Кина ги надмина САД создавајќи го најбрзиот супер компјутер во светот. Тианхе-1, што значи Млечен Пат, може да направи 2,507 трилиони пресметки во секунда, со што стана најбрзиот компјутер во Кина и во светот. Тианхе-1 е исто така 1,4 пати побрз од претходниот рекордер кој се наоѓа во Тенеси, САД.
Кина ги надмина САД создавајќи го најбрзиот супер компјутер во светот. Тианхе-1, што значи Млечен Пат, може да направи 2,507 трилиони пресметки во секунда, со што стана најбрзиот компјутер во Кина и во светот. Тианхе-1 е исто така 1,4 пати побрз од претходниот рекордер кој се наоѓа во Тенеси, САД.
Тианхе-1 се наоѓа во Националниот Ценатар за Супер Компјутери во северниот пристанишен град Тианџин, и е направен од чипови дизајнирани од компании во САД. Метеоролошкото Биро од Тианчин, како и Националната Офшор Нафтена Корпорација започнале да прават тестови со новиот супер компјутер. „Компјутерот може да придонесе и во филмската индустрија, за анимации и за био-медицинско истражување“ изјавил Лиу Гуангминг, директорот на центарот за суперкомпјутери, за државната новинска агенција Ксинхуа.
Џек Донгара, од Универзитетот во Тенеси, кој е задолжен за рангирање на супер компјутерите, вели дека кинескиот ѕвер „ја уништува моменталната најдобра машина“. „Не ја затвараме листата до 1 ноември, но тешко дека ќе видиме побрз систем“ тој изјавил за Њујорк Тајмс.Ова не е прв пат компјутер од Азија да им ја одземе круната на Американците. Во 2002, во Јапонија бил направен компјутер посилен од дваесетте најдобри американски компјутери заедно.
И Јапонија работи на нова машина, наречена “K Computer”, во обид да ја преземат круната во светот на супер компјутерите. Дизајнерот Стивен Валах не е многу загрижен поради успехот на Кина во компјутерскиот свет. За Њујорк Тајмс тој изјавил: „Интересно е, но ова е како рекорд во трка. Светот не застанува. Ова е само еден момент во времето. Тие сакаат да покажат дека се најдобри во светот, без оглед во кое поле.“ [China boasts world’s fastest supercomputer]