Османи во Студеничани: Нема друг начин за подобар стандард освен влез во ЕУ

Караванот на „Европскиот фронт“ предводен од кандидатот за претседател на државата, Бујар Османи денеска беше во скопските села Батинце, Моране и Долно Количани во Општина Студеничани, каде во Батинце, Моране и Долно Количани.

Како што информираат од кабинетот на Османи, тој остварил средби со граѓани од кои се информирал за потребите, но и за прашањата што ги засегаат.

-Мило ми е што сите заедници се собраа. Горд сум што мојата генерација го пречека овој голем Фронт на сите заедници. Другото прашање можеби ви изгледа далечно, но верувајте дека нема друг начин за подобар стандард освен влез во ЕУ, потенцираше Османи.

Пред жителите на Општина Студеничани, Османи ја побарал нивната поддршка за продолжување на мисијата што ја имаше за членство на државата во ЕУ.

-Со најголема понизност, како ваш човек, како личност која ги помина овие патишта, ја барам вашата поддршка за да можам во улога на претседател да го продолжам она што го започнав како министер за надворешни работи, како вицепремиер, тоа е, до 2030 година секој од вас да има европски пасош, да има европски живот и вашите деца да си ја планираат иднината овде, а не во странство, посочил Османи.

- Реклама -