Најскапите автомобили најчесто се производ на познати компании како Ламборџини, Ферари, Мекларен, Ролс Ројс и Бугати. Но, од време на време некој анонимен производител успева да им конкурира на џиновите. Еден од овие мали анонимни производители е и Трамонтана од Коста Брава во Шпанија.

Нивниот модел едноставно именуван Tramontana R е еден од најскапите и најексклузивни автомобили во светот. Дизајнерот Фернандо Леал-Одриак вели дека дизајнот треба да претставува спој помеѓу Формула 1 болид и млазен авион ловец. Овој автомобил за погон користи V12 мотор со два турбо полначи, кој произведува 760 коњски сили, но сепак не се работи за најбрзиот автомобил. За забрзување од 0-100 километри на час се потребни само 3,6, но максималната брзина е само 260 километри на час.
Уште еден интересен елемент кај овој автомобил е бојата, која според дизајнерот има ефект на камелеон, и во зависност од тоа која боја ќе ја изберете, таа ќе се менува од виолетова во сина, или од зелена во златна. Цената на овој ексклузивен автомобил е само 2 милиона евра или околу 2,6 милиона американски долари.