Голем број портали и сајтови потпирајќи се на извори блиски на компанијата тврдат дека Nissan подготвува помалo спортскo купе, кој засега има работно име Mini-Z.
Поединости нема, но нема ни деманти дека се работи за шпекулации. Еден од инсајдерите наведува дека Mini-Z е според величината со исти димензии како Hondа CR-Z, а платформата ќе биде позајмена од моделот Juke, како и турбо бензинскиот мотор. Во понуда ќе биде верзија со погон на предните, а ќе има и опција за на сите четири.
Премиерно би бил претставен следната година, а прво ќе се нуди на пазарите во Јапонија и Кина, а потоа и во Европа. Евентуалниот пласман во САД сè уште е под знак прашалник.
Објавено во соработка со Авто Плус.