На Kickstarter се имаат појавено неколку интересни предлози: Capta, Pebble, Chameleon, Vavo и многу други. Еден таков предлог беше и OUYA, конзола која ја надмина амбициозната финансиска цел од 950.000 долари за само осум часа.
Ако не сте запознаени со името еве кусо објаснување: OUYA е конзола за видео игри која работи на Android.
Предложени спецификации:
- Tegra 3 quad-core процесор
- 1GB RAM
- 8GB внатрешна меморија
- HDMI излез со подршка за 1080p резолуција
- Wi-Fi, Bluetooth
- Еден USB 2.0 порт
- Безжичен контролер
- Android 4.0.x
Овој проект е доста логичен, со зголемувањето на квалитетот на видео игрите (поспецифично, игрите дизајнирани за Tegra 3 чипсетот) вакво нешто е брилијантно. OUYA е наменета за “free to play” модел; всушност, единствениот услов кој OUYA тимот го има поставено за производители е дека „барем дел од игрите мораат да бидат бесплатни“.
Конзолата ќе биде оставена отклучена што значи дека хакери и модери ќе можат да започнат да работат веднаш штом ќе ја отпакуваат. Се чини дека OUYA тимот навистина разбира што бараат тврдокорните Android корисници.
{youtube}xh6Ji_6Wg9c{/youtube}
Сево ова звучи совршено, но колку би чинела оваа конзола? Можете да ја нарачате конзолата за 99 долари, цена која ќе ви обезбеди конзола во моментот кога истата ќе биде достапна. [OUYA: A new kind of video game console]