Mercedes-Benz ја претстави официјално топ верзијата на шестата генерација на моделот S-класа. Моделот го носи името S63 AMG, а располага со моќност од 585 КЅ, а може да биде опремен со систем за погон на сите четири тркала.
Во понуда се и две варијанти на каросерија – со кратка и долга база.
Под капакот на Mercedes-Benz S63 AMG е поставен 5,5 литарски V8 мотор кој генерира 585 КЅ и 900 Nm. Тој располага со технологија за директно вбризгување на горивото и би-турбо систем, a најмоќната модификација на моторот e M157.
Забрзувањето од место до 100 km/h при стандардната S63 AMG (долга и кратка база) трае 4.4 секунди, а максималната брзина на движење e ограничена електронски на 250 km/h. Верзијата со систем 4MATIC, која е достапна кај долгата база забрзува до стотка за само 4,0 секунди, што за 0,5 сек. подобар успех од тоа на стариот модел. Максималната брзина на движење тука достигнува 300 km/h. Системот за погон на сите четири тркала, која додава околу 70 килограми кон масата на автомобилот, го распоредува вртежниот момент меѓу предната и задната оска во однос 33/67. Трансмисијата е автоматски со 7 степени, нудејќи три режими на работа – економичен, рачен и спортски.
Освен побрз, новиот S63 AMG е и полесeн од својот претходник, со речиси 100 кg. Заслуга за тоа има употребата на нови материјали, како алуминиум и јаглеродни влакна. Акумулаторот е литиум-јонски. Сето тоа се одразува позитивно на потрошувачката на гориво.
Премиерата на Mercedes-Benz S63 AMG 4MATIC пред публика ќе се одржи во септември на автомобилскиот салон во Франкфурт. Продажбата започнува веднаш потоа.
Текстот е објавен во соработка со АвтоПлус