Одберете совршена дестинација за одмор

Кога ги разгледуваме потенцијалните дестинации за летен одмор, секогаш земаме предвид повеќе фактори кои влијаат на конечната одлука. Но, можеби најважен фактор претставува карактерот според кој го дефинираме поимот „одмор“. Дали знаете која е совршената дестинација според вашиот карактер?

Срамежливи

Porto-Katsiki-Beach-600x450

Ако по природа сте срамежливи и повлечени, тогаш вашата замисла за одмор е – што помалку луѓе, толку подобро! Доколку може да биде по ваше, тогаш најверојатно ќе сакате да отпатувате некаде само со партнерот и да уживате во изолација, без какви било непотребни контакти. Кога одите на плажа многу е поверојатно да читате книга или да слушате музика, отколку да се бањате во морето. Тоа што го барате може да ви го пружи прекрасниот остров Лефкада.

Отворени

zakintos-grčka-4

Доколку сте еден од луѓето кои сакаат да бидат пријатели со секого, тоа значи дека сакате да шетате колку што е возможно повеќе, да среќавате нови луѓе, да излегувате секоја вечер и да останувате будни до раните утрински часови. Вам не ви е многу важно со кого ќе заминете на одмор, колку што ви е важно таму да добиете нови, незаборавни спомени. Апсолутно совршена дестинација за вас претставува возбудливиот јонски остров Закинтос.

Авантуристи

halkidiki

Доколку по природа сте љубопитни и сакате предизвици, тоа значи дека постојано сте во потрага по нови искуства кои ќе ви отворат нови хоризонти. Уживате во разновидната храна, сакате да пробувате нови вкусови, речиси исто онолку колку што ве возбудуваат екстремните активности и истражувањата на необичните предели. Вам за одмор ви е потребна дестинација што ќе ви понуди опции за релаксација покрај море, но и можности за искачување по планини, откривање диви плажи и непредвидливи авантури. Затоа, ви препорачуваме да заминете на Халкидики.

Традиционални

skiathos-600x393

Ако сте човек што ги сака традиционалните вредности, старите градби и автентичниот начин на живот, тогаш сигурно сакате своите одмори да ги поминувате на места кои покрај одличните плажи со тиркизна вода ќе ви понудат и можност да ги искусите автентичните ресторани и таверни и да прошетате низ населбите кои не го смениле својот изглед уште од времето кога се подигнати… За сите оние што се љубители на традиционалното, ние го препорачуваме егејскиот остров Скијатос.

Текстот е објавен во соработка со Iguana.mk

- Реклама -