Наскоро на 365…FitnessCorner со Марио Јовановски!

Запознајте се подобро со светот на здравиот начин на живот преку физичка активност, фитнесот и балансиранот, здрав начин на исхрана со сега и вашиот личен фитнес советник, Марио Јовановски!

11951910_10153406232885617_6945971628035190190_n

Марио Јовановски е персонален фитнес тренер, вработен во GET READY – Центар за спортска исхрана и облека со повеќе годишно искуство во областа на фитнесот, тежинскиот тренинг, правилниот начин на исхрана и спортските суплементи (додатоците во исхрана). Знаејќи ја важноста и улогата на сите овие елементи, успешно им помага на своите клиенти да ја достигнат својата посакувана цел, а тоа е целосно трансформирање и подобрување на пред се животниот стил, здравјето и физичкиот изглед. Инспириран од своето лично искуство, прогрес и трансформација низ годините на своето тело и здравје токму поради фитнес животниот стил, неговата пасија е промовирање, едуцирање и кревањето на свеста за и околу бенефитите на фитнесот, здравата исхрана и редовната физичка активност независно од полот, возраста и животниот стил.

Прочитајте и:  Природни решенија за лош здив: Еве како да ја вратите свежината

11951172_10153412707200617_7373622329129651886_n

Дозволете Ние и Марио да бидеме вашиот единствен проверен извор на квалитетни информации околу здрава исхрана, физичката активност, спортските суплементи и многу, многу повеќе во новиот сектор на нашата интернет страна – Mario’s FitCorner. Неговите текстови ќе бидат повеќе пати неделно објавувани на нашата интернет страна со квалитетни содржини и информации за фитнесот.
Официјалниот старт на нашата соработка ќе започне на 21.09.2015 (понеделник). Вашата трансформација започнува од понеделник!

11889663_10153377326810617_8816404043490633296_n

Дознајте повеќе за него:
www.facebook.com/mariomari0
www.facebook.com/MarioGetReady
www.instagram.com/jovanovskimario

- Реклама -