Не ви требаат препораките на докторите за во летните горештини секаде со себе да носите шише вода. Проблемот е што понекогаш тоа шише го забораваме во автомобилот на сонце.
Можеби сте чуле или прочитале дека не треба да го правите тоа, но причината ви звучела малку претерана. Можеби затоа што не сте ја провериле теоријата. Затоа постои интернет и луѓе што тоа ќе го направат за вас.
На истиот принцип како и при користењето на лупа, така може да се запали и внатрешноста на вашиот автомобил ако на погодно место оставите шише вода, особено ако е проѕирно. Како и лупата, така и водата може да ги фокусира сончевите зраци во една точка и од ништо да предизвика пожар. Затоа внимавајте – да, дехидрацијата е лоша, но и запален автомобил не е ништо подобро.
https://www.facebook.com/vatrogasciheroji/videos/2400922933279195/
Патем, истото важи и за во природа.
… А згора на тоа, постојат и здравствени причини зошто да не го оставате шишето со вода во автомобилот во деновите со високи температури, дури и ако не е директно изложено на сонце. Имено, топлината може да ослободи неповолни елементи од пластиката кои потоа можат да предизвикаат одредени нарушувања во организмот.