Откривање болести преку ѕиркање во очите

1233704453.jpg Очите се можеби прозорец кон душата, но тие се исто така и прозорци кон мозокот. Благодарение на оптичка верзија на ултразвук, сега станува можно да се лоцира и следи растењето на мозочните тумори, и да се следат неуродегенеративните состојби како склероза, Алцхајмер и Паркинсовата болест – само со ѕиркање во окото.

Очите
се можеби прозорец кон душата, но тие се исто така и прозорци кон
мозокот. Благодарение на оптичка верзија на ултразвук, сега станува
можно да се лоцира и следи растењето на мозочните тумори, и да се
следат неуродегенеративните состојби како склероза, Алцхајмер и
Паркинсовата болест – само со ѕиркање во окото. 

 

1094.jpg

   „Мозокот е поврзан со очите преку оптички нерв, па секоја дегенерација на мозокот предизвикана од такви болести може исто така да ги оштети и нервите и очницата“, вели Helen Danesh-Meyer, неуро – офтамлологист на универзитетот Auckland Medical School во Нов Зеланд. И навистина, губењето на визуелната функција е една од првите симптоми кај многу луѓе со неуродегенеративна состојба.
   „Иако доказот за врска помеѓу дегенерацијата на оптичкиот нерв и болестите како Алцхајмер бил тука уште од доцните 80тите, без инструменти способни за мерење на очницата прецизно, дури сега може да се примени ова знаење,“ вели Danesh-Meyer.

   Прецизноста на офталмологистичките алати значително се подобри последниве неколку години. Развојот вклучува тип на ласер – камера техника наречена Heidelberg retina tomography (HRT), и ласерска направа наречена GDx – две работи кои можат да се користат за скенирање на формата и тенкоста на влакната на оптичкиот нерв позади окото.

   Обете алатки сега се користат за справување со глаукомата, но во 2006 Danesh-Meyer стана една од првите истражувачи кои ги користеа за да ги истражуваат неуродегенеративните болести. Во експериментот во кои учествуваа 40 пациенти со Алцхајмер и 50 здрави волонтери, таа покажа дека луѓето со Алцхајмер имаат исклучително зголемување во дискот на оптичкиот нерв и прогресивна тенкост на влакната на ретиналниот нерв, внатре во дискот.

   „Следејќи го откритието, истражувачите користеа дури и попрецизни инструменти за да ги следат дегенеративните промени во ДОН(дискот на оптичкиот нерв). Но, се покажа дека оптичката томографија е најветувачка: стана комерцијално достапна во 2006 и брзо стана стандарна алатка за  справување со глаукома и дијабетска ретинопатија. Кога се користи за ДОН, создава прецизни детални две и тродимензионални слики на подповршината на ретиналното перниче“, вели Denise Valenti од Boston University, која ја користи оптичката томографија за да ги проучува Паркинсовата и Алцхајмеровата болест.

   Техниката работи многу слично како ултразвук, но се наместо звучни бранови, од очните перничиња се одбива светлина. За разлика од другите текстови, овој тест е многу лесно достапен и може да се изврши за неколку минути.

„Крајно е не – скап за разлика од другите тестови“, вели Valenti.

- Реклама -