Најважно откритие по Пеницилинот

лекНаучници можеби го откриле лекот за настинка, грип, HIV – и речиси секој друг вирус на кој ќе помислите. Лек кој се фокусира на инфицираните клетки и предизвикува самоуништување бил создаден во лабораторија. На неговата листа се човечките риновируси – оние кои стојат зад половина од настинките кај возрасните и речиси сите настинки кај децата – грипот, полио, стомачни вируси и смртоносната денге треска.

Но од лекот, познат под кратенката DRACO, се очекува и истребување на сипаници, херпеси, беснило па дури и HIV – лекот би можел да стане комерцијално достапен во рок од една деценија. Истражувачот Мајк Рајдер вели: „Дефинитвно е возможно да има одреден вирус кој би останал имун, но ние сè уште го немаме најдено. Откритието на антибиотици го револуционираше лекувањето од бактеријски инфекции и ние се надеваме дека ова ќе го револуционира лекувањето на вирални инфекции. Не постојат многу анти-вирусни лекови во моментов.“

Доктор Рајдер, од Институтот за Технологија од Масачусетс во САД, ги искористил природните одбранбени функции на клетките за борба против инфекции. Кога вирусите го инфицираат телото, тие ги присвојуваат внатрешните механизми на клетките и ги користат за правење копии од себе. За време на овој процес тие создаваат долги нишки од двојни низи од генетскиот материјал РНК. Нашите клетки обично се бранат правејќи протеини кои се прикачуваат на РНК и го запираат размножувањето на вирусот.

Прочитајте и:  Ботаничко дуо | Софка и Дани

Но многу вируси можат да го надмудрат овој одбранбен систем. Па доктор Рајдер го искористил и природниот процес познат како апоптосија, во кој заразените клетки извршуваат самоубиство. Неговиот лек се фокусира на клетките со двојни низи на РНК, ја спречува инфекцијата во корен и потоа ги убива клетките за целосно да ја отстрани инфекцијата. Она што е уште поважно е што здравите клетки во околината остануваат неоштетени. Во лабораториски тестови DRACO убил 15 вируси, меѓу кои биле и вирусите кои предизвикуваат настинка и два типа на грип. Лекот исто така им го спасил животот на глувци кои добиле доза од грип која би требало да ги убие.

Неверојатно е што лекот делува толку брзо што ако биде земен доволно рано може да спречи било какво појавување на симптоми. Тестовите покажуваат дека лекот работи и какопревентива што значи дека ако веќе е искористен тој спречува разболување. Експертите се возбудени за откритието, но предупредуваат дека лекот работи на толку необичен начин што ќе мора да помине низ неколку години тестирање пред биде оценет како безбеден за употреба од луѓе. [Greatest discovery since penicillin: Scientists work on drug that could cure all viruses – including the flu]

- Реклама -