да се соблекува. Стапалата ѝ беа црни како на валкано циганче. Маицата ѝ беше развлечена и искината, бедрата црвени и изгребани, косата мрсна и искубана како кокошка спремна за печење. Не сфатив дека лебдеам кога се свртев кон огледалото и се видов како бестежински пловам над земјата, во рамките на зрцалото, во мало море од заслепувачка светлина без бранови. Ракел се соблече гола, застана пред огледалото и почна да се замива пред лавабото. Во тој бесконечен момент се почувствував како да не знаев како стигнав во нејзината соба. Како да го загубив сеќавањето за сè друго освен за фактот дека Ракел ја криев во најширокиот дел од срцето уште пред да ја запознаам.
Нозете ѝ се тресеа неконтролирано како да беше во шок, по грбот и низ модринките скржаво ѝ се цедеше по некоја осамена капка пот. Собата замириса на егзотичен коктел од скап цветен парфем, стар скиселен дезодоранс и жешко исковано железо.
Се исправи пред огледалото, мушки и храбро. Успеа да се исконтролира и да го запре недоброволното тресење на мускулите на нејзиното масивно цврсто и запотено тело.
Ја гледав и сакав да го убијам кој и да ѝ предизвикал таква болка, но Ракел се сврте кон мене и ме зашемети кога ми се фрли во љубовна прегратка, чувство што го имав забележано единствено кога сестра ми ме гушкаше кога имаше скршено срце, кога ѝ беше тешко како да носеше сандак полн олово на градите.
„You smell like pussy.“, ми кажа кога ме избацува насекаде во усните. Се насмеа. Закачки ме удри по лицето, како да ме погали. Ме гушна силно. Ме гушна уште посилно, се скри во моите нежни прегратки.
„I know, I had some really bad pussy in the laundrywhile I looked for you.“. Не можев да ја лажам, ја сакав со секоја пора од која се цедеше потта на малата безобразна азијатка.
„You fucker –I love you!“, ми шепна, искрено, љубоморно, љубовно, совршено.
Се погледнавме како да сфативме дека сме љубовници уште од претходниот живот. Се гушнавме, се сплотивме во едно, се пољубивме како да си ја запечативме иднината еден со друг, како што мечтаев дека ќе се случи – секој ден додека посакував да ја видам некаде низ капусот, додека ми се превртуваа цревата, срцето, желудникот, паметот…
Сонцето зајде позади облаците и паднав во љубовно бесознание прошарано со боите на виножитото низ солзите на моите цврсто затворени очи.
Љубов.
Со сè уште затворени очи, се свестив пред вселенскиот млечен пат, кога сфатив дека Ракел хрчи, тешко обесена на моето тело, невино разлигавена, скршена, тажна до ѕвездите позади моите очи и назад.
Беше голема и тешка женска, но совршено складна и згодна Амазонка како од пишувањата на Херод, и го обожавав тоа кај неа. Беше масивна колку мене, како самиот да лежев врз себе, како да ја имав освоено неопеаната сестра на џинот Зипакна – митолошкиот полулош полубог на предисториските Маи. Не сакав да ги отворам очите додека ѝ ја галев рапавата свело-чоколадна кожа, набабрена и истепана од причини кои сè уште не ми беа јасни и за кои дури не сакав ни да знам за да не ме депортираат во случај да направам беља, а беља ќе направев како и секој лудо вљубен мајмун.
Ракел се разбуди скоро веднаш.
„Did we have sex?“, ме праша со блажена насмевка, загубена во кој знае каков делириум од кој знае какви причини.
„I guess we did“, ѝ одговорив како да бев загубил невиност. Не можев дури ни да се сетам што се случи од што бев полетен и пресреќен.
„I’m hungry. I want to eat a cheeseburger.“
„I am going to Mexico for the holidays“, ѝ спомнав срамежливо како да барав одобрение…
Ракел ме погледна низ тенок процеп на поспаните очи. Неколку тешки моменти подоцна ги затвори…
„I want a cheeseburger.“
Отидовме до Jack in the Box и нарачавме дупли чизбургери со сланина и екстра кашквал. Ракел воопшто не ни гледаше во мене додека јадевме на паркингот како прегладнети бездомници. Неполни пет минути подоцна отиде до drive-through прозорчето и нарача уште еден дупли чизбургер кој го изеде додека јас сè уште го завршував првиот. Кога конечно го завршив, ме праша дали сакам уште еден. Климнав со главата и се врати со нејзинот трет чизбургер со сланина и вториот за мене – без сланина но со екстра мајонез.
Седевме на тротоарот. Јадевме молкум и зјапавме во млечниот пат кој беше невообичаено светол таа ноќ над Форт Ворт во Тексас…