Новинарка до Путин: Дали сакате да владеете со светот? (ВИДЕО)

Некогаш е подобро да тактизирате и да бидете лукави, а некогаш директно и искрено да си прашате. Новинарката на Wall Street Journal – Ан Марија Симонс, оцени дека втората е подобра опција кога на Путин сакате да му го поставите прашањето – дали навистина сака да владее со светот?

„На Западот многу политичари, експерти и обични луѓе гледаат на Русија како на голема закана и дури мислат дека вие, како претседател на Русија, се стремите да владеете со светот…“, почна новинарката.

„Да, секако“, ја прекина Путин по неколкукратно превртување со очите додека го слушаше прашањето.

Низ смеа, таа продолжи:

„И би сакала да знам, дали тоа е навистина тоа што сакате да го постигнете и може ли, ве молам, да ни кажете што е вистинската цел на вашата надворешна политика?“, праша новинарката.

Прочитајте и:  Кирби: Заканите од Москва за противракетната база во Полска треба да се сфатат сериозно иако се неодговорни и неразумни

„Што се однесува до владеење со светот, добро знаеме каде се генералштабовите што сакаат да го направат баш тоа, а овие генералштаби не се во Москва.

Зошто е така? Така е поради водечката улога на САД во светската економија, поради трошењето на одбрана – повеќе од 700 милијарди американски долари троши САД на одбрана, за разлика од нас, кои трошиме само 46 милијарди. А НАТО земјите имаат 600 милиони луѓе, а ние 140 милиони.

Навистина ли мислите дека е наша цел да владееме со светот?

Не. Ова е само наметнат менталитет од некои со цел да исполнат свои лични цели“, одговори Путин.

- Реклама -