Татко кој ја загубил својата рака во несреќа пред шест години добил нова протеза – механичка рака која е толку прецизна што тој може да пишува на тастатура.
Педесет и три годишниот Најџел Акланд ја добил новата протеза – која потсетува на нешто од Terminator – која може да ја контролира со движењата на неговата надлактица. Новата bebionic3 myoelectric hand, која е направена од алуминиум, се движи како вистинска рака реагирајќи на мускулните движења на Најџел.
Она што е неверојатно е што оваа протеза е толку чуствителна што Најџел може да ја користи за да пишува на тастатура, да лупи зеленчуци и дури, првпат по несреќата, да се облекува без помош.