Новиот стелт ловец на Кина

Дваесет и еден месец откако компанијата Ченгду од Кина го претстави својот J-20 – првиот кинески стелт ловец – ривалот Шенјанг го претстави својот дизајн.

Викендов се појавија фотографии на кои јасно се гледа нов, претходно непознат, ловец со црна боја и карактеристичниот стелт дизајн. Можеби е случајност што овој авион беше најавен кратко време пред пристигнувањето на Леон Панета, америкаснкиот Секретар за Одбрана, во Кина.

Но ова не е прв пат владата од Пекинг да го искористи интернетот за демонстрирање на своите воени напредоци. Значи Кина сега има два потенцијални стелт ловци. Но, нема гаранција дека било кој од двата дизајни ќе мине низ целосен развој, тестирање и производство или дали некогаш ќе биде пуштен во служба.

Постоењето на функционален стелт ловец не значи дека истиот може да биде употреблив. Американското воено воздухопловство од осумдесетите има поминато низ четири прототипи за стелт ловец, но до сега во служба има само шест ескадрони со помалку од 200 оперативни ловци. Рестриктивно високата цена на авионите – до 700 милиони по авион – значи дека овие авиони, иако технолошки супериорни, се нелогични за било кое воздухопловство.

J-21 има сличен изглед како и речиси две години стариот J-20 со два мотори, две опашки, трапезоидни крила и остриот дизајн карактеристичен за стелт авионите. Но прашањето е колку кинсеските авиони се „невидливи“?

Двата го имаат обликот на американскиот F-22. Но американските авиони користат специјален материјал кој впива радарски сигнали, софистициран систем за прикривање на топлина, „тивка“ електроника и одлични перформанси на голема висина. Не е јасно дали кинезите ги совладале, или дури и дали се обиделе да ги совладаат овие техники.

- Реклама -