Нов вирус кој го блокира компјутерот, потоа бара откуп

 Нов вирус е “пуштен во промет“ кој не само што има способност да ви го блокира компјутерот, туку и ќе ви побара да му испратите пари на авторот ако сакате да ви даде “техничка подршка“.

Нов вирус е “пуштен во
промет“ кој не само што има способност да ви го блокира компјутерот,
туку и ќе ви побара да му испратите пари на авторот ако сакате да ви
даде “техничка подршка“.


Вирусот бил за прв пат детектиран од антивирусната компанија Sophos која што го именувала Troj/Ransom-A. Според Sophos, вирусите што бараат пари за да можете да ги отстраните од вашиот компјутер се нов тренд помеѓу авторите на вируси, а според Sophos, трендот најверојатно ќе продолжи.


Тоа што не е за чудење е дека ваков тип на вирус, т.е. “дај пари вирус“, за прв пат е виден во братската Русија.


Откако ќе се стартува, вирусот дава порака дека на секои 30 минути ќе ви избрише по еден фајл, освен ако не платите $10.99 преку Western Union. Притискањето на Control, Alt и Delete копчињата нема да ви помогне. Најинтересното е тоа што авторот нуди и техничка подршка. Имено, ако праќањето на $10.99 не ви помогне да го отстраните вирусот, авторот ветува дека ќе го испита проблемот и ќе ви помогне ако го контактирате на дадената e-mail адреса.

Минатиот месец, исто така нов вирус, имаше опција да ги енкриптира сите фајлови на компјутерот оставајќи само еден во кој што се бараа $300 за лозинката која ќе ви ги декриптира, и со тоа ќе ви ги врати вашите фајлови.

Иновативни хакери, нема што. Инсталирајте антивирус, поефтино ќе си поминете.
 
Наш антивирус предлог: NOD32 

 

- Реклама -