Осигурување за сонце

Повеќе... Зарем на мразите кога вашиот одмор е расипан заради лошото време? Како би било кога во тој случај би ви ги вратиле парите. Некои туристички агенции во Франција го овозможуваат токму тоа – нивните клиенти да можат да си обезбедат осигурување за во случај времето да ги изневери нивните очекувања.

sunbathing-5_1367626i.jpg

Зарем на мразите кога вашиот одмор е расипан заради лошото време? Какоби било кога во тој случај би ви ги вратиле парите. Некои туристичкиагенции во Франција го овозможуваат токму тоа – нивните клиенти даможат да си обезбедат осигурување за во случај времето да гиизневери нивните очекувања.

Полисaта за осигурување, која е дел од понудата на туристичките агенции Pierre et Vacances и FranceLoc им овозможува на љубителите на сонце да си повратат дел од парите доколку нивниот одмор биде расипан од најмалку 4 дождливи денови во неделата.
Осигурителната компанија Aon France заедно со туристичката агенција Pierre & Vacances им нудат на своите клиенти можност да си ги повратат парите за деновите од одморот кога временските прилики не се поклопуваат со нивните очекувања. Aon France ќе се користи со сателитски снимки за да ја процени оштетата која треба да им ја исплати на корисниците на полисата.
Уништениот годишен одмор може да донесе заработка и до 400 евра, а за тоа дали незадоволните клиенти имаат право на враќање на парите се информирани преку SMS или е-пошта. Одредена сума од парите на „оштетените“ ќе им стигне на домашната адреса неколку дена после враќањето од одмор.
Herv Kayser, иницијаторорт на овој потфат, тврди дека во текот на минатата година 10% од корисниците на ова осигурување имале доволно дождливи денови за да добијат оштета. [Travel agents offer sunshine insurance]

- Реклама -