Официјални фотографии и детали за новиот Jazz на Honda

Третата генерација на Honda Jazz / Fit ќе се најде во продажба во Јапонија во септември, а на другите пазари во светот постепено следната година.

По низа не официјални информации, Јапонците пуштија актуелни официјални фотографии на моделот и раскажаа малку повеќе за него.

395_Honda-Jazz-470-3

Јапонците се посебно горди на хибридната опција. Просечната потрошувачка по јапонскиот модел JC08 е еднаква на 2,75 l/100 km. Оваа импресивна економичност се постигнува со новиот систем Sport Hybrid Intelligent Dual Clutch Drive (i-DCD), кој се состои од неодамна разработениот 1,5 литарски мотор кој работи според циклусот на Аткинсон и електромотор од 22 kW, како и седумстепена роботизирана кутија со двојна спојка.

436_Honda-Jazz-470-2

 

Системот се управува од „интелектуален“ блок чија електроника се напојува од литиум-јонски акумулатор. Вкупна моќност на системот е 135 КЅ. Во споредба со претходниот систем на брендот IMA, според Јапонците, новиот е поекономичен за 35%. Компанијата тврди дека новиот Jazz / Fit Hybrid e најекономичниот сериски автомобил во светот во моментов.

521_Honda-Jazz-470-4

Ентериерот на нормалната и хибридната вериси се доста блиски, главните разлики се во прекинувачот на брзините и во споредните индикатори во распоредот. Хибридната опција е првиот од палетата на брендот која располага со системот Sport Hybrid i-DCD, која понатаму може да се користи и кај други модели седани и кросовери. Системот може да работи во три режими – само на струја, со двата моторот истовремено и само со бензинскиот, а електроника ги префрла режимите во зависност од ситуацијата во сообраkајот.

599_Honda-Jazz-470-5

Јапонците истакнаа и некои технички информации за сите верзии, од кои најинтересна е секако дека меѓуоскиното растојание е зголемено за 50 mm, а димензиите останаа исти или се некаде малку поголеми. Освен хибридната опција моделот ќе се нуди со нормални бензински варијанти со 1,3 и 1,5 литри, а менувачите се – со вариатор и шестстепена механика, наместо досегашните четириврзинската-автоматика и петстепен мануелен.

Текстот е објавен во соработка со АвтоПлус

- Реклама -