Нурнете во океанот со Google Earth 5.0

google-oceans-released_big.jpg 3D апликацијата Google Earth ја пушти својата петта верзија за преземање, со тоа што додаде историски слики, мапи на океанското дно и уште подобри опции за пат околу светот од вашиот десктоп.


3D апликацијата Google Earth ја пушти својата петта верзија за
преземање, со тоа што додаде историски слики, мапи на океанското дно и
уште подобри опции за пат околу светот од вашиот десктоп.

{youtube}GSuJq4UzkIA{/youtube}
Демо видеото кажува скоро сè. Со историските слики може да се навратите
во времето и да видите како една локација се менувала низ годините. За
истражувачите на морето, Google нуди слики и видеа од National
Geographic. Конечно, ако сакате да го снимите вашето патување, постои
нова Record опција со која лесно ќе го изведете тоа. [Google Earth]

- Реклама -