Потењето, како и мирисот што се ослободува при тој процес, не зависи само од степенот на физичка активност, туку во голем дел и од исхраната.
Зачинета храна
Внесувањето на премногу зачинета храна ја зголемува количината на сулфур во организмот, кој пак се елиминира од телото преку порите на кожата и дишењето.
Црвено месо
Црвеното месо бавно се вари во организмот и доведува до зголемено потење.
Алкохол
Внесувањето на преголема количина на алкохол резултира со појава на непријатен мирис. Околу 10 проценти од внесената количина останува непреработена од организмот, а се ослободува преку потењето, при што доведува до непријатен мирис.
Брза храна
Претераното консумирање на брза храна доведува до натрупување на масни клетки во телото, што е главна причина за потењето и непријатниот мирис. Брзата храна се вари долго и ослободува разни токсини и соединенија кои не само што не се добри за нас, туку ни за нашата околина.
Млечни производи
Богати се со протеини, а варењето е бавно. При тоа, се ослободува сулфур, водород и метил мерцаптан, кои заедно предизвикуваат непријатен мирис.
Тутун
Се разбира, тутунот не мириса пријатно. Тој лош мирис се задржува и на кожата.