Новиот iPad ќе не воодушеви

Аpple ги подготвува поканите за промотивниот настан кој ќе се одржи овој месец и ќе биде наменет за презентација на двата нови таблети, а тоа се iPad 5 како втората генерација на помалиот iPad mini.

1

Според досегашните анализи Apple подговтува вистинско изненадување кога е во прашање дизајнот на iPad 5, за да се добие ефектот на најиновативниот таблет досега. Секако промени ќе има и во димензиите и се очекува многу потенок и полесен таблет. Во однос на спецификациите со сигурност ќе биде искористен новиот супер брз процесор А7 со 64 битна технологија.

ipad

Вториот таблет пак iPad mini освен надворешни и естетски промени треба да донесе поголем степен на резолуција на екранот, можеби до Full HD стандардот што би било фантастично. И за двата таблета е предвиден скенерот за отпечатоци Touch ID кој ќе биде фин додаток. Промоцијата ќе се одржи до крајот на месецот, а како најлогичен датум се споменува 22-октомври.

Текстот е објавен во соработка со telefoni.com.mk

- Реклама -