Навики кои мора да ги промените, пред да биде предоцна

НавикиАко сакате да живеете долг и здрав живот, тогаш мора да се откажете од одредени навики кои сосема сигурно ќе го спречат исполнувањето на вашата желба. Проверете кои.

Ако сакате да живеете долг и здрав живот, тогаш мора да се откажете од одредени навики кои сосема сигурно ќе го спречат исполнувањето на вашата желба. Проверете кои.

НавикиНе си кратете од сонот

Спиењето е од есенцијална важност за здравјето. Во текот на спиењето, кое според сите истражувања треба да е најмалку 7 до 9 часа непрекинат сон во текот на ноќта, доаѓа до стабилизирање на телото од сите метаболички процеси кои се одвиваат секоја секунда, т.е. до своевидно рестартирање на системот. Со кратењето од сонот, во суштина си кратите од здравјето.

Не го прескокнувајте појадокот

Колку пати брзајќи се да излезете, сте заборавиле да јадете? Во текот на ноќта, вашето тело пости, па за да можете да го користите ефикасно во текот на денот, потребно е да внсесете енергија, од балансирани извори: јаглехидрати, протеини и масти. Ако не внсете енергија, телото ќе се сврти кон внатрешните извори. Но, тоа нема да бидат мастите, туку мускулите. А потоа, тоа ќе доведе до верижна реакција што ќе резултира со здравствени проблеми, предвремено стареење и хронична замореност.

Не се откажувајте од вежбање

Ако ја одржувате фигурата само преку диетарните навики и мислите дека не ви треба вежбање, се лажете. Нема поедноставен начин да се каже ова. Можеби имате побрз метаболизам и изгледате витко, но тоа во никој случај не значи дека сте здрави. Вежбањето е клучно за одржување на метаболизмот во ред, за нормализирање на нивото на хормоноите, како и за зацврстување на мускулите и формирањето на коскената маса. Вежбањето мора да ви се состои од комбинација на кардиоваскуларни вежби и вежби со отпор, а дневно, доволно ви е да посветите 20-30 минути на телото.

Не грицкајте пред спиење

Прочитајте и:  Три најздрави намирници за мозокот, според лекарите

Кога ќе започнете да грицкате в кревет или непосредно пред да си легнете, му испраќате сигнал на телото да не ги согорува расположливите масти, затоа што доаѓа дополнителна енергија, го подигате нивото на стрес и не му дозволувате на организмот да се подготви за фазата на одмор. Јадете нормална вечера и воопшто нема да ви се јави потреба да грицкате пред спиење.

Внимавајте на пијалаците!

Ако пиете „природни сокови“ во кои има додаден шеќер, егзотични кафиња, коктели, газирани сокови и сл., тогаш внимавањето на исхраната губи дел од смислата. Овие пијалаци се преполни со шеќер, а и се прилично штетни по вашето здравје. Ако испиете литар газиран сок во текот на денот, тоа е еднакво на еден дополнителен оброк. Затоа, преориентирајте се на чаеви и кафиња без шеќер, цеден сок без додатоци и сл. здрави пијалаци. Секако, не ја заборавајте водата, зашто на крајот на краиштата, ниту еден пијалак не е поважен!

- Реклама -