Најмоќното Peugeot RCZ ќе има 270 коњи

Peugeot ја откри сериската верзија на RCZ R, неколку дена пред автомобилот да биде претставен официјално на Фестивалот на брзината во Гудвуд, во Англија. Прототипот на моделот беше прикажан на крајот на минатата година во Париз.

Набилданата верзија на RCZ пристигнува со 1.6-литарски турбо мотор со 270 КЅ и 330 Nm вртежен момент. До стотка возилото стигнува за неполни шест секунди, а максимална брзина изнесува 249 km/h. Во споредба со претходната најмоќна верзија на RCZ која располагаше со 200 коњи, R модификација е со 17 килограми полесна (1.280 килограми) и според каталошките податоци автомобилот има просечна потрошувачка од 6,3 l/100 km и емисија на CO2 од 145 g/km.

1

Другите разлики се во потпирањето, што е за 10 mm пониско и во тркалата кои сериски се со дијаметар од 19 инчи. Peugeot RCZ R има и ново задно крило, спортски сопирачки со 380-милиметарски дискови, алуминиумски тркала Hub, како и Torsen диференцијал. Издувниот систем исто така е заменет.

2

Ентериерот е со Nappa и Alcantara, седиштата се во вид на корита. Козметиката вклучуваат уште алуминиумска топка на менувачот како и неколку специјални екстериерни бои: Nera Black, Moroccan Red, Opal White and Mercury Grey.

Продажбата почнува на почетокот на 2014 година.

Текстот е објавен во соработка со АвтоПлус

- Реклама -