Нетанјаху: Војната во Газа не е ни близу до крајот

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска изјави дека војната во Појасот Газа „не е ниту блиску до крајот“ и дека „ќе трае долго“.

Нетанјаху ги отфрли како „лажни медиумските шпекулации дека неговата влада би можела да престане да се бори против исламистичкиот Хамас“.

„Не застануваме. Продолжуваме да се бориме и во наредните денови ќе ги засилиме борбите. Но, војната ќе трае долго и не е ниту блиску до крајот“, рече Нетанјаху обраќајќи се пред пратениците на неговата партија Ликуд во Кнесетот.

Израелскиот премиер најави дека Израел ќе ја прошири својата копнена офанзива кон Појасот Газа во наредните денови, и покрај меѓународните напори да ги запре борбите.

Прочитајте и:  Хамас ја прифаќа резолуцијата на СБ на ОН за прекин на огнот во Појасот Газа

Нетанјаху ова го изјави по враќањето од посетата на израелските војници во Појасот Газа, непосредно откако Египет го претстави амбициозниот предлог за ставање крај на војната меѓу Израел и Хамас.

МИА

- Реклама -