Новата Нова Буба

БубаФолксваген повторно ја редизајнираше култната Буба, трет пат во 73 години. Новиот ергономски дизајн, кој ќе биде понуден прво во САД, има порамен покрив, помалку облини и потесни прозорци. Ова е првиот редизајн од 1998 година, кога првпат беше претставена Новата Буба.

БубаНовиот дизајн е дел од обидот на Фоксваген да ги зголеми продажбите во САД. Компанијата сака тројно да го зголеми бројот на продадени возила во наредната деценија. Промените на дизајнот се направени со цел да ја направат Бубата поспортска во обид да привлечат повеќе купувачи, особено мажи. Но, постојат и шпекулации дека овој потег на Фолксваген би можел да ги налути верните фанови на Бубата кои го сакаат автомобилот поради неговите облини.

Во верзијата од 1998, првата голема промена од оригиналното појавување во 1938, моторот беше поместен напред. Внатрешноста беше украсена со вазна за еден цвет со што возилото беше очигледно наменето за женски возачи. Но сега, вазната е отстранета и целиот дизајн има помажествен имиџ со нископрофилни тркала, LED диоди, редизајнирани стоп светла па дури и турбо модел.
БубаДури и ако не ги придобие љубителите, третата инкарнација на Бубата ќе мора да се натпреварува на пазар за мали автомобили во САД кој е поголем и има поголема понуда отоколку во 1998. Оригиналната Буба првпат била произведена во 1938 година и до прекинувањето на производството во 2003 беа произведени над 21 милион копии.

Прочитајте и:  Трамп: Ако Техеран ме убие, се надевам дека САД ќе го збришат Иран од лицето на Земјата

Компанијата Фолксваген била основана во 1937 година по барање на Хитлер кој сакал да им овозможи на граѓаните да купат сопствен автомобил. Тој побарал компанијата да произведува фамилијарни „народни автомобили“ во кои удобно би можеле да се сместат двајца возрасни и три деца и кои секое германско семејство би можело да си ги дозволи. Бубата била еден од предложените дизајни. [Herbie gets a makeover: Volkswagen reinvent the Beetle]

- Реклама -