Новo видео на Google за Pixel Watch 5 ги исмева конкурентите

За само неколку дена, на 12 август, Google ќе ги претстави Pixel 11 серијата и Pixel Watch 5. Во пресрет на премиерата, компанијата објави нов видео тизер за часовникот на својот YouTube канал.
Видеото е кратко и директно. А поентата? Па, поентата е да се пошегува на сметка на Samsung Galaxy Watch и Apple Watch, поради нивните необични форми кои, според Google, всушност и не изгледаат многу како часовници.

Од друга страна, Pixel Watch 5 „има пристојност да изгледа како часовник“. А притоа и понатаму ги следи вашето здравје, спиењето и физичката активност.

Очигледната порака е дека не губите ниту една од функциите на паметниот часовник, а добивате паметен часовник кој изгледа како нормален часовник.

Секако, Pixel Watch 5 е далеку од тоа да има автономија како обичен часовник – па дури и како некои кинески конкуренти или Ultra моделите на Samsung и Apple.