Олимписките игри ги измислиле Египѓаните, а не Грците

egypt

Во интервјуто за електронското издание “Ал Ахрам”, Ахмед Диаб – специјалист по хиероглифи на австрискиот универзитет во Клагенфурт, изјави дека родоначалници на Олимписките игри се древните Египќани, а не Грците, како што вообичаено се мисли.

„Постојат археолошки факти кои потврдуваат дека Египќаните биле пионери во ова“, изјави Диаб, наведувајќи дека во јужниот египетски град Ел-Мина има гробница со зачувани фрески на кои се прикажани спортските натпревари на оваа древна цивилизација.

Тоа што е прикажано дефинитивно може да биде дефинирано како прототип на Олимписките игри. Поконкретно, на цртежите се гледаат следниве спортски дисциплини: борење, бокс, стрелаштво, атлетика и веслање.

Гробницата инаку датира од ерата на 11-тата и 12-тата династија од Средното Царство, кои управувале во периодот од 21-от до 18-от век п.н.е. Според египтологот, археолозите имаат утврдено и дека древните Египќани играле и разни игри со топка.

Сепак, една од најважните вештини за египетскиот император била брзото трчање. „Тоа ја натерало царицата Хатшепсут да направи фреска во храмот во Луксор, фреска која ќе ги докажува нејзините успеси во трките“, објаснува научникот.

Денес се смета дека современата цивилизација почива на постигнувањата на Античка Грција, но “грчката цивилизација со сите нејзини успеси има подлабоки корени – тоа е египетската цивилизација”, категоричен е Диаб.

- Реклама -