Не ја фрлајте кората од банана!

Веројатно никогаш не ви паднало на ум да јадете банана со кора, искрено ни нас.

Сепак, нутриционистите велат дека не сме биле свесни колку е кората здрава и хранлива.

На пример во Индија, години наназад ја јадат целата банана.

Додека внатрешноста на бананата е мека и слатка, кората е тврда и помалку горчлива, па разбирливо е зошто не ја јадеме. Меѓутоа, со фрлањето ние фрламе и важни хранливи состојки.

Кората од банана е богата со витамините Б6 и Б12, како и магнезиум и калиум. Внатрешноста на бананата исто ги содржи овие елементи, но во значително помала мерка.

Еве колку витамини содржи една банана во оснос на дневните потреби на организмот.

12 проценти дневни потреби за влакна, кои помагаат при варењето и го намалуваат ризикот од дијабетис.

Прочитајте и:  Ботаничко дуо | Софка и Дани

17 проценти дневна потреба за витамин Ц, кој е важен фактор за одржување на имунитетот.

20 проценти дневна потреба за витаминот Б6, кој му помага на организмот да ја претвори храната во енергија.

12 проценти дневна потреба за калиум, кој е важен за развој на нови ќелии во целиот организам.

8 проценти дневна потреба за магнезиум, што е важен за регулирање на глукоза и крвен притисок.

Кората од бананите е потенка ако е бананата позрела, а тогаш станува и послатка па полесно може да се соџвака и сцари. Ако тоа не е доволно истата може да се испече, а ако ни тогаш не сте задоволни од вкусот, можете да ја претворите во други корисни нешта.

- Реклама -