Apple има неколку нови реклами, и бидејќи Apple е специјална компанија ова би требало да биде важен настан.
Но она што ги прави овие рекали впечатливи е нивниот очајно низок квалитет. Серијата реклами “Genius” е голема отстапка од високиот маркетиншки стил постигнат од Џон Малкович и Зои Дешанел и нивните разговори со Сири.
{youtube}oRveuk_4Or0{/youtube}
Ова е патување наназад во времето, каде што смешниот млад гениј треба да нè убеди да купиме Mac. Оваа верзија не иритира како Џастин Лонг, но духот на рекламата е задржан – корисниците не знаат како да ги користат своите компјутери.
{youtube}0LyIwJgQlsc{/youtube}
Не е јасно само дали целта на овие реклами е „Генијалците“ да бидат претставени како супериорни луѓе или корисниците на Mac се малку „бавни“, или двете? И на кој начин било кое од тие треба да привлече купувачи?
{youtube}2qd-Oc6FFDA{/youtube}