Зошто Скијатос?

Дојде време сите да се одлучиме за најважното прашање во летниот период – каде на одмор? Доколку се прашувате зошто треба да отпатувате на Скијатос, тогаш можеби ќе ви помогнеме да ја разрешите дилемата…

Скијатос е првиот остров од Спорадите кој бил изграден со туристички капацитети во далечните шеесетти години од минатиот век и тоа со добра причина. На островот се наоѓаат педесеттина раскошни плажи кои се опкружени со вода која наликува на Карипското Море.

24

 

Климата е одлична, ниту премногу топла, ниту премногу студена, а копното е прекриено со зелени шуми до недоглед. Скијатос неодамна го доби прекарот „Миконос за стрејт луѓе“, бидејќи привлекува огромен број туристи од Италија, Шпанија, Велика Британија и скандинавските земји.

243408_skijatos4_origh

Можеби на прв поглед се чини дека Скијатос е остров кој покрај прекрасните плажи и релаксацијата нема да ви понуди ништо друго, но тоа едноставно не е така! Постојат уште десетици причини зошто да се упатите кон овој мал, но навистина прекрасен остров:

image1

-Лаларија е една од најимпресивните (диви) плажи во цела Грција, без песок (со мали, заоблени камчиња, оформени од времето и лутите бранови);

-Бродските тури околу Скијатос, како и оние што одат до соседниот Скопелос, ќе ви овозможат да видите и посетите места кои во ниту една друга ситуација не би можеле да ги погледнете и доживеете;

skiathos

-Иако се работи за мал остров, местото е преполно со историски артефакти и археолошки локалитети. Манастирите, старите градби и спомениците се нешта што не смеат да се пропуштат.

-На Скијатос ќе пронајдете плажи за сечиј вкус, од исклучително убавите плажи со сино знаменце (меѓу кои најдобра е Кукунариес), сѐ до дивите, запрепастувачки убавите плажи на северната страна на кои ќе можете да уживате во осаменоста и звукот на морето.

Skijatos

-Пристигнувањето на островот е многу едноставно и релативно брзо, за разлика од подалечните острови во Јонското Море.

-Локалните жители на Скијатос во голема мера се разликуваат од другите Грци, според нивната гостопримливост и топлината со која ќе ве пречекаат каде и да отидете…

Текстот е објавен во соработка со Iguana.mk

- Реклама -