Османи: Бугарија може да нѐ блокира и за тоа дали Вардар е чист и загаден, има 200 прилики за вето

Во пристапниот процес за членство во ЕУ, Бугарија има дури 200 можности да нѐ блокира, и тоа по било кое прашање, а така ќе биде сѐ додека одлуките за проширување се носат со консензус – изјави министерот за надворешни работи Бујар Османи, во интервју за „Радио Слободна Европа“.

Особено со новата методологија (со која на земјите членки им е дадена повеќе моќ за сметка на Европската комисија, и со која процесот доби реверзибилност) Бугарија може да нѐ блокира и за тоа дали Вардар е чист или не, додава шефот на дипломатијата, прашан дали брзајќи да се постигне решение, може да се случи да биде постигнат привремен „успех“ кој всушност може да создаде долгорочен проблем и можност за идни бугарски блокади.

Прочитајте и:  Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ не функционира со ултиматуми и рокови

Сепак, Османи смирува: „Сакам граѓаните да бидат уверени ништо нема да правиме на брзање. Сосема сме свесни кои се интересите на граѓаните, кои се очекувањата на граѓаните, но исто така сме свесни колку е важно за нив членството во Европската унија“.

Според него, во целата голгота со бугарската блокада има и една колатерална придобивка, а тоа е дека „граѓаните се сплотија во солидарноста со македонскиот народ чии национални атрибути се, на некој начин, под директен атак“. Тоа, смета Османи, ја покажува вистинската слика на Република Северна Македонија, со која треба да се гордееме. Целото видео интервју, ТУКА.

- Реклама -