Новиот Volkswagen Tiguan прифаќа форма на купе

Новата генерација на Volkswagen Tiguan треба да биде готов до 2015 година, ќе претрпи доста промени како во изгледот, така и во внатрешноста. Главната поента е што кросоверот ќе дибие форма на купе, но сепак ќе има пет врати.

Според димензиите се очекува новиот Tiguan да се приближи до сегашната генерација на Touareg, а возилото ќе се нуди со голем број технички иновации и ќе му конкурира на бестселерот Range Rover Evoque. Возилото ќе биде базирано на концептниот Crossblue Coupe, а ќе биде претставено пред публиката на салонот во Шангај. Прототипот е опремен со V6 турбо мотор и два електромотори, чија вкупна моќност изнесува 415 КЅ. Благодарение на тоа кросоверот забрзува од 0 до 100 km/h за 5,9 секунди и троши во просек по 3,0 l/100 km.

286_Volkswagen-470-2

Германскиот производител веќе претстави хибридна верзија на кросоверот Crossblue, која се очекува кај идниот Tiguan. Технологијата се потпира на комбинација од 2.0 литарски дизел мотор со моќност од 190 КЅ и на два електромотори. Првиот пренесува 54 КЅ на предната оска, а вториот – 114 КЅ на задната. Прикажаниот на салонот во Детроит прототип располага со систем за погон на четири тркала и автоматска трансмисија со двојна спојка. Од 0 до 100 km/h хибридот забрзува за 7,5 секунди, а максималната брзина му е 205 km/h.

895_Volkswagen-470-3

Текстот е објавен во соработка со АвтоПлус

- Реклама -